дека оваа е одговорност на државата, конкретно тоа е одговорност на нејзините актери во образовниот систем. Проблемите и недостатоците во системот на посебното образование во Македонија, вклучително и преголемата застапеност на ромски деца во образование за деца со посебни потреби, се нагласени во сите извештаи објавени од канцеларијата на Народниот правобранител7, Државниот просветен инспекторат,8 ЕЦПР9 и во извештаите на други меѓународни10 и национални невладини организации11. Во Извештајот за напредокот на Република Македонија во 2011 година, Европската комисија исто така, искажа загриженост во однос на преголемата застапеност на ромските деца во образование за деца со посебни потреби.12 Ромските деца претставуваат најмалку 46% од учениците во училиштата за деца со посебни потреби и во паралелки за деца со посебни потреби, коишто ЕЦПР ги посети во текот на 2011 година13. Прелиминарните резултати од анкетата на родители Роми чии деца посетуваат образование за деца со посебни потреби спроведена од страна на ЕЦПР и НРЦ во 2012 година покажуваат дека околу 57% од интервјуираните родители изјавиле дека тие не ја знаат разликата меѓу редовно и образование за деца со посебни потреби. Дополнителни 65% од родителите Роми изјавиле дека нивните деца биле запишани во образование за деца со посебни потреби по препорака на училишниот персонал. Република Македонија ги има ратификувано Европската конвенција за човекови права14, Европската социјална повелба15, Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права, Конвенцијата за правата на детето, Меѓународната конвенција за елиминирање на сите форми на расна дискриминација; Конвенцијата за правата на лицата со посебни потреби16 и Конвенцијата на УНЕСКО против дискриминација во образование17.Овие меѓународни правни инструменти го гарантираат правото на еднаков третман, забрана на секаков вид на дискриминација, вклучително и во полето на образование, како и правото на образование кое ќе овозможи целосен развој на личноста и чувството на достоинство. Основните права на поединецот и на граѓанинот коишто се признаени во меѓународното право претставуваат темелни вредности на уставниот поредок во Република Македонија (член 8 од Уставот). Исто така, Уставот гарантира дека сите граѓани се еднакви во своите права и слободи18, додека Законот за спречување и заштита од дискриминација19 експлицитно забранува директна и индиректна дискриминација, особено во полето на образование. Понатаму, во однос на родителската согласност да се запишат на децата во училишта и паралелки за деца со посебни потреби,, во одлуката донесена од Големиот судски совет во случајот Д.Х. и други против 7 Достапно на: http://ombudsman.mk/ombudsman/MK/posebni_izveshtai.aspx 8 Извештајот документира деца кои се запишани во специјални основни училишта без мислење од комисијата за категоризација. Извештај на Државниот просветен инспекторат бр. 21-25/3 за специјалното основно училиште „Св. Климент Охридски“, Ново Село, од 22.12.2010. 9 ЕЦПР, допис на ЕЦПР до Европската комисија во Македонија, мај 2011 година, достапен на: http://www.errc.org/cms/upload/file/ecprogress-macedonia-2011.pdf. 10 Извештај за земјата: Македонија, Ромски образовен форум, 2012 година, достапен на: http://www.romaeducationfund.hu/sites/default/files/publications/ref_ca_2011_mac_english_screen.pdf 11 Огнен Спасовски, Анализа на образованието на Ромите во Република Македонија, ФООМ, 2011, достапна на http://soros.org.mk/dokumenti/analiza-na-obrazovanieto-na-romite.pdf 12 http://ec.europa.eu/enlargement/pdf/key_documents/2011/package/mk_rapport_2011_en.pdf 13 ЕЦПР, допис на ЕЦПР до Европската комисија во Македонија, мај 2011 година, достапен на: http://www.errc.org/cms/upload/file/ecprogress-macedonia-2011.pdf. 14 http://conventions.coe.int/Treaty/Commun/ChercheSig.asp?NT=177&CM=1&DF=10/02/2010&CL=ENG 15 http://conventions.coe.int/Treaty/Commun/ListeDeclarations.asp?NT=163&CM=&DF=&CL=ENG&VL=1 16 http://www.un.org/disabilities/countries.asp?navid=17&pid=166 17 http://hurilink.org/tools/Summary_Human_Rights_Framework_for_Macedonia.pdf 18 Член 9 од Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 52/1991) 19 Член 3 и член 4 од Законот за спречување и заштита од дискриминација („Службен весник на Република Македонија“ бр. 50/2010)