Upgrade to Pro — share decks privately, control downloads, hide ads and more …

EDNO magazine mk

nrc
December 01, 2011
800

EDNO magazine mk

nrc

December 01, 2011
Tweet

Transcript

  1. ПЕРИСКОП Наставнички им носат хра на и облека на своите

    ученици БЕСПЛАТНИ УЧЕБНИЦИ Емине за прв пат има свои книги ИНТЕРВЈУ Неџо Осман, актер и ре жи сер Клучот за сè е кај Ромите ДОСИЕ Медијатор подучувал девојче за упис во училиште КРАТКА ИСТОРИЈА НА РОМИТЕ Корените се од Индија БРОЈ 1 ДЕКЕМВРИ 2008
  2. За Едно, за образованието за сите Ашмет Елезовски Почитувани, После

    долгогодишна работа во областа на об - ра зованието на Ромите, разните препреки за вклу чување на Ромите во училиштата, бор - ба та против дискриминацијата, техничките недора - з бирања и недоречености, задоволство ми е што на шата мисија оди чекор подалеку. Ако другите не - ма ат време и простор, а понекогаш и волја да ѕир- нат во светот на Ромите, еве ние ќе го понудиме се то тоа, спакувано во Едно. Животот, преживува - ње то, секојдневната борба за опстанок, на порите за школување, волјата за напре- док и подобри и поуспешни генерации, про мена на начинот на живот... Со списанието за образование на Роми – Едно, и неговото мото образование за сите, ние како Национален Ромски Цен- тар (НРЦ) сакаме да ги отсликаме рабо- тите такви какви што навистина се, пред сè на терен, но и на хартија, во законите, преку слика, преку животни приказни, ис торија... Позитивни примери од образованието на Ромите, подигнување на свеста кај роди- телите, кај институциите надлежни за оваа област, но и кај медиумите, еднакви услови за живот и об- разование за сите, интеграција, а не сегрегација, по- давање рака за меѓусебно подобро разбирање, се це лите кон кои ќе се стреми ова списание. Мотото на нашата двегодишна кампања Клучот е во ваши раце, алудирајќи дека клучот е во образова- нието, а надоврзувајќи се со мотото на списанието Едно образование за сите, нашата работа роди со плод. Во минатата учебна година во прво одделение за - пиша вме повеќе од 1.900 ученици Роми. Мрежата на медијатори што работат на терен и го шират гла- сот дека образованието е навистина моќ од три, се прошири на 15 града. Свесни дека информацијата е си ла и моќ, процесот го надградуваме со списани е - то ЕДНО. Истражувањата покажуваат дека Македонија во де - лот на образованието на Ромите и индискри ми на - ци јата е понапред од земјите во ре гионот, а и од многу европски земји. Но, не е се са мо во бројки и извештаи. Работата на те рен е тоа што се важи. Ромите веќе се свес ни за важноста на образованието. Но, тие треба и активно да се вклучат во интеграционите процеси на Македонија кон ЕУ и кон НАТО, со што ќе придоне- сат и за севкупниот развој на оваа земја. Ко га работиме нè води мислата дека тре ба повеќе, дека не сме сработиле како што треба, дека не треба само да се биде понапред, туку треба да се биде лидер во напорите за позитивни искуства, пристап до образование за сите, како и квалитетно образова- ние за сите. Се надевам дека ќе уживате во првиот број на Едно и дека ќе Ве заинтригира доволно да ги барате и не- говите наредни изданија. Како и секогаш, отворени сме за сугестии, дебати, дискусии и секаков вид со- работка во напорите да бидеме достоен коректор на власта, на институциите на општеството. За подобар и подостоинствен живот на сите – Едно! БИЛБОРД Билборд - Стр. 2 - Уводник Дневник - Стр. 3 - Вести Перископ - Стр. 4- 5 - Теренски извештаи Неџо Осман - Стр. 6 - 7 - Интервју Досие - Стр. 8 - Воспитување Мозаик - Стр. 9 - Мултикултурна Македонија Тобиас Линден - Стр.10 - 11 - Интервју Смрзнат кадар - Стр. 12 - Фото вест 2 ДЕКЕМВРИ 2008
  3. ДНЕВНИК ДЕКЕМВРИ 2008 5 БЕСПЛАТНИ УЧЕБНИЦИ Емине за прв пат

    има свои книги Четвртоодделенката Емине од скопската населба Шуто Оризари го ди - н а ва доби бесплатни учебници што ги обез беди Министерството за образование. Таа до сега немала сопствени учебници и бескрај - но се радува особено зашто тие се полни со сли ки. Нејзините родители живеат од пари од со цијална помош и досега не можеле да и ку - пу ваат книги и училиштен прибор. Нејзиниот сон е да стане учителка. - Емине многу сака да учи. На почетокот на се која учебна година се топев, гледајќи ја како ги разгледува цртежите во учебниците што ги по зајмуваше од другарчињата. Имаме уште три деца и сите одат на училиште. Секоја го - ди на се соочував со истиот проблем: Од каде ќе најдам толку пари за да им купам учеб- ници? – се прашувал таткото на Емине. Министерството за образование од оваа го- дина за таквите семејства обезбеди бесплатни учебници. Од 40.000 ученици Роми во ос- новно и средно образование, дури 35.000 се пријавиле на листата како социјални случаи за да добијат бесплатни учебници. Од Министерството за образовани изјавија дека годинава се обезбедени 250 милиони де- нари за бесплатни учебници за учениците од семејствата на социјална помош. - Еден комплет учебници ќе го користат две генерации од одделенската настава, додека во предметната настава и во средното образова- ние, учебниците ќе бидат менувани на секои три генерации- посочи Перо Стојановски, ми- нистер за образование и наука. Сите ученици во основно и средно образова- ние кои извадиле потврда дека се приматели на социјална парична помош и навреме ја до- ставиле до училиштата добиле учебници, по- тврдија од осмолетката „Браќа Рамиз и Хамид“ во Шуто Оризари. - Акцијата помина без никакви проблеми- вели Оливера Димовска, директорка на педа- гошката служба во осмолетката. Таа додаде дека уште една мала група од дваесетина ос- новци не добиле учебници, но тоа било по- ради потврдите кои до службите на училиштата не биле доставени на време. Ди- мовска вели дека децата наскоро ќе ги добијат своите учебници. Од наредната учебна година сите ученици ќе добијат бесплатни учебници, по примерот на многу европски земји. Од 40.000 ученици Роми во основно и во средно образование, 35.000 се пријавиле на ли- стата како социјални случаи за да добијат бесплатни учебници што ги најави Владата Инес Мустафовска Деца од девет до 14 годи - ни во законска дупка Децата Роми од девет до 14 години не може да се запишат во училиште. На таков проблем наишле медијаторите на невладината организација Национа- лен ромски центар (НРЦ) од Куманово во нивната мисија за упис на деца Роми во прво одделение. Според Зако- нот за основно образование, посебно со воведувањето на деветолетката, во прво одделение може да се запишат деца со пет години и осум месеци. - Според Законот, децата со осум и по- веќе од осум години се веќе “стари” да се интегрираат во образованиот си- стем беше одговорот од институциите. Но, сторивме напори и во некои гра- дови успеавме да запишеме деца на осумгодишна возраст. Но, за жал, тоа не може да се стори со децата од девет до 14 години што никогаш не ни биле во училиште. А, во Законот за основно дури и нема објаснување што со тие деца – велат во НРЦ. И во Министерството за образование и наука немаат решение за проблемот. Таму велат дека прв пат се соочуваат со таков проблем и најверојатно е на- правен превид зашто таа категорија деца не се опфатени никаде со регула- тивата. Во училиште може и деца без државјанство Децата со странско државјанство, како и децата без државјанство кои престојуваат во Република Македо- нија имаат право на основно образо- вание. Така пишува во измените на Законот за основно образование од 19 август 2008 година. Со тоа, тие деца имаат право на школување под еднакви услови како и децата, државјани на Македонија. Во Зако- нот исто така се забранува дискри- минација по основ на пол, раса, боја на кожа, национална, социјална, по- литичка, верска, имотна и опште- ствена припадност во остварување на правата од основното образование и воспитание. Правото на образование во Македо- нија покрај со Законот за основно образование е загарантирано и со Уставот, како и со Конвенцијата за заштита на детските права.
  4. ТЕРЕНСКИ ИЗВЕШТАИ СКОПЈЕ ...Имав средба со пе да - гогот

    Софка Димитриевска, ка ко и со Злата Павлова и Викторија Даниловска, наставнички во прво одделение во основното учи лиште Ѓорче Петров. Разго - ва равме за децата Роми кои не- маат уплатено за ужина, односно за тоа дека се тепаат меѓу себе кој прв да земе храна. Токму по- ради тоа, наставничките често од дома им носат за јадење. Понеко- гаш кифли, понекогаш банички, но не можат секогаш тоа да го прават. Потоа заедно со настав- ничката Злата ја посетивме Ел - ме ди на за да видиме зошто не кол ку дена девојчето било от- сутно од училиште. Кога оти- довме таму, наставничката и даде една кеса со облека и со чорап- чиња бидејќи Елмедина неколку пати одела боса на училиште. Од извештајот на Ерџан Салиев, медијатор на НРЦ КАВАДАРЦИ ...Ниту едно од децата на семејството Усино ви не посетува настава, ниту пак имаат изводи. Мајката Нафије и таткото Орхан Усинови се непис- мени и не знаат да кажат кога им се родени нивните деца. Некако успеав да дознаам дека С.У. бил роден во 2002 година, а К.У. во 1998 го- дина. И не само тоа што децата не одат во училиште. Нивната си- туација е алар- мантна. Децата немаат што да носат, немаат ниту облека, ниту влечки или па- тики. Вле- зната врата всушност е завеса, а прозорецот од искинат најлон. Од извештајот на Атиљан Алимов медијатор на НРЦ ПРИЛЕП ...С.Р. родена во 2002 година воопшто не била запи- шана во училиште. Откако го по- сетив семејството, дознав и зошто. Таткото на девојчето кажа дека нема време да ја носи во училиште бидејќи има уште две деца, од кои едното учи во посеб- ните паралелки во основното училиште Климент Охридски, а третото дете е мало и мора да се грижи за него дома. Му посочив на таткото колку е важно образо- ванието, објаснив дека девојчето мора да биде опфатено во систе- мот, според закон и дека доколку не ја запише во училиште, роди- телот може да се соочи со риго- розни казни. По кратка дискусија, таткото праша дали малата С.Р. може да биде запи- шана со здравствена книшка би- дејќи немал извод од девојчето. Му кажав дека тоа е можно и дека дополнително ќе помогнеме да и извадиме извод. Девојчето е запишано во училиште. Од извештајот на Несиме Салиоска медијатор на НРЦ ГОСТИВАР ...Посебно ме по- годи приказната на Ј.А., кој со неговиот помал брат Е.А. се сме- стени во центарот на Маврово. Тој беше дојден дома на викенд и јас го посетив. Разговарав со него и со неговата маќеа за тоа како се децата таму, како поминуваат. Тој ми одговори дека се добро сме- стени, дека редовно имаат за јадење и дека се добри на на- става. Само ми кажа дека таму наставникот го тепал поради не- говиот помал брат кој во прво од- деление го примиле на возраст од пет години. Но, јас ова не можам да го потврдам додека не одам во посета на центарот во Маврово. Од извештајот на Минавер Скендери, медијатор на НРЦ ПЕРИСКОП ДЕКЕМВРИ 2008 Наставнички им носат хра на 4
  5. ДЕКЕМВРИ 2008 ПЕРИСКОП а и облека на своите ученици 5

    КАВАДАРЦИ...При посетата во семејството на С.A. имав подолг разговор со родителот бидејќи работи по цел ден и не може да се најде во домот. Кога го најдов, разговаравме за дисциплината на С.А. во училиште. Ги тепа децата од неговиот клас, а ако учител- ката го искара, тој се лути, ја зема чантата и го напушта учи- лиштето. Педагогот Душанка Павлова ми кажа дека ја имал за- клучено вратата од училницата, па за сите овие ситуации го ин- формирав родителот. На крајот од разговорот си дојде С.А., играл на улица. Татко му го ис- кара, а С.А. почна да плаче и почна да објаснува дека и самиот не сакал да прави проблеми, туку дека некои деца од осмо одделе- ние го терале да прави лоши ра- боти. А, ако не ги послушал, му се заканувале дека ќе го тепаат. Пред да си заминам С.А. се из- вини и вети дека од наредниот ден ќе биде како нов ученик и за секој проблем ќе ја информира учителката и дека нема да ги тепа децата. Од извештајот на Атиљан Алимо в, медијатор на НРЦ СКОПЈЕ...Релацијата родител- дете не функционира така како што треба. Повеќето од децата скоро се или сами дома или ги чуваат нивните баби. На пример, при мојата посета на семејството на сестрите А.Б. и Ф.Б. ја срет- нав Ф.Б. сама дома. Ја чуваше помалата сестра. Која ја прашав каде се нејзините родители, ми одговори дека се отидени да со- бираат пластични шишиња. Тој ден девојчињата не беа во учи- лиште. Често отсуствуваат од училиште. Од извештајот на Љатифe Шиковска, медијатор на НРЦ СКОПЈЕ...Проблемот со авто- бускиот превоз на децата од ре- гионот на Злокуќани повторно е актуелен. И покрај моите укажу- вања до надлежните институции дека постои опасност од инци- денти и несакани последици при патување до училиште и до дома, се уште не се најде соодветно ре- шение. Децата се возат со авто- бус на редовна линија на ЈСП. На оваа линија се возат повеќе од стотина деца со останатите па- тници. Внатре е невидена турка- ница, децата при качување и при слегување се туркаат, се случува помалите деца да паднат на улица. Барав од општина Карпош каде што припаѓа Злокуќани, да се обезбеди посебен автобус на- менет само за превоз на ученици, но досега нема никаков одговор. Од извештајот на Љатифе Шиковска, медијатор на НРЦ КАВАДАРЦИ...Децата имаа час по англиски јазик кај учителката Кети Гинева. Веднаш забележав дека ученикот Л.Ш. нема учеб- ник, ниту тетратки. Детето само седеше. Часот го почнаа со по- вторување некои зборови и пре- минаа на нова лекција. Во учебниците имаше пет банани и учителката ги праша колку ба- нани гледаат во учебниците, а де- цата заеднички одговорија пет (на англиски). Потоа играа игра – расипан телефон. И Л.Ш. крена рака и сакаше наредната игра тој прв да ја почне. Потоа учител- ката праша кој од децата сака да каже песничка. Л.Ш. се јави и за- едно со уште две негови другар- чиња испеаја песна на англиски јазик.
  6. Кога ги почувствував првите понижувања со песна испеана за мене,

    бидеј ќи бев единствен Циган во моето ос новно учи- лиште, сфатив дека мора да бидам посебен ако сакам да ус- пеам и да им помогнам на моите Цигани, ве ли Осман Четириесет и осумгодишниот актер Неџо Осман од Македонија веќе 17 го- дини живее и работи во Германија. Дип- ломирал во класата на Раде Шербеџија, на Академијата за театар и филм во Но - ви Сад. Иако глуми веќе 26 години и со режија се занимава во последните 15 го- дини, никогаш не заиграл во театрите во Македонија. Во 1991 година заминал за Германија заради гостување со театар- ска претстава, но воените бранувања во поранешна Југославија во тој период би ле главната причина поради која тој ни когаш не се вратил. На прашањето ка - де е клучот во образованието на Ромите, Осман вели дека тој е кај самите Роми. Спо ред него, колку побрзо Ромите го при фатат новото време и потребите што ги носи, толку побрзо ќе се интегрираат во системот. Како и каде се образувавте? Имавте ли потешкотии во вашето образова- ние (финансиски, дискриминација...)? - Немав финансиска помош од моето се- мејство зашто тоа не беше возможно. До дека студирав са- миот се финансирав, играјќи во претстави во Народниот театар во Суботица и во Српскиот народен теа- тар во Нови Сад. Веќе бев присутен во српска та јавност како млад ромски глумец кој игра главни улоги. Дискриминиран не сум бил за време на мое то студирање и тоа бе ше едно од ретките времиња и другарува ња каде што не сум почувству- вал понижување. На Академијата секое утро вле гував со “Џелем џелем” без раз- лика дали ми се пеело или не. Зборував за Цигани без разлика дали некој ме пра шу вал или не. Бев единствен Циган на Академија и единствен студент, кој играл Отело и други главни улоги. Со каква визија растевте и дали ви се исполни? - Визијата кај мене се роди многу рано, уште во раните училишни денови, кога ги почувствував првите понижувања со песната испеана за мене, бидејќи бев единствен Циган и во моето училиште. “Цигу лигу пече вошки, па ги јаде како трошки” гласеше текстот. Песната и мои те другари ми помогнаа во животот да стигнам до мојата визија. Сфатив де - ка мора да бидам посебен, ако сакам да успеам и да им помогнам на моите Ци- гани. Стигнав до посебноста, а што се однесува до песната, мислам дека сè уш те постои, само што има нов текст и нова мелодија, за жал. НИКОГАШ НЕ ГЛУМЕЛ ВО МАКЕДОНИЈА Каде сте глумеле и каде глумите? - Глумев во народниот театар Суботица и во Српскиот театар во Нови Сад, теа- тарот на Ромите – Пралипе, Југословен- скиот драмски театар во Белград и во град скиот театар во Пула. Во Гер- манија глумев во теата- рот на Ромите – Пралипе, во теа тарот во Малхајм и во други те- атри во Ди зел дорф, Франфурт, Келн, Кон- станц, Сарбрикен. Сум глумел и во некои фил- мови во пора неш на Југо- славија и во неколку ТВ и играни фил мови во Германија. Од 1995 година глумам и ре- жирам во театарот ТКО келн, кој има два правци, еден од нив е ромскиот теа- тар, ка де што сум уметнички директор заед но со Нада Кокотовиќ. Како умет- ник, ка ко глумец, како Ром од Македо- нија, за жал немам одиграни ниту една претстава на македонски јазик. Вие сте и режисер. Кои се вашите дела? Каде може да се видат? - Некои од моите претстави кои сум ги режирал се, “Укрочену горопадницу” Ви лијам Шекспир, “Јерму” Ф.Г.Лорка, “Сре чан пут – Бахтало дром” Рајко Ѓу - риќ, “Један дан, једна жена, један му ш - ка рац“ Чарлс Буковски, “Зицу” на Дуб ра вка Угресиќ, “Столице” на Еуген Јонеско, “Пуковонику нема ко да пише” Г. Гарсија Марљуез, “Медеа“ на Хенри Милер, “Хотел Европа” на Горан Стефа - но вски, “Фрагил” на Тена Ставичиќ. Мо же да се видат во мојот театар во Келн. Може да се видат и во македон - Клучот за сè Љубица Гро ИНТЕРВЈУ - НЕЏО ОСМАН АКТЕР И РЕЖИСЕР ДЕКЕМВРИ 2008 Имате ли глумено со некои од познатите глумци? - За среќа сум глумел само со нив. Сум глумел со Вла до Светиев, Перо Георгиев, Ана Костовска, Сенко Велинов, како и со Раде Шербеџија, Миодраг Кривокапиќ, Љуба Тадиќ, Алмира Османовиќ, Аница Добра, Соња Вукиче- виќ, Перица Мартиновиќ, Инга Апелт, Мира Фурлан, Александар Цветковиќ и многу други. 6
  7. ски те театри ако некој ме покани. За жал, таков

    нема, што е причината, не знам. Можеби не сум доволно Македо- нец или не сум класичен Циган. Освен со глума, се занимавате ли со уште нешто? - Уредник сум на ромската емисија на Дој че веле во Бон и радио муликулти во Бер лин. Пишувам поезија, имам обја ве - но книга со поезија во Германија, Тур - ци ја и во Србија. Координатор сум и на учи лишта за ромски деца од поранешна Југославија. Покрај ангажманот околу мои те Роми и нивната ситуција, држам семинари за ромската култура, како и ра бо тилници за млади глумци Роми во Германија, Унгарија, Полска, Србија и пред некоја година во Македонија, во Скоп је и во Куманово. Направете една споредба за образова- нието во Германија со тоа во Македо- нија. Што е тоа што го има таму, а го нема тука? - Германија денес има проблем во систе- мот на образованието. Се уверија дека се лекција во образованието може само да му наштети на државниот систем, по- ради невработеноста итн. Ова не е игра и не прашува како се викаш и како из - гле даш. Економијата нема нација и вера. А, како е во Македонија, не би се осме- лил да кажам бидејќи немам доволно по датоци. Сигурно не е како што било пред 25 години, кога се немало потреба од фондации или стипендии за да може да се студира. Поради финансиската си- туација на народот денес не можеш и до гимназија да стигнеш. Во моето време се беше поедноставно и поевтино. Во мое време како Ром можеше да се за- врши основно училиште без никаков проб лем, средно индустриско, некоја гим назија или медицинско училиште. Денес има многу повеќе Роми со за- вршен факултет, про- сто да не веруваш колку, а од друга стра - на те фаќа страв што со нив. КЛУЧОТ Е КАЈ САМИТЕ РОМИ Во кого е клучот за образованието кај Ромите? - Добро прашање. Ро - ми те мора да се по - тру дат да го најдат, а за да го најдат мора да им се помогне, затоа што денес многу луѓе во Македонија живеат во тешка ситуација. Во такви ситуации Ромите се најголеми жртви. Финансиите играат голема улога. Од друга страна, пак, некои млади Роми немаат никакви амбиции, мотивација да завршат нешто. Или семејства што ми- слат дека живеат во некое друго време или луѓе со застарени размислувања де - ка некоја фармерка или влечки може да се продадат и да се преживее. Затоа, си - те Роми мора да бидат вклучени и да по- могнат да се намали процентот на не пис меност кај Ромите. Државата би има ла корист од секој граѓанин со ква - ли фикации, отколку во случај тој да е не писмен. Од такви проблеми се плашат и многу посилни и побогати земји од Ма кедонија. Ромите мора посериозно да ја сфатат својата ситуација, особено тие што ја водат ромската политика и попу- лација, бидејќи ќе бидат одговорни за ид нината, ако ова време биде неуспех. Мис лам дека Ромите мора да бидат по- сериозни пред своето минато и својата ид нина. Треба да го ценат тешкото време што го поминаа и да го сфатат вре мето што доаѓа. Клучот нема да се нај де ако Ромите сами не го најдат. БИ СНИМАЛ ФИЛМ БЕЗ ПАТЕТИКА Кога би снимале филм за Ромите во Македонија, кој аспект би го опфа- тиле и зошто? - Многу тешко прашање. Тој филм не би личел на “Дом за бесе - ње”, ниту на “Собира - чи на перја”, ниту на си те тие филмови што се снимени овие годи - ни на сметка на Роми - те во Шутка. Мојот филм би бил со ром- ски глумци, со ромски режисер, би била една модерна тема, со една денешна ситуација, на едно модерно интелек- туално ромско семеј - ство, без клише, без патетика. Кој ви е омилен филм во кој глав- ниот наратив е живо- тот на Ромите и зошто? - Ниеден, затоа што таков филм не по- стои. е кај Ромите оздановска ДЕКЕМВРИ 2008 Заминал заради претстава, останал поради војните Во Германија живеам од први сеп- тември 1991 година. Заминав по - ра ди гостување на Ромскиот театар Пралипе, каде што ја игравме претставата Крвави свадби на Лорка. После три месе - ци почна одисејата на поранешна Југославија и сите ние од театарот останавме до ден денес. А, не знам дали би се вратил во Македо- нија. Како Ром се прашувам што можам да работам, како можам да опстанам. А, посебно како Ром уметник, што би бил таму, дали уметник или би продавал чорапи. 7
  8. ДЕКЕМВРИ 2008 ДОСИЕ 8 Десетгодишната Алма К. од Кавадарци денес

    не маше да оди во училиште доколку едно сеп темвриско утро не ја забележеше Ати- љан Алимов, медијатор на Националниот Ромски Центар (НРЦ) од Куманово, надлежен за кавада - реч киот регион. Тој десетина дена учел со нејзе, и покажувал букви и бројки се со цел да ја запише во основното училиште Димка - та Ангелов-Габерот. Алма ни когаш не одела во учи - лиш те бидејќи и помагала на мајка си во извршувањето на домаќинските работи. Учи - лиш тето и просветниот ин- спектор во Кавадарци Ми хаил Костадинов широко и ги отвориле вратите на ма- лечката Алма. Таа сега оди во второ одделение и е мно - гу среќна и покрај тоа што се уште нема учебници и при бор. Да оди од дом во дом и да соз дава статистика на дечи - ња та Роми што треба да одат во училиште, да лобира во учи лиштата да се запишат што поголем број првачиња од ромска националност, да ја подигнува свеста кај родителите и да внимава да нема осипување кај запишаните деца главно се за- дачите на Атиљан како медијатор. - Алма ја сретнав пред еден дуќан, на пат за дома. За бележав дека е од ромска националност и ја пра- шав каде оди. Ми одговори дека тргнала накај до - ма. Нејзините родители ја имаа пратено по леб. Ја прашав зошто не е на училиште, а таа ми одговори дека не оди. Веднаш прашав дали би сакала да се запише во училиште и таа со задоволство ми одго- вори потврдно – раскажува Атиљан. Тој вели дека од Алма побарал дозвола да се види со нејзините родители со цел да лобира да и дозво- лат да се запише во училиште. - Кога им кажав дека Алма мора да оди на училиш - те, родителите веднаш се согласија, но посочија де - ка немаат пари да и купат учебници и училиштен прибор и побараа од мене помош ако може некако јас да и го обезбедам тоа. Родителите дури и ми ве- тија дека редовно ќе ја праќаат на училиште – вели Атиљан. Родителите на Алма се неписмени. Нејзината мајка нема образование, а татко и учел малку како дете, до дека бил во Германија. Во Македонија не поми- нал еден ден во училиште. Со дозвола од родителите, Атиљан веднаш отишол во училиштето за да го пријави случајот на Алма. Тој е прв таков случај во осмолетката Димката Ан- гелов-Габерот. Атиљан се сретнал со педагогот и добил ветување дека учи- лиштето ќе направи се за да ја запише Алма, но и де - ка ќе мора да се консулти - ра подрачниот просветен инспектор. - Секој ден контактирав со Алма. Таа е многу интели- гентно девојче. Почнавме заедно да учиме по некоја буква и по некоја бројка. Еден ден Алма ми кажа де - ка не сака да оди во прво одделение. Се стаписав. Мис лев дека сака да се от- каже. Но, таа само ми рече дека би сакала да оди во вто ро одделение зашто ве - ќе била стара да се запише во прво и и било срам од дру гите деца поради тоа – вели Атиљан. Од осмолетката веднаш го информ ирале Атиљан дека Алма ќе може да се запише во училиште, но ќе треба да полага пред ко ми сија. Комисијата тре- бало да одреди дали де вој чето навистина ќе може да се запише директ но во второ одделение. После десетина дена подготовки, дошол денот кога Алма требало да полага. Атиљан ја зел од дома, ја однел во училиштето, ја предал на комисијата и ја чекал во ходник на училиштето додека таа го покажувала своето знаење. - Ја прашувале дали ги разликува триаголник, круг, коцка, правоаголник, дали знае да си го напише име то, дали ги разликува боите, дали разликува ден од ноќ и обратно, и поставиле прашања кога врнело што се појавувало на небото, ѝ покажале цвет и ја прашале што е тоа... – возбудено раскажу - ва Атиљан. Алма поминала. Таа сега редовно оди на училиште и добро напредува и покрај тоа што нема учебни - ци, но има голема желба да учи. Но, учителката и го давала нејзиниот учебник за да може Алма дома да учи. Стекнала и другарчиња. КАВАДАРЦИ Медијатор подучувал девојче за упис во училиште Алма сакаше директно да оди во второ одделение бидејќи поради возраста и било срам од другите деца, раскажува Атиљан Алимов, медијатор на Националниот Ромски Центар од Куманово, надлежен за кавадаречкиот регион
  9. Во 13 век тие се појавуваат на Балканот, работеле како

    слуги, ковачи, бунарџии, кожари, кројачи, златари, чува - ри, курири, месари, но и работи кои во 16 век не биле оче кувани за Ромите, како калуѓери, оператори, правници, јани - чари и спахии. Но, во сите списи се опишуваат како луѓе со те - мен тен, кои танцуваат, свират, пеат, гатаат “Еден волшебник го предупредил индискиот крал дека непри - јателот ќе го нападне неговото кралство и ќе му го уништи се- мејството. Меѓутоа, напаѓачот ќе биде немоќен ако ги нападне Ромите. Затоа, кралот го повика ромскиот водач и во тајност му ја довери на чување единствената ќерка, Ган. Водачот на Роми - те требало да ја чува Ган и таа да биде безбедна како негово ви- стинско дете...”. Ова е една од легендите за “настанокот на Ро ми те” со која почнува книгата Кратка историја на Ромите на- пишана од Љатиф Демир и од Рајко Ѓуриќ. Според неа, ромски - те митови и легенди може да се третираат и како еден вид исто риски извори бидејќи поради преселбите на ромскиот на - род, Ромите не оставиле пишани документи за нивната истори - ја. Други пишувале за нив. Авторот Љатиф Демир вели дека Кратката историја на Ромите е напишана врз основа на полициски и црковни архиви за појаву- вањето, животот и преселбата на Ромите. - Ромите не потекнуваат од Египет, туку од Индија. До 2005 го- дина се веруваше дека Ромите немаат историја. Тие живеат на- спроти историјата, а не со неа. Не биле предизвикувачи на вој ни, но ја напуштиле Индија поради војните и го почнале с во е то патешествие – вели Демир. Според податоците изнесени во книгата, во времето на Чандра- гупта, Индија воспоставила врски со западниот свет, а за време на Ашок (273-232 п.н.е.) инаку, внук на Чандрагупта, царството било зголемено, а Индија станала важен меѓународен центар. То гаш настапило времето на големиот развој на Арапите кои во седмиот и во почетокот на осмиот век, стигнале во Ирак, Иран и во централна Азија. Следеле походите на Махмуд од Газни кој ја нападнал Индија дури 17 пати, како и походите на Муха- муд од Гора, Џингис Кан и Тамерлан. Во понатамошниот пери - од историјата на Индија повеќе не влијаела на судбината на Ро мите. Тие веќе биле надвор од нејзините граници. Многу од нив стигнале во Европа каде што биле изложени на непрестај - ни прогони. - Ромите во Индија се однесуваат многу поинаку, многу подис- циплинирано од Ромите во Европа бидејќи Ромите во Европа не се прифатени како луѓе. Историјата на Ромите е многу тем - на. Затоа во книгата има цртежи наместо фотографии. Колори- тот и живоста на боите на цртежите ја намалува темнината на текстот, на историјата - објаснува Демир. Иако се уште не е научно докажано, помеѓу петтиот и шестиот век, Ромите стигнале во Иран и Авганистан. Околу 855 година биле во Византија, а околу 1068 година биле забележани на ост- ровот Атос. Во 13 век се појавуваат на Балканот. При доаѓањето на Балканскиот Полуостров Ромите најпрвин биле припадници на христијанската религија. Под власта на Турците тие масовно го примиле исламот. Но, и покрај тоа, во населбите и во тврди- ните биле одделна група. Правата и обврските на Ромите во јужнословенските земји под турска власт, биле ре- гулирани со општествени и законски норми кои важеле за гра - ѓа ните на Турското царство, а постоеле и други кои важеле са мо за Ромите. Притоа, едни важеле само за Ромите муслима - ни, а други само за Ромите христијани. Ромите, според податоците во Кратката историја, работеле како слуги, ковачи, бунарџии, кожари, кројачи, златари, чувари, ку - ри ри, месари, но и работи кои 16 век не биле очекувани за Ро - ми те, како калуѓери, оператори, правници, јаничари и спахии. Но, во сите списи се наоѓаат како луѓе со темен тен, кои сакаат да танцуваат, свират, пеат, гатаат. Ромите во Романија биле продавани и како робови. Дури во 1848 година во Букурешт е објавена големата револуционерна декларација според која “Романскиот народ се срами што држи робови”. Најголемите прогони против Ромите се за време на Вто рата светска војна каде повеќе милиони Роми се испратени во концентрациони логори во Европа. - Најмрачниот дел од историјата на Ромите е геноцидот. Не са- кавме многу да опишуваме за овој период, ниту да објавуваме фотографии бидејќи тие се навистина застрашувачки. На при- мер, во логорите, иако Ромите ја делеле истата судбина со Ев - реите, тие пак биле сметани за граѓани од втор ред. Дури и во логорите – вели Демир. Според него, најголем акцент од кратката историја на Ромите треба да им се даде на корените на предрасудите кон темните туѓинци, како што пишува во книгата. “Љубопитни граѓани од сите класи се собирале за да се ѕве- рат во нив, да им гледаат на дланка, да ги гледаат акробатите или да купат рачно изработени производи. Убедувањето дека црната боја на кожата претставува инфериорност и зло веќе било добро зацврстено во европскиот ум. Најапсурдниот од расистичките ставови било обвинувањето дека и покрај не- поволната положба да се биде со потемна кожа во оп ште с тво - то на бели луѓе, Ромите намерно ја потемнувале својата кожа употребувајќи костени и други растенија. Кога ги слушале Ромите како зборуваат на својот мајчин јазик, луѓето речиси поверувале, а некои дури и денес сметаат дека Ромите на - мер но измислуваат јазик за да ги излажат останатите“. Љатиф Демир вели дека денешната историја не се разликува многу од досегашната историја на Ромите. - Ромите се уште живеат хаотично. Деведесет отсто се без работа, се борат за опстанок. За жал Ромите се народ кој не учи од сопствената историја – смета тој. На прашањето дали миграцијата кај Ромите продолжува и денес иако таа во ера на глобализација е присутна и кај дру- гите народи, Демир предвидува: - Ромите мигрирале и ќе мигрираат и ако не се подготвени, историјата ќе се повтори и “градските порти” пак ќе им се затворат и ќе почнат нови прогони и нови напади во Европа. За јазикот пак, Демир вели дека денес, 250 милиони Роми во светот го зборуваат универзалниот ромски јазик. И дека ако Ром од Македонија се сретне со Ром од Индија тие лесно ќе може да се разберат. КРАТКА ИСТОРИЈА НА РОМИТЕ Корените се од Индија Љубица Гроздановска ДЕКЕМВРИ 2008 МОЗАИК 9
  10. Тобиас (Тоби) Линден е ди ректор на Ромскиот Еду кативен

    Фонд (РЕФ) од Будимпешта, организација чие портфолио на проекти за за- штита на правата на Ромите и уна предување на нивното обра - зо вание и живот во Македонија е огромно. Од ис куството во со- работката со мно гу Влади, Лин- ден вели дека ма кедонската Влада една од нај пос ветените во правењето раз ли ка за Ро- мите. Но, дека пот реб но е уште многу да се направи за Ромите за да може тие целосно да при- донесат во раз вој от на македон- ското општество и економија. Најголемиот про блем со кој се соочува како ди ректор на РЕФ е недоволната политичка посвете- ност на Вла ди те, односно нив- ната непод гот веност да издвојат доволно па ри. Линден вели дека Маке до нија има голема шанса да ги по добри условите за живот на Ро мите со пред-при- стапните фондови на ЕУ. Тој предупредува дека тие пари мора да се искористат и дека треба да се искористат мудро. Кои се вашите главни задачи како Ромски Едукативен Фонд (РЕФ)? - Целта на Ромскиот Едукативен Фонд е да придонесе за намалу- вање на јазот во разликите на ре зултатите што во образовани - ето го постигнуваат Ромите и не-Ромите, преку политики и прог рами што поддржуваат ква- литетно образование за Ромите, не заборавајќи ја при тоа и де - сег регацијата во образовниот сис тем. Ромскиот Едукативен Фонд беше создаден во рамките на Деката на Ромите во 2005 го- дина. Така што РЕФ ги дели це- лите на Декадата. Како гледате на Декадата на Ромите и дали таа е доволна како процес? - Декадата на Ромите има некои добри потенцијали. Тоа е јавна обврска на Владите да направат нешто. Истакнува четири клучни проблеми со кои се со- очуваат Ромите: образование, вработување, здравство и дому- вање. Гласовите на Ромите и на ромските невладини организа- ции се интегрален дел на Дека- дата. За жал, до денес, чувствувам дека Декадата не е во можност да ги држи Владите во состојба јавно да одговараат за тоа што го прават – или по- веќе за тоа што не го прават – да им помогнат на Ромите да се интегрираат поуспешно. Многу загрижува тоа што нема догово- рени индикатори, ниту систе- матски собрана база на податоци. Земјите, исто така, из гле даат позаинтересирано во ка жувањата што направиле и што прават отколку да научат како нештата функционираат. Има многу проблеми на терен како сегрегација, нееднаков пристап до образование, а да не зборуваме за квалитет, не- достиг на информации, закон- ски јазови, недостиг на сора- ботка помеѓу Владите и не- владиниот сектор и многу други. Каде е проблемот? - Ромите се соочуваат со многу прашања и проблеми во напо- рите за еднаков пристап до ква- литетно образование. Ги вклучувам сите работи што ги спомнавте. Плус уште некои други, како на пример, недостиг на лични документи, слаб ква- литет на настава и лоши услови за домување што значи дека де- цата немаат место каде да ги пишуваат домашните задачи итн. Овие проблеми се разбира варираат во нивниот интензитет и приоритет од земја во земја, од заедница до заедница. Како и да е, со какви предизвици да се соочуваат Ромите, има успешни програми што работат и кои што треба да се вметнат како национални напори. Не многу, но се повеќе луѓе стануваат свесни дека образо- ванието е клучот на успехот и билетот за подобра иднина, за подобра работа. Каква е стап- ката на вработеност кај Ро- мите во Европа, како и на Балканот? И што е причината за тоа? - Образованието навистина е клуч за успех, како за со- цијален, така и за економски развој на личностите и на оп- штествата. Секое истражување покажало дека тие со поголемо образование имаат поголеми шанси за вработување и да имаат поголеми примања. Затоа не е изненадувачки што кај Ро- мите има голем степен на не- вработеност, просекот на нивното образование е значи- телно низок во споредба со дру- гите. Бројките варираат од земја во земја, но Ромите генерално имаат ниска стапка на вработе- ност и поголемиот број од нив Образованието гради личности и општества ИНТЕРВЈУ: ТОБИАС (ТОБИ) ЛИНДЕН, ДИРЕКТОР НА РОМСКИОТ ЕДУКАТИВЕН ФОНД ОД БУДИМШЕШТА 10 ДЕКЕМВРИ 2008
  11. немаат постојана и стабилна ра- бота. Ромите ги негираат мож-

    ностите да се стекнат со пристојно образование, а со тоа и можност да си ги унапредат нивните животи. Исто така е ви- стина дека Ромите продолжу- ваат да се соочуваат со дискриминација при вработу- вање. Македонија е социјална држава и сиромаштијата лу- ѓето ги прави исти. Но, и по- крај тоа, само ромски деца се надвор на улица, а не во учи- лишта. Може ли да ни кажете зошто е тоа така и што РЕФ прави за да го реши пробле- мот? - Не можам да зборувам за си- туацијата низ Македонија, но сигурно можам да кажам дека на моите патувања во земјата сум видел многу деца на ули- ците кои не се Роми. Ромскиот Едукативен Фонд има голем број на проекти во Македонија, насочувајќи се на различни фази на образование. На при- мер, само што подобривме еден нов проект кој се однесува на предучилишно образование, многу години работевме на за- пишување деца во основно об- разование и имаме големи проекти што поддржуваат сти- пендии за средношколци и за студенти. Кои се трендовите во образо- ванието на Ромите денес? - Јас сум оптимист. РЕФ сло- бодно може сега да каже – ние знаеме, во многу области, кои потреби треба да се задоволат за да им се помогне на Ромите да дојдат до квалитетно образо- вание. И некои Влади прават добри работи. Она што недоста- сува е политичка посветеност на Владите да ги стават ресур- сите што се потребни за да може да бидат различни од дру- гите, за да може да се направи разлика. Но, со зголемувањето на дискусиите за Ромите на ев- ропско ниво, вниманието и при- тисокот на Владите треба да се зголеми исто така, во наредните неколку години. Може ли да ни кажете три проблеми, со кои Вие, како директор на РЕФ се соочувате во остварувањето на про- ектите за Ромите? - Главниот проблем е недовол- ната политичка посветеност на Владите. Тоа значи дека тие не издвојуваат доволно пари. Тоа значи дека тие не ги предизви- куваат предрасудите на не-Ро- мите. И тоа значи дека нивните активности генерално се доста слаби. Вториот проблем е што информациите за успешни ин- тервенции треба да бидат попо- знати од страна на Владите и од НВО секторот. Ова е нешто на кое РЕФ му посветува големо внимание. На крај, многу по- веќе работа треба да се заврши за да се соберат точни информа- ции за тоа што всушност се случува во училиштата и во проектите. Но, и колку од нив всушност завршиле основно и средно образование, какви оценки имаат децата на тести- рањата, какви вработувања може да најдат. И какви придо- неси на таквите резултати ги прават различни проектите и креаторите на политиките. И повторно, РЕФ им помага на не- владините организации и на Владите да ги развијат нивните капацитети за следење и оцену- вање. Како ја рангирате Македо- нија во однос на другите земји со кои работите? И зошто е тоа така? - Македонската Влада ја гледам како една од најпосветените во правењето разлика за Ромите. Затоа и портфолиото на проекти на РЕФ е многу големо во земјата, вклучувајќи проекти помеѓу министерства и невла- дини организации. Но, се раз- бира, потребно е уште многу да се направи за Ромите за да може тие целосно да придонесат во развојот на македонското оп- штество и економија. Кои се перспективите и очеку- вањата на РЕФ за Македо- нија? - Македонија има огромна мож- ност да направи разлика во на- редните неколку години. Во многу области, политичката клима е добра. И, многу важно, Македонија ќе има пристап до големи количини пари од ЕУ во текот на интеграцискиот про- цес. Ако се искористат добро, тие пари многу ќе им помогнат на Ромите. “Декадата на Ромите има добaр потенцијал. Тоа, пред се, е јавна об- врска на Вла ди те да на- прават нешто. За жал, до денес, чувствувам дека Декадата не е во мож- ност Владите да ги држи под лупа за тоа што го прават – или по- веќе што не го прават – да им помогнат на Ро- мите поуспешно да се интегрираат ” 11 ДЕКЕМВРИ 2008
  12. СМРЗНАТ КАДАР Импресум Подготвува екипа на Национален Ромски Центар: Ашмет

    Елезовски; Славица Ќурчинска; Себихана Скендеровска; Далибор Шојиќ; Љубица Гроздановска; Александар Димишковски; Инес Мустафовска Фото – Ирфан Мартез, Национален Ромски Центар (НРЦ) Издавач: Здружение на граѓани Национален Ромски Центар (НРЦ) улица “Доне Божинов” бр.11/5, 1.300 Куманово, Република Македонија www.ednomagazine.com e-mail: [email protected] [email protected] тел/фах : 031/427-558 Списанието “Едно“ е дел од проект на Националниот Ромски Центар финансиран од Ромскиот Едукативен Фонд (РЕФ) Печати: Т.Д.Генекс Кочани; Тираж: 200 примероци
  13. ПЕРИСКОП Сиромаштијата главна причи на за нередовност во училиште ОБРАЗОВАНИЕ

    Ќе се отвора катедра на Ромски јазик ИНТЕРВЈУ Роберт Рустем, Совет на Европа Доста со политички и ет- нички поделби! ЗУМ Љуан Кока - Секретеријат за Ром- ска Национална Стратегија во Србија ДВЕЈН ЛИ - УСАИД На учениците Роми им тре- баат идоли БРОЈ 2 МАРТ 2009
  14. За Едно, за образованието за сите Славица Ќурчинска Почитувани, Пред

    три години тргнавме по еден пат, со ед - на мисија за целосна вклученост на ром ските де ца во регуларно основно обра- зование преку (1) про мовирање на социјална одго- ворност за имплементација на образовната по ли тика, (2) родителска одговорност за детето ка - ко ученик и (3) минимизирање на осипувањето по- меѓу ромските ученици. Започнавме една кампања која од година во година се прошируваше со по- веќе активности, повеќе градови и поголема целна група. Стартувавме со 3 градови, 17 основни училишта, 3000 ромски се- мејства, 15 медијатори... Во моментов работиме во 15 градови, 82 основни училишта, 6500 семејства, 24 ме- дијатори... Кампањата претставува исчекор во про- бивот на една етничка заедница од мар- гините, на сцената на општестве ни те текови. Причина повеќе за тоа е што ние го идентификувавме најбитниот фактор - родителите. Се лоциравме на среди- ната од триаголникот. На другите страни од него се родителите, училиштето и државните институции. Најважната страна сепак е онаа на родителите. Од нив зависи дали децата ќе се вклу чат во образов- ниот процес и колку тоа ќе би де успешно сторено. Ние почнавме „од нула“ во ромската проблемати ка и во потрагата по решението на постојните про- блеми, но со голема упорност и ентузијазам успе- авме да пронајдеме еден инструмент за мо ти вација на ромските родители. Не секогаш мотивацијата е во материјалните неш - та, во парите или во школските помагала за децата. Ние инструментот го препознавме во довербата, во директната и секојдневна комуникација со луѓето, присуството во нивните домови, трпението да ги сослушаме и да им помогнеме со совет и со инфор- мација. Кампањата е насочена кон менување на свеста за потреба од образование, со инвестира ње во образо- ванието и со вклучување и на ромските деца и нив- ните родители во образовниот процес, градиме оп ште ство на еднакви граѓани што ќе ја зајакнат Македонија на културен и економски план, кои со својата продуктивност ќе имаат моќ да работат за до брото на сите. Работите се движат во позитивна насока. Но, за жал тој процес се одвива многу полека. Свеста од ден на ден е на пови- соко ниво. Никој веќе не може да каже де ка една нација не сака да се образува и дека друга не сака да помогне. Најголе- миот проблем е во еко номската криза која трае и се засилува и за жал ги „на- паѓа“ луѓето кои сакаат да се образуваат. За да успеат во тој процес потребна им е висока свест и силна волја. Магазинот „Едно“ со себе но - си неколку стории токму за таа силна волја, но и за привилегиите што произлегуваат како резултат на образованието. Во овој број на „Едно“ ќе имате можност да прочи- тате информации за детските права, за катедрата на ромски јазик, за проблемите во образованието на Ромите, како и за спецификата на теренската ра- бота на нашите медијатори. За подобар и подостоинствен живот на сите – Едно! БИЛБОРД Билборд - Стр. 2 - Уводник Дневник - Стр. 3 - Вести Перископ - Стр. 4 - Теренски извештаи Роберт Рустем - Стр. 6 - 7 - Интервју ЗУМ - Стр. 8 - 9 - Љуан Кока, шеф на Секрете- ријатот за Ромска Национална Стратегија во Србија ЗУМ - Стр. 10 - 11 - Двејн Ли, УСАИД интервју Смрзнат кадар - Стр. 12 - Фото вест 2 МАРТ 2009
  15. ДНЕВНИК МАРТ 2009 5 ОБРАЗОВАНИЕ Ќе се отвора Катедра на

    Ромски јазик Идејата на оваа Катедра е во почетокот да се создаваат кадри што добро ќе ја познаваат Ромската проблематика, ќе ја развиваат културата на Ромите што на некој начин ќе овозможи побрзо вклу - чување на Ромите во македонското општество, вели Љатиф Демир Инес Мустафовска Секое десетто Ромско дете завршува основно образование. Според анализите направени од невладините организации од околу 8.000 ученици Роми колку што се запишале во осмолет- ките, основното образование не го завршиле ниту 600. Најголемо осипување на Роми те има во петто одделение. Најголем проблем, спо ред анализите, е јазикот, бидејќи Ромчињата не го знаат Македон- скиот јазик кога ќе тргнат на училиште што понатаму им создава огромни про- блеми. И бројот на сту- денти Роми во последните неколку години е зголемен за повеќе од 100 от сто, по- тврдуваат од Министерст- вото за образование. Зголемениот интерес за об- разованието кај Ромите јасно говори за потребата да се продуци ра Ромски наставен кадар, но и за по- треба за от во рање на ка - тедра за ромски јазик и книжевност. Министерството за образо- вание иницираше и започна активност за воспоста- вување на студиска група на Ромски јазик на педагошките факултети и катедра за Ромолошки студии. Љатиф Мефаилескоро Демир, кој директно е вклу- чен во подготовките за отворање на катедра за ром- ски јазик, култура и книжевност, објаснува дека за разлика од Групата на ромски јазик, ка тед рата за Ромолошки студии има сосема поинаков концепт. Целта на оваа катедра е да го над гра дува ромскиот јазик и да произведува кад ри кои понатаму не би биле само наставници во основните училишта, туку и филолози, новинари, луѓе од различни про- фили што ќе му помогнат на ромскиот народ. - Со поставување на институција, како што е ка- тедрата и разни други институции за култура и ја - зик, ќе направиме голем чекор во вклучувањето на Ромите во општеството. Меѓутоа, подготовки те траат предолго. Во 2005 година кога се направени акционите планови, беше децидно кажано де ка отворањето на катедрата ќе претстои во пе рио дот 2007 – 2008 година. Сега, пак, тој е ставен на врвот од приоритетите и мислам дека си те заедно ќе ус- пееме да го реализираме овој про ект - изјави Љатиф Демир. Според него, во Македонија постојат услови за от- варање на катедра за ромски јазик, култура и кни- жевност, бидејќи повеќето научници говорат дека изворот на ромскиот јазик е токму тука, во Ма - кедонија и на просто- рите на Јужна Србија, Бугарија, Албанија. На катедрата е предви- дено гостување на еминен т ни професори од соседството како што се д-р Рајко Ѓуриќ од Белград, Марсел Кор- тијаде, Христо Ќучуков од Бугарија. Книги и литература, за почеток, ќе се користат од земјите каде веќе има катедра на Ромски јазик. - Идејата на оваа катедра е на почетокот да се соз- даваат кадри што добро ќе ја познаваат Ром ска та проблематика, ќе ја разви- ваат културата на Ромите што на некој начин ќе овозможи побрзо вклучување на Ромите во маке- донското општество, вели Демир. Хасан Идризи е наставник во средно училиште во Тетово. Тој активно учествува во подготовки те за отворање катедра за ромски јазик, култура и кни- жевност. Идризи вели дека имало иниција ти ва ка- тедра да се отвори на Факултетот на Југоисточна Европа во Тетово - Ова е сепак приватен факултет и не знаеме дали ќе има заинтересираност и дали ние, како иници - јатори, сме подготвени за да се направат подгот ви - телни работи за идејата да почне вистински да се реализира. Сепак сметам дека најдобро е катедра да се отвори на Филолошкиот факултет во Скопје. Но, едно е јасно зачувувањето на нашиот јазик е најважната работа што мора да се направи, затоа што ако немате јазик немате ништо, вели Идризи. Планот за отворање на катедрата на Универзитетот „Св. Кирил и Методија“ е во подготовка.
  16. СКОПЈЕ... Д.Д. е многу тален- тирано девојче што сака да

    учи, но е многу сиромашна. Нема ни - какви услови ниту за живее ње, ниту за школување, но има голе - ма желба да учи. На почетокот на учебната година таа не бе ше запишана во училиште. Ус пеав да ги убедам родителите да ја пуштат на училиште. На мое праша ње дали малата Д. са ка да учи, таа одговори потврд но, а на ли це то ѝ се гледаше ра дост. Тоа ми влеа надеж дека можеби ова девојче ќе успее и ќе биде добар ученик. Мајката не се противеше на одлуката да ја запишеме во училиште. Но, се жалеше дека нема пари за кни ги и за облека и не гарантираше дека девојчето редовно ќе оди на училиште. Ро- дителите се многу сиромашни и не се врабо тени. Живеат од со- цијална по мош, а таткото собира плас тич ни шишиња за да прежи- веат. Таа уште истиот ден беше запишана во училиште. Беше и на настава. Често ја посетував и ја прашував како поминува на учи лиште и дали има другарчи - ња. Редовна беше сé до штрај кот на наставниците и откако тој за- врши, Д. не се појави на учи- лиште. Педагогот ме информираше дека Д. веќе една недела не била на училиште. Се загрижив, помислив дека е бол - на. Ја посетив дома и ја видов ка ко си игра во дворот. Ја пра- шав мајка ѝ зошто Д. не оди во училиште, а таа ми одговори де - ка Д. немала патики и заради тоа не ја пушта на училиште. Ве ќе беше десет и пол часот, а наста- вата почнуваше во единаесет. Инсистирав да ги исчистиме ста- рите чевли и јас да ја однесам во училиште, а со мене да дојде и мајката за да разгова ра со педа- гогот. Таа на крај се сог ласи и за- едно тргнавме. Д. ме фати за рака и беше среќна што пак оди во учи- лиште. Од извештајот на Мемет Мемет, ме- дијатор на НРЦ СКОПЈЕ… Оваа недела два па ти бев да го посетам семеј ство то на Д.М. и К.М. и за жал се уште сум збунета. Раз- говарав со О.М. која се пре- тстави како мајка на децата. Ми зборуваше неповрзани работи дека ќе го отпише едното од де- цата бидеј ќи учителката не го учела доб ро, потоа ми рече дека детето не е здраво и не може да памти и најдобро ќе биде да го запише во училиште за деца со пречки во развојот, за да може да го земаат од дома и да го носат во училиште и за да може да има ужинка. Се обидов да разгова- рам со детето, но тоа не сакаше. Следниот ден повторно отидов, реков дека са кам да разговарам со маж ѝ, но ми кажа дека тој е на работа. Бев кај учителката за да дознаам нешто по веќе за овој случај. Се изне на див кога ми кажа дека О.М. била во училиш- тето и се прет ставила како вујна на детето и ба рала да потпише изјава дека го отпишува детето оттука за да го запише во друго училиште би дејќи таткото бил во затвор, а мајката била завис- ник. Пак се вратив кај О.М. и ѝ реков дека ќе го чекам маж ѝ за да разговарам со него бидејќи го отпиша ле детето од училиште, а немаат право. Тогаш таа се ис- плаши и почна да ме брка. Реков дека наредниот ден пак ќе дојдам. Утредента кога бев во училиштето наставничката ми кажа дека таткото на децата дошол и прашувал за мене. На- ставничката му објаснила дека јас сум медија тор и дека имаме соработка. Тој признал дека О.М. е мајка на децата, а не вујна и повторно ги запишал де- цата во училиште. Од извештајот на Аида Му т - фов ска, медијатор на НРЦ ГОСТИВАР... Во текот на неде- лата бев во сите училишта во Го- стивар. Во понеделникот го посетив одделението на Нада Петковска – специјално одделе- ние во Ц.О.У Мустафа Кемал Ататурк. Таму требаше да запи- шам едно дете, а директорот да ми ја потпише согласноста. Во училиштето разговаравме со учителката. Таа ми кажа дека С.Н. не доаѓа на настава. Бев дома кај неговото семејство. Ми кажаа дека детето проси. Успеав да го најдам, разговаравме, а на- редниот ден се врати на учи- лиште. Од извештајот на Ѓуфер Точи, медијатор на НРЦ ПЕРИСКОП МАРТ 2009 Сиромаштијата главна причина за нередовност во училиште 4
  17. МАРТ 2009 СТАВ 5 Маргинализацијата на са мите ромски мани

    - фес ти резултираше не са мо во економска и соци јална не поволност, туку и во сериозна не поволност во образованието. Тоа доведе до маргинализација на цела генерација на едно ет - нич ко малцинство. Тимот за об- разование на мисијата на ОБСЕ поддржува проекти што ќе по - мог нат да се најде начин да се из бега од тој злобен круг. “Маргинализацијата во образо - ва нието го наоѓа највидливиот из раз на категоризацијата на де- цата како деца со посебни по - тре би”, смета тимот за об ра зо ва ние на ОБСЕ. “Оваа категоризација е засно- вана на број од, најмалку де- лумно, лажни претпоставки како од училиш та та, така и од роди- телите и тоа доведе до овој зло- бен круг”. Етничкото потекло на детето води кон тоа да биде поврзано со нис ки достигнувања, креира отсутност и ученици со кои е теш ко да се справиш. Очајната економска состојба на родите ли - те ги тера активно да бараат ста- тус со специјални потреби за нивните деца, со што би кори- стеле социјални бенефиции. “Преголемото присуство на де- цата Роми во одделенија за деца со посебни потреби повеќе мо - же да се сфати како потврда де - ка овие деца се деца што можат помалку да постигнат, а што по- вторува овој систем “, вели ти - мот за образование. Економската ситуација е един- ствениот фактор што ги обес- храбрува родителите од обидот за нивните деца да обезбедат кол ку што е можно подобро об- разование. “Многу родители претпоставу- ваат дека нивните деца нема да бидат поддржани од наставни- ците, поради очекувањата де- цата Роми да бидат сла би на училиште. Исто така, по ради не- достиг на шанси на па зарот на трудот многу родите ли веруваат дека образованието не прави го- лема за нивните де ца“, вели екс- перт за образование на ОБСЕ. “И конечно, мно гу родители ми- слат дека нив ните деца не можат многу да постигнат, свесни дека со оглед на нивното сопствено ниско ни во на образование не може да им помогнат на своите деца во домашните задачи. Во овој злобен круг, ниските очеку- вања во дат кон ниски оствару- вања, што ги оправдуваат ниските очеку ва ња”. Тимот за образование од скоро почна проект со кој се настојува да се скрши злобниот круг пре - ку посочување на проблемот ис- товремено на неколку нивоа. Заедно со НВО Сумнал се им- плементира програма која овоз- можува предучилишно об ра зование за децата Роми. Програмата ги вклучува и мај - ките кои се подготвуваат за за да - чите со кои ќе бидат соочени додека им помагаат на своите де ца во пишувањето на домаш- ната задача. Според тимот за об- разование на Мисијата, ова ја зголемува самодовербата кај ро- дителите и во нивните и во спо- собностите на нивните деца. Во 2008 година Сумнал потпиша до говор за соработка со Педа - гош киот факултет и со Институ- тот за Педагогија на Фи ло зоф скиот факултет во Скопје. Оваа соработка ќе овоз- можи поголеми можности за ид- ните наставници да имаат прак тична настава во реални услови и да им предаваат на де - ца Роми, што ќе помогне да се намалат предрасудите. “Како и да е, потребни се допол- нителни мерки за да се гаран- тира пообјективна процедура за класификацијата на децата со по себ ни потреби”, подвлекува тимот за образование, “посебно што од скоро сосема малиот факт дека за случајот на едно де те беше посочено од едно учи лиште на комисијата за кате- горизација, во многу случаи ја наведува комисијата да заклучи дека детето има посебни обра- зовни потреби”. Многу пообјективни задачи би се постигнале преку стандарди- зирана проце дура заснована на чисти критериуми кои што на комисијата ќе и определат дали детето беше по сочено поради тешкотии во учењето (и какви видови тешкотии) или поради други причини, како на пример, несоодветно однесување. Со ова на ум, тимот за образование на Мисијата на ОБСЕ ги проучу- ваше системите на другите држа ви за да може, на долг рок да сугерира понапредна страте- гија која ќе гарантира квали- тетно образование за сите деца, без разлика на етничката, со- цијалната или економската со- стојба. Тим за образование на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, ДЕЦАТА РОМИ И ПОСЕБНИТЕ ОБРАЗОВНИ ПОТРЕБИ ОБСЕ Мисијата во Скопје поддржува активности за да се скрши злобниот круг
  18. Прогрес нема да имаме сé до- дека етничката и политичката

    припадност се мерило за квали- тет наместо образованието, ис- куството и способноста Патот кој го трасирав за да стигнам до тука каде што сум не бил секогаш ра мен. Најтешко ми беше да ги разубе- дам луѓето од Европа дека во Ма - ке донија има квалитетни об ра зу вани млади луѓе што подед- накво можат да се носат со ис тите задачи како и останатите мла ди од Европските земји. Во на шата држава пак, најтешко ми беше да ги разубедам моите прет пос та ве - ни дека иако сум мно гу млад имам доволно искуство, знаење и енергија да ги извршам сите зада- дени обврски. Проблемот е тоа што кај нас се уште ва жи мислата дека “со годините доаѓа и иску- ството”. Мо же било некогаш така, но не и денес. Ва ка Роберт Рустем, вработен во Советот на Европа како раководи- тел на Сек ре таријатот на Европ- скиот Форум на Роми и Па тувачи го објаснува зна чењето на упорно- ста, но и на обра зова нието, во реа - лизацијата на неговите живот ни планови и успеси. Роберт (28) е од Скопје. Основното, средното и високо то образование го за - вршил во главни от град, а покрај редов- ното образование, посетувал и многу обу ки за човекови пра ва, политика, ли - дерство, стра теш ко планирање, органи- зирани од раз лични институции во Европа. Студира политички студии и меѓународни односи на Лондонската школа за економи ја и политика..Пред да за- мине во Стразбур работел како по- стар асистент за Ромски пра ша ња при набљудувачката ми сија на ОБСЕ во Скопје, а пред да ста не дел од мисијата на ОБСЕ работел како асистент, политич ки со ветник во Европскиот центар за малцин- ски прашања. Имаше ли некаква помош или самиот се избори сам до стиг- неш до работното место во Со- ветот на Европа ? Единствената помош што сум ја добил и што сè уште ја добивам е поддршката од мајка ми, така што за сé што сум постигнал досега сам се борам. Приказната за Со вет на Европа е мно гу интересна. Таа е и одлука што драстично ми го смени животот. Во 2005 година се при јавив на конкурс за ад ми ни стративен асистент во Советот на Европа за на некој начин да го измерам мое то знаење на ев роп ско ниво, но во ниеден случај не размислував за напуш- тање на Македонија. Имаше мно - гу пријавени кандидати од пове ќе земји, но резултатите од тес - тирањето обезбедија интервјуи- рање на само 6 кандидати меѓу кои бев и јас. Во мај 2006 годи на бев ин- формиран дека сум нај успешниот кан- дидат. Секако дека тоа за мене беше го - лем успех, но од друга страна морав да размислам дали е вистинско време да ја напуштам мојата држава. Јас сум првиот Ром што добил постојана по- зиција во оваа ин- ституција. По две годи ни работа како административен асистент, бев унапреден во раководител на секретаријатот на Европскиот Форум на Роми и патувачи. Работиш и во ЕРТФ. Која е твојата обврска таму? ЕРТФ е првата организација која има потпишано партнерски дого- вор со Советот на Европа и која има консултативен статус во рам- ките на оваа организација. Вак- виот статус го има добиено поради тоа што ЕРТФ е коалиција на најголемите интернационални ромски организации и поради тоа е единствена репрезентација на Ромите во Европа. Мојата задача како раководител на Секрета- ријатот е да учествувам во плани- рање на работата на организацијата, да ги идентифи- кувам трендовите и тенденциите на политиката кон Ромите на земјите членки на Советот на Ев- ропа, да остварувам контакти со дипломатските мисии како и да ги координирам активностите што Форумот ги презема во различни земји. Она што можам да го по- стигнам е да ја променам искри- вената слика за Ромите кои повеќето не-Роми ја имаат за нив, да укажеме на дискриминатор- ската политика за земјите кон Ро- мите, да ги потсетиме државите дека Ромите се нивни граѓани и како такви ги уживаат сите права и слободи, исто како и сите оста- Доста со политички ИНТЕРВЈУ - РОБЕРТ РУСТЕМ, СОВЕТ НА ЕВРОПА МАРТ 2009 Работиш и живееш во Стразбур, во седиштето на Судот за човекови права. Ти се случило ли некогаш да бидеш дис- криминиран? И покрај тоа што “отскок- нувам” со физичкиот из- глед од останатите, сепак досега не ми се случило да бидам дискриминиран во ниту една ситуација. 6
  19. нати граѓани. Но и да ги потсе- тиме Ромите за

    нивните обврски како граѓани на едно општество. Една од најголемите пречки во целосно надминување на пробле- мите е недостаток на политичка волја од страна на владите. Во какви се проекти си учеству- вал и учествуваш, а се од по- себно значење за Ромите? Досега сум учествувал во многу проекти во Македонија и надвор од неа. Најголемо задоволство ми причинуваат проекти што се од- несуваат на образование, обра- зовни политики, квалитет на обра зование. Активно сум вклучен во проекти што се поврзани со креи- рање на Ромска политика на Ев- ропско ниво, борба против дискриминација, предрасуди, формулирање на препораки за од- редени клучни прашања поврзани со ромската заедница. Образов- ните проекти секогаш покажувале особен успех но, проблемот е тоа што ефектот од ваквите проекти е краткотраен и најчесто во ди- ректна зависност од донаторите што го финансирале истиот. Што мислиш дека треба да се смени во образованието кај Ро- мите во Македонија? Наставниците не ги мотивираат премногу своите ученици и по- ради тоа учениците не покажу- ваат осо бен интерес за одреден предмет. Наставникот треба да биде пример за ученикот и да из- најде начин да го мотивира уче- никот, но и да му помогне доколку согледа дека има некој проблем. Односот наставник – ученик - родител е тоа што мора во најскоро време да претрпи про- мени во нашето образование. Важно е да се работи и на пробле- мот со осипување на бројот на ученици Роми. Која е тенденцијата на Ромите во Македонија? Каква интегра- ција им е потребна? Општата тенденција во Македо- нија (не само на Ромите) е поли- тизација и етнизација и поради тоа длабоко сум убеден дека ин- теграција, меѓу- етнички дијалог и соработка се само заведувачки збо- рови на политича- рите за да покажат дека и тие се во тек со настаните. Про- грес нема да имаме сé додека етнич- ката и политичката припадност се ме- рило за квалитет наместо образова- нието, искуството и способноста. На Ромите не им е по- требна “посебна” интеграција би- дејќи тие за разлика од други етнички заедници во државата се релативно интегрирани во маке- донското општество. Дискрими- нацијата и превртената слика за Ромите која е вкоренета кај дру- гите етнички заедници е најголе- мата бариера на која сите заедно треба да работиме за да ја надми- неме. Тоа можеме да го напра- виме со со од ветни закони што ќе важат подеднакво за сите и ќе бидат вистински имплементи- рани, а секако дека и невладиниот сектор може да помогне многу во овој процес. Ромите треба да ба- раат проблемите да бидат решени во соработка со државните инсти- туции, а не да чекаат решение од невладиниот сектор, кој според мене има преземено премногу об- врски што не се во нивна надлеж- ност. Според тебе, како е подобро, ако Ромите лобираат и работат во странство или ако Ромите работат од Македонија или од своите матични земји? Најдобро е да се има хоризонта- лен и вертикален пристап кон ре- шавање на проблемите. Тоа значи дека Ромите во Македонија најдобро знаат со какви проблеми се сретнуваат и кои се надлеж- ните институции за нив. Особено е важно решенијата на пробле- мите да се бараат во ин сти ту циите на системот би- дејќи Ро мите се дел од таа држава и ги ужи ваат ис- тите права како и останатото населе- ние. Од друга страна, до бро е да се искористи ев- ропското ло би во потенцирање на одредени пробле - ми што институ- циите од одредена држава не сакаат да ги при знаат. Еден од клучните фактори покрај политичката волја на државата е и единството по- меѓу Ромите, а за жал тој фактор отсуствува. и етнички поделби! МАРТ 2009 Какви ти се плановите за во блиска иднина? Завршување на студиите се мојот приоритет во момен- тов. Како следен план е иде - јата за основање на по ли тич- ка партија (на Европ ско ниво или во Маке донија) која ќе претстави еден поинаков кон- цепт од сите досегашни пар- тии и ќе го надмине кон цеп- тот на “групирање” на граѓа- ните според етничката при- падност, религијата, јазикот. 7
  20. МАРТ 2009 ЗУМ 8 Љуан Кока е шеф на Секретаријатот

    за Ромска Национална Стратегија во Ре- публика Србија која моментно е претсе- давач на Декадата на Ромската вклученост од летото 2008 година. Кока вели дека и Македонија ќе биде и сака да биде претсе- давач на Декадата, но дури во 2011 година. Тој смета дека државите потписнички полека, но сигурно напреду- ваат во обврските пос та - вени со Декадата, но голем проблем гледа во недости- гот на меѓуминистерската соработка во ре ша вањето на пробле ми те на ромското на- селение. Кока вели дека кога државите би имале си- стематски решенија за про- блемите на секој од граѓаните, тогаш не би имало потреба од Декадата. Но, од друга страна, со оглед на состој бата на терен, тој смета дека на државите потписнички на Декадата најверојатно ќе им треба уште една. Кога Србија стана претседавач на Декадата, прио- ритетите беа и се уште се легализација на ром- ските населби, сузбивање на дискриминацијата во образовниот систем, европска ромска политика и пристап до европските фондови. На прашањето што Србија успеа да оствари од тие приоритети во изминатите шест месеци, Кока вели: - Европската ориентација на Србија и досега пре- земените чекори кон интеграцијата на Европската Унија создаваат добра основа за поактивно уче- ство на Србија во решавањето на прашањата за интеграција на Ромите во Србија и во регионот. Претседавањето со Декадата за инклузија на Ро- мите е можност оваа иницијатива да се профи- лира на меѓународно ниво, но и да ги унапреди активностите кои од 2005 година, па и порано, се остваруваат на национално ниво. Во Белград на 4 и 5 септември 2008 година одржан е четиринае- сетти состанок на Меѓународниот управен одбор на кој се донесени препораки што се однесуваат на легализација на ромските населби, изградба на систем на евалуација и на мониторинг. Се дава под- дршка на повикот на ев- ропската ромска политика, се поедноставува системот на конкурирање на ром- ските невладини организа- ции од Trust Fund на Декадата, како и се при- маат нови членки во Дека- дата. Србија уште пред преземањето на претседа- телството од Унгарија, најави дека приоритетните теми што ќе имаат и ре- гионален карактер ќе бидат легализација на ромските населби, сузби- вање на дискриминацијата кон ромските деца во образованието, изградба на систем на оценување и мониторинг, европска ромска политика, како и пристап до европските фондови. Овие теми ќе бидат обработени на ре- довни меѓународни Управни Одбори на Декадата и на работилници во текот на 2008 и 2009 година. Од спомнатите приоритети, легализацијата на ромските населби е комплексен проблем и бара систематски решенија. Секретаријатот за Ромска Национална Стратегија, кој работи во рамките на Министерството за човекови и малцински права оваа акција ја почна уште пред Србија да претсе- дава со Декадата. Со оглед на тоа дека овој про- блем има регионално значење, таа е и наметната како една од приоритетните теми. Министерст- вото за капитални инвестиции во 2007 година усвои еден многу значаен документ - Насоки за унапредување и легализација на ромските на- селби. Во текот на 2007 реализиравме и конкурс за општините што се подготвени да влезат во про- цесот на изработка на плански документации за ЉУ АН КОКА, ШЕФ НА СЕКРЕТАРИЈАТОТ ЗА РОМСКА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ВО СРБИЈА, Не е потребна декада ако државите имаат систематски решенија за проблемите Имам чувство дека има премногу политика во реализацијата на целите на Декадата и дека тоа е минус, не само за Македонија, туку и за сите држави што мислат дека може да ја унапредат положба - та на ромската популација преку еден или двајца Роми, вработени во Министерството за труд и со- цијала, смета Кока Љубица Гроздановска Димишковска
  21. ромски населби. Во 2008 година се пријавија 15 општини кои

    на ниво на локален парламент ус- воија одлука за легализација на ромските населби. Крајот на истата година, вкупно девет ромски на- селби добија пари за изработка на плански доку- ментации од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, кое во овој мандат е ресорно министерство за оваа област. Оваа активност ќе ја продолжиме и во 2009 година. Нашиот документ за решавање на овој проблем – Насоки за унапредување и легали- зација на ромските населби беше препорака и за државите членки на Декадата. Кој е најгорливиот приоритет? - Секој од четирите спомнати цели и приоритети се важни. Но, на врвот на приоритетите моментно е подобрување на домувањето на ромската попу- лација. На какви пречки наидувате како шеф на Сек- ретаријатот за ромска национална стратегија во извршувањето на Вашата работа? - Најзначајните пречки се државните институции кои “често” забораваат да ја работат нивната ра- бота што е поврзана со интеграцијата и ромската популација во општествените текови. Дури и тогаш, кога Секретаријатот беше финансиран од меѓународни, а поддржан од страна на други ми- нистерства и Влади. Пречки секако се и не-един- ството на Ромите, необразованоста, немањето квалификации, но и стереотипите и предрасудите што владеат кон Ромите. Како ја оценувате Македонија кога е во пра- шање Декадата, споредено со другите земји? - Мислам дека има напредок и дека Македонија е меѓу првите. Но, имам чувство дека има премногу политика во реализацијата на целите на Декадата и дека тоа е минус, не само за Македонија, туку и за сите држави што мислат дека може да ја уна- предат положбата на ромската популација преку еден или двајца Роми, вработени во Министерст- вото за труд и социјала. Која држава напредувала најмногу во секој од четирите главни столба на Декадата? - Најмногу напредувала општествената свест за постоењето проблеми на ромската популација, како и свеста дека е потребно да се работи на ромското прашање во земјите од Јужна и Југоис- точна Европа. Во Македонија уште не е начнат приоритетот домување. Имате ли некое решение или суге- стија? - Проблемот на остварување на приоритетите на Декадата ги наоѓам во потребите дека едно одре- дено прашање се разгледува во оние мини- стерства кои се ресорни и надлежни да решаваат конкретни проблематики. Затоа е важно потполно да се информираат сите министерства, да се фор- мираат одредени работни групи или меѓумини- стерско тело што ќе ги реализира целите. Се случувало и држави кои претседаваат со Дека- дата, како и некои министерства воопшто да не се запознаени со приоритетите на Декадата, ниту биле и се вклучени во реализацијата на она што Декадата сака да го промовира: унапредување на положбата на Ромите, пред се, во областа на вра- ботувањето, домувањето, пристапот до здравстве- ните услуги и образованието. Има ли Декадата недостатоци и кои се тие? - Декадата има недостатоци. Ваква иницијатива не може да биде совршена. Дури сега воспоставу- ваме еден поинаков однос на државите кон најза- грозената етничка заедница. Декадата сака да воспостави систематски решенија во државите. Кога и ако таков концепт биде реализиран, Дека- дата како општествен, економски и културен про- цес, нема да биде потребен. Може ли Македонија да биде претседавач на Декадата? - Може и сака. Македонија ќе претседава со Дека- дата од први јули 2011 година до 30 јуни 2012. Распоредот на претседавања е воспоставен во Бу- курешт во 2005 година. Како го оценувате влијанието на Декадата во однос на позицијата и однесувањето на Вла- дите во секоја од земјите потписнички на Де- кадата? - Навистина тешко прашање. Тука не би се зани- мавал со поединечни оценки за придонесот на се- која од земјите. Покренато е прашање за оценување и мониторинг кои во скоро време ќе покажат каков е придонесот на одредени земји. Што по завршувањето на Декадата? - Лично, очекувам дека е потребна уште една Де- када како процес, а најдобро ќе биде кога не би имало потреба за стратегии и акциони планови, туку грижата за секој граѓанин да стане редовен процес за секоја држава. МАРТ 2009 ЗУМ 9
  22. Двејн Ли е директор за образова- ние во Американската агенција

    за меѓу народен развој (УСАИД) во Македонија. Неколку години работи на проблематиката во образованието во земјата и вели дека е задоволен од ре- зултатите од напорите што УСАИД ги вложува во Маке дони ја уште од 2001 го- дина. Посебно е горд што има напредок во образова ние то на Ромите и Македо- нија ја гледа како ли дер во споредба со другите земји во регионот по праша- њето на Ро мите и нив ното образование. Двејн Ли смета дека учениците во Ма- кедонија треба да станат критички мис- лители од рана возраст за да не станат плодна почва за развој на стереотипи, предрасуди и не- то ле ранција. Според него, на Македони ја ѝ требаат лидери кои зборуваат и деј ствуваат за сите гра- ѓани, а не само за тие од нивната ет- ничка заедница. Финансиската ситуација кај Ромите во Македонија е повеќе од разочару- вачка. Што мислите, дали тоа е глав- ната причина што многу деца Роми не одат во училиште? Кое е решение - то? Во Македонија и низ светот економи јата игра важна улога дали родителите ќе ги праќаат нивните деца во учили ш те. И во земјите каде што образование то е бес- платно има трошоци за книги, облека, за полагање испити и за транспорт. Ете зош то Владата на САД преку УСАИД овозможи стипендии за студентите Роми да можат да ги плаќаат до пол нителните трошоци за училиште. За доволни сме што 198 Роми средношколци го за- вршија средното училиште со помош на нашите сти пен дии, како и со помош на ментор ска та работа што им ја овозмо- живме. Еко номската состојба е са мо еден дел на прашањето зошто децата Роми не одат на училиште. Недостигот на идоли, по зи тивни примери е друг фактор. На децата Роми им требаат ус - пеш ни, добро образувани ментори на кои може да се огледаат, луѓе што ќе им помогнат да ја видат вредноста на доб- рото образование. Најважно, на децата Роми им треба целосната поддршка на нивните родителите. УСАИД верува дека нашата поддршка на учениците Роми, во сите нивоа на образование ќе создаде критична маса на луѓе што ќе се борат за потребите на Ромите, што ќе бидат проактивни во општеството и во исто време ќе бидат идоли на кои ќе се огледуваат нивните браќа, сестри, чле- нови на заедницата. Ќе продолжите ли со проектот за фи- нансиска помош на учениците Роми за завршување на нивното средно об- разование? Да, УСАИД ќе го поддржува образова- нието на Ромите до 2011 година заед но со нашите партнери Фондација Инсти- тут Отворено Општество Македонија (ФИООМ). Нашиот проект за образова- ние на Ромите скоро додели над 100 нови стипендии за ученици во трета го- дина во средното образование. Го очеку- ваме нивното матурирање за две години. Нашите напори се комплементарни со Ромскиот Едукативен Фонд кој исто така овозможува стипендии за средно- школци Роми. Уште повеќе, УСАИД е горд што македонската Влада реши да се здружи во нашите напори и за повеќе од 600 учени ци во прва година да овоз- можи сти пендии во учебната 2008/09 годи на. Кога почнавме во 2004 година, имав ме само 200 Роми во прва година средно образование. Нивниот број де нес е повеќе од троен, што секако е го лем чекор напред во унапре дува њето на Ро- мите. Владата на САД исто така се по- веќе е вклучена во проекти што го поддржуваат развојот на работната сила. Каде е Македонија споредена со дру- гите земји во регионот, кога се збо- рува за образованието на Ромите? Верувам дека Македонија е лидер во ре- гионот кога станува збор за поддрш ката на Ромите и на децата Роми. Задоволен сум што Македонија има елек трон ски и печатен медиум, членови во Парламен- тот и ромски министер, Неж дет Муста - фа кој ќе игра многу важна улога, коор ди нирајќи ја македонската Влада во подобрувањето на животот на Ромите. Задоволен сум и што проектот за обра- зование на Ромите на УСАИД, како и поддршката што ја дадовме на децата Роми во пет ромски образовни центри во Скопје, Прилеп и Куманово беше признат како најдобра пракса од Европс- ката тренинг фондаци ја во 2008 година. За прв пат оваа годи на кандидат од ром- ска националност бе ше избран за Ful- bright програмата, нај престижната образовна размена овоз можена од Аме- риканската амбаса да. Сегрегацијата помеѓу учениците (Ма- кедонци, Албанци, Роми...) е повеќе од очигледна. Имате ли некакви актив- ности по ова прашање? И, што на- ставниците, учениците и сите вклу чени страни може да придонесат за зголемување на интеграцијата? УСАИД заедно со ФИООМ е вклучена во социјална правда во образованието веќе неколку години, преку Педагош- ките институции и од скоро почнавме со работа со професорите од средните учи- лишта и со студенти од општини со мешан етнички карактер. Но, социјал- ната правда не е доволна. Наставниците и родителите мора да ја усвојат филозо- фијата дека сите ние живееме во еден мултикултурен свет и треба тоа да се гледа како предност. Децата треба да станат критички мислители од рана воз- раст за да не станат плодна почва за раз- вој на стереотипи, предрасуди и нетолеранција за оние што се различни од нив. Затоа Владата на САД е вклучена да помогне во развојот на об- разовен систем основан на вештини за мислење и за решавање проблеми. На Македонија ѝ требаат лидери кои збору- ваат и дејствуваат за сите граѓани, а не само за тие од нивната етничка за- едница. Вредностите се развиваат во детството со напори од страна на роди- телите, наставниците и на општеството. На учениците Роми им требаат идоли ДВЕЈН ЛИ, ДИРЕКТОР ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ВО УСАИД ВО МАКЕДОНИЈА 10 МАРТ 2009 Главните трендови во образованието низ светот е младите да се вооружат со знаења и вештини што им требаат за да влезат во работната сила на 21 век. Во овој свет што многу брзо се менува студенти те треба да се подготвени доживотно да учат, да се прилагодливи и самите да мислат за себе, вели Ли Љубица Гроздановска Димишковска ЗУМ
  23. Има многу чувствителни прашања по- врзани со оваа тема, како

    што е веронау- ката, образованието на мајчин јазик и училишните смени, сите фактори за по- делба што ги прават младите да бидат што подистанцирани едни од други. Сфаќам колку е важно за едно малцин- ство да го задржи својот идентитет, но тие не мора да бидат сегрегирани за да ја постигнат таа цел. Треба да има место каде што ќе се среќаваат и ќе се дружат, ќе се социјализираат. Позитивно е тоа што, ромската популација во Македо- нија сака целосно да се интегрира во оп- штеството, а во исто време задржувајќи си го нивниот идентитет, јазик и кул- тура. Верувам дека една земја е толку добра кога ги признава вредностите на различните идеи и перспективи и може истите да ги промовира во училница. Интегрирањето на ученици со други ученици што се различни од нив не е нешто од што треба да се плашиме, туку тоа може да придонесе да се разбираме меѓу себе и да се почитуваме меѓу себе. Во еден момент, Соединетите Амери- кански Држави имаа сегрегиран образо- вен систем, но научивме од нашите грешки и сега сфаќаме колку е важно да се промовира интегрирано образование. Секако дека треба уште да работиме на расните односи, верувам дека изборот на нашиот прв претседател Афро-Аме- риканец покажува дека ние сме напред- нале на ова поле. Мислам дека дадовме добар пример за тоа како едно добро ин- тегрирано општество може да успее и се надевам дека граѓаните на Македонија ќе ги ценат придонесите што сите гра- ѓани на земјата може да помогнат таа да напредува кон Европската Унија. Што мислите за работата на македон- скиот цивилен сектор, како за образо- ванието на Ромите, така и за образованието генерално? Невладините организации и организа- циите на цивилниот сектор овозможу- ваат специфични услуги, тие посредуваат за подобри услуги и над- лежности од Владата и помагаат во обезбедувањето транспарентност и ука- жување на лошите потези. Има неколку одлични НВО во Македонија и Амбаса- дата на САД е горда да ги поддржува повеќето од нив. Во нашата работа со Ромите, наш главен партнер е ФИИОМ, која ја води нашата програма за образо- вание на Ромите, како и активности за социјална правда во образованието. Во нашите Центри за образование на Роми соработуваме со Дендо Вас и со Сон- чогледи од Скопје, Врама Си и Кам од Куманово и Помош за хендикепирани и сиромашни од Прилеп. Низ годините, УСАИД поддржа многу НВО што рабо- тат на ромското прашање, како Кам од Делчево, Месечина од Гостивар и нив- ните партнерски организации Асо- цијација за ромски права од Штип, Арка и ДАЈА од Куманово, Романи Бах од Велес и Сумнал од Топаана. УСАИД инвестира многу пари во ма- кедонското образование. Кој е поврат- ниот резултат? Американската Влада е горда на нејзи- ните инвестиции во македонското обра- зование и лично, јас сум многу задоволен од резултатите. Нашата обра- зовна програма почна во 2001 година со основање на Универзитетот на Југоис- точна Европа, кој сега е одличен пример за мултиетнички, повеќејазичен универ- зитет со повеќе од 7.000 студенти. По- могнавме образованието да стане повеќе практично со создавање компании кои ги водат ученици од средните стручни училишта и помогнавме тие да бидат поподготвени да најдат работа преку ос- новање центри за кариера на ЈИЕ Уни- верзитетот и во средните стручни училишта. Многу сум горд на нашата работа во информатичката технологија. Инсталиравме компјутерски лаборато- рии во стотици училишта низ Македо- нија, за некои училишта тоа беа први компјутери и сите училишта ги по- врзавме со Интернет и помогнавме во процесот Македонија да стане првата земја на безжичен Интернет. Обучивме илјадници наставници како да користат компјутери, математика, наука, задачи и иновативни наставни методи. Исто така, сме во процесот на реновирање на над 100 основни училишта, досега за- вршивме 43. Секако, ја имаме нашата програма за образование на Роми, која им помага на стотици ученици Роми од предучилишно, основно, средно и тер- цијарно образование. Образовните ре- форми се долг процес, но бидејќи Македонија е мала, програмите на УСАИД имаа можност да имаат нацио- нално влијание и нашите обврски ука- жуваат на тоа дека се направени вистински промени. Многу помага што имаме одличен однос со Министерст- вото за образование. Тие беа значаен партнер во помошта овие реформи да се институционализираат. Кои се сегашните и идните активно- сти на УСАИД во Македонија? УСАИД е ангажиран во активности во образованието, економскиот развој, де- мократијата и во владеењето. Во еко- номскиот развој ние ги поддржуваме македонските бизниси во областа на земјоделството, технологијата, текстил- ната индустрија и производството. Имаме и програма за рециклирање на пластика, активност за развој на работ- ната сила и други програми кои пома- гаат во отстранувањето на пречките за поставување и водење на бизнисите во Македонија. Во демократијата и владее- њето на правото, работиме заедно со други колеги од амбасадата со цел да го поддржиме процесот на децентрализа- ција, реформите во судството, граѓан- скиот сектор и работата на Парламентот и на политичките партии. Програмите на УСАИД се предвидени до крајот на 2011 година, но задоволни сме што на- шиот мандат ни е продолжен најмалку до 2015 година. Поради тоа, треба да од- редиме кои области ќе ги поддржиме во иднина. Кои се најновите трендови во образо- ванието во светот? Главните трендови во образованието низ светот е младите да се вооружат со знаења и вештини што ќе им требаат за да влезат во работната сила на 21 век. Во овој свет, којшто многу брзо се ме- нува ни требаат студенти кои се подгот- вени да учат доживотно, кои се прилагодливи и кои сами ќе мислат за себе. Ним им требаат вештини од техно- логија, математика, наука, комуникации, критичко мислење и решавање про- блеми. Прочитав една многу интересен цитат за тоа како новата технологија влијае на нашиот свет: “Топ 10 работни места кои се бараат во 2010 година дури не ни постоеле во 2004 година“. Во про- должение би рекол: “Ние моментно под- готвуваме студенти за работни места што сé уште не постојат, користејќи тех- нологии што сé уште не се пронајдени со цел да ги решиме проблемите за кои дури и не знаеме дека се проблеми, сé уште“. Размислете што значи тоа и што значи тоа за образованието. Треба да создадеме образовен систем во Македо- нија кој ќе им помогне на младите да се натпреваруваат во еден таков свет. Веру- вам дека сме на пат да го создадеме тој систем и дека посветените професио- налци во образованието во оваа земја кои работат неуморно за да обезбедат сите ученици да добијат такво образова- ние какво што заслужуваат. 11 МАРТ 2009 ЗУМ
  24. СМРЗНАТ КАДАР Импресум Подготвува екипа на Национален Ромски Центар: Ашмет

    Елезовски; Славица Ќурчинска; Себихана Скендеровска; Далибор Шојиќ; Љубица Гроздановска Димишковска; Александар Димишковски; Инес Мустафовска Национален Ромски Центар (НРЦ) Издавач: Здружение на граѓани Национален Ромски Центар (НРЦ) улица “Доне Божинов” бр.11/5, 1.300 Куманово, Република Македонија www.ednomagazine.com e-mail: [email protected] [email protected] тел/фах : 031/427-558 Списанието “Едно“ е дел од проект на Националниот Ромски Центар финансиран од Ромскиот Едукативен Фонд (РЕФ) Печати: Т.Д.Генекс Кочани; Тираж: 200 примероци
  25. ПЕРИСКОП Учениците Роми почнаа да го совладуваат македонскиот јазик, но

    немаат облека, учеб- ници и храна ОБРАЗОВАНИЕ Сè повеќе Роми на факултет ИНТЕРВЈУ Фаик Абди Јас не сум ни Циган, ни Џипси, јас сум Ром! ЗУМ Силва Пешиќ - ООН ИБРАХИМ ОСМАНИ Ако живее ромскиот јазик, ќе живеат и Ромите! 8 Април МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА РОМИТЕ Во корист на сопствената штета! БРОЈ 3-4 АПРИЛ 2009
  26. За Едно, за образованието за сите Себихана Скендеровска После првиот

    ромски самит во Брисел на кој учествуваа над 400 Роми и значаен број претставници на Европската комиси ја, претседателот на Европската комисија Хосе Ма - нуел Баросо, официјално вети дека Европска та Унија ќе им посвети поголемо внимание на ром- ските проблеми. Баросо предложи Интегри ра на заедничка платформа која ќе биде во функција на вклучување на Ромите во ЕУ. Во мо мен тот, цела Европа дебатира за Платформа на Ромската Ин- клузија, со која ќе се преземат конкрет - ни акции за еднаков пристап до обра зование, здравство, домување, вра- ботување, ужи вање на правата, почиту- вање на културата, како и соодветно трошење на парите наменети за Ромите. При лич но амбициозна идеја бидејќи опфа ќа многу области, а истовремено по ка жува дека Европската унија долго време нема слух за Ромите. Она што е најинтересно е дека Европската Комисија, решила да работи за Ромите, но не ги сака блиску до себе бидејќи упорно одбива да креи ра ромска единица во нејзи- ната структура, ко ја ќе биде составена од ромски експерти. Зош то се однесува така, не се знае, па за да се оправ да и да го покрие срамот на проблемите што се та ложеле долги години, за прашањето на дискриминација најде т.н. решение. И рака на срце, ЕУ ни помалку ни повеќе, реши да одвои 5 ми- лиони евра кои ќе ги намени за пилот проект под наслов „Пан европска координација на Ромските интеграциони методи“. Проектот е комбинација на сè, од образование до домување, прашања што се третираат и во процесот Декада на ромска инклу- зија. Зошто велам амбициозно толку тешки и ната- ложени про блеми да се решат за 5 милиони евра на 12 ми лиони Роми кои живеат во државите членки на ЕУ. Тоа со проста математичката функција деле - ње, вели дека на секој Ром за цела година ќе му сле- дува по помалку од 50 центи, односно по помалку од 30 ден. А замислете колку од тој буџет ќе се по- крие за персоналот кој ќе работи само во админист- рацијата. Зна чи, инклузијата во овој случај ќе биде прилич но сиромашна. Ваквиот третман од стра на на ЕУ кога ќе се спореди со про цесот на Декадата на Инклузија на Ро мите, се приближува многу со сиромашното учество на државата во афирмирање на приоритетите на Декадата. Образованието како стожерен проблем кај ромската попула- ција во 90 отсто се афирмира со помош на невладиниот сектор, односно пари што доаѓаат од странски донатори и из- вори. Државата има одвоено малку пари за Ромите. Про грамите што се опфатени во институциите низ Македонија, или комплетно се игнорираат или многу малку се реализираат според предвиде- ните планови и програми. Колку и во двата случаи се покажува ви- стинска волја за работа на ромското пра- шање?!? Колку се имплементираат документите кои се потпишани и колку неимплементирањето на овие документи влијаат врз животот на Ромите? Каде е проблемот, во администрацијата или во перманентната дискриминација? Значи толеранцијата промовирана како прифаќање и живеење со различностите, не ус- пеала. Не успеала ниту во Европа, ниту во Маке- донија. Велам не успеала и во Македонија бидејќи сè уште имаме сегрегирано образование, сегреги- рани населби и социјален живот со многу предра- суди. Дали ќе се смени нешто, е прашање што треба да си го поставиме сите! За просперитетна иднина, толеранција, квалитетно образование и пред се инклузија! За подобар и поедноставен живот Едно ! БИЛБОРД АПРИЛ 2009 Билборд - Стр. 2 - Уводник Дневник - Стр. 3 - Вести Перископ - Стр. 4-7 - Теренски извештаи Ибрахим Османи-Стр. 8-10 - Интервју Силва Пешиќ - Стр.11 - !2 - Конвенции за човекови права на Обединетите Нации Ивана Ензлер -стр. 16,17 Реџеп Али Чупи стр. 18,19 НРЦ го испитува пулсот на училиштата и родителите 2
  27. АПРИЛ 2009 3 ПОЗИТИВНИ ТРЕНДОВИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО Сè повеќе Роми

    се запишуваат на факултет Најголем интерес има за Правните фа- култети, филозофските студии, педа- гошките и студиите по медицина Инес Мустафовска Правници, филозофи, педагози, филолози, лекари. Тоа се петте професии за кои се одлучиле поголемиот дел од студентите Роми во академската 2008/09 година. Околу 15 отсто или вкупно 32 од 211 запишани студенти Роми, минатата учебна година се запишале на правни студии на државните и приватните факул- тети ширум државата. Речиси идентичен е и бро - јот на Ромски студенти што се запишале на Фи ло зофски факултет (30), 29 студенти се запи- шале на педагошки, 16 на филолошки, а 11 на ме- дицински факултет. Желбата и свеста за сту ди рање кај младите сè повеќе се продлабочу - ва. Бројот на запишани и дипломирани студенти драстично е зголемен во последните неколку го - ди ни. Ако во 1993 година во Македонија имало само тројца студенти Роми, во 1994 година нив- ниот број изнесувал девет, во академската 08/09 биле запишани 211. Оваа година на државните и приватните факултети ширум државата се запи- шале околу 260 студенти. Од државниот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде годинава се запишале околу 230 студенти, укажуваат на зголемениот број на студенти и посочуваат дека таквата пракса треба да продолжи и понатаму. - Изминативе години, кога мал број на Роми се запишувале да студираат и мал број на Роми се вработиле, имавме пе- риод кој треба да биде поттик на мла- дите да студираат, затоа што тие денес ги сфаќаат и разбираат предизвиците што го носи современото општество - истакнаа од „Св. Кирил и Методиј“. Од таму за магазинот „Едно“ дополнуваат дека стипендиите што ги даваат фондовите, министер - ствата и невладините организации се дополните- лен мотив за Ромите што сакаат да студираат. Од приватните, „Универзитетот Фон“, „Европскиот Универзитет“ и „Универзитетот на Југоисточна Европа“ во Тетово, посочија дека бројот на запи- шани Роми студенти е многу мал. Тие велат дека тоа е поради социјалниот и економски пробем кај Ромите воопшто. И оттаму информираат дека најголем број на запишани Роми се на Правните факултети. Образованието на Ромите е еден од најважните приритети на оваа заедница. Од не- владиниот сектор велат дека тоа е резултат на зголемувањето на свеста кај Ромите, за важноста на образованието како сегмент во животот на чо- векот. Но, од невладините организации сметаат дека токму невладиниот сектор има голем придо- нес за ваквите позитивни промени, бидејќи многу невладини организации организираат раз- лични трибини за значењето на образованието, што кај ромската популација се прифаќа и пока- жува позитивни резултати. Во минатата година во Македонија дипло- мирале 13 Роми. Од Министерството за образова- ние и наука посочуваат дека оваа бројка е мала, но и дека е позитивно што оваа академска година на нашите факултети се запишале многу повеќе студенти споредно со изминатите неколку го- дини. Министерството за образование доделува стипендии за најдобрите студенти, што е допол- нителен мотив за оние што сакаат да завршат ви- соко образование. Студентите се свесни за недостигот на об- разован ромски кадар. Поради тоа, тие се стремат кон подобрување на современите стандарди во нивната заедница, а тоа најдобро можат да го на- прават токму преку вклучување во образовниот и општетвениот систем. { } ДНЕВНИК
  28. СКОПЈЕ... Релацијата родител- дете во семејствата што ги по- сетив

    не функционира така како што би требало. Р.И и Д.И. жи- веат во многу лоши услови. Жи- веат со очув кој често ги тепа кога се непослушни. Мајката не е многу моќна да се спротив- стави на неговото однесување бидејќи е економски зависна. Нема излез од состојбата во која се наоѓа. Таа има уште две деца од вториот брак. Родителите и во другите семејства што ги по- сетив немаат добра релација, добар однос со нивните деца. Често ги оставаат сами, ретко ги прашуваат како поминале во училиште, не водат сметка дали имаат домашни задачи, дали им треба помош. Едноставно, не се интересираат за своите деца. Понекогаш дури им е и сеедно дали биле во училиште или не. Од извештајот на Љатифе Шиковска, медијатор на НРЦ КУМАНОВО... Д.Р не знае ниту една буква, не ги разли- кува боите, не го разбира и не го говори македонскиот јазик. Д. е детето што го зедов од улица, односно го тргнав од просење и го запишав во учи- лиште. Д. иако секој ден проси, тој во второво полугодие ре- довно оди на училиште. Не- колку пати го имам сретнато со неговата мајка, каде после ча- сови, оди на улица и проси. За овој проблем разговарав со не- говата мајка, но резултати нема. Таа ми рече дека тие живеат од тоа и дека мора да просат. Но, ми вети дека ќе биде редовен ученик, а оти после часовите тој ќе мора да проси заедно со неа. Од извештајот на Ристем Мус- лиевски, медијатор на НРЦ СКОПЈЕ... Во одделението 1-1 кај наставничката Виолета учат три деца Роми, С. Д. и Л. Двете деца, освен Д. се добро прифа- тени од нивните соученици. Д. има говорна маана и не може добро да комуницира на Маке- донски јазик своите другар- чиња. Децата често се жалат кај наставничката дека ги тепа. Таа е темпераментна, но според мене мирољубива. Кај нејзе се јавува револт затоа што не е прифатена од соучениците. На- ставничката се обидува да ѝ по- могне. Л. многу добро напредува, интелигентен е и брзо го совладува материјалот. Добро е прифатен од сите, до- дека С. е мрзелива. Има потен- цијал, но не се труди доволно. Таа е добро прифатена од страна на нејзините другар- чиња. Од извештајот на Љатифе Шиковска, медијатор на НРЦ КУМАНОВО... Од моето аси- стирање на часовите и асисти- рање во домашни услови ми дава можност, да ја увидам ви- стинската слика на напредокот на децата во текот на целата учебна година. Кај децата има голем напредок во споредба со изминатите месеци. Тие сега распознаваат бои, букви, гео- метриски тела, денови во неде- лата и научија да ја пишуваат буквата Н и бројот 3. Првачи- њата сé уште немаат домашни ПЕРИСКОП АПРИЛ 2009 Учениците Роми почнаа да го совладуваат македонскиот јазик, но немаат облека, уче 4
  29. АПРИЛ 2009 т ебници и храна 5 задачи. За време

    на наставата повеќе се на училишна работа. За разлика од првото полугодие, децата сега подобро разбираат Македонски јазик и многу по- лесно почнуваат да го говорат. Тие сега дури и сврзуваат рече- ници. Од извештајот на Ристем Мус- лиевски, медијатор на НРЦ КАВАДАРЦИ... При асистен- ција на час имав можност да видам како напредуваат децата од ромска националност. Но, исто така и колку им се посве- тува внимание. Веќе ја инфор- мирав канцеларијата на НРЦ во Куманово дека С.М. е болна од епилепсија и дека поради тоа и поради фактот дека девојчето пие многу јаки лекови, нејзе ѝ е потребно посебно и поголемо внимание. Така што, учителката ѝ обрнува максимално внима- ние и што и да посака, тоа ѝ е овозможено. Поради болеста С. има многу изоставено од мате- ријалот, но учителката останува еден час по завршувањето на наставата и ѝ помага на С. Од извештајот на Атиљан Алимов, медијатор на НРЦ СКОПЈЕ... Оваа недела ја посе- тив Ф.Р. која ме воодушеви. Мајката е неписмена и не може да ѝ помогне на својата ќерка, но девојчето постојано е со чи- танката и се труди самата да чита. Кога ќе наиде на некоја потешкотија, се нервира и плаче зашто нема кој да ѝ помогне. Кога ѝ реков дека јас ќе ѝ пома- гам, многу се израдува и вед- наш ме замоли да прочитаме не- колку текстови. Ми ја рецити- раше азбуката и неколку песнички. Од извештајот на Аида Му- стафовска, медијатор на НРЦ ШТИП... Кога разговарав со учителката, дознав дека М.Ј. не е многу редовен на училиште. Кога отидов да го посетам дома, таму беше само неговата мајка. Ја прашав зошто М. не е редо- вен на настава, а таа ми тврдеше дека секој ден го пра- ќала на училиште и оти не знаела зошто нејзиното дете не посетува настава. Заклучивме дека таа треба редовно да го проверува и тоа не само да го праќа во училиште, туку и кога ќе се врати оттаму, да го пра- шува што има за домашна ра- бота, како поминал на училиште. Само така таа може да дознае дали детето оди или не на училиште. Мајката ми вети дека ќе направи така. Потоа со М. вежбавме препо- знавање букви и броеви. Но, нема големо подобрување. Од извештајот на Демирша Османов, медијатор на НРЦ
  30. СКОПЈЕ... С.Р. е интелигентно дете, но во училиште, тој е

    многу повлечен. Неговата мајка е многу совесна и одговорна во секој поглед, но бидејќи сега има двомесечно бебе, не е во можност да му обрнува целосно внимание на С.Р. Таа се изра- дува што ќе можам да му по- могнам на С. Од извештајот на Аида Му- стафовска, медијатор на НРЦ КАВАДАРЦИ... Ф.Р. не посе- тува настава и отпишана е затоа што девојчето сака да седи дома и сé уште е со цуцла во уста. Родителот ми кажа дека првиот месец девојчето посетувало на- става, но со големи маки. Не са- кала да седи во училиште, плачела по родителот и не е од- викната од некои бебешки на- вики. Така што родителите сметале дека најдобро ќе биде таа уште оваа година да не по- сетува настава и дека пак ќе ја запишат во училиште, но во септември оваа година. Родите- лите инаку, го обезбедиле по- требниот материјал за во прво одделение, учебници и прибор. Но, ќе го чуваат за наредната година. Од извештајот на Атиљан Алимов, медијатор на НРЦ МИЛАДИНОВЦИ, СКОПСКО... За време на часот, учениците работеа на редните броеви од еден до 10, при што имаа и едно кратко повтору- вање, по пат на игра со настав- ничката се пребројуваа меѓусебно од еден до шест, со тоа што броевите ги кажуваа и во машки и во женски род, за- висно дали бројот требаше да го кажува момче или девојче. Осо- бен впечаток ми оставија се- стрите А. и А. поради нивната голема сконцентрираност и пре- цизност, така што во повеќето наврати во играта немаа погре- шено ниту еднаш и без многу задоцнување го изговараа бројот. Потоа работеа една вежба со вовче на кој секој вагон имал различна боја и во секој од вагоните имало друго животно. Целта на задачата беше да се залепат редни броеви на вагоните. Додека ги следев ми беше многу инте- ресно и навистина жалев што не сум дел од нив, што ние во наше време немавме вакви за- дачи и игри. Но, едно нешто ме потсетуваше на Ромите иако ма- теријалот и начинот на водење на наставата е различен и релак- сиран, сепак материјалните не- достатоци, како на пример, облека, прибор и учебници, ис- храна во училиште, навистина не се променети. Тоа навистина ме погодува кога вршам аси- стенции. Наставничките им носат облека на децата и им да- ваат дел од нивната ужина, што е хумано од нивна страна, но сепак ме погодува фактот што проектите го исклучиле хума- ниот дел од нивните програми. Од извештајот на Фебијан Максути, медијатор на НРЦ СКОПЈЕ... Како што одминува времето децата сé повеќе го по- ПЕРИСКОП АПРИЛ 2009 6
  31. знаваат македонскиот јазик, причина за подобрување е и дружењето со

    деца Македонци, како и мешање на децата во па- ралелките. Јас им сугерирав на наставниците да ги поттикну- ваат децата Македонци да се седат и да се дружат со децата Роми. Мора да напоменам дека децата сé уште не може чисто и течно да комуницираат. Ф.Б. и А.Б. воопшто не го познаваат македонскиот јазик. Дома кому- ницираат на албански бидејќи и нивните родители не знаат ма- кедонски. Од извештајот на Љатифе Шиковска, медијатор на НРЦ ГОСТИВАР... Во моментов имам забелешка дека сé уште им ги немаат пуштено парите на луѓето чија што куќа беше опо- жарена. Во петокот, после ча- сови, заедно со С. и С.Н. и нивниот очув бев во нивниот дом да видам како се сместени. Тие се добро сместени, никогаш порано немале така добар дома, но газдата сака да ги избрка ако за три дена не му ја платат ки- ријата. Од кај нив, заминав во социјално и таму разговарав со еден вработен и со правникот. Но, ми кажаа дека парите не се пуштени и не знаат ништо затоа што директорката не беше на работа. Ми рекоа да се јавам во Министерството за транспорт и врски или да се вратам после два-три дена кај нив за да ме информираат точно каде е про- блемот. При посетите кај улениците, оваа недела повеќе разговарав со родителите, но не ги запоста- вив ниту децата. Во сиромашни семејства мислам дека никој не може да зборува за образование ако прво не се запознае нивната социо-економска состојба, како и прашањето за домувањето. Сите дечиња што ги посетив се жалеа на непроодниот пат до нивното училиште. Се жалеа дека немаат зимска облека и обувки, а нивните другарчиња им се потсмевале бидејќи овие биле неуредно облечени. Роди- телите се жалат на сиромаш- тијата која е многу важен фактор кој влијае и на децата и на нивното образование. Се жалат дека зимата е тешка за преживување, дека не може да одат да собираат старо железо со цел да извадат некој денар. Мајките на овие дечиња одат во селата да питаат како би ги пре- храниле своите семејства. Од извештајот на Ѓулфер Точи, медијатор на НРЦ СКОПЈЕ... Семејството на Нус- рет Шабани, на кого му беше опожарена куќата сé уште живее во тешки услови. Падна во вода ветувањето од страна на Министерството за труд и со- цијална политика дека повторно ќе му ја изгради семејната куќа. Нусрет е видно разочаран и по- вторно е оставен сам на себе. Ме замоли да составиме офи- цијално барање до ресорното министерство со цел да не го за- борават. Од извештајот на Љатифе Шиковска, медијатор на НРЦ АПРИЛ 2009 7
  32. Ромската историја е голема ненапишана Одисеја, што постои само во

    нивната свест. Зад Ромите има малку податоци од историски извори. Луѓето што не пишуваат за себе, како и да не постојат. Затоа, долго време кружеа претпоставките кои се Ромите и од каде тие потекнуваат. Ромите направиле голем излет по Светот и на тие патишта ги следела и зла среќа. Сепак, благодарејќи на добриот дух и со мали или големи загуби, успеале да опстанат до денес, зачувувајќи ја својата посебност и специ- фичната култура. Нивната жар никогаш не се гаси. Коренот на секое зло е во незнаењето. Што значи одредено име? Тоа што ние денес го наре- куваме роза, под било кое има ќе мириса исто. Така, во преселбите од земја во земја, од конти- нент на континент, Ромите добивале разни имиња. Долго време многу народи сметале дека Ромите се од Египет, па така и настанале ими- њата Еѓупци, Ѓупци, Џипси, Кипти, додека са- мите Египќани ги нарекувале Гаодари. Најраспространет термин за Ромите е терминот Циганин. Францускиот писател Клебер објас- нува дека тоа е збор со француско потекло – TRZIGANO (мал), на влашки. Ромологот Ми- колшиќ смета дека зборот Циган е крајно на- вредлива и дека потекнува од грчкиот назив за ерменска секта ATSINGANA (магионичари). На првиот Светски конгрес на Роми во Лондон во 1971 година е прифатено тој етнос да се наре- кува Роми. За значењето на овој термин има многу теории, меѓутоа најзначајно е тоа што Ро- мите меѓу себе така се нарекуваат. Основно ло- гично значење на овој термин е маж. Многу лингвисти сметаат дека корените на Ромскиот јазик потекнуваат од Индија и од некои делови на Пакистан, па логично е Ром- скиот јазик да има сличности со тие јазици и дијалекти. Можете ли да ми кажете нешто по- веќе околу историскиот развој на Ромскиот јазик? Еволуциски гледано, јазикот е создаден низ бор- бата за опстанок, низ работа. Јазикот и свеста, т.е. мислењето што се изразува преку јазикот се јавиле во исти услови и тие создаваат едно неде- ливо единство, што постојано се развива. Таков е и случајот со Ромскиот јазик. Тој е дел од голе- мата заедница Индиски јазици. Индиското по- текло на Ромите никој не го доведува во прашање. Индија е пространа, огромна земја во која се зборуваат повеќе од стотина јазици и преку илјада дијалекти. Јазикот е прва и најважна карактеристика на еден народ. Секој народ го добил своето име по јазикот што го говори. Сите народи го чуваат, развиваат својот јазик како суштинска материја. Меѓутоа кај Ромите не е така. Тие со години бе- гаат од него, се срамат и не ги учат своите деца на мајчиниот јазик, но и покрај тоа тој сепак до денешен ден се задржал во усна форма, делумно во писмена, што пак е случај со многу народи. На Ромскиот јазик работеле многу лингвисти, како што се Францис Михел, Миколшиќ, Сова, Герман, Пјер Лал Шарма и други, кои сметале ИНТЕРВЈУ, ИБРАХИМ ОСМАНИ, ПРОФЕСОР ОД ПРЕШЕВО, СРБИЈА Ако живее ромскиот јазик (Tey jivdi i chib jiv Александар Димишковски Јазикот е прва и најважна карактеристика на име по јазикот што го говори. Сите народи го штинска материја. Меѓутоа кај Ромите не е та и не ги учат своите деца на мајчиниот јазик, н задржал во усна форма, делумно во писмена 8 АПРИЛ 2009
  33. дека Ромскиот јазик од централната група на ново-индијски јазици е

    најблизок до сан- скрит, хинду, пенџаб и дарди јазиците, додека Пакистанецот Куртиш Кан го приближува до марвари дијалектот. Но, треба да се спомене и истражувањето на современиот истражувач Џ.С.Патаниа од Индија, кој меѓу другото вели: До сега не-Ромите направија таква кон- фузија меѓу нас. Затоа се потрудив да напра- вам – предложам една така наречена Саанџи – Саанџи – Романи – Ка-Кха-га азбука, како во санскрит јазикот. Ако ги споредиме говорите на Ромите во раз- лични краеви на Светот, тој е разбирлив, но има мали фонетски разлики. Ромскиот јазик има два броја, два рода, осум падежи, одре- ден член, сите времиња...Граматиката на Ром- скиот јазик на Круме Кепески и Шаип Јусуф е печатена во Скопје, додека кратка фонетика за писмото има издадено Французинот Мар- сел Куртијаде. Колку дијалекти постојат? Сметам дека е потребно најпрво да се разгра- ничат некои јазични поими, што е дијалект, говор, говорно подрачје и литературен јазик. Јазикот или говорот е формирана јазична це- лина која служи за разбирање на еден народ, една етничка заедница. Јазикот се создава од говорот, додека говорите меѓусебно се разли- куваат во својата еволуција. Поимот дијалект може да се сфати како говор на еден регион со особини што се различни од другите ре- гиони во рамки на говорот на еден ист јазик. Меѓутоа, дијалектот може да се фати и во по- широка или во потесна смисла. Со нив може да се именува не само говорен простор, туку и говорот на едно место. Поимот дијалект може да означува и макродијалект и микро- дијалект. Меѓутоа со дијалект во најголем дел од случаите се означуваат говорни целини, додека говорните подрачја и говорите служат за именување на помали говорни целини. По мое мислење, во Ромскито јазик нема дијалекти, туку говори. Вук Караџиќ ги делел Ромите на Каравласи и Мухамеданци. Таа не- гова поделба не е според дијалектот или гово- рот туку според вероисповедта. Ромите ги добиле имињата по своите занимања, а потоа во потрагата по подобар живот, тие групи се делеле просторно и нормално се создале и разлики во говорите, во однос на влијанијата на различните јазици на општествените сре- дини во кои тие живееле. Статистички се смета дека Vlax Romani е можеби најчестиот дијалект во Ромскиот јазик. Можете ли да ми кажете колку е овој дијалект различен од јазикот што го збору- ваат Ромите на Балканот, а особено оние од просторот на поранешна Југославија? Сметам дека на ова прашање веќе делумно одговорив. Но, сепак, би сакал да ги објаснам зборовите Влав, Vlax...Географијата најдобро го објаснува овој поим, затоа што потекнува од терминот Влашка низина, а дури и постои к, ќе живеат и Ромите! do si thay o Rom!) а еден народ. Секој народ го добил своето чуваат, развиваат својот јазик како су- ака. Тие со години бегаат од него, се срамат но и покрај тоа тој сепак до денешен ден се 9 АПРИЛ 2009
  34. и етнос со име Власи, кои припаѓаат на Роман- ските

    групи јазици, односно нивниот јазик е по- стар од Романскиот јазик. Како овој збор дошла во Ромскиот јазик е најлесно да се објасни. Група на Роми кои што на Балканот стигнале преку Влашката низина се наречени Влашки Роми. Затоа мухамеданските Роми ги викаат влахо, што значи Роми кои живеат номадски живот. Со други зборови овие Роми се нареку- вани и гурбетчии, што потекнува од Турскиот јазик а има исто значење со поимот печалбар. Влашките Роми се од Христијанска вероисповед со исклучоци, ама во нивниот говор може да се најдат зборови од различно потекло, а особено впечатлива палатализацијата и влијанието на другите јазици. Може да се разбираат, бидејќи ко- рените на зборовите се исти, како на поста- рите – заеднички предци, иако во нив- ниот говор се чувству- ваат разлики, што е нормално кај сите јазици, бидејќи тие се жива материја. Во многу лингвистички Енциклопедии, Ром- скиот јазик е карактеризиран како јазик што традиционално нема записи, што, пак, во исто време се смета и за причина за неговото преживување. А, првите печатени примероци на Ромски народни приказни се појавиле во раните години на дваесеттиот век. Можете да ми кажете до кое ниво е стандардизиран Ром- скиот јазик и каков е напредокот во пишува- њето, односно литературата? Се уште владее оваа болест кај Ромите. Имаше неколку обиди за стандардизација на јазикот, но без резултати. Ромите не се врзани за една тери- торија, па една од причините за состојбата со јазикот е токму тоа. Но, влијание има и нивната волја да се изјаснат како Роми, поради страв од разни егзодуси, прогони, геноциди и други дис- криминации. Ромите сметаат дека најдобро за нив е да се асимилираат и да живеат во сим- биоза, па често се случува Ромите да зборат и на друг јазик дури и во сопствените домови. Во по- следно време се работи на јазикот и на негово изучување по училиштето, а за тоа е потребна и литература. Затоа се појавуваат многу книги, но со различно писмо и говор. Што, според Вашето мислење влијае на Ром- ски јазик имајќи ја предвид Ромската исто- рија? Каде е местото на Ромскиот јазик и која е неговата иднина? Кога можеме да очеку- ваме сериозен напредок во сферата на Ром- ската литература, јазик, настава? Човековата несреќа доаѓа поради претерани желби. Дали Ромите имаат претерани желби? Дали тие се несреќни? Што би можело да се каже за Ромите? Зошто до денес, за нив во свеста на луѓето дла- боко се врежани неброени предрасуди, омалова- жувања, деградации, дискриминации. А времето поминува и никако не се заборава, но и никој не прашува зошто лу- ѓето останале без по- крив над главата? Ненапишаната Оди- сеја на Ромите се уште трае. Се поставува прашањето, зошто судбината на лутање, вечни патници се уште си поигрува со Ромите? Зошто Ромите во светот се уште се на маргините и на работ на пропаста? Се уште Ромите се пред крстосница, се уште не знаат кој пат ќе им биде најдобар да го изберат за да живеат како луѓе од високите цивилизации. Дали на Ромите потполната асимилација, губењето на идентите- тот, името им е најдобриот избор за да ја оства- рат рамноправноста? Дали народите во околината би заборавиле на нивното минато и дали Ромите со тоа иако со темен тен би биле подобро прифатени или целосно би го изгубиле својот идентитет, а и понатаму би останала дис- криминацијата како кон Афро-Американците во САД? Сите овие прашања имаат свои одговори. Един- ствено решение, според мене за да се смени чо- вековата свест кон Ромите е да се подобри нивната материјална состојба. Лесно му е на Ромот да се асимилира, заборави на своите предци и да прифати се што му е во опкружува- њето ако е во добра економска состојба. Сиро- машните Роми никогаш нема да бидат прифатени како припадници на други национал- ности, без оглед на нивното изјаснување да ги прифатат сите карактеристики на други народи, како што веќе направија поединечни групи на асимилирани Роми. Тие дури го заборавија и Ромскиот јазик. Но и понатаму останаа дискри- минирани. Мора секој Ром да размисли за сеоп- штиот Ромски интерес! После смртта, човечки глас пре- оѓа во оган, Душата во ветер, очите во Сонце, животот во Месечина, Влегле во природата, телото во земјата а срцето во етер... Што е тогаш човекот? Не постои ништо друго, заблу- дено во желбата за небески рај, Што се доделува како награда за трансмиграции и многу Внимание на разни церемонии за уживање и небеска власт. Од Махабхарата { } 10 АПРИЛ 2009
  35. Конвенции за човекови права на Обединетите нации Силва Пешиќ Нашата

    земја спаѓа во оние држави кои во висок степен го прифатиле меѓународ- ното право за човекови права. Политиката на целосно прифаќање на темелните меѓуна- родни договори за човекови права земјата ја следи уште од стекнувањето на независноста во 1991. Уште поважно, Уставот во чл.118 одредува дека меѓународните договори се дел од домаш- ниот правен систем и се применуваат директно во домашните судови. Меѓународното право за човекови права, кое во моментов се заснова на осум темелни договори, потекнува од Универзалната декларација за чове- ковите права што Организацијата на Обединетите нации ја усвои на 10 декември 1948 година. За прв пат Декларацијата во еден документ ги по- стави општите стандарди што треба да ги постиг- нат сите луѓе и нации, на низа темелни граѓански, политички, економски, социјални и културни права што сите ќе ги уживаат со самото тоа што се човечки суштества. Иако самата не е законски обврзувачка, Декларацијата беше ши- роко прифатена и ги постави темелите за низа други обврзувачки договори, како израз на оства- рувањето на декларираното признавање, почиту- вање и заштита на човековите права. Со пристапувањето кон меѓународните договори и преку ратификација државата превзема обврски според меѓународното право да ги почитува, штити и исполнува човековите права. Владите се обврзуваат да востановат домашни мерки и за- кони во согласност со тие меѓународни обврски. Секој од темелните договори има воспоставено Комитет од независни експерти што го следи спроведувањето на одредбите на договорот од страна на државите членки. Некои од овие дого- вори се дополнети со факултативни протоколи што третираат одделни прашања или пак овозмо- жуваат индивидуални жалби со цел да се осигури дека меѓународните стандарди за човекови права навистина се почитуваат, применуваат и спрове- дуваат на домашно ниво. За целосно да се разберат обврските на државата по однос на договорите, мора да се земат предвид дека сите договори на кои таа земја е членка. Ма- кедонија во моментов е членка на шест и има по- тпишано два од најновите темелни договори – за правата на лицата со посебни потреби и за при- силни исчезнувања. Земјата исто така е членка на сите факултативни протоколи, освен на најно- вите, пактот за економски, социјални и културни права. Првиот меѓународен темелен договор за чове- кови права, усвоен во 1965 го третира феноменот на расна дискриминација на начин што забранува разликување врз основ на раса, боја, предци и на- ционално или етничко потекло и ги пропишува обврските на државите да се воздржат, да се борат против и да одредат мерки за казнување и надомест на штета во случај на такви дела. Два темелни договори, Пактот за граѓански и поли- тички права и Пактот за економски, социјални и културни права, усвоени во 1966 година, ја нагла- суваат меѓу - зависноста на сите човекови права, забрануваат дискриминација и ги дефинираат дозволените ограничувања на правата и правото на самоопределување. Секој од пактовите пона- таму вклучува каталог на суштински одредби што ги разработуваат правата содржани во Уни- верзалната декларација, како што е правото за слободно учество во јавните работи, да не се биде подложен на тортура, правото на правично судење, здружување, изразување или пак правото на работа, социјална заштита, образование, здравје и на учество во културниот живот. По- ради темелната природа, пактовите и Деклара- цијата заедно се познати како Меѓународна повелба за човекови права. Четвртиот договор, усвоен во 1979 година го третира специфичниот феномен на дискриминација на жените врз ос- нова на пол, од низа програмски и политички аспекти. Следниот документ, усвоен во 1984 го- дина е конвенцијата против тортура што се пови- кува на апсолутна забрана на тортура и подетално ги елаборира правните постапки за превенција и казнување на такви акти. Првиот договор што ги третира правата на одре- дена група на луѓе е конвенцијата за правата на детето од 1989 година. Таа ги дефинира човеко- вите права во специфични околности на децата во однос на нивната заштита, но исто така воспо- стави револуционерни видувања на детето и гра- 11 АПРИЛ 2009
  36. ѓанските, политичките, економските, социјалните и културните права. Македонија е членка

    на овој и на петте договори спомнати досега, како и на сите нивни факултативни протоколи. Седмиот договор се однесува на правата на одре- дена група на која и е потребна заштита – работ- ниците мигранти и нивните семејства – и е усвоен во 1990 година. Овој договор се однесува на комплетниот процес на миграција, вклучу- вајќи ги сите мигранти и оние кои се документи- рани, а се однесува на државите на потекло и на државите на прием истовремено. Земјата не е членка на оваа конвенција. Осмиот најнов договор е усвоен во 2006 година и дефинира одредби за гарантирање на човековите права на лицата со посебни потреби. Со таквиот пристап договорот го напушта фокусот врз одре- дени физички или ментални состојби и се на- сочува кон човековата хуманост, достоинство и различност, преку гаранции за слободно и инфор- мирано прифаќање на медицински третман, по- читување на правната способност, при ла годување на работното место за вработе- ниот или за гласачот за време на избори. Земјата ја потпиша конвенцијата во 2007 година, но се уште ја нема ратификувано. Активностите за проширување на нормативната рамка продолжуваат. Во 2006 година беше усвоен уште еден договор кој ќе стапи на сила откако ќе биде ратификуван од бараниот број од 20 држави – конвенцијата за заштита на сите лица од при- силно исчезнување. Оваа конвенција потврдува дека присилното исчезнување претставува зло- сторство против човештвото, во услови кога се спроведува на широко – распространет и систе- матски начин . Во потврдениот дух на прифаќање на меѓународните договори за човекови права, нашата држава ја потпиша оваа конвенција во 2007 година, со што ја искажа намерата да го ра- тификува и направи договорот дел од домашниот правен систем. Последниот исклучително важен развој се случи во 2008 година кога беше усвоен факултативниот протокол на пактот за економски, социјални и културни права што дава можност за индивидуални жалби против држава членка, пра- шање за кое се дискутираше со децении поради специфичноста на обврската за постепено, а не веднаш и целосно остварување на овие права. Земјата се уште ги нема изразено своите намери во поглед на прифаќањето на овој договор. За повеќе информации, читателите може да ја по- сетат Интернет страната – www.ohchr.org Силва Пешиќ е Национален советник за чове- кови права, Канцеларија на Постојниот коор- динатор на ООН 12
  37. Фаик Абди е првиот Ром од поновата маке- донска историја

    кој стана пратеник во Со- бранието на Република Македонија во периодот од 1991 до 1994 гoдина, како и од 1994 до 1998 година. Тој е основач и прв претседател на Партијата за целосна еманципација на Ромите ПЦЕР. Абди бил и учесник и на првиот ромски кон грес кој се одржал во Лондон во 1971 година. Тој тврди дека, сега, кога ќе се сврти назад и ќе на- прави една ретроспектива на неговиот живот и по- литичко дело, најмногу му пречи што повеќе од 30 години се посветил на ромското прашање, но оти немал време да го заврши. Абди тврди дека него - ва та партија нема толкава моќ и сила како кога тој бил претседател бидејќи, како што вели, нема кој да ја организира младината. Тоа што Ромите денес се нарекуваат Роми, а не Цигани или Џипси, за не - го е еден од големите успеси во неговата кари е ра и во неговите напори да се избори за правата на Ро- мите во Македонија. Најмногу жали што него ви те соработници, колеги, следбеници го заборавиле и веќе со години никој не го посетил во не го виот дом во скопската општина Шуто Ориза ри. Колку состојбата со образованието, како и оп- штата ситуација кај Ромите е подобрена спо- редено со 1971, кога бевте делегат на првиот Светски конгрес на Ромите. - За никаде сме. За разлика од другите национал- ности, ромската националност е најзапоставена, по своја вина, а и по вина на општествените услови. Многу ми е криво што се зафатив со оваа про- блематика, а не ја довршив, иако таа крај нема. На соки и правци има. Многу НВО зборуваат за образование, само кој ги слуша. Ќе кажам уште една турска поговорка: после Хуриетот ги отво- рија Босфорот и Дарданелите и Турците ју нач - ки викнале : каналот не го даваме!. А Евреите од другата страна викале: Кој ве прашува? Така е и сега. ПОРТРЕТ ФАИК АБДИ, ПРВ РОМСКИ ПРАТЕНИK И ОСНОВАЧ НА ПЦЕР Љубица Гроздановска Димишковска Александар Димишковски Јас не сум ни Циган, ни Џипси, јас сум Ром! 13 АПРИЛ 2009
  38. АПРИЛ 2009 14 Не се на работа, уми- раат за

    јадење. Ништо не е подобрено. Во однос на вкупниот број на Роми, тоа што има зголемен број на сту- денти, ученици е многу малку, а споредено со другите национално- сти, речиси и да нема напредок. Образова- нието е едно скалило нагоре, но какво обра- зование, кога луѓето не- маат што да јадат. Родителите им работат на пазарче. Јас едно време, времето на ко- мунизмот бев пратеник и кога “социјализмот” си замина, а дојде “ка- питализмот” предлагав да се отворат народни кујни, за да може сиро- машните да најдат парче леб. Предлагав кујните да служат и појадок и ручек и вечера. Колегите прате- ници тогаш се смееја. Се смееја на начинот на кој мислев тие народни кујни да се формираат. Имаше пари! Ако имаше пари за други работи, ќе се најдеше пари и за основата – исхраната на луѓето. Но, тоа не се оствари. Сега треба да се на- прави нешто токму на тоа поле. Еве сега имаме нови општински совети, нови градона- чалници, ќе имаме нов претседател. Мора да се направи нешто! Лу- ѓето мора да ги нате- раме да се хранат по тие народни кујни. Ромското население не е навикнато да оди во народни кујни, мислат дека тоа е понижување, мислат дека е многу мизерно. Но, подобро е таму да просат отколку на Камен мост. Треба сите по- литички партии и во Шутка и во градот да отво- рат народни кујни, иако сметам дека најмногу Ромите се гладни, голи, боси. Дали ги следевте изборите? - Не. Следев само да видам кој ќе ни биде претсе- дател. Не ги следев изборите зошто добивам впечаток дека сè за што сум се ангажирал, сè било попу- сто. Ниту еден од лидерите од широките народни слоеви, никој, не ме побарал да праша како сум. Каде се луѓето со кои соработувавте? - Имав цела армија зад себе. Многу брзо забора- ваат или ситуацијата ги натерала да бидат такви. Како ромските политички ли- дери еволуирале од ваше време до- сега? - Ќе ви откријам ед - на тајна – Ро ми те не разбираат што е тоа политич ки лидер. Ромите се непис- мени луѓе. Aко еден човек се ис такнува како глас - ноговорник или ако малку од малку му оди работата, ќе му вети сè на народот за да добие гласови. Ромските ли дери се далеку од лидерите на други те партии. Проблемот е во гла- вата. Не се доволно образо ва ни, но и ако се образовани, тие бегаат од оваа сре- дина, или се прето- пуваат и се изјаснуваат дека се Турци или дека се Албанци. Состој ба та со ромските лидери, а и многуте невла- дини органи за ции таму, се во еден хаос. Турците велат: Прво за душата, па после за другите. Се под- разбира што сакам да кажам. Но, морам да кажам дека мно гу слабо се движам меѓу организации те, меѓу кандидати те. Ро ми те не разбираат што е тоа политич ки лидер
  39. Државата треба да води поголема грижа за пен- зиите на

    тие што се најсиромашни. Социјална пензија од 1.000 денари, од 2.000 денари. Сра- мота!!! Срамота на државноста...каква е таа со- цијална помош? Во 90 година формирав партија ПЦЕР, оттогаш до пензионирањето јас имав 22.000 денари плата, а во Комуна работев, сектор за економија, план и развој на стратегии. Во Ко- муна имав плата од 35.000 денари, а во Собрание имав плата од 22.000 денари. Мислев дека по- лека, полека ќе имам повисока плата. Но, со Зако- нот за намалување на јавната потрошувачка, не ми се зголеми платата. Што направив сега? Да се вратам назад, не можам, срам ми беше. За вра- ќање лесна работа, имав и пријатели, но имаа и потреба од мене. Што се случува со ПЦЕР? - Нема кој да ги организира младите, зашто тој што треба да ги организира треба да разбере што е прво ПЦЕР, па потоа да организира младински огранок. Можеби проблемот е во тоа што Ромите се молчаливи, што не креваат голема врева, а треба да бидат азгани. Треба да бидат поотво- рени, треба да застанат пред Собранието. Најмалку 80 отсто од работоспособното ромско население е невработено, а каде ќе работат? И што ќе работат? Неписмени, без занаети...освен социјала да им помогне, друг начин нема. Многу ми е криво што се зафатив со оваа пробле- матика, а не ја довршив, иако таа нема крај. На- соки и правци има. Многу невладини организации зборуваат за образование, само кој ги слуша. Ќе кажам уште една турска поговорка. После Хуриетот ги отворија Босфорот и Дардане- лите и Турците јуначки викнале: Каналот не го даваме!. А Евреите од другата страна викале: Кој ве прашува? Така е и сега. Што мислите за Декадата и дали имате кон- такти со Ваши колеги во странство? - Со никого немам контакт од тие што зборуваат за Декадата освен кога ќе падне некој зорт, кога некој не може да се снајде, кога некој има син за запишување или за стипендија...Имам почиту- вање и од службите, во Владата имаат посебни луѓе за Албанците, посебни за Ромите, посебно за сите. Околу декадата – не сум прашан. Штом не сум прашан, нема што да кажам, каква е ситуа- цијата. Пак турска поговорка: Тој што е болен, тој што бил во затвор и тој што бил функционер, тој пријатели нема! Па, и јас се тешам со таа пого- ворка. Многу изгубив од моето време, најмалку 40 години ги фрлив без да водам сметка за моите деца, за мојата жена. Не дека ги запоставував, но тие некако ми беа второстепени. Особено сопру- гата, со која сме во брак 50 години. АПРИЛ 2009 ЗУМ 15 Кој е најголемиот успех за кој сметате дека сте заслужен? - Има многу, не можам да издвојам најго- лем. Прво дека сме Роми, а не сме Цигани. Тоа е она што се вика свое јас. Јас не сум ни Циган, ни Џипси, јас сум Ром. Сите овие што се сега малку писмени, научија од Фаик Абди дека е слободно да се постави такво и такво прашање. Од Фаик Абди на- учија како да бидат домаќини и дома и во своите општествени организации. Но, сега сè е извитоперено. { }
  40. Ивана Ензлер е амбасадор на Швајцарија во Република Албанија. Таа

    во 1979 година се вклучила во Швајцарскиот дипломат- ски сервис и ја почнала својата кариера во Берн, потоа во Брисел, Рим, Вашингтон и потоа по- вторно во Берн. Од 1998 до 2002 година, Ензлер е заменик шеф на ми- сијата на Швајцарската амбасада во Сараево, а од 2002 до 2007 година, шеф на истата мисија во Пришти на. Таа е и член на Бор дот на Ромскиот Едукативен Фонд од Бу- димпешта. Нејзината функ ција како амбаса- дор и како член на Бор- дот ја доживува како богато животно иску- ство и запознавање на различните области од општествениот живот и дејствување. Поради долгогодишно присуство на Балканот, таа многу доб ро ги познава прили- ките во балканските земји. Образованието и зголемувањето на свеста кај ро ди телите Роми дека треба да ги праќаат свои те деца во учи- лиште е главниот услов за напредок кај оваа попу- лација, пред сè социо-економски. Како вашата кариера Ве донесе во Ромскиот едукативен фонд (РЕФ)? - Од Швајцарската соработка за развој во Берн ме прашаа дали би сакала да станам член на Бордот на Ромскиот Едукативен Фонд (РЕФ). Бев многу среќна и почестена и ја прифатив оваа предизви- кувачка позиција. Како Вашето искуство како амбасадор Ви по- мага во исполнување на обврските и задолже- нијата кон Ромите од позиција на член на Бордот на РЕФ? - Да се биде амбасадор значи да имаш многу долга професионална ка- риера зад себе и со тоа, да имаш акумулирано одлично искуство и по- знавања во различни области. Тоа мене ми по- мага да ги извршувам своите должности како член на Бордот на РЕФ. Како дополнување, како амбасадор веќе подолго време во Југоисточна Европа, имам добри по- знавања за регионот и за неговите специфики. Имате ли соработка со Швајцарската амба- сада во Македонија и ако е тоа случај, каква соработка имате? Не- каква соработка за ромските прашања? - Не, немаме институционална соработка, но кон- тактираме редовно и постојано се информираме за одредени теми и проблеми. Кога бев на мони- торинг мисија во Македонија преку РЕФ во мина- тиот декември, се запознав со мојата колешка, амбасадорката Никол Вирш и таа беше навистина заинтересирана да слушне за нашите наоди од текот на мисијата. Таа е посебно заинтересирана за ромските теми. ИНТЕРВЈУ: ИВАНА ЕНЗЛЕР, АМБАСАДОР НА ШВАЈЦАРИЈА ВО РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА Луѓето ќе дадат пари за жртви од ц но не и на децата Роми од нивното Љубица Гроздановска Димишковска Во мојот јазик, има една изрека која вели ва ка: “Помогни си себе си за да ти помогне и Господ”. Не-Ромите може и треба да им помогнат на Ромите со цел да им ја подобрат нивната состојба, но оваа обврска лежи токму кај самите Роми, констатира амбасадорката Ензлер 16 АПРИЛ 2009
  41. Во духот на 8 Април, меѓународниот ден на Ро- мите,

    според Вас, кое е најголемото достигну- вање кога зборуваме за Ромите? - Најголемиот успех е кога родителите Роми се согласни дека образованието е важно и не- опходно за нивните деца. Та ка што, секое Ромче што оди во учи лиш те е голем успех. Знам дека за мно гу семеј ства голема е жртвата да ги пратат де- цата во учи ли ш те, но тоа навистина е неопходно. Во Скопје, минатиот декември, се сретнав со сред ношколци и сту денти Роми и беа навистина фантастични: толку паметни и мотивирани. Јас бев длабоко импресионирана. Преку образовани - е то, Роми те може да наоѓаат квалификувани ра - ботни места и со тоа да си ја подобрат економската состојба. Според Вас, кои се најголемите проблеми со кои се соочуваат Ромите? - Како аутсајдер, јас гледам два главни проблеми: сиромаштијата и како не-Ромите ги третираат Ро- мите. Луѓето ќе дадат пари за да им помогнат на жртвите од цунамите – што очигледно е одлично – но тие нема да дадат пари за да им помогнат на децата Роми што живеат во нивното соседство за да може тие да одат во училиште, на пример. Ро- мите се жртви на многу предрасуди и тоа едно- ставно не е прифатливо. А, како не-Ромите придонесуваат за подобру- вање на ситуацијата на Ромите? - Во мојот јазик, има една изрека која вели вака: “Помогни си себе си за да ти помогне и Господ”. Не-Ромите може и треба да им помогнат на Ро- мите со цел да им ја подобрат нивната состојба, но оваа обврска лежи токму кај самите Роми. Не- Ромите може да помогнат во создавање подобри услови, но на крајот на краиштата, до Ромите е дали сакаат тие да работат за нивна благосо- стојба. Дозволете да ви дадам еден пример. Од некоја институција земате стипендија за да одите на училиште, меѓутоа до вас е дали вие ќе учите и ќе си ги пишувате домашните задачи. Институ- циите тоа нема да го направат за вас. Што ќе им порачате на институциите кои се надлежни и кои се обврзаа да создадат подо- бри услови за Ромите? - Најосновно е институциите што рабо- тат во насока да создадат подобри усло - ви за Ромите, заснована на нивни акции за вистинските потреби на Ромите, зе- мајќи ги во предвид и спецификите од културен и социјален аспект во кој Ро- мите живеат. Основно е да се усвои це- лосен пристап и да се работи со самите Роми. Одржливи резултати може да се постигнат преку взаемно партнерство и партнерство засновано на взаемна почит и заедничка работа. Кои се вашите врски со Балканот? - Моите врски со Балканот се фамилијарни врски преку мојата мајка. Најдов Ваша изјава дадена за Центарот за со- времена уметност во Сараево, во која велите дека никој од Вашето семејство не умрел во државата во која се родил. Тоа е и судбината која ја делат многу Роми. Мислите ли дека има напредок на ова поле? - Ја дадов таа изјава во еден специфичен контекст за еден видео продукт во кој зборувам за некои жени од моето семејство. Таа судбина ја делат сите мигранти, своеволно или не. Тоа е животен факт. За мене, движењето е богатство и оттаму, позитивна работа, но се согласувам дека за некои тоа не мора да биде така. Луѓето треба да имаат избор помеѓу опцијата да останат некаде или да се преселат некаде по нивна желба. За жал денес, многу луѓе го немаат тој избор. За Ромите, како што кажав и претходно, напредокот ќе дојде преку образованието и/или преку обуките. Убе- дена сум во тоа. цунами, соседство { } 17 АПРИЛ 2009
  42. 18 АПРИЛ 2009 ЗУМ Реџеп Али Чупи е директор на

    Управата за развој и уна - предување на образова- нието на јазиците на при пад- ниците на заедниците. Оваа ин сти туција е орган во рамките на Министерството за образова- ние и наука и таа се грижи за об- разованието на помалите ет нич - ки заедници во насока на созда- вање на услови за воведување на настава на мајчин јазик и промо- ција на принципи те на меѓу- етничка толеранција, мултикул- турно општество и соработка. Роден е на 10 Април 1983 го- дина во Гостивар. Средно обра- зование завршил во Тетово, а потоа со своето образование продолжил во Скопје, со студии на Правниот факултет при Уни- верзитетот “Св. Кирил и Мето- диј“, каде се запишал во 2003 година. Од тогаш, живее во Скопје. Моментно е на после дипломски студии по Европска и Меѓународна политика на Универзитетот ФОН во Скопје. Во текот на основното и сред- ното образование немал проб - леми од финансиски или пак од било кој друг аспект, но кога тргнал на студии во Скопје се соочил со финансиски тешко- тии. Благодарение на Фонда- цијата Институт Отворено Општество во Македонија (ФИООМ) успеал да добие сти- пендија која била големо олес- нување за него и за неговото семејство. Освен стипендијата преку оваа програма добивал и дополнителна академска помош што како што вели, му овозмо- жува да се изгради како лич- ност и да стекне вештини со кои и денес се користи а, се од особена важност како за него- виот приватен живот, така и за неговиот професионален ангаж- ман. Беше ли тешко да се стигне до оваа позиција? Посветеноста во текот на моето образование, волонтирањето и работата во Невладиниот сектор многу ми помогнаа за да можам денес да ја вршам функцијата за која сум именуван. Патот што го изодев воопшто не е лесен, но не и невозможен. Човек кога нешто силно посакува, се труди и ра- боти посветено за да го добие тоа, тогаш мали се шансите да не успее во тоа. Колку Министерството за об - ра зование се залага за да се по- добри образованието кај Ро мите? Министерството за образование и наука е сериозно посветено во напорите за овозможување на услови за квалитетно образова- ние на Ромите. Во таа насока Министерството спроведува ак- тивности и иницијативи, како што е обезбедувањето пристап до стипендии за учениците Роми. Оваа година Министерст- вото воспостави посебна про- грама за стипендирање на ученици Роми во средното обра- зование. За училишната 2008/09 година Министерството додели 650 стипендии за сите средно- школци Роми запишани во прва година во училишната 2008/09 година како стимулативна мерка за зголемување на бројот на уче- ниците Роми и нивно успешно завршување на образованието што е во согласност со Нацио- налната Стратегија за Роми и Де- кадата на Ромите 2005 -20015 година. Наскоро Министерст- вото ќе подготви правилник спо- ред кој учениците Роми корисници на стипендија оваа година, со исполнување на ми- нимални критериуми ќе можат да ги задржат стипендиите и во наредните години на нивното об- разование, додека пак, следните генерации кои ќе се запишуваат во прва година на средно образование по автомати- зам, сите ќе добијат стипендија. Оваа мерка Министерството ја превзема согласно досегашната пракса и покажаните резултати од стипендирањето на Ромите преку странски фондови. Имајќи ја во предвид задолжителноста на средното образование кое почна од оваа година мерката треба да го олесни образова- нието на Ромите и да создаде услови за навремено и квали- тетно завршување на нивното образование. Во моментов ини- цирани се два големи проекти, изградба на средно комбинирано гимназиско и стручно училиште во општината Шуто Оризари во кое ромското население е мно- зинство, како и проектот за вос- поставување на катедра по Ромолошки студии и студии по Ромски јазик на педагошките фа- култети во земјава. ИНТЕРВЈУ: РЕЏЕП АЛИ ЧУПИ, УПРАВА ЗА РАЗВОЈ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ОБРАЗОВАНИЕТО Н Образованието на дец приоритет на сите Во моментов се ра- боти на два големи проекти, средно учи- лиште во општината Шуто Оризари во која ромското насе- ление е мнозинство, како и проектот за воспоставување на катедра по Ромо- лошки студии и сту- дии по Ромски јазик на педагошките фа- култети во земјава Инес Мус
  43. 19 АПРИЛ 2009 ЗУМ Што е според Вас клу- чот

    за образованието кај Ро- мите? Клучот е во самите Роми и во институциите надлежни за оваа област. Ме радува фактот што од година во година имаме сè пого- лем опфат на ученици Роми, како во основното, така и во средното образование. Особено ме радува бројот на студенти Роми и дипломци што во иднина треба да се соочат со предизви- ците поврзани со прашањето за подобрување на севкупната си- туација на Ромското население. Соработувате ли со странство и ако соработувате, што е тоа што Ромите го имаат таму, а го немаат тука? Министерството за образование соработува со земјите членки на иницијативата Декада за вклучу- вање на Ромите 2005-2015 го- дина, со кои разменува и црпи искуства со цел да се подобри севкупната состојба на образова- нието на Роми во овие земји. Сите добри пракси што се при- менливи за нашите простори и за нашите услови се користат. Што според Вас треба прво да се направи за да се промени општествениот, социјалниот и образовниот живот на Ромите? За да се подобри целокупната состојба на заедницата, клучен сегмент е токму образованието. На сите ромски родители прио- ритет број еден треба да им биде образованието на нивните деца, а државните институции во со- работка со невладиниот сектор треба да обезбедат услови за пристап до квалитетно образова- ние. Ова го велам од лично иску- ство, бидејќи преку стекнатото образование успевам да созда- дам услови за подобар живот не само за мене, туку и за моите роднини и пријатели. Колку често ги посетувате ромските училишта и каква е ситуацијата на терен? Имајќи предвид дека на ова по- зиција сум од скоро (од ноември 2008 година) слика за училиш- тата имам само од хартија. Но, наскоро, една од активностите што ми се предвидени е токму посетата на училиштата во кои учат Роми, разговор со нив и со управните служби за да се иден- тификуваат нивните потреби за да можеме да помогнеме. Колку Ромите од Македонија се подготвени да учат на мајчин јазик и колку има услови за тоа? Оваа заедница и во основното и во средното образование наста- вата ја следи на македонски на- ставен јазик. Ромите, во измина- тиот период, својот јазик го из- учуваа факултативно, а од учебната 2008/9 како изборен предмет. Односно, Јазик и кул- тура на Ромите. За тие потреби Бирото за развој на образова- нието изготви и наставни про- грами од трето до шесто одделение и распиша конкурс за учебник за трето и за четврто од- деление. Јазик и култура на Ро- мите кој е застапен во училиштата “Браќа Рамиз и Хамид“ од Скопје, “Гоце Дел- чев“ од Тетово, “Санде Ште- ријоски“ од Кичево, “Димитар Влахов“ и “Гоце Делчев“ од Штип. Во декември 2008 година во Куманово, Министерството за образование и наука даде со- гласност за изучување на пред- метот јазик и култура на Ромите во 5 основни училишта. Во по- стапка за воведување на избор- ниот предмет Јазик и култура на Ромите се и училиштата „Јане Сандански„ и „Васил Главинов„ во Скопје како и училишта во градовите Прилеп, Битола, Те- тово и Гостивар. Голем предиз- вик на кој во иднина ќе биде фокусирано Министерството ќе биде воспоставувањето на ка- тедра по Ромолошки студии и студиска група по ромски јазик на педагошките факултети во земјава за да се создаде кадар и услови за одвивање на настава на Ромски јазик. Какво е задоволството да се придонесува за заедницата во која припаѓате? Предизвикот да се работи и при- донесува за сопствената за- едница е огромен . Токму затоа ја прифатив оваа функција, би- дејќи чувствувам одговорност да и вратам на заедницата за тоа што ме поддржа и вложи во мене во текот на моето образова- ние. НА ЈАЗИТИТЕ НА ПРИПАДНИЦИ НА ЗАЕДНИЦИТЕ цата треба да биде прв е Ромски родители стафовска
  44. Отворен ден за родителите Ро ми во училиштата во кои

    учат нивните деца за да се развие подобра соработка, учениците Ро ми да учат со уче- ниците Македонци и со другите националности, бесплатна ужина за децата Роми. Ова се само дел од препораките и бара- њата што наставници, дирек- тори, психолози, ло кални просветни инспектори, како и родители Роми ги посо чи ја на дебатите што Националниот Ромски Центар (НРЦ) од Кума- ново ги организираше во Гости- вар и во Битола на почетокот на март годинава. Како да се најдат нови начини за комуникација со родителите Роми со цел нивните деца да би - дат поредовни на училиште, да постигнуваат подобри резултати беше темата на разговор што претставниците на НРЦ ја по- ставија. Но, дискусијата се про- шири и на други, посуштински проблеми пред кои училиштата секојдневно се соочуваат. Деба- тата во Гостивар се одржа во ос- новното училиште “Башкими”, а во Битола пак, таа се одржа во осмолетката “Коле Канински“. - Поприоритетно да се дискути - ра за односот меѓу училиштето и родителите и децата. Средства за вакви намени (за ужина) не се одговорност само на родителот. Можеби и училиштето тре ба во тој однос да направи некој обид, да се разговора со бизнисмените од градот за помош или слично, предложи Мухамед То чи, член на училишниот одбор во ОУ „Башкими“. Како позитивно ис- куство на ОУ „Башкими“, тој на- веде дека во Советот на роди тели има Роми како заслуга на граѓанските здруженија и училиштето. Како предлог тој предложи да се воведе пракса кога ќе се појави некој проблем родителите навремено да се ин- формираат. Според не го, родите- лите многу доцна се ин- формираат или се канат на как ви било средби во училиш те то. - Кога ќе се согледа некој проблем е добро на- време да се повика роди- телот, пред- лага тој. Во однос на дополнителни часови за деца со слаб успех Точи смета дека не дека немало оби ди, но најчесто или наставници те не се доволно мотивирани или бараат дополнителни средства. Но, тоа е убава можност за подобрување на успехот на де ца та. Мухамед упати апел да се искажат пози- тивните искуства. Стојна Стамеска, педагог во ос - молетката „Башкими“ истакна дека има Роми староседелци кои се редовни и еднакви во сè, но дека има еден дел Роми кои не се гостиварци по потекло и не се заведени во матична служ ба и со нив обично се има проблеми. Друг проблем според неa е тоа што во прво одделение има деца на различна возраст и тоа треба на ниво на Македони ја да се ре- гулира бидејќи тоа навистина е голем проблем. Ашмет Елезовски, координато- рот на проектот потврди дека тоа навистина е голем проблем и кажа дека за оваа е разговара но со надлежните и се надева де ка од септември овој проблем ќе се реши. - Важно е дека децата не се на улица, туку се во училиште. Во случај кога децата се враќаат по- вторно во исто одделение е по- ради тоа што тие стагнираат и бидејќи не се описменети. По- стои „дупка“ во законот за деца од 10-14 година кои не би ле вклучени во системот, има под - ДЕБАТИ ВО ГОСТИВАР И ВО БИТОЛА НРЦ го испитува пулсот родителите Роми 19 АПРИЛ 2009 Моето семејство брои седум члена, а ниеден вработен. Со 1. помош не може да се постигне ништо. Книгите иако се бесп има дополнител ни книги што треба да се обезбедат и да се п мое време, на сиромашните им помагаа барем со бесплатни нема. Има примери на деца кои сакаат да учат а немаат мож стемов, дедо на ученик во Битола
  45. несено амандман за тоа, ре че Елезовски. За предлозите за

    почести сред би со родителите, педагогот на учи- лиштето одговори дека ре ла - цијата со родителите е на многу повисоко ниво во според ба со изминатите години. Тој ре че дека во училиштето има от во рен час и отвореност за сред би со роди- телите. За време на тој отворен час родителите мо же слободно да присуствуваат на наставата. Во споредба со изминатите го- дини, до сега бројката на посети на родители Роми е зголемена од 10 на 60 от сто. На дебата во Битола пак, се дис- кутираше за проблемот на оси- пување на децата Роми, дали тие имаат услови да следат настава и зошто во некои паралел ки има само ученици Роми. Зоран Демиров од организација „Ромско катче“ од Битола и ис- такна дека во ОУ „Ѓорѓи Су- гарев“ има одде- ленија со само ром ски деца, поради тоа што македонските се отпишуваат од тие класови. Во дискусијата се вклучи и Агуш Рустемов, дедо на ученик кој истакна дека во Битола нема јазични бариери и треба сите да учат заедно, би- дејќи Ромите во Битола збору- ваат македон- ски. Порано кога тој учел биле мешани со македонските деца и така по- стигнувале успех и си помагале меѓу себно. Мирјана Стојкова, педагог од ОУ „Гоце Делчев“ истакна дека има само седум ромски деца во тоа училуште и тоа во нижите одделенија. Има проблем со ед - но дете само поради нередов- ност. Во однос на проблемот со голем број на ромски деца во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ е поради реони- зацијата. Таа ја истакна потре- бата од поголема едукаци ја на родителите. Таа рече и де ка има деца кои живеат и далеку од учи- лиштето но се редовни. На прашањето која е причината за осипувањето на децата, За- горка Јовчевска, директор во „Ѓорѓи Сугарев“ смета дека еден од проблемите е тоа што има многу повозрасни прва чи ња и е пречка за шестгодишните деца да учат во исто одделение со оние што се повозрасни од нив. Од училиштето до Министерст- вото за образование имаат доста- вено барање за отворање паралелка за возрасни. Како про- блем, таа го наведе и фактот што нема лимит за уписи на ром- ските ученици, затоа што тие по- чнуваат од мај до следната година во мај. Како проблеми во „Ѓорѓи Сугарев“ беше истакнат број од 120 осипани деца од кои само 81 се во прво одделение. Има многу изостаноци и 90% се од Ромите. Таа предложи дека потребни се средби и едукација со родителите. Се случува кога родителите одат на сезонска ра- бота да ги земаат и децата, до- дава директорката на училиштето. Агуш Рустемов, дедо на ученик, истакна неколку проблеми зошто децата се отсутни од учи- лиште: временски услови, сезон- ска работа, економски причини, немање облека. - Моето семејство брои седум члена, а ниеден вработен. Со 1.200 денари социјална помош не може да се постигне ништо. Книгите иако се бесплатни оваа година, има дополнителни книги што треба да се обезбедат и да се платат. Порано, во мое време, на сиромашните им помагаа барем со бесплатни кифли, денес тоа го нема. Има примери на деца кои сакаат да учат а немаат можност, вели Рустемов. т на училиштата и на 20 АПРИЛ 2009 .200 денари социјална платни оваа година, платата. Порано, во и кифли, денес тоа го жност, вели Агуш Ру-
  46. Помогни си прво себе си, за да помогнеш и на

    другите! Оваа стара, народна муд- рост никако да се вгнезди меѓу Ромите, кои иако не ја научија лекцијата од минатото, из- ненадувачки инертно се однесуваат не само кон заедницата, туку и кон себе. Речиси 40 години се поминати од одржувањето на првиот Светски Ромски Конгрес во Лондон, во 1971 година, на- стан кој требаше да биде пресвртница во тоа како останатите народи ќе гледаат кон Ромите, но и како тие самите ќе гледаат кон себе. А, токму денот на одржувањето на првиот Светски Ромски Конгрес е еден од главните причини зошто се слави денот 8 Април, Меѓународниот Ден на Ромите. Несомнено е дека има многу позитивни работи што се направени во изминативе безмалку 40 го- дини. Особено во поглед на намалување на пред- расудите и дискриминацијата кон Ромите од другите народи, тргнувајќи од користењето на терминот Роми, наместо термините Цигани, Еѓупци, Џипси...признавањето на статусот мал- цинства во многу земји каде што тоа не беше случај претходно, постепеното зголемување на процентот на писменост кај Ромската заедница, партиципацијата во политичките тела на власта во многу држави... Но, дури и по речиси 40 години, Ромите се уште се на маргините на општеството. Само во Македонија, повеќе од 70 отсто од рабо- тоспособното население меѓу Ромите е без ра- бота, а 24 отсто од лицата постари од 15 години се неписмени. Сиромаштијата во најголем дел е присутна токму кај Ромите, кои се уште живеат отсечени од остатокот од цивилизацијата, најче- сто во привремени објекти, дивоградби, картон- ски куќи или воопшто без дом. Ромите немаат ниту документи за лична идентификација, ниту здравствено осигурување, ниту, пак, образова- ние. Живеат од социјална помош од 1.000 до 4.000 денари. Во таква констелација, предрасудите и дискри- минациите што се уште се присутни, предизви- куваат дополнителни тешкотии дури и за оние со високо образование и потребни квалифика- ции за вработување. Иако, според рамковниот договор, само во Јавната администрација по принципот на правична застапеност треба да има место за околу 1.200 Роми. Дискримина- цијата е присутна насекаде, особено во рурал- ните средини, каде често се случува деца од друга етничка заедница да не сакаат ниту да учат во исто училиште се Ромските дечиња. Тоа се- како не е ништо друго освен превземени, впиени ставови и предрасуди од нивните родители, пред се поради незнаење. А, во многу земји, ситуацијата е и далеку по- лоша од онаа во државава, бидејќи Ромите во- општо немаат признат статус, ниту права. Една изрека вели, незнаењето е мајка на сето зло на планетава! Во Ромската заедница, токму ние Ромите сме најголемиот проблем зошто се уште сме марги- нализирани и дискриминирани. Едно поради не- Во корист на соп 22 Дали знаете дека актерот Јул Бринер има ром- ски гени.Потеклото на оваа маркантна лич- ност долго време беше непознато. Има информации дека неговата мајка била по мајка Ромка а по татко Еврејка од Русија. Но факт е дека тој израснал помеѓу Роми и научил да свири на гитара во тој круг. Фараонот на Еги- пет (една од неговите успешни улоги) беше всушност и претседател на Ромското движење во Америка, канцеларија која работеше се до неговата смрт. Познатион оскаровец г-дин Мајкл Кејн роден како Маурис Јозеф Миклвајт е роден во Ротерхид-Лон- дон. Маурис како име во Ромската група на која и припаѓаше како име беше традиција да се даде на секое прво родено машко дете. Жан Баптист Реинхард - Џанго Ре- инхард е најславниот Џез музичар во Европа тој свиреше на гитара, виолина и бенџо. Една од најакту- елните теми во неговата музика беше дефиниран Ромски џез. Иан Ханцкок е познат ромски акти- вист и професор. Дипломирал на Универзитетот во Лондон.Тој ги пре- тстави Ромите во Обединетите нации како член на Мемориалниот Совет за Холокаустот во Америка.Тој е лингвист, осно- вач и директор на Ромскиот Архив како и До- кументациониот центар во Тексас – Аустин каде предавал како професор по англиски јазик, лингвистика и азиски студии. Хосе Антонио Рејес Калдерон – фудбалер на Атлетико Мадрид со св така роден во ромско се близу Севиља.Во својат Арсенал,Реал Мадрид а балер во натпревари на ните,ФА Купот како и П Хоакин Кортез –е позн роден во ромско семејст нија.Својата професија во рамките на формалн беше примен како танча чарска академија во Ма бие во светот на филмот еден документарен фил европските сателитски СЕБИХАНА СКЕНДЕРОВСКА и АШМЕТ ЕЛЕЗОВСКИ АПРИЛ 2009
  47. достигот на организација и желба за борба за на- шите

    права, а друго и поради менталитетот за лесно прифаќање на процесите на асимилација и гетоизација. Многу Роми попрво би се изјасниле како при- падници на други заедници, притоа заборавајќи го јазикот и културата на заедницата на која из- ворно и припаѓаат, надевајќи се дека така по- лесно ќе бидат прифатени од останатите народи. Но, никој нема да прифати народ, луѓе без ин- тегритет! Дополнителен проблем е тоа што не само што не се бориме за сопствениот идентитет, туку и на речиси ниту еден начин не се обидуваме преку презентација на нашата богата култура и различ- ност да ги придобиеме симпатиите на остана- тите народи. Во отсуство на познавање за Ромите, не е тешко ниту на Владите, ниту на Ев- ропската Унија, ниту на било која друга манифе- стација на управувачко тело, да продолжи со дискриминацијата, маргинализацијата, да про- должат со декларативната поддршка или со во- ведување на Декада на Ромска инклузија, од која најголемиот ќар повторно нема да го имаат Ро- мите. Во меѓународната дипломатија често се користи фразата – никој нема да дојде да ви го среди ва- шиот двор, пред тој вие самите да го средите! Па, така, Ромите мора сериозно да почнат да ра- ботат прво на себе. Да инвестираат во себе. Да се борат за своите права, да се едуцираат и орга- низираат. Борбата почнува од најситната клетка во едно општество, семејството. Родителите мора да почнат да размислуваат подолгорочно и во корист на нивните деца. Да сфатат дека само преку образованието, Ромите може целосно да се интегрираат во општеството. Само преку об- разованието, може да дојдат до вработување, по- висок животен стандард, подобар и посреќен живот! Кога основната клетка во една заедница, ќе биде силна, организацијата во борбата за заедницата не само што ќе добие структура и квалитет, туку ќе добие и на сила. Тоа е впрочем и единствениот начин Ромите да бидат прифатени како еднакви, посебни, какви што природно се! Тогаш, ниту една држава или меѓународна орга- низација нема да може да го сврти погледот од луѓето за кои ќе знае дека ако не подобри, попа- метни или помоќни, во најмала рака ќе седат или разговараат со еднакви на нив. Живеј како утре да ти е последен ден, но учи како да ќе живееш вечно! – Махатма Ганди пствената штета! Оттаму, јасно е дека никој не е вино- вен за состојбата во која се наоѓаме, освен ние самите. Една од најистакна- тите политички филозофи на 20 век, ценетата Хана Арендт, дава една тео- рија според која никој не може од не- кого да направи жртва, доколку за тоа нема согласност и од другата страна { } 23 етска кариера е исто емејство во Утрера та кариера тој играл за а учествувал како фуд- Лигата на Шампио- Премиер Лигата. нат фламенго играч тво во Кордоба –Шпа- како танчер ја започна ото образование и ар на најпозната тан- адрид.Успеа да се про- т и за него е посветен лм, кој е прикажан на канали. Неговиот тан- черски најпознат перформанс е наречен “Мојата самотија “, а е реализиран во сора- ботка со познати светски ѕвезди. Во 2007 го- дина е именуван како Ромски амбасадор во ЕУ . Во светот на Европската политика има две жени Ромки Евро- парламентарки. Викториа Мохачи е дипломиран новинар на факултетот за Филозофија.Родена во ромско семејство во Будимпешта ,Унгарија и е член на Европскиот Парламент од политичката опција на Европската Алијанса на Либера- лите и Демократите . Ливиа Јарока е ромка од Унгарија , доктор на Антропологија и социо- логија на колеџот во Лондон.Таа е челен на Европскиот Парламент како приврзаничка на Партијата на Цивилна унија.Нејзиниот докторат е напишан под насловот“ Полити- тиката и етничкиот идентитет по- меѓу Ромите од Унгарија“. Листата на Роми интелектуалци и познати личности ќе ја завршиме со имињата на Рудолф-Рудко Кав- чински – претседател на Европ- скиот Ромски и Патувачки Форум со седиште во Стразбург. Николај Георге беше прв ромски советник во ОСЦЕ ОДИХР канцеларија во Варшава. Тие се познати како повеќегодишни активисти, лидери и иницијатори за формирање на ЕРТФ и заслужни за развојот на ромското движење во Европа и пошироко.. АПРИЛ 2009
  48. СМРЗНАТ КАДАР Импресум Подготвува екипа на Национален Ромски Центар: Ашмет

    Елезовски; Славица Ќурчинска; Себихана Скендеровска; Далибор Шојиќ; Љубица Гроздановска Димишковска; Александар Димишковски; Инес Мустафовска Национален Ромски Центар (НРЦ) Издавач: Здружение на граѓани Национален Ромски Центар (НРЦ) улица “Доне Божинов” бр.11/5, 1.300 Куманово, Република Македонија www.ednomagazine.com e-mail: [email protected] [email protected] тел/фах : 031/427-558 Списанието “Едно“ е дел од проект на Националниот Ромски Центар финансиран од Ромскиот Едукативен Фонд (РЕФ) Печати: Т.Д.Генекс Кочани; Тираж: 200 примероци
  49. ПЕРИСКОП Ромите меѓу две зла, казна за тие што не

    ги праќаат децата на училиште и сиромаштија ОБРАЗОВАНИЕ Има волја, нема пари за децата Роми да продолжат во средно училиште ИНТЕРВЈУ Техамана Скендеровска Упорноста ја направи од ма- шински техничар да биде првата џезерка трубач ЗУМ Георге Николов МИХАЈЛО ЛАХТОВ Нема коректни медиуми во средини полни со дискриминација Документарен филм на НРЦ ИСПЕАН ЖИВОТ Музиката им е во крвта БРОЈ 5-6 ЈУНИ 2009
  50. За Едно, за образованието за сите Ашмет Елезовски Демократијата како

    форма на уредување на државите неминовно наметнува неколку сериозни човекови права и слободи што барем навидум ги чинат луѓето поудобни во својот сопствен живот. Правото на говор, правото на сопственост, правото на образование...Сите тие се нешто на што постојано не потсетуваат промовирајќи ги како највисоки дострели на де- мократскиот начин на уредување. И додека процесите на глобализација како нужен следбеник на т.н. демократиза- ција на Светот несомнено имаат свои предности, “дадените права и слободи” се повеќе потсетуваат и се примену- ваат како формален изговор на поголе- мите/посилните да можат да ги злоупотребуваат помалите, послабите. Оттаму, перверзијата на ваквата дадена слобода и дадени права се дотолку нејасни, што несомнено го наметнуваат прашањето – А кој тоа ја даде можно- ста човек да дава права и слободи на друг човек?!? Токму затоа, формалните процеси на ин- теграција на Ромите во општеството, македон- ското но, и пошироко, се повторно жртва на декларативни обиди за девалоризирање на вред- носта на Ромите, како дел од традиционалните напори за нивна злоупотреба. Типичен пример е финансиската помош што Владата на Македонија ја одделува за потребите да се овозможат еднакви услови за Ромите, покрај другите националности во оваа држава. Но, одличен пример се и финан- сиите што во форма на парична помош за Ромите ги доделува Европската Унија, иако во рамки на територијата на нејзините земји членки живеат милиони Роми. Неблагодарна, но и неизбежна е и крити- ката кон странските фондации што треба да им помогнат на невладините организации да се борат за истите оние “дадени” права и слободи, но наместо да им помогнат, по се изгледа свесно создаваат “паразити” што лесно може да ги конт- ролираат и насочуваат онаму каде што ним им е потребно! Секоја чест на исклучоците, но да се по- могне, навистина да се помогне, најпрво треба искрено да се сака, затоа што не секо- гаш се потребни пари да се помогне. Напротив, најчесто е сосема спро- тивно. Доволно е да се има желба, волја да се направи нешто што ќе биде од корист за заедницата. Доволно е да се направи мала промена, да се ини- цира промена кај секој од нас, за најпрво самите да си помогнеме себе си, а со тоа да ја направиме и нашата заедница многу посилна. И затоа, декларативните дадени права и слободи не се ништо повеќе од една обична лага. Исто како што се и декларативните напори за изедначување на припадниците на Ромските заедници со припадниците на другите заедници во Македонија, но и во другите земји. Само дек- ларативна за жал е и Декадата за инклузија на Ро- мите. И сите тие декларативни придобивки на оваа перверзна форма на теоретската демократија се обични лаги. Но, доста ни е од тоа што не лажат! Впрочем, не ни е криво тоа што не лажат, туку тоа што мислат дека им веруваме!?! За подобар и подостоинствен живот на сите – Едно! БИЛБОРД ЈУНИ 2009 Билборд - Стр. 2 - Уводник Дневник - Стр. 3-4 - Вести Перископ - Стр. 5-7 - Теренски извештаи Михајло Лахтов -Стр. 8-10 - Интервју Георге Николов - Стр.11 -12 - Образованието е патот за подобар живот и за надминување на пробле- мите Техамана Скендеровска - стр. 13-15 Жените Ромки најмалку посвету- ваат внимание на своето здравје стр. 16 2
  51. ЈУНИ 2009 3 НОЖ СО ДВЕ ОСТРИЦИ Од оваа учебна

    година средното образова- ние е задолжително за сите ученици, без разлика на нивната национална припад- ност. Но, и покрај тоа голема е бројката на деца што не одат на училиште. Од надлеж- ните институции велат дека со задолжи - тел ното средно образование треба да пос тигнат целосен опфат и на децата кои се надвор од образовниот процес. Некои ро дители се против задолжително средно образование, бидејќи, како што велат тие, децата не добиваат стипендии и тие немаат пари Инес Мустафовска Шеснаесетгодишната Анка е ученичка во прва година. Нејзиното семејство е сиромашно, но и свесно дека Анка тре ба да се школува. Мајка и, татко и и пет годи - ни постариот брат Орхан работат од утро до мрак, да и обезбедат на Анка соодветни услови за да продолжи со школувањето. Таа за нив е иден адвокат, како што ја вика Орхан. И покрај тоа што таа сака да учи, тие се свесни дека средното образование од минатата година е задолжител но и дека ако Анка не оди на училиште ќе треба да платат казна. Не ја знаат сумата, но слушнале дека ова непочитување на законот е казниво. Во земјава има околу 63.000 социјални семејства, а дел од нивните деца можат само да претпоста- вуваат како е да се биде рамо до рамо со нивните врсници кои уште како мали кројат планови што би сакале да бидат и каде да го продолжат своето образование. Една од најзагрозените категории корисници на социјална помош се Ромите кои, според статистиките, ја сочинуваат и најголемата група од оние што не се вклучени во образовниот процес. Кај оваа популација, се уште постои од- реден процент на осипување што се јавува по за- вршување на четврто или на осмо одделение. Од оваа учебна година средното образование е задолжително за сите ученици, без разлика на нивната национална припадност. Но, и покрај тоа голема е бројката на деца што не одат на учи- лиште. Од надлежните институции велат дека со задолжителното средно образование треба да по- стигнат целосен опфат и на децата кои се надвор од образовниот процес. Некои родители се против задолжи- телно средно образование, бидејќи, како што велат тие, децата не добиваат сти- пендии и тие немаат пари. - Немам ни десет денари да му дадам за една кифла. Додека другите деца јадат, моето дете ќе треба да ги гледа, вели еден од родителите. Минатата година Министерството за образование за сите ученици обезбеди бесплатен превоз и сти- пендии за ученици, односно условни парични трансфери. - Сите услови што може да се исполнат, а го по- пречуваат образованието на Ромите се исполнети. Тоа за нив не се пакет мерки. Се што е потребно за еден ученик, условен паричен трансфер, преку кој Владата предвидува социјалните случаи да добиваат паричен надоместок за облека, потоа, обезбедување на бесплатни учебници, како и { } ДНЕВНИК Има волја, нема пари за децата Роми да продолжат во средно училиш те
  52. обезбедување на бесплатен превоз за учениците кои немаат училиште во

    местото на живеење, со што ќе им се помогне да се вклучат во образов- ниот процес, изјави Љупчо Спасовски, раководи- тел на секторот за основно и за средно образование. Министерството за образование и наука во кон- курсот за запишување во јавните средни учи- лишта во учебната 2009/2010 година, за учениците Роми предвиде и посебна олеснителна мерка за упис. Според неа, учениците од ром- ската етничка заедница може да се запишат во одредено јавно училиште ако имаат 10% помалку поени од бројот на поени предвиден со- гласно конкурсот за соодветните на- ставни планови и програми и ако ги за- доволуваат дополни- телните критериуми за испит на знаење и вештини во соодвет- ното училиште. Според Реџеп Али Чупи, директор на Управата за развој и унапредување на об- разованието на јази- ците на припадниците на за- едниците, оваа мерка всушност е замена на онаа директорите да запишуваат по еден ученик Ром во секој клас. Според него оваа мерка е со цел да нема осипување на ромските ученици. Ваквата олес- нителна мерка се спроведува во Хрватска, каде се воочила како позитивна. Образованието во изминатиот период го следеа многу промени во правец на реформите. Се во- веде деветолетка, средното образование станува задолжително, се набавува нова опрема за учи- лиштата, тука е и проектот за компјутеризација. Во делот на средното образование државата има за цел на учениците да им даде можност да до- бијат одредена квалификација, за да можат да бидат конкурентни на пазарот на трудот. 4
  53. ЈУНИ 2009 5 КУМАНОВО...Разговарав со ро- дителите околу значењето на

    об- разованието, законските регулативи и за потребните доку- менти за запишување на едно прваче. На родителите им прене- сов дека освен изводот од матич- ната книга на родените, за детето е потребна и потврда за редовно вакцинирање, која ќе потврди дека детето ги има примено сите вакцини што е потребно децата да ги имаат при мено до шест или до седумгодишна возраст. Тука наидов на проблеми. Многу од децата имаат картони за имуниза- ција, но ги немаат примено сите вакцини, а некои вопшто не ни поседуваат картон за имуниза- ција. Родителите кои што поба- рале издавање на таква потврда добиле одговор од здравствените установи дека треба да платат 300 денари. Од извештајот на Ристем Мус- лиевски, медијатор на НРЦ СКОПЈЕ...Би сакала само на- кратко да ве потсетам дека С.Р и М.Р се уште се без никаква помош од институциите, а ре- довно одеа на училиште и мно гу се трудеа околу училишните об- врски. Пред две недели ги посети социјален работник и го убедувал таткото да ги даде децата во дом - семејство.Таткото се спротивста- вил и барал конкретна помош а, не да му ги земат децата. Децата плачеле и не сакале да се одделат од таткото. Минатата недела М.Р. беше болен, а неговиот татко немал пари за лекови. Од извештајот на Аида Муста- фовска, медијатор на НРЦ ВЕЛЕС...При посетата на 11- членото семејството Зекирови увидов дека семејството е во тешка состојба. Тие се преселени од Скопје. Немаат водо вод на мрежа, а неговите четири деца одат во училиште. Децата добро напредуваат и редовни се на ча- совите. Тие имаат дете кое е ро- дено во 2003 година и таткото сака да го запише детето во учи- лиште како останатите но, ситуа- цијата им е многу тешка. Моја препорака е дека мора некако да им се помогне на ваквите се- мејства во однос на потврдите за имунизација. Од извештајот на Ерџан Рама- данов, медијатор на НРЦ СКОПЈЕ...Генерален проблем меѓу децата што ги посетив во То- паана, а кои учат во училиштето ТЕРЕНСКИ ИЗВЕШТАИ Ромите меѓу две зла – казна за тие што не ги праќаат децата во училиште и сиромаштијата
  54. Васил Главинов е тоа што имаат проблем да го говорат

    македон- скиот јазик и поради тоа тешко ги учат песничките дадени на часо- вите. Од извештајот на Сенад Мемет, медијатор на НРЦ СКОПЈЕ...З.Г., Ф.Г., В.Г., В.Д. и Г.З. имаат потреба од континуира- ност при совладување на настав- ниот материјал. Потреб ни е неколку пати да го повторат мате- ријалот за да може да го разберат. Сите деца имаат добри односи со нивните родители, но ја немаат по- требната помош при совладување на наставните те ми, бидејќи роди- телите им се неу ки. Но, барем се грижат де ца та редовно да одат во училиште. Од извештајот на Љатифе Ши- ковска, медијатор на НРЦ ПРИЛЕП...При посета на пара- лелката 1-6 во осмолетката Добре Јовановски, наставничката ме ин- формира дека дедото на Ф.А. дошол да ја информира дека таа повеќе нема да оди на училиште бидејќи нејзините родители зами- нале по работа на село и го зеле девојчето со нив. Истото може да им се случи и на многу други деца. Бев во домот на девојчето, а нејзи- ниот дедо ми ја потврди информа- цијата што наставничката претходно ми ја кажа. Тој не знаеше да ме информира кога се- мејството ќе се врати во Прилеп. Од извештајот на Денис Реџе- поски, медијатор на НРЦ СКОПЈЕ...Со наставничка од ос- новното училиште Дане Крапчев го посетивме семејството на прво- одделенката Д.Д. бидејќи нејзи- ната мајка веќе еден месец не ја носи на училиште. Во овој случај, јас интервенирав повеќе пати но, таа секогаш ме лажеше како има болно дете и дека поради тоа нема време да ја носи Д.Д. на учи- лиште. Наставничката и врачи писмено известување за дисцип- линска мерка - писмена опомена. Поради многуте изостаноци на- ставничката не ќе може да ја оцени малата Д.Д. Од извештајот на Мемет Мемет, медијатор на НРЦ ПРИЛЕП...На терен наидов на деца родени во 2003 година кои немаат изводи од матична книга на родени а, кои им се потребни за упис во прво одделение во учеб- ната 2009/2010 година. Од извештајот на Мухарем Јашароски, медијатор на НРЦ СКОПЈЕ...Малечката Ч. е новото прваче што треба да се запише во училиште. Живее со својата баба Ѓ., таткото А., и братот Н. кој има 10 години, и се уште не е запишан во училиште. Двете деца немаат изводи, не се регистрирани во ма- тичната книга на родени. Мајката Селвије ги напуштила уште кога биле мали. Причина - таткото е за- висник на опојни дроги. Таа се премажила и сега живее во Србија. Грижата за двете деца ја презема бабата иако изнемоштена таа има голема желба децата да ги запише во редовно училиште. Во моментот двете деца го посету- ваат едукативниот центар Сончог- леди и на некој начин се описменети. За несреќата да биде поголема, пред 10 дена Ч. имаше сообра- ќајна незгода, ја удри автомобил, при што се здоби со скршеница на надколеницата. Извршен е опера- тивен зафат и таа сега се наоѓа на домашна нега. Ч. а со нетрпение чека да се опорави за да продолжи ПЕРИСКОП 6
  55. да оди во Сончогледи, а потоа и во училиште, таа

    се надева дека жел- бата ќе и биде остварена. Бабата е вистински борец, иако живеат во многу лоши услови, се обидува на децата да им обезбеди парче леб. Заедно со неа ја започнавме по- стапката за вадење на изводи за нејзините внуци. Од извештајот на Љатифе Ши- ковска, медијатор на НРЦ ГОСТИВАР...Ако сакаме пози- тивни промени, не треба да ги ба- раме од надвор. Тие се во нас, само треба да ги препознаеме...Еве како учителката Васка Попоска од ОУ „Башкими” од Гостивар го најде патот за ху- маност да помогне на едно сиро- машно девојче, неј зи на ученичка.Девојчето Н.А. е во второ одделение. Семејството е во многу тешка социо-економска со- стојба и родителите немаат до- волно средства за да и даваат на својата ќерка за ужи на, за време на нејзиниот престој во учи- лиште.Се случуваше кога остана- тите ученици од одделението си ги јадат кифлите Н. да остане гладна бидејќи таа немаше пари за кифла. Г-ѓа Васка Попоска не мо- жеше да дозволи тоа да се случува и Н. да се чувствува осамено и на- пуштено и сакаше да преземе нешто и да помогне и на Н. и на нејзиното семејство. Учителка та Васка со помош на останати те ро- дители од одделението по кренаа една хумана акција и собраа пари за ужината на Н. Сите пари што беа собрани ги чува учителката и секојдневно на Н. и дава по 10 де- нари за кифла. Кога и останатите деца ужинаат и Н. ја јаде својата кифла. Желбата да им се помогне на другите ќе те одведе самата и ќе ти го покаже патот, како што и учителката Васка се погрижила и Н. да си ја добие ужината што ја заслужува. Од извештајот на Ѓулфер Точи, медијатор на НРЦ СКОПЈЕ...С.М. е прваче, живее во Топаана во куќа од 10 квад- ратни метри. Таа живее со нејзи- ното семејство, мајка и, татко и и двете братчиња. Семејството не прима никаква парична помош бидејќи имаа забрана од две го- дини. Се издржуваа од поголе- мото братче кој има 9 години. Тој работи на семафорите кои се во непосредна близина на нивната куќа и од тие пари успеваат да се издржуваат секој ден. Таткото ра- боти само ако некој го викне за каква било работа. Претходно со- бираше картони но, откако ја про- даде количката за да ја плати болничките трошоци за породува- њето на неговата сопруга, сега нема со што да работи. Жена му е домаќинка и ги чува децата но, кога и малото братче на С. Не може да донесе пари, таа е примо- рана да проси. Живеат во куќа која нема таван. Има само кар- тони и таа соба е се, и дневна, и спална, и кујна и бања. На почетокот од оваа година кога треба да се запише на училиште, нејзините родители не сакаа да ја пуштат да оди на училиште би- дејќи немаат пари а, и плус де- војчето немаше алишта за да оди на училиште. По долгите разго- вори со нејзиниот татко успеав не- како да го убедам дека С. како и да ќе мора да се запише на учи- лиште. И по секои маки што ги трпи ова семејство С. ја носат ре- довно на училиште се со цел за да може таа да успее и да стане обра- зована бидејќи сфатија дека без образование никогаш ништо не ќе може да постигнат во животот. Од извештајот на Сенад Мемет, медијатор на НРЦ 7
  56. Стереотипи, дискриминација, предрасуди се се уште присутни во медиумите во

    земјава. Често пати, во медиумите ќе се спомне дека во кражба на некоја продавница учествувале тројца Роми, дека во сообраќајка загинале татко и син Роми, без да се размисли на фактот што двајца луѓе ги изгубиле животите без разлика на етничката припадност итн...Тоа не е случај само во Македони ја. Новинарски текстови и прилози полни со говорот на омразата, етикетирање, ди- криминација од една страна и неправењето скоро ништо со цел да се подобри таквото новинарство од друга се типич ни и за земји кои се членки на ЕУ. Ваквата состојба во земјава во последните неколку месеци ја следи и ја истражува Михајло Лахтов, магистер по човеко ви права и демокра- тија, а токму како медиумите во земјава и во странство ги третираат Ромите е темата на него- вата специјалност. - Ромите во Европа, а особено Ромите во земјите од источна и централна Европа се најдискриминирана та и најобесправената група. За жал медиумите има ат голема одговорност за ваквиот статус на оваа етничка заедница. Медиу- мите имаат сериозна улога во креирањето на на- шата перцепција за „другите“ и за начинот на кој комуницираме со нив. Тие се сериозен фактор во ре-создавањето, ре-креирањето на одредени сте- реотипни претстави за различните етнички групи. Внимавајте, јас зборувам за ре-создавање на веќе постоечки стереотипни слики, вели Лах- тов и додава дека во новинарството постои една многу важна лекција која секој иден новинар мора да ја научи, а тоа е како се известува за раз- личностите. Тој предупредува особено новина- рите кои работат во редакцијата црна хроника, мора да бидат многу внимателни. Што Ве натера да ја истражувате оваа пробле- матика? При крајот на кариерата Џон Вејн во едно ин- тервју бил прашан што тој како човек научил од каубој ските ликови што ги толкувал во текот на животот. Должноста на правиот каубојски херој- рекол Вејн- е секогаш кога ќе види како четво- рица напаѓаат еден, да се вклучи и да му помогне на нападнатиот, иако можеби тој кој е нападнат е полош од сите четвори ца заедно. За мене оваа реченица е најкраткото објасну- вање што се тоа човекови права. Да им се помогне на обесправе- ните, повредените, маргинализираните, оние кои имаат потреба за помош. Токму затоа, во текот на моите постдипломски студии по човекови права и демократија во Сараево, јас нај многу се фоку- сирав на истражувањата за малцинските групи, најчесто во корелација со медиумите. Токму во тие рамки беше и мојата магистерска теза, „Порт- ретот на етничките малцинства во бугарските дневни весници“ која ја правев во Софија во 2007 година. Во моментов работам едно слично истра- жување финансирано од Медиумскиот центар во Сараево, само овојпат ги анализирам весниците во Македонија. До какви сознанија дојдовте, каква е Вашата ИНТЕРВЈУ: МИХАЈЛО ЛАХТОВ, МАГИСТЕР ПО ЧОВЕКОВИ ПРАВА И ДЕМОКРАТИЈА Нема коректни мед кои се полни со дис Во текстовите нема извори Роми, нема експерт верувајте ми, ова е подеднакво голем проблем нација. Што сево ова ни зборува? Ова ни збор литичките елити, бизнис елитите и интелиген 8 Љубица Гроздановс
  57. генерална оценка за третманот на Ромите во медиумите во Македонија?

    За жал, истражувањето се уште не е готово, но се подготвува полека. Би требало да биде за - врше но некаде во септември, а заедно со уште неколку регионални истражувања на оваа тема, да биде објавено до крајот на оваа го- дина. Тоа што јас од оваа гледна точка можам да го констатирам е следново: Ромите во Ев- ропа, а особено Ромите во земјите од источна и централна Евро па се најдискриминираната и најобесправената група. За жал медиумите имаат голема одговорност за ваквиот статус на оваа етничка заедница. Медиумите имаат се- риозна улога во креирањето на нашата перцеп- ција за „другите“ и за начинот на кој комуницираме со нив. Тие се сериозен фак тор во ре-создавањето, ре-креирањето на одредени стереотипни претстави за различните етнички групи. Внимавајте, јас зборувам за ре- соз давање на веќе постоечки стереотипни слики. Со други зборови, медиумите бараат средини кои дозволуваат предрасуди. Нема корект ни медиуми, во средини кои се полни со дис криминација. Впрочем, луѓето читаат весници, гледаат теле- визија, слушаат радио, за да таму ги пронајдат свои те ставови. На тој начин и ги избираат меди умите кои ќе ги следат, според тоа колку нивната уредувачка политика се поклопува со нивните ве рувања и размислувања. Тоа медиу- мите го знаат и остварувајќи ја својата един- ствена цел, профитот, создаваат онаква слика, каква нивните гледачи или читатели сакаат да видат. Во тоа се содржи ре-создавањето за кое зборувам. Доколку да речеме, вие сте убедени дека Ромите како гру па се склони кон крими- нал и дека проблемот со криминалот во земјата се должи најмногу на кри миналните активности на членови од оваа заедница, тогаш секојпат кога ќе прочитате на стра - ниците на црната хроника дека оној кој го из- вршил делото е Ром, вие го зацврстувате ваше то убедување дека Ромите се криминалци. Можете ли да издвоите негативен и позити- вен пристап за информирање за Ромите? Во новинарството постои една многу важна лекција која секој иден новинар мора да ја научи, а тоа е како се известува за различно- стите. Особе но новинарите кои работат во ре- дакцијата црна хроника, мора да бидат многу внимателни. Во моето истражување во Буга- рија јас сретнав и забележав стотици примери кои самите по себе се одлични студии на слу- чај како не треба да се информира за „дру- гите“. За жал новинарите на еден од најтиражните весници Труд, во делот крими- нал или црна хроника, секогаш кога се работи за Ром осомничен за некаков криминал, уште во самиот наслов, не испуштаат да потенци- раат дека осомничениот е од оваа етничка за- едница. Ниту ед наш, не прочитав на пример, дека осомничениот е етнички Бугарин. Според диуми во средини скриминација ти Роми, нема јавни службеници Роми. И м со проблемот на експлицитна дискрими- рува дека сликата за Ромите ја создаваат по- нцијата, вели Лахтов 9 ЈУНИ 2009 ска Димишковска
  58. едно истражување спроведено во Бугарија во 2003 година „Користење на

    европските примери за социјална интеграција на етничките и култур- ните малцинства во Бугарската армија“ 92% од етнич ки те Бугари ги гледаат Ромите како крими- налци. Тоа значи дека секогаш кога овие 92% ќе прочитаат дека осомничениот е Ром, ја верифику- ваат својата предрасуда за Ромите како криминал - ци. И тоа е страшно. Коректно информирање значи информирање ос- лободено од предрасу - ди. Кога нема да ги поврзуваме криминал- ците со одредени етнич ки заедници, на тој на чин сугерирајќи не само дека целата таа заедница е кримино- гена, туку и дека кри- миналот се генерира внатре во заедницата. Тогаш зборуваме за објектив но и профе- сионално новинарство. Во Македонија вакви примери има се уште доста и јас сум среќен поради тоа. Од друга страна тоа што многу ме за гри жува е се поза- честената појава на другиот тип примери, иако ќе излажам ако кажам дека не очекував тоа да почне да се случува. Што мислите, зошто кога се зборува за сиро маш тија, прва асо- цијација за новинарите се Ромите? За жал Ромите се најголемите губитници на реде- финирањето на пазарот на трудот кој се случи како последица на промената на општественото уредување на почетокот на деведесетите. Илјад- ници семејства останаа без работа, без основна егзис тен ција и најмногу поради несоодветното образование немаа никаква шанса да пронајдат повторно работа. Живеејќи во затворени, гетои- зирани средини, Ромите ден денес се осакатени со несоодветно и неконкурентно образование кое државата им го обезбедува. Во такви услови нор- мална последица е новинарите да ја имаат оваа заедница како прва асоцијација кога се работи за сиромаштијата. Разликата е само кој е аголот на приказната. Многу текстови во овој контекст ги прикажуваат Ромите повеќе како привилегирана група отколку како дискриминирана. Како зло- потребувачи на социјалната помош, како искори- стувачи на довербата на државата и оние кои пла- ќаат данок. И тоа според мене се текстови кои ги содржат негативните стереотипи на авторот, но исто така, што е многу поважно, го пренесуваат и ставот на политичките и бизнис елитите, оние кои индиректно ја креираат и уредувачката поли- тика. Од друга страна, текстовите кои имаат цел да ги поттикнат надлежните институции да ја променат ситуацијата на Ромите и да помог- нат во решавањето на најголемиот проблем на оваа најмаргинали- зирана етничка за- едница, се многу мал ку, речиси ги нема. Бевте координатор во МИМ. Таму се гра- деле и се градат гене- рации на ромски новинари. Колку од нив работат во медиу- мите и колку нивната вклученост во медиу- мите придонесува да се намалат тие сте- реотипи и предрасуди за ромската попула- ција? Точно. До неодамна ра- ботев во МИМ и бев дел од создавањето на Програмата за едука- ција на новинари Роми, која претходно беше еден од најуспешните проекти во Унгарија, Рома- нија и Словачка. Користејќи го искуството од овие земји, создадовме мошне престижна едука- тивна програма низ која поминаа осумдесетина млади Роми. Идејата беше тие да поминат девет- месечна теоретска и практична обука во Инсти- тутот, а потоа да најдат место во некој од мејнстрим медиумите во Македонија. Сметавме дека тоа е еден од клучните елементи да се про- мени начинот на известувањето за оваа заедница. На прашањето зошто има толку малку или во- општо нема новинари Роми во редакциите на најголемите медиуми, добивавме одговори дека нема доволно образувани новинари Роми или дека нема доволно добри кандидати на конкур- сите. Сигурен сум дека денес голем дел од мла- дите новинари кои ја поминаа оваа Програма заслужуваат да имаат место во некој од овие ме- диуми, многу повеќе отколку многу новинари Македонци. За жал, не е така. Бројот на новинари Роми кои работат во ме- диумите се уште е многу мал. Тоа значи дека темите што се важни за оваа малцинска за- едница во Македонија нема да бидат трети - ра ни како што треба или воопшто нема да бидат третирани. Ова второво е мошне важно и треба одделно да се анализира. По- стојат медиуми, не зборувам за Македонија туку глобално, кои можеме да кажеме дека не го користат јазикот на омразата и во нив- ното известување не можеме да пронајдеме елементи на експлицитна дискриминација. Но, ако малку повнимателно ја анализираме содржината во овие медиуми ќе сфатиме дека тие од друга страна воопшто не ги тре- тираат малцинските теми. Ги игнорират. Ги сметаат за неважни. Во текстовите нема из- вори Роми, нема експерти Роми, нема јавни службеници Роми. И верувајте ми, ова е по- деднакво голем проблем со проблемот на експлицитна дискриминација. Што сево ова ни зборува? Ова ни зборува дека сликата за Ромите ја создаваат политичките елити, биз- нис елитите и интелигенцијата. Покрај недо- разбирањата во сите други сфери, во една тие се едногласни. Во третирањето на марги- нализираните. Затоа што сите зборуваат од името на доминантната група во опште- ството. { } 10 ЈУНИ 2009
  59. Образованието е патот за подобар живот и за надминување на

    проблемите Георге Николов Еден од поголемите пре- дизвици за воспитно образовниот систем во Република Македонија е да обезбеди механизми кои по- динамично ќе водат кон ви- зијата на Владата, образованието на Ромите во Македонија да биде еднакво по квалитет и по опфат како и за останатите етнички за- едници- еднакво образование за сите. Реално гледано, иако образо- ванието на Ромите во Маке- донија се одвива во попривилегирана законска и подзаконска регулатива во споредба со останатите ет- нички заедници и поради тоа бележи крупни позитивни постигања, сеуште е далеку од потребите на граѓаните Роми, односно не ги оства- рува очекувањата на Мини- стерството за образование и наука и на Владата. Главните проблеми се лоци- раат во неколку подрачја: ниската вработеност и обра- зовна структура на ромската популација, нискиот животен стандард и инертноста на менувањето на традициите на ромската популација во пристапот кон образо- ванието. Ако проблемот го погледаме од поблиску, пробле- мите стануват уште појасни. Секоја учебна година, запишувањето е проследено со нагласени кампањи на наставниот кадар од ос- новните училишта и невладините ромски органи- зации за успешен опфат на генерацијата првачиња во основното образоание. Вообичаено, со доза на ентузијазам и оптимизам учебната година започ- нува со голем опфат на генерацијата Роми, но вед- наш потоа се појавуваат проблемите кои носат јасен индикатор за економската немоќ на родите- лите на учениците да ги следат своите желби и желбите на децата за образование. Поради потребата од обезбедување средства за ег- зистенција цели ромски семјства во септември, ок- томври и ноември мигрираат од постојното место на живеење, во потрага по сезонска работа и зара- ботувачка. Во последно време тие излегуваат и надвор од Република Македонија при тоа водејќи ги со себе и децата –ученици. Значи учениците се извлечени од системот на образование не по своја желба, туку поради „извесна принуда”. Дали мо- жеме да ги задржиме учениците во училиште при миграција на нивното семејство? Оваа прашање е доста комплексно за да се даде едноставен одго- вор, но секако дека одговорот не треба да се бара во времени решенија, туку долгорочно во реша- вање на егзистенцијалните прашања на се- мејствата Роми во местата на живеење. За дел од опишаните проблеми Владата даде си- стемски решенија. Донесувањето на Законот за учебници во основното и средното образование со кој се обезбедуваат бесплатни учебници за сите ученици се очекува надминување на дел од овие проблеми во наредната учебна 2009/10 година. Најавата за реализацијата на проектот условените парични трансфери кои ќе бидат силен мотив за редовно посетување на образованието на учени- ците кои потекнуваат од семејства што користат социјална помош од државата. Секако тоа ќе даде одраз на успешното задржување на учениците Роми во системот на образованието, а исто така и успешно завршување на образованието, барем во делот на задолжителното средно обрзование, би- дејќи најголемиот дел од нив се корисници на со- 11 ЈУНИ 2009
  60. цијална помош. Покрај овие системски решенија, Владата издвои четири милиони

    денари за спроведување на об- врските од Декадата на Ромите, кои секако ќе пре- дизвикаат серија позитивни ефекти и поместување на состојбата кон поголем опфат и за постигну- вање повисоки резултати. Овие системски решенија се дел од мотивацис- ките мерки. Исто така, со закон се воведени и мерки на санкции во случаи да не се почитува за- конот за задолжително образование или напуш- тање на системот на образованието. Системските мерки на Владата мора да ги гледаме во за- едништво со придонесот на невладиниот сектор во остварувањето на владините политики за брзо изедначување на постигнувањата во образова- нието на учениците од ромската етничка заедница со постигнувањата на останатите ученици во Ре- публика Македонија. Нивната улога е од исклучи- телно значење. Праксата покажа дека комбинацијата на држав- ните системски мерки и промоцијата на потребата од образованието од невладините организации, чии програми се ориентирани кон подобрување на образованието на Ромите во Република Македо- нија. Директно во ромските средини и семејства, дава најдобри резултати. Делувањето на таквите невладини организации во десетина општини во земјава резултираа со голем скок на опфатот на ге- нерациите деца од ромската етничка заедница. Учебната 2009/10 година ќе даде појасна слика какви ќе бидат ефектите од системските мерки и активностите на невладиниот сктор, после што со поголема веројатност ќе може да се оцени кои до- полнителни актвности ќе бидат потребни за оства- рување на владината визија за еднакво образование за сите. Секако дека не постои алтернатива на фактот дека образованието е премин кон патот за подобар живот и надминување на проблемите во дел од ромската етничка заедница кои засега се идентифи- куваат како сегрегација или дискриминација. Авторот е државен советник за образование 12
  61. ТЕХАМАНА СКЕНДЕРОВСКА, ПРВАТА ЖЕНА ТРУБАЧ ВО ЗЕМЈАВА И СТУДЕНТ НА

    ЏЕЗ СТУДИИТЕ ВО ШТИП 13 ЈУНИ 2009 Техамана Скендеровска има 24 години и е од Куманово. Таа е во прва година на Држав- ниот универзитет Гоце Делчев во Штип и студира на отсекот за џез музика и свири на труба. Вели дека е првата жена во Македонија која свири на овој дувачки инструмент. Завршила средно техничко образование во Куманово, но повеќе афинитети покажала и покажува кон му- зиката. Техамана завршила и нижо музичко учи- лиште. Иако не е медиумски експонирана, многу музичари од земјава ја препознаваат како солиден вокал и потенцијален џез музичар. Техамана е и единствената девојка во градскиот оркестар во Куманово. Таа вели дека нејзините родители, а посебно татко и биле и се најголемата поддршка на патот на нејзиното образование. Како најголем неуспех ја смета паузата од завршување на сред- ното образование до запишувањето на музичката академија на штипскиот универзитет, но како најголем успех го смета нејзиниот прв настап пред публика и секако, запишувањето на сту- диите по џез музика. Љубица Гроздановска Димишковска Упорноста ја направи од машински техничар да биде првата џезерка – трубач Бидејќи на мојот отсек - џез не се запишуваат многу, јас сум единстве- ната Ромка, инаку на другите класи има уште Роми. Имам еден колега на класика (трубач) од Берово, и една колешка од Скопје на етнокореоло- гија. Значи само тројца Роми на цела музичка академија, вели Техамана
  62. ЗУМ 14 Од кога почна да се занимаваш со музика,

    со пеење? - Искрено не знам како и кој го открил талентот во мене. Како малечка, самата знаев дека ги пого- дувам тоналитетот и ритмиката, свесно или не- свесно. После одредено време сфатив дека можноста за пеење и начинот како го правам тоа, почна мене лично да ми се допаѓа. Инаку прв пат на сцена се појавив на 18 години. Со оглед на тоа како пееш, те споредуваат со кралицата на ромската музика Есма Реџепова. Си имала ли можност да пееш пред нејзе и како се чувствуваш на ваквите коментари? - Есма Реџепова е приказна за себе, не ги сфаќам толку сериозно споредбите со неа, дури многу пати и ми пречи. Чувствувам, а верувам и сите оние што добро ја познаваат музиката дека јас кога импровизирам, го правам тоа на мој личен начин. Музиката ја сфаќам многу пространо и не гледам дека некогаш имам потреба да направам нешто за да ме споредат со госпоѓата Реџепова. Чувствата кога настапуваш се огромни, а јас пра- вам музика од душата додека пеам, и веќе си имам сопствен стил. Инаку, немав можност да пеам пред неа, иако требаше да соработуваме уште во 2002, заедно со ромскиот центар НРЦ од Куманово и со Боби Серафимовски. Што е она што најмногу те фасцинира кај ромската музика? - Ќе издвојам неколку работи кои јас ги доживу- вам како битни за ромската музика. Битно е тоа што ( можеби пред неколку години не можев тоа да го дефинирам, ама сега кога музиката ја гле- дам и ја сфаќам поинаку...) морам да кажам дека секаде во светот Ромите, ромската музика ја негу- ваат, чуваат, ја пренесуваат од колено на колено и и даваат сложена форма. Фасцинантно е тоа што таа веднаш може да се препознае, каде било и од кој било слушател. Друго што е битно, е тоа што, ромската музика е премногу богата и се одликува со премногу убави мелодии и преубави ритмички фигури. Колку во Македонија се негува ромската му- зика? - Не можам со сигурност да кажам. Обично мла- дите денес сакаат да направат модерна музика и не се занимаваат многу со старите работи. Јас лично знам многу стари ромски песни, а позна- вам и доста луѓе кои исто така ја познаваат добро ромската музика, што значи дека во мојот град Ромите, доста и даваат значење на ромската му- зика, а за останатите не знам, и не можам да ви одговорам. Со какви се тешкотии се соочуваш како Ромка и како пејач? И колку си упорна во тоа што го правиш? Што е тоа што те прави да бидеш упорна? - Имав многу тешкотии. Првото разочарување кое секогаш ќе го кажувам секаде е кога сакав да се запишам на средно музичко училиште во Скопје, постоеше некоја дискриминација од страна на професорите, што ми го забави раз- војот во моето образование кога е во прашање музиката. Ова не ми ја скрати упорноста. Про- должив да се борам понатаму и успеав после девет години пауза да се запишам на музичка ака- демија. Упорноста е битен сегмент за било која личност. Ако не си упорен во тоа што сакаш да го направиш, никогаш нема да има резултати во тоа што сакаш да го постигнеш во животот. Студираш музичка академија и свириш на труба. Колку девојки во твојата генерација свират труба? И дали си единствена Ромка во твојата класа? - Во Македонија сум единствената девојка што свири на овој инструмент. Бидејќи на мојот отсек - џез не се запишуваат многу, сум единствената
  63. ЗУМ 15 { } членови, негови колеги, беа запознаени дека

    не- говата ќерка свири на труба и некои од колегите дојдоа да ме прашат дали сакам да сум дел од сето тоа, вклучително и патувањето во Франција. Инаку градската музика ‘‘ИЛИНДЕН‘‘ – мина- тата година славеше 100 години јубилеј од нејзи- ното постоење. Обврски кон оркестарот се тоа што неделно имаме две проби, на кои се подгот- вуваат материјали за концертите кои ги одржу- ваме по повод некој празник и слично. Инаку морам да додадам дека ИЛИНДЕН е единстве- ниот оркестар кој редовно е активен во Македо- нија. Компонираш ли сама? Се обидуваш ли да се пробиеш на македонската музичка сцена? Колку е тешко и зошто? - Досега немав прилика да се ангажирам по- активно во однос на аранжирањето, инаку од чет- врти семестар имаме предмет кој се вика баш така ‘‘аранжирање‘‘ – што значи дека тоа е дел од сето тоа што го сакам и работам во моментот (мислам на образованието) и дека ќе имам мож- ност да сработам мое лично парче, кое ќе влече задолжителна оценка во мојот индекс. Пробива- њето на македонската музичка сцена е напорна работа. Или пак, мене ми е битно да направам едно квалитетно дело, отколку 12 квантитетни. Не сакам да кажам ништо однапред, сепак имам планови за ова. Освен со музика, се занимаваш ли со нешто друго? - Музиката нема крај, така што немам време да се занимавам со други активности. Што значи образованието за тебе? Кој е најза- служен за твојот успех и за твојата упорност? - Образованието е гранка која го возвишува чове- кот во секаква смисла. Најзаслужни за мојот до- сегашен успех, се моите родители. Благодарение на татко ми сум, таму кај што сум сега, а упорно- ста ја градевме заедно многу години наназад до- дека не се запишав на музичка академија. Кој е најголемиот успех и неуспех што го имаш доживеано? - За неуспех...неуспехот е што имав пауза во моето образование и поради таа пауза сега по- тешко се одвиват работите кои требало да ги знам уште на 17-годишна возраст, а јас сега имам 24. Овие две работи се доста поврзани и секогаш одат заедно, после секој неуспех, следи успех и те тера да продолжиш понатаму со работата, макар таа да била најтешка. Најголемиот успех кој го доживеав е кога се качив на сцена за прв пат, и кога забележав дека публиката остана без здив од мојот настап и овациите што следеа после тоа. И вториот успех е моето запишување на музичка академија. Имам еден колега на класика (трубач) од Берово, и една колешка од Скопје на етнокореологија. Значи само тројца Роми на цела музичка академија. Член си и на градскиот оркестар во Куманово. Таму си најмладиот член и единствената де- војка или? Како успеа да станеш нивни член? Какви обврски имаш таму? Имаш ли можност така да патуваш? - Не сум најмладиот член, бидејќи од пред една година примија нови членови во градскиот орке- стар (примени се повеќе млади луѓе кои свират на различни иструменти) така што најмладиот член сега има 14 години. Тоа дека сум единстве- ната девојка е причина затоа што многу ретко не- која девојка може да се одлучи за некој дувачки иструмент, што надвор од Македонија не е ника- ков проблем. Уште во 1998 година, оркестарот имаше потреба од музичари што свират на труби, а таа година требало да се оди во Франција. Би- дејќи татко ми е стар член во оркестарот, другите
  64. Здравјето како услов за квалитетен живот и социјална заштита на

    секој човек, претста- вува многу важна компонента за секое битие без разлика на национална, религиозна или расна припадност. Хуманоста која е стожерен дел од сликата на здравствена заштита, години наназад е избледена реалност за економски слабите паци- енти. А, тоа најмногу се однесува на ромската популација во Република Македонија. Од 2007 година НРЦ работи на оваа тематика со цел да се идентификува ситуацијата на терен, да се креира слика за вистинските потреби и про- блеми со кои се соочува жената Ромка. Но, токму поголемиот дел од ромските жени најмалку вни- маваат на своето здравје. Во рамките на проектот почнат пред две години, се дојде до следниве ре- зултати, кои навистина се поразувачки, прво како информации, а потоа како реален проблем на терен. Така, од остварени 2.756 посети и попол- нети прашалници откривме дека 1.789 жени во- општо немаат посетено гинеколог. Вкупно 1.232 воопшто не посетиле лекар, а 2.580 интервјуи- рани жени посочија дека изгубиле дете при ра- ѓање. Над три пати абортирале вкупно 357 (со што овој акт се сведува како присутен начин на контрацепција). Овие податоци се објавени во публикацијата ,Просперитет и здравје на жената Ромка - пат кон предизвици,. Но, исто така врз основа на овие податоци се дадени препораки до Министерството за здравство, како и на релевант- ните институции на национално и на меѓуна- родно ниво. Оттука, која e главната цел на проектот? Да им се дозволи на Ромските жени пристап до квали- тетни здравствени сервиси, да им се укаже дека треба што повеќе да бидат свесни за нивното здравје, да се информираат за социјалните и останатите права и како и што да преземат во случај на прекршување на нивните права. Про- ектот има за цел да ја промовира социјална ин- клузија и едукација за здравствените прашања и превенција кај жените Ромки. Активностите во овој проект, вклучуваат под- дршка за зајакнување на вклученоста на жените Ромки, преку акции поврзани со промоција и за- штита на правото за здравствена заштита. Се ор- ганизираат ПАП тестови, стручни лекари ги едуцираат жените за превенција од разни забoлу- вања како и за полесно препознавање на симпто- мите на најризичните заболувања. Алармираме за значењето на вакцинирањето како превенција, со- работуваме со гинеколози, на најзагрозените слу- чаи им помагаме да обезбедат лична документација, од извод на родени до здравствена книшка, без никаков надоместок од нивна страна, публикуваме брошури... Сите овие активности се реализираат со помош на шест асистентки во четири града во земјава – Ку- маново, Крива Паланка, Битола и во Прилеп. Во активностите исто така се вклучени и лекари кои покажуваат интерес доброволно да учествуваат во акциите во овие градови. Реалноста дека ромските жени најмалку обрну- ваат внимание на своето здравје. Тоа беше иден- тификувано како проблем за дискусија од страна на активисти и ромски невладини организации кои во рамките на националната стратегија и Де- кадата за инклузија на Ромите се ставени во приоритетните теми на кои треба да се работи. Владата во последно време промовира кампањи, но мора да се истакне дека недостатокот на меѓу- ресорска соработка е голем недостаток кој ги бло- кира афирмативните акции. Мотото Здрави луѓе - здраво општество нека даде поттик на ефективно здравство за сите. ЗДРАВСТВО Жените Ромки најмалку посветуваат внимание на своето здравје Себихана Скендеровска Од вкупно 2.756 анкетирани жени, 1.789 жени воопшто немале посетено гинеко- лог. Вкупно 1.232 воопшто не посетиле лекар, а 2.580 интервјуирани жени посо- чија дека изгубиле дете при раѓање. Над три пати абортирале вкупно 357 16 ЈУНИ 2009
  65. 17 ЈУНИ 2009 Поставување систем за целосна опфатеност на децата

    Роми во образованието, посебно во средини каде што наставата се одвива на македонски и на албански јазик, отворање катедра на ромски јазик со цел да се надмине таа јазична бариера кај децата, мониторирање на осипувањето кај учениците Роми и како да се надмине тој проблем, како да се обезбеди поквалитетно образование за Ромите беа само дел од темите на кои се дискутираше на конференцијата за еднаков пристап до квалитетно образование на Ромите што се одржа на 12 јуни во Скопје. Конференцијата ја организираше Националниот ромски центар од Куманово, а е дел од активностите на ЕУ Моноторинг и адво- каси програмата и Институтот Отворено општество од Будимпешта. Неодењето на децата Роми во основно училиште се правда со нискиот социјален статус и сиромаштијата, а тоа е и причината што и покрај законот, години наназад нивните родители не биле санкционирани и биле ослободувани од парични казни. -Проблемот тука е што родителите не се запознаени со последиците од законите, но тоа е така поради нивниот социјален статус. Се работи за сиромашни семејства, необразовани родители. Наставниците треба да имаат разбирање, рече Ѓулсефа Куртеши, наставничка во осмолетката Јане Сандански во Скопје. Дискутантите препорачаа обука на родителите од ромската етничка заедница за значењето на едукацијата и за активно вклучување на децата во образованието, што е главна цел на Декадата на Ромите (2005-2015). Беше предложено и воведување редовна настава на ромски јазик Целосен опфат на децата Роми и надминување на јазичната бариера – чекори кон подобро образование КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЕДНАКОВ ПРИСТАП ДО КВАЛИТЕТНО ОБРАЗОВАНИЕ НА РОМИТЕ Неодењето на децата Роми во основно училиште се правда со нискиот соци - јален статус и сиромаштијата, а тоа е и причината што и покрај законот, години наназад нивните родители не биле сан кционирани и биле ослободувани од парични казни
  66. 18 поради непознавање на македонскиот или албанскиот јазик на кој

    треба да учат, или ромскиот да биде дел од двојазична настава. За да го поттикне запишувањето на Ромите во средно образование, Министерството за образование и наука од 2008/2009 воведе посебна Програма за стипендирање средношколци Роми и им доделува по 2.200 денари месечно на 650 ученици од ромската заедница запишани во прва година. Меѓу владините мерки за стимулација на образованието кај Ромите е и изградбата на средното училиште за економско-правна и трговска насока во ромската општина Шуто Оризари што почна пред три месеци. Министерот за образование и наука Перо Стојановски отворајќи ја конференцијата истакна дека Владата и МОН работат на развивање на свеста кај младите Роми за корисноста и потребата од образование на сите нивоа. - Интеграцијата на Ромите во македонското општество може најуспешно да се реализира преку образованието, зашто тоа е еден од клучните фактори кои ја одредуваат сиромаштијата, квалитетот на животот и високото ниво на невработеност, рече Стојановски. Тој го поздрави и придонесот на Фондацијата Институт отворено општество - Македонија за вклучување на ромските деца во образовниот систем. За да успеат да се запишат во поатрактивните училишта, во Конкурсот за упис во јавните средни училишта во учебната 2009/2010 година е предвидена нова мерка на позитивна дискриминација на учениците Роми, која им овозможува тие да се запишат со десет проценти помалку од предвидените поени за соодветни наставни планови и програми. - Потребна е поголема вклученост на децата Роми, посебно на женските деца. Најважно е предучилишното образование. Работиме на обука на наставници, на кадар од ромска националност, посебно на Роми помошници во основното обра- зование во совладувањето на јазичните бариери. Децата Роми мора да се вклучат во вонучилиш- ните активности, а ќе ни требаат и тутори во ос- новното и во средното образование. Учениците Роми ќе се стипендираат под олеснети услови, а на Филолошкиот факултет во Скопје ќе се отвори катедра за ромски јазик. Во перидодот 2009-2011 година ќе се работи на описменување на неписме- ното население, рече Неждет Мустафа, министер без ресор. - Овие десет проценти ја заменуваат претходната мерка на МОН која гарантираше по еден ученик во секој клас. Решивме да ја смениме таа политика, зашто се случуваше слаби ученици да ни се запишат во многу атрактивни училишта и потоа уште во прво полугодие или на крајот на првата учебна година да ги снема бидејќи во таа средина се бара многу повеќе знаење и тие тешко се снаоѓаа, изјави Реџеп Али Чупи, директор на Управата за развој и унапредување на јазиците на припадниците на заедниците. Според МОН, процентот на Роми кои отсуствуваат од наставата е намален во 2008/2009 година. Од вкупно 10.550 запишани првачиња во основните училишта, 1.643 се Роми. Во прва година средно се запишале 650, а во сите четири години во средно има околу 2.000 ученици од ромската етничка заедница. Во високо образование има околу 300 студенти Роми. На проблемот на осипувањето на децата учесниците на конференцијата се согласија дека прво треба да се дефинира терминот осипување, потоа да се направи анализа на терен за на крај да се спроведат соодветни мерки за намалување на осипувањето на учениците Роми. - Секој различно го оценува осипувањето и затоа провејуваат различни бројки за оваа појава. Во основното образование нема осипување околу 35 отсто, а нема 90 отсто осипување во средното, како што некои тврдат. Треба да определиме што е значи осипувањето, како да го дефинираме, за потоа да знаеме како да реагираме. Секако дека осипување има, но бројките треба да се следат, посочи Љупчо Спасовски, раководител на секторот за основно и за средно образование. Љатиф Демир, советник на министерот без ресор пак истакна уште еден проблем на кој треба да се работи – дискриминацијата.
  67. 19 Цена за невестата и прослава со денови За Ромите,

    веридбите и свадбите се големи и весели на- стани, означувајќи го проширувањето на семејството и продолжувањето на ,лозата,. Поради тоа, тие се про- следени со огром ни прослави. Сите Роми очекуваат да се мажат или да се женат. Обичаите и ритуалите за верид ба и за свадба се традиционални и варираат од земја во земја поради различните групи Роми во светот. И покрај митот за неморалноста кај Ромите, мнозинството Роми стриктно се придржуваат на правилата за сексуално однесување. Се очекува тој или таа да се оженат или омажат за некој од нив- ната група. Дури и со почит кон другите Роми, изборот за животен сопатник/сопатничка може да биде ограничен. На овој начин, Ромите сметаат дека ќе ја одржат својата група и социјалната ,чистота,. Ако Ром се ожени за gadji, неговата заедница евентуално може да ја прифа ти, посочувајќи дека таа мора да го прифати ромскиот начин на живот. Но, го- лемо кршење на marime кодот е ако Ромка се омажи за gadjo, затоа што Ромките се гаранцијата за опстанок на по- пулацијата. Во случај на мешан брак, многу групи сметаат дека децата се Роми, ако таткото е Ром. Ромите очекуваат дека девојките се невини кога стапуваат во брак и дека треба да им бидат верни на сопрузите до крајот на нивните животи. Традиционално, Ромите стапуваат во брак на рана возраст, најчесто пред да наполнат 14 години. Но, влијанието на Gajikane ја ослабува оваа традици ја во многу земји. Првиот чекор во планирањето на бракот е селек- цијата на невестата. Во многу делови од светот, ова се прави како и во многу не-ромски средини. Момчето се до- дворува, а кога младата двојка е согласна да стапи во брак, тие прво прават верид ба и си разменуваат скромни пода- роци. Родите ли те секако се консултираат, но одлуката сепак ја донесува двојката. Многу групи Роми се уште го прак- тикуваат купувањето на невестата. Плаќа семејството на младоженецот. Со тоа, се компензирала загубата на ќерката, но и со тоа се означува дека се дава гаранција дека таа ќе биде добро чувана. За многу ромски групи во светот, роди- телите се тие што ги договараат браковите. Идните младо- женци може да биде консултирани, но нивните мислења многу ретко се почитуваат во донесувањето на конечната одлука. Според обичаите на овие ромски групи, многу е важна улогата на родителите да најдат соодветни невести за нивните синови. Тие внимателно ги земаат во предвид сите млади, немажени девојки од групата, оценувајќи ги нивните индивидуални квалитети. Со интеграцијата во не- ромски општества, многу млади двојки се спротивставиле и се спротивставуваат на договорените бракови и во таков случај двојката се решава на бегство. Така, двојката зами- нува на одреден период. Кога ќе се вратат, тие се казнети, а понекогаш дури и плаќаат глоба. Со време, тие се прифа- тени како брачна двојка. Семејството игра активна улога во формалностите околу бракот, така што во очите на не-Ро- мите, тие може да изгледаат долги и детални. Прво, има долги дискусии помеѓу родителите, особено околу миразот. Тоа е сума која што е наменета за компензација за потен- цијалната моќ на заработувачка на снаата, која е земена од нејзината фамилија и која треба да се приклучи кон се- мејството на нејзините свекор и свекрва. Физичкиот изглед е најмалку важен во изборот на невестата. Идните невести се проценуваат според нивните доблести, како што се здравјето, силата, препозициите, однесувањето, како и нејзините домаќински вештини. Карактерот на нејзиното семејство, како и нивниот престиж во заедницата исто така ОБИЧАИ: РОМСКА СВАДБА Со интеграцијата во не-ромски општества, многу млади двојки се спротивста- виле и се спротивставуваат на договорените бракови и во таков случај двојката се решава на бегство. Така, двојката заминува на одреден период. Кога ќе се вратат, тие се казнети, а понекогаш дури и плаќаат глоба. Со време, тие се при- фатени како брачна двојка
  68. 19 ЈУНИ 2009 се земаат во предвид. Во ваквите случаи,

    додворувањето не е вклучено. Има случаи кога двојката не се знае пред бракот. Вообичаено, родителите испраќаат трето лице кај родителите на девојката за да праша за мислење за младо- женецот. Одбивањето на формалниот предлог се смета за срам. Ако се оди добро, таткото на младоженецот потоа се јавува на таткото на невестата. Тоа е многу учтив и сериозен состанок. Целта на состанокот е да се утврди цената која треба да се плати за неа. Парите се всушност компензација за загубата на ќерката. Дискусијата може да биде долга. Како дополнување, таткото на девојката пресметува колку го чинела неговата ќерка од нејзиното раѓање до нејзиното мажење. Верувањето е дека неговите пари помогнале да стане тоа што таа е во моментот пред мажењето. За време на дискусијата, понекогаш, е неопходно да бидат присутни и сведоци, кои треба да посведочат за добрите квалитети на невестата. Тие може да бараат повисока цена или да по- викаат други пријатели за преговарање. Кога договорот е постигнат и цената за невестата е прифатена, состанокот завршува со тоа што свекорот пие чаша вино. Тоа значи дека младоженецот е и официјално прифатен за сопруг, под договорените услови. Постигнатиот договор најчесто е придружен со забава, со музика, пеење и играње. Идната невеста и нејзиното семејство жалат и плачат бидејќи де- војката ги напушта. Семејството на младоженецот понеко- гаш се жали што цената за невес тата е превисока. Неколку дена по договорот, се одржува церемонија која се нарекува pliashka – plotchka. На овој настан доаѓаат роднини и пријатели од двете страни. Симболот на оваа прослава е шише вино или бренди завиткано во јако обоено свилено шамиче, кој на прославата го носи таткото на младожене- цот. Ѓердан со златни парички традиционално е поставена на шишето. Свекорот потоа го вади ѓерданот и и го става на вратот и топло ја прегрнува.Ѓерданот јасно им покажува на сите дека девојката е верена и дека не е достапна за други мажи. Свекорот пие од шишето и им го дава на другите. Кога шишето ќе се испразни, тоа повторно се полни со вино или со бренди. Шишето подоцна ќе се користи на свадбата. Свадбата која се нарекува abiav, е многу голем симболичен чин, без никакво религиозно значење. Иако Ро- мите се прилагодуваат на локалните закони и обичаи во земјите во кои живеат, религиските и цивилните церемонии на не-Ромите се само формалности во споредба со церемо- ниите на Ромите. Има традиционални но, едноставни свад- бени церемонии од страна на некои групи Роми. Во некои бракови, невестата и младоженецот ги спојуваат рацете пред главниот на групата или пред старешината и си вету- ваат дека ќе си бидат верни еден на друг. Само мал број на церемонии почиваат на обичаи со леб. Во еден обичај, не- вестата и младоженецот земаат по едно парче леб и ставаат по една капка крв на лебот. Потоа, ги разменуваат парчи- њата леб. Во друг ритуал, двојката седи долу, опкружена од роднините и од пријателите. Потоа, малку сол и леб и ставаат на колената на невестата. Младоженецот зема малку леб, става сол на лебот и го јаде. Невестата го прави истото. Единството на лебот и на солта симболизира хар- монична иднина. Неформалното, весело прославување на бракот може да трае неколку дена. Се сервира голема гозба по повод вакви, радосни моменти. Понекогаш дури има и оган на отворено на кој, на ражен се печат прасиња, ко- кошки, гуски...Ако е возможно, дури и еж (бодликаво прасе) може да биде сервирано, иако ова традиционално јадење не се практикува во последно време. Може да има големи чинии со печен компир и сварена зелка полнета со ориз и дробено месо, зачинета со тревки и со лук. Не се штеди и на пијалоците. Музиката е традиционална ромска. Свадбените подароци најчесто се во пари. Овие пари ќе и помогнат на двојката да го почнат нивниот заеднички живот. Кога церемонијата ќе заврши, време е младожене- цот да ја однесе својата невеста дома. Семејството на не- вестата ја бакнува девојката и плачат додека и ја растураат косата, во знак на нејзиниот нов статус. Нејзината свекрва и помага да ја заплете нејзината марама како знак дека таа е мажена жена. Во јавност, таа повеќе не е видена без ма- рамата. Славењето завршува, новиот живот за двојката по- чнува. Тие сега го заземаат своето место во заедницата. Најголема промена кај момчето е што тој е социјално при- фатен од страна на другите женети мажи. Промените кај девојката се порадикални бидејќи заминувајќи од својот дом, таа собира се што нејзе и припаѓа и се сели кај се- мејството на нејзиниот сопруг. Од неа се очекува да земе активно учество во одржувањето на домот. Се додека не им се роди првото дете, а понекогаш и другите деца, не се селат во нивен сопствен дом. Се додека не станат родители, тие се ословуваат како жена и маж. Претходно, тие во ме- ѓусебната комуникација се ословуваат со нивните имиња. Меѓу Ромите бракот е многу сериозна обврска и има строги правила од двете страни. Ако девојката изврши прељуба, нејзините родители мора да ја земат назад и мора да ги вра- тат парите што претходно биле дадени за невестата. Не- верството во бракот, историски гледано имало сериозни последици за жената, вклучувајќи и телесни казни – marime. Ако таткото на девојката почувствува дека нејзи- ниот маж или свекорот или свекрвата не се однесуваат добро кон неговата ќерка, тој има право да си ја земе назад. Во многу случаи, многу жалби се слушаат пред да се на- прави крајниот договор. Извор Патрин
  69. 20 ЈУНИ 2009 Образованието како сегмент од нашето секојдневие е

    комплексен процес кој што бара огромни напори за негово организирање и ква- литетно и непречено функционирање. Организирањето и финан- сирањето на образованието претставува голем предизвик за сите држави во регионот и пошироко, па така и за Република Македо- нија затоа што се потребни големи финансиски средства, следење и примена на голем број закони и подзаконски акти, правилници. Потребно е постојано иновирање на наставните програми, при- мена на нови, кои што се соодветни на промените кои што се случуваат во светот и кај нас и на крај, потребна е одредена доза на креативност и флексибилност во работата. Па согласно горена- веденото и учениците од ромска националност се судираат со голем број на истите проблеми кои што се појавуваат во образова- нието. Како главен проблем кој се јавува кај учениците од ромска националност е ненавременото вклучување на овие деца во на- ставниот процес започнувајќи од најраната возраст, односно имаме одреден процент на деца кои не се опфатени во училишните клупи согласно Законот за основно образование, како и нивното напуш- тање на образовниот процес уште во текот на основното образо- вание. Потоа имавме мал процент на ученици кои завршуваа средно образование и кои продолжуваат на факултетите. Секако дека како главна причина за овие проблеми тука би ја навеле мате- ријалната положба на родителите. Причина, која според мене не е оправдување затоа што сметам дека токму преку образованието може да се дојде до повисок социјален статус. Со завршување на средно и високо образование нормално дека можностите за вра- ботување се поголеми, а со тоа и за промена на начинот на разми- слување, живеење и воопшто за подобрување на нивната материјална положба. Што се однесува до самата организираност на институциите што се надлежни за спроведување на образова- нието во земјава почнувајќи од Министерство за образование и наука (МОН) па се до одделите во општините задолжени за орга- низирање и спроведување на образовниот процес, сметам дека е на одредено задоволително ниво. Но, сепак сеуште има простор за подобрување на нивните капацитети. Со оглед на тоа дека пробле- мите кај учениците од ромска националност се најизразени во однос на другите ученици мислам дека институциите треба пого- лем акцент да стават на решавање токму на овие проблеми одно- сно, да претставува еден од нивните главни приоритети.За решавање на проблемите кај учениците Роми кои што ги спом- навме претходно потребно е превземање на низа чекори. Би навел неколку постапки за подобрување на образовниот процес кои што општина Прилеп во соработка со други институции и невладини организации ги реализираше во периодот откако е започната де- централизацијата на образованието од 2005 година и сметам дека овие постапки претставуваат еден вид патоказ како постапно би требало да се работи за да се надминат проблемите кои што ги имало во минатото и ќе ги има во иднина. Но, со една упорна и си- стематска работа мислам дека тие се повеќе и повеќе ќе се нама- луваат. Се започна со вклучување на деца од ромска националност во детските градинки во соработка со Министерството за труд и социјална политика (МТСП) каде дел од нивниот престој се фи- нансира со сретства од општина Прилеп и тука се опфатени повеќе од 30 дечиња кои што имаат и воспитувач од ромска националност. Оваа бројка на деца во иднина треба да биде многу поголема затоа што едукацијата на децата започнува уште во детските градинки. Следен чекор беше целосно да се опфатат евидентираните деца кои што согласно Законот за основно образование требаше да по- чнат во прво одделение и тука сметам дека главна улога одигра ин- формираноста на родителите која што ја постигнавме преку изда- вање соопштение преку јавните медиуми и во соработка со повеќе невладини организации успеавме да ги опфатиме сите евиденти- рани деца, односно во минатата учебна година во општина Прилеп во прво одделение имаме повеќе од 100 ученици. Како еден од следните чекори којшто се превзема за опфаќање на децата е про- должување на проектот кој што започна во соработка со италијан- ската невладина организација ИНТЕРСОС за опфаќање на деца во образовниот процес кои што ја надминале старосната образовна граница па моментно имаме две паралелки со повеќе од 40 уче- ници, исто така во прво одделение. Една од мерките што се реали- зира за подобрување на образовниот процес е и изградбата на мултикултурниот центар во населбата Тризла, исто така во сора- ботка со ИНТЕРСОС, каде што учениците имаат можност за до- полнителна настава и културни активности. Следна мерка која е планирана да се реализира во соработка со МТСП е отворањето центар за деца на улица во кој центар тие деца би биле прифатени и би се работело на нивно едуцирање. Друга активност која ние конкретно ја спроведуваме односно се обидуваме да ја реализи- раме е запишување на дел од учениците од ромска националност во други училишта во нашата општина кои што се наоѓаат во не- посредна близина на населбата Тризла каде што живеат најголем број на жители од ромската националност. Следна активност во соработка со средните училишта е запишување на сите осмооде- ленци од ромска националност во средно образование преку пре- зентација на самите училишта пред учениците и нивните родители, како и помош при уписот на учениците. Во минатата година повеќе од 95% од осмооделенците се запишаа во средно образование и уписот беше според желбите на самите ученици. Една од мерките која што во соработка со невладините организации и други над- лежни институции за надминување на проблемите во образова- нието на децата Роми е едукацијата на родителите и постојаните контакти со нив. И во иднина треба да се посвети посебно внима- ние на оваа активност затоа што нормално влијанието на родите- лите врз децата за вклучување во образовниот процес има примарно значење. Но една од главните активности која што со- гласно нејзините ингеренции ја превзема општината е подобру- вање на условите за учење на учениците посебно во О.У . Добре Јованоски преку комплетно реновирање на училишната зграда, опремување со нов училишен инвентар, изградба на спортска сала со што би добиле многу подобри услови за спроведување на обра- зовниот процес. Сите овие активности општина Прилеп ги реали- зира, како што напоменав повеќе пати, во соработка со службите од училиштата, посебно од основното училиште “Добре Јова- носки” каде што околку 70 % од учениците се од ромска нацио- налност, потоа во соработка со ромските невладини организации кои секогаш се отворени за соработка и која соработка треба уште да се продлабочи особено после неодамнешното назначување на советникот на градоначалникот за ромски прашања. Тука посебно би ја споменал и соработката со Националниот Ромски Центар (НРЦ) од Куманово кој што сметам дека имаат правилен и систе- матски пристап во решавањето на проблемите односно без импро- визирање. Исто така на ниво на општина Прилеп во решавањето на различните проблеми во областа на образованието добредојдена ни е соработката со Бирото за развој на образованието во Прилеп, државните просветни инспектори и службите од МТСП. Авторот е советник за образование и за спорт и е овластен просветен инспектор во општина Прилеп Образованието на учениците од ромска национал- ност во општина Прилеп - проблеми, организација и идеи за решавање на проблемите Марјан Матракоски
  70. 22 ЈУНИ 2009 Слично на афро-американските песни созда- дени и

    испеани за маката што овие луѓе ја чувствуваа додека како робови работеа на па- муковите полиња во јужните делови на САД, така и во стиховите на ромските песни мо же да се види ма- ката што овој народ ја имал и ја има. Преку песните Ромите ги искажувале своите маки, таксиратот по- стојано да се селат, да бидат жртви на разни егзо- дуси, да трагаат по парче леб, а продолжуваат и денес со напорите да се етаблираат во земјите во кои живеат и да се изборат за рамноправен статус како и другите народи...Но, преку песните тие ги искажу- вале и ги искажуваат и своите радости и среќни мо- менти. Првата асоцијација за не-Ромите е токму песната и ромската музика како заштитен знак на овој народ. Првата асоцијација за Ромите е песната Ерделез – Ѓурѓовден. Но, има и други песни кои по- веќе или помалку се познати како меѓу ромското, така и меѓу не-ромското население во земјава. Влијанието на модерната музика од запад и разните стилови кои денес се модерни меѓу младите влијае да се заборави традиционалната ромска музика и да не се почитуваат музичките корени и ромската култу ра. Ова се причините зошто Националниот Ромски Центар (НРЦ) од Куманово подготви доку - ментарен филм за музичари од Куманово кои компо- нираат, свират и ја одржуваат во живот ромската музика. Проектот е инициран и подржан од Декадата за ромска инклузија, ОСИ Будимпешта, The Greens/EFA in the European Parliament. -Многу нации во светот се изборија за подостоин- ствен живот, каков што е примерот на афро-амери- канците преку создавањето на оригинална култура, идентитет и правци во музиката. Несомнено и ние Ромите поседуваме ризница со такви богатства за презентирање на вредностите на романипен , со на- шите песни, нашата култура се со цел да достигнеме високо ниво на нашиот културен идентитет. Потре- бено е да останеме Роми. А со таа позиција да го зајакнеме нашето место во најсовремените стан- дарди на живеење. Културниот идентитет е богат- ство на секоја нација, вели Ашмет Елезовски, директор на Националниот Ромски Центар од Кума- ново. Пред 30-40 години во Куманово живееле многу Роми кои биле поделени во неколку маала и кои ја негу- вале ромската музика. -Во Куманово денес живеат шест илјади Роми. Пред 30-40 години живееја повеќе. Бројот на Ромите денес е помал бидејќи голем број заминале во потрага по подобра работа и подобар живот. Тоа е реалноста. Во тоа време, а и денес Ромите беа поделени во четири ДОКУМЕНТАРЕЦ ЗА РОМСКАТА МУЗИКА – ИСПЕАН ЖИВОТ Музиката им е в Многу нации во светот се изборија за подостоинствен живот, каков што е примерот на афро-американците преку создавањето на оригинална култура, идентитет и правци во музиката. Несо- мнено и ние Ромите поседуваме риз- ница со такви богатства за пре зен тирање на вредностите на рома- нипен , со нашите песни, нашата кул- тура се со цел да достигнеме високо ниво на нашиот културен идентитет. Потребно е да останеме Роми. А со таа позиција да го зајакнеме нашето место во најсовремените стандарди на жи- веење. Културниот идентитет е богат- ство на секоја нација, вели Ашмет Елезовски, директор на Националниот Ромски Центар од Куманово
  71. 23 ЈУНИ 2009 маала, Горно маало, Долно маало – Средорек,

    Бе- диње и Бараке. Ромите од секоја населба си имаа свој стил на живеење. Се занимаваа со многу занаети, но најистакнати беа три – гурбети – џамбазите се зани- маваа со трговија, ковачите имаа свои дуќани рабо- тејќи го ковачкиот занает и Ерлие и гавутне Роми кои се занимаваа со музика и со аргатување – работа на ниви...Каде и да се најдеа, почнуваа да пеат. Всуш- ност, каде од каде и да до- аѓаат, ги пренесуваат и своите песни. Кај нас пес- ната е всушност ромската душа, традиција, обичај и култура. Песната раска- жува кога ние сме ра- досни, кога плачеме, зборуваме, се смееме, рас- кажува Ќазим Скендеров- ски, од Куманово. Неговиот сограѓанин Исмет почнал да свири уште кога имал 8 години. Ја запознал музиката од многу стари мајстори на ромската песна. - Како почетник почнав да свирам со многу стари мајстори кои беа многу прочуени. Со свирење по- чнав на албански свадби со Ќамил кој свири на кла- ринет и со Шемсија кој свиреше на тарабука. Јас бев најмладиот меѓу нив. По две години направивме еден добра оркестар кој беше многу популарен во тоа време и кој постоеше 14 години. Сиромашни луѓе бевме, немавме можност за образование, но како што знаете музиката на Ромите им е во крвта. Многу песни беа познати и вистинити. Се случуваше му- зичарите приказните да ги направат да бидат песни. Целиот свој живот, занаетот го раскажуваа низ пес- ните. Има многу вакви песни како на пример, песната девет браќа. Така на пример, песната Знаеш ли снашке...ти млада...ние видовме сон...снашке...е по потекло од Кратовско и таа е направена по вистински настан. Во песната се пее за девет браќа и за најмалата снаа, која била соѕидана во мост. -Ако се сеќавате на песната од покојниот Шабан Бајрамовиќ, „ Нишавската вода за Ромите е господе, душман“, во песната Шабан пее, каде Ромите повеќе сакаа да живеат, покрај реката, водата, тревата, во природата. Зошто? Затоа што во тоа време се живе- еше номадски живот. Блиску до реката животот беше полесен, вели Ќазим Скендеровски. -Се викам Шеро Мамутовски и роден сум во ром- ската населба Средорек. Од 1948 до 1951 година, учев да свирам на хармоника. Кога бев подготвен за свирки, отидов во Крива Паланка и почнав да сви- рам. Заедно со покојниот, Мики Маус, Рашка, Курто, Мемед Алија во многу кафеани и хотели низ Маке- донија, свиревме ноќни свирки. Во 1985 година, за- едно со мојот сограѓанин Џеџо, синот на Мефо, заминавме за Загреб во Хрватска. Таму продол- жив да свирам по кафеани и хотели. Останав осум го- дини и стекнав право на пензија. Во 1990 година се вратив во Куманово, во моето родно место. Беџо од Куманово е пејач. Почнал да свири уште од дете. -Живеев во село, на 15 го- дишна возраст дојдов во градот и свирев српска му- зика. Свирев српска му- зика, затоа што во селото каде што живеев немав шанса да слушнам ромска. Кога дојдов во градот го видов, сега, мојот кум Исмет како свири ромска музика, ромски свадби. Свиреа заедно со Џемко џимбишлијата, со Рефик. Свиреа на ромски свадби, а јас одев на тие свадби и ги слушав. Го слушав Исмет како убаво пее и си велев „Морам да се запо- знам со овој човек“. Јас бев многу поедноставен човек од нив. Човек од село. Побарав од нив да ми дозволат да пеам. Канче тарабукашот ме праша дали знам да пеам. Му одговорив дека знам! Почнав да пеам и сите Роми се прашуваа кое е оваа дета, со толку добар глас.После тоа сите тогашни музичари почнаа да ми нудат да влезам во нивните оркестри и да свирам и пеам со нив. После сите тие понуди се чудев, со кого да свирам. Да се македонски свадби знаев, имав оркестар во селото, но ромски, навистина на почетокот ми беше тешко. Тогаш дојде тарабука- шот Шемсија кај мене и ме рече-Ајде оди пазари ја свадбата и ќе свириш со мене. Немој да се секираш, на Ромите музиката им е во крвта, раскажува Беџо. Ова се само дел од исповедите на музичарите од Ку- маново за кои е направен документарниот филм за ромската музика. Но сега како доаѓа времето, оставаме простор на по- младите, да одат напред со музиката, со образова- нието, да учат и да имаат посветла иднина. о крвта
  72. СМРЗНАТ КАДАР Импресум Подготвува екипа на Национален Ромски Центар: Ашмет

    Елезовски; Славица Ќурчинска; Себихана Скендеровска; Далибор Шојиќ; Љубица Гроздановска Димишковска; Александар Димишковски; Инес Мустафовска Национален Ромски Центар (НРЦ) Издавач: Здружение на граѓани Национален Ромски Центар (НРЦ) улица “Доне Божинов” бр.11/5, 1.300 Куманово, Република Македонија www.ednomagazine.com e-mail: [email protected] [email protected] тел/фах : 031/427-558 Списанието “Едно“ е дел од проект на Националниот Ромски Центар финансиран од Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ) Печати: Т.Д.Генекс Кочани; Тираж: 200 примероци фото Ирфан Мартез
  73. ПЕРИСКОП Аргатска работа само за пари за огрев и за

    храна ОБРАЗОВАНИЕ Училиштето е потребно за са- мите деца, а не зашто законот така наложува ЗУМ Како ќе се оствари сиромаш- кото право кај најсиромашп- ните?! СТАВ “Извртеното” известување на медиу- мите за Ромите во Македонија ВЕСТИ Србија: Меѓународната ромска унија издавала неважечки ромски пасоши БРОЈ 7 ОКТОМВРИ 2009
  74. За Едно, за образованието за сите Славица Ќурчинска Се сеќавам

    кога прв пат тргнав на училиште. Бев возбудена и малку исплашена. Не позна- вав никого. Нова средина, нови луѓе, нови обврски. Но, кога сето тоа ми стана секојдневие, ед- ноставно го прифатив. Сите имавме или немавме подеднакво, но се разликувавме само по темпера- ментот. Со мене во одделението учеше Џеврије. Се сеќавам само дека постојано седеше сама. Не разговараше и не си играше со никого. Тогаш не ми беше јасно зошто е тоа така. Сега сфа- ќам колку повознемирена и поиспла- шена била Џеврије од мене. Освен што не ги познаваше другите, таа не го знаеше ни македонскиот јазик и тоа ја оддалечуваше. Верувам дека доколку ние, македон- ските деца, бевме позаинтересирани, до- колку учителката повеќе ја вклучуваше во игрите и во комуникацијата и до- колку родителите се обидуваа да ја на- учат да зборува македонски или доколку одела во градинка, дека Џеврије побрзо ќе напредуваше. Вака, оставено на страна, секое дете би ја изгубило волјата за училиште. Денот наместо радост се претвора во тешка об- врска. Доколку родителот не инсистира, детето нема да ја согледа причината зошто да оди на училиште кога таму нема со кого да игра и да зборува. Тоа се случи и со Џеврије. Таа престана да доаѓа во второ одделение. Дали некој беше загрижен за тоа, дали некој разговараше со нејзините родители, се обиде ли да ја врати Џеврије во училиште - тоа не знам. Веројатно и самата не бев свесна за проблемот. Од вкупно 1249 првачиња во 15 таргетирани гра- дови од кампањата на НРЦ во учебната 2007/2008, 46 го напуштиле образованието. Како најчеста при- чина се наведува социјалниот фактор, немоќта на многудетните семејства да ги задоволат училиш- ните потреби на децата. Се очекува оваа бројка да се намали со реализација на владиниот проект за бесплатни учебници. Но, и покрај овие олеснителни околности би тре- бало да му се посвети дополнително внимание на секое дете, да се одвои време за разговор и тогаш веројатно ќе се дојде до една друга слика - ромските ученици се откажуваат од образованието и заради тоа што не успеваат да се вклопат во средината и да го следат образовниот процес паралелно со другите. Додека да го совладаат македонскиот јазик, дру- гите деца напредувале со наставниот ма- теријал, па додека да ги стасаат со материјалот, другите ја завршиле годи- ната. Следува нова учебна година, а ма- теријалот од изминатата уште не е доволно совладан. Како ли се чувствува детето кое каска зад останатите и тоа не по своја вина, не заради своите способ- ности, но само поради празнините во об- разовната организација? Кога образовниот процес би бил подобро организи- ран, кога овие деца би посетувале редовно пред- училишното образование, кога наставниците би работеле дополнително со нив, кога другите деца би ги прифатиле како свои другари и кога родите- лите свесно би ја вложиле сета своја енергија во ид- нината на своите деца, тогаш бројката сигурно ќе биде помала. Тогаш ромскиот ученик сигурно ќе се чувствува подобро и со силна волја ќе станува секое утро за да ги заврши училишните обврски, да по- игра со другарите на школо и да ги следи упатствата на својот/ата драг/а учител/ка. Почна нова учебна година. За подобар и подостоинствен живот на сите – Едно! БИЛБОРД ОКТОМВРИ 2009 БИЛБОРД - Стр. 2 - Уводник ДНЕВНИК - Стр. 3-4 - Извештај ПЕРИСКОП -Стр. 5-6 - Теренски извештаи -ВЕСТИ - Стр. 7 - меѓународна сторија СТАВ - Стр. 8-9 - Осврт на Законот за бесплатна правна помош КОМЕНТАР Стр. 10-11 СМРЗНАТ КАДАР Стр. 12 - Фото вест 2
  75. ОКТОМВРИ 2009 3 РОДИТЕЛИТЕ РОМИ СЕ ПОСЕРИОЗНО ГО СФАЌААТ ОБРАЗОВАНИЕТО

    Училиштето е потребно за самите деца, а не зашто законот така наложува Поради негативните искуства во минатите години кога имаше сегрегација на децата од ромска на- ционалност, годинава од Министерството за образование велат дека будно ќе ја следат ситуацијата и веднаш ќе реагираат доколку се по јави било каков проблем. Образованието е задолжително и правна обврска на секој поединец, потсетуваат оттаму Инес Мустафовска Џенифер годинава е првоодделенка. Родителите ја остварија својата родителска обврска – да го запишат нивното дете во училиште. Велат дека тоа е она што им е потребно ним и на нивната ќерка, а не дека тоа законот го наложува. Велат дека тоа е за доброто на целата Ромска заедница, за нив- ното напредување и социјализирање во општеството. Џенифер е многу среќна што сега е ученичка во прво одделение. Таа е талентирано девојче, кое сака да учи и да стане учителка, бидејќи, многу сака да чита. Иако има само шест години, таа веќе ги знае буквите и умее да чита. Родителите постојано и помагале и таа научила. Џенифер годинава доби бесплатни учеб- ници, а кога отидовме да ја посетиме таа уредно го поставуваше новиот буквар, кој и е најинтересен, по- ради многуте слики што ги има внатре. Новина оваа учебна година е што учебниците за сите ученици од основно и средно образование се бес- платни. Нејзините родители велат дека тоа е големо олеснување за нив, но и за нивното многудетно се- мејство. Сега ќе имаат пари да си ги прикријат, како што велат тие, „дупките во животот“. Тие немале ни- какви проблеми со запишување на нивната ќерка во училиште, но родителите на Азира, пак, која живее на иста улица со Џенифер, се соочиле со проблеми. Целото семејство нема лични документи. Велат дека процедурата за добивање на истите е сложена. Знаејќи го законот за задолжително средно образование и казните што следат за неза- пишување на детето во училиште, се обра- тиле до невладините организации. Оттаму добиле позитивни сигнали дека детето мора да почне на училиште, а во меѓувреме да ги добијат сите потребни документи. Од не- владините организации кои ги контакти- равме, дознавме дека во соработка со Министерството за образование и наука ќе се погрижат за сите деца што се соочуваат со такви проблеми, се разбира доколку се обратат до нив. Од Образование пак ни потврдија дека се во преговори со Министерството за внатрешни ра- боти, каде се вадат потребните документи за запишу- вање на децата во училиште. Така, во текот на наредните месеци да се извадат сите потребни доку- менти, се со цел да се запази законската регулатива за упис на сите деца во образование и за поседување на сите потребни документи за истото. Од Министерст- вото за образование и наука ни потврдија и дека годи- нава немало некои поконкретни проблеми во учи- лиштата со запишувањето на првачињата од ромската заедница, освен во едно училиште во Битола, каде ди- ректорката ги поделила ромските деца во посебна па- ралелка. За овој проблем Министерството за образование и наука било известено и истото реаги- рало кај директорката на училиштето. Оттаму им било ветено дека учениците од ромската заедница ќе бидат ставени во класови со останатите ученици. Вратите за првачињата од ромската националност е отворена, без никакви проблеми, велат од Образова- ние. Тие апелираат до родителите дека мораат да ги запишат своите деца во училиште и за сите проблеми да се обратат лично до Министерството или пак до невладините ромски организации. Официјална бројка за тоа колку првачиња се запишаа годинава на учи- { } ДНЕВНИК
  76. лиште нема, бидејќи уписите се уште траат. Поради негативните искуства

    во минатите години кога имаше сег- регација на децата од ромска на- ционалност, годинава од Министерството за образование велат дека будно ќе ја следат си- туацијата, и веднаш ќе реагираат доколку се појави било каков про- блем. Образованието е задолжи- телно и правна обврска на секој поединец, потсетуваат оттаму. На реакциите од граѓани од ром- ската заедница дека без потврда за вакцинација нема да можат да ги запишат своите деца во училиште и дека истата се наплаќа по 300 де- нари, што за нив претставува голем проблем, земајќи ја во пред- вид нивната социјалната страна, од Министерството за образование и наука потврдија дека бил испра- тено допис до Министерството за здравство, од каде пак било реаги- рано, односно бил пратен допис до сите здравствени институции, по- тврдата да не се наплаќа. Ова го потврдија и од Министерството за здравство, од каде ни соопштија дека ова е резултат од законската обврска која стапи на сила од март годинава, во која помеѓу другото се наведува дека за упис на децата во прво одделение треба да се из- даде потврда дека ги има примено задолжителните вакцини кои шти- тат од различни заразни болести. Тоа значи дека сите деца што ќе се запишат во основно и средно обра- зование треба да имаат статус на вакцинирани лица, односно по- тврда за вакцинација, потврдија од Министерството за здравство и до- даваат дека имунизацијата е важна алка во животот и креирањето на иднината на децата и воопшто на општеството. И уписите во средно образование за учениците од ромската етничка за- едница поминаа без никакви про- блеми. Тие годинава добија посебна, олеснителна мерка за упис, според која учениците во јав- ните средни училишта се запишаа со 10% помалку поени од оние кои беа предвидени согласно конкурсот за наставни планови и програми, мерка која ја замени онаа од учеб- ната 2007 / 2008 година, кога сите директори на јавните средни учи- лишта беа задолжени да запишат по еден ученик Ром во секој клас. Со оваа олеснителна мерка средно- школците Роми заедно со околу 23000 свои врсници ја запишаа но- вата учебна година. Ромската заедница во минатото беше често маргинализирана и беше предмет на бројни предра- суди и токму поради тоа сиромаш- тијата кај Ромите е застапена со поголем процент отколку кај дру- гите етнички заедници. Но, токму образованието е еден од клучните фактори кои ја одредуваат сиро- маштијата, квалитетот на живот и високото ниво на невработеност. Затоа образованието треба да го направи човекот свесен за своите корени, но и му дава и знаење и моќ за да се извлече од беспер- спективноста и сиромаштијата. ДНЕВНИК ОКТОМВРИ 2009 4
  77. ОКТОМВРИ 2009 ПЕРИСКОП 5 ВЕЛЕС...Штом ќе изгрее сонцето, ту- тунските

    плантажи во Велес оживу- ваат. Се будат аргатите кои во импровизирани времени населби се сместени веднаш над тутунските плантажи. Татковците и мајките брзаат за да наберат една кеса тутун повеќе. Ги засукуваат ракавите и лист по лист ги фрлаат во празните касети. Се работи цел ден до зајдисонце со неколку мали паузи за појадок, ручек и за вечера. Скоро цел месец, педесе- тина Роми ги собираат тутунските плантажи во Велес. Една касета велат аргатите, газдите им ја плаќаат по 25 денари. -Не се полнат баш лесно касетите. Ќе се отепаш од работа, а за еден ден може да се заработи околу 250 денари. Тие што со нив ги носат и децата ра- ботат помалку и побавно. Дете како дете, секогаш нешто бара, па не може да ја завршат работата како што треба, раскажуваат аргати. Се што ќе заработат останува за нив. Едно семејство, ако заедно со родите- лите работат и поголемите деца за еден месец може да заработат околу 10 илјади денари. Но, заработувачката е однапред испланирана. Со дел од па- рите треба да се купат дрва за огрев за претстојната зима, дел ќе бидат за храна. А, и тие пари нема да стигнат за сите основни потреби на едно се- мејство. Кога парите вака ќе бидат распределени, на родителите нема да им останат пари за на своите деца да им купат училиштен прибор, храна и облека за на училиште иако меѓу дру- гите трошоци, на родителите им бил првиот мотив поради кој се нафатиле да работат на тутунските плантажи во Велес. Од извештајот на Ерџан Рамаданов, медијатор на НРЦ КАВАДАРЦИ...Кон крајот на септем- ври ги посетив луѓето кои што се на сезонска работа во тиквешкиот ре- гион, луѓе кои овој период за пари одат да собираат грозје, на местото на- речено Ило Виларов. Тие се социјално загрозени, дури и кога доаѓаат да ра- ботат на лозјата, живеат во субстан- дардни услови. Доаѓаат по цели се- мејства, заедно со нивните деца. Тие што се на училишна возраст изостану- ваат од училиште во периодот на бер- бата, но само поради тоа што нема кој дома да ги чува. -Мораме да работиме колку да прежи- вееме. Доаѓа зима. Но, штом ќе за- вршиме со работа децата ќе продолжат да одат на училиште. Овој живот не е живот живееме под ша- тори- рече Севдија Демирова од Велес. Во разговорот се вклучија и останатите родители кои што додадоа дека не само овде, туку и во родните места живееле исти живот - под ша- тори.Тие раскажуваат дека немаат ниту вода за пиење, ниту канализација и дека условите за живот генерално се на најниско ниво. Вода за пиење зе- маат од цистерна, а за капење си то- плат на казани. Дури и јадењето што го подготвуваат го подготвуваат колек- тивни, во големи казани од кои јадат сите што дошле на аргатлак во тик- вешкиот регион. И покрај тоа што надлежните во ос- новните училишта, како и просвет- ните инспектори се информирани дека поради сезонска работа на нивните родители, децата нема да присуству- ваат во училиште, казните и понатаму пристигнуваат, како и заканите за пре- кинување на правото на социјална помош. Ова го тврдат луѓето што ги сретнав на лозовите насади. Времето заладува, наутро и навечер температурите паѓаат и е многу ладно, а тие и понатаму остануваат на ова место и живеат во шатори на овие места се додека не заврши сезонската работа, се додека не се собере грозјето. Од извештајот на Атиљан Алимов, медијатор на НРЦ СКОПЈЕ...Сабрина е родена на 11 септември 2001 и требаше да биде прваче уште од пред три години и сега да стигне до трето одделение но, сега таа е запишана во прво одделение во основното училиште Јане Сандански. Таткото Јашар е неписмен и зарабо- тува така што откупува стари работи. Тој никогаш не размислувал да ги об- разува неговите деца. При посета на семејството, уште во минатата година, таткото на Сабрина не избрка и не са- каше да слушне неговата ќерка да ја запише на училиште. Тој толку се воз- немири од оваа идеја, што дури и почна да не брка со погрдни зборови. При втората посета ни кажа дека нема намера да ја запише во училиште би- дејќи планира да оди во странство и ни рече повеќе да не ги посетуваме. Оваа учебна година кога запишуваме првачиња во училиштето Јане Сандан- ски сите родители ги носеа децата и ги запишуваа стравувајќи дека над- лежните образовни инситуции ќе ги казнат доколку своите деца не ги запи- шат во училиште. Можеби и тоа најмногу влијаеше врз Јашар да ја смени својата одлука по прашањето за образованието на неговата ќерка. Саб- рина пак имаше огромна желба да оди во училиште и секогаш кога и да ја сретнев, самата ме молеше да ја одне- сам на настава. Кога оваа година го посетив татко и и му кажав дека Саб- рина ќе добие и бесплатни учебници и дека ќе има голем бенефит од тоа што таа ќе се школува, тој конечно по- Аргатска работа за пари само за огрев и за храна ТЕРЕНСКИ ИЗВЕШТАИ Е.А. живее во Јурумлери во сиромашно петчлено семејство во една просторија од 16 квадратни метри. Пред дворот има земја која кога ќе заврне се претвора во кал. Таткото и мајката се неврабо- тени. За да преживеат таткото и мајката одат по ниви и работат како аргати од рано наутро па се до зајдисонце за дневница од 400 до 600 денари. Малата Е. не одеше на училиште бидејќи немала чевли. Поради тоа таа постојано плачела. Нејзините родители морале напорно да работат една недела за да и купат нови патики. Откако ги добила, таа вети дека ќе биде редовна ученичка
  78. пушти. После неколку години убеду- вање, таткото на Сабрина сфати

    дека за неговите деца да успеат во животот, тие мора да се школуваат. Така, кога тој требаше Сабрина да ја запише во училиште, заедно со неа, го донесе и нејзиниот помал брат за кој ние не знаевме ни дека постои бидејќи го криеше детето од нас. Јашар ги за- пиша и двете деца во училиште. Сега двете деца се редовни во училиште, а мајка им ги носи на настава секој ден. Од извештајот на Сенад Мемет, ме- дијатор на НРЦ ТЕТОВО...При минатонеделнатите домашни посети од страна на родите- лите на девојчето Л.И. укажано ми е дека наставничката М.М. наводно не- колку пати ја има удрено Л. бидејќи девојчето на час зборувало на ромски јазик. Револтирани, родителите најавија дека ќе одат во подрачната единица на Министерството за обра- зование и наука и дека ќе ја отпишат нивната ќерка од училиште поради инцидентите. Не сакајќи да се дигне поголема тензија, им реков дека најбрзо што можам ќе одам во учи- лиштето и ќе разговарам со педагогот, а тие да продолжат да ја носат на на- става. На педагогот Зоран Јованоски му кажав за случајот и тој вети дека ќе зборува со наставничката, но рече дека нема вистина во таквите тврдења и дека мајката со него зборувала на многу дрзок начин. По завршување на часовите, мајката повторно ми се об- рати и ми рече дека учителката на- водно му рекла на девојчето повеќе да не доаѓа на училиште. За сето ова денес повторно зборував со педагогот и му сугерирав дека настрана од сето претходно кажаното, учителката не треба така да се однесува и дека право на родителот е да го запише своето дете каде што сака, а наставничката е должна да ја прими на настава. Откако педагогот ме убеди дека ќе зборува со учителката отидов до О.У. Кикиш и зборував со педагогот С.С. за братот и сестрата М.П. и С.О. кои цел месец не биле на настава - поради преселу- вање и болест, но и бидејќи родите- лите ми се пожалија дека децата останале без учебници. На педагогот и кажав дека децата биле на листа за до- бивање бесплатни учебници и дека де- цата не може да останат без нив. Педогогот се согласи со тоа и ми вети дека наредниот ден ќе провери каде е проблемот. По враќањето дома ми кажаа дека ме барала мајката на Л. Така, јас отидов до О.У. Гоце Делчев . Педагогот ми кажа дека дошло до ка- раница помеѓу учителката и директо- рот од една страна и мајката на девојчето од друга и ме информираше дека таа не и дозволила на Л. дента да присуствува на настава. Ја повикавме учителката и таа ги отфрли обвинува- њата на мајката на Л. - Девојчето е мирно. Да, ја опоменав зашто зборува на ромски јазик и мо- жеби ја погалив по главата но, не ја удрив. Јас сум наставничка 35 години и никогаш не би постапила на таков начин. Вчера го прашав братот на де- војчето дали таа ќе доаѓа и понатаму на училиште а не му реков да не доаѓа на час . Јас ќе ја примам на настава но мајка и се однесува недолично. Не сакам по 35 г работење за мене да се зборува дека тепам деца и да се вле- чам по инспекции!, тврдеше настав- ничката. И ветив дека ќе зборувам со родите- лите на Л. По разговор со наставнич- ката повторно се сретнав со педагогот да го провериме списокот бидејќи во текот на минато- деделните посети успеав да запи- шам уште две деца кои ги нема на список за учебници. Во ме- ѓувреме влезе една наставничка и се пожали на ученикот Ќ.Е., ученик кој мина- тата учебна го- дина на полугодие е из- бркан од ова учи- лиште и е префрлен во осмолетката ,Братство, но и таму не ја посе- тувал наставата - цело полугодие и сега е запишан во училиштето ,Кикиш,. То е во седмо одделение но, многу често ги задева учениците од пониските одделенија, им ги фрла чантите и ги тепа. Поради тоа, го по- сетив татко му и му кажав дека после толку ангажирања неговиот син сепак да посетува настава, недоликува него- вото однесување. Родителот вети дека ќе се ангажира ваквите работи да не се повторуваат повеќе. Останува во текот на утрешниот ден да се зборува со родителите и да се преземат мерки за вклучување на Л. во училиште . Од извештајот на Хасан Идризи, медијатор на НРЦ СКОПЈЕ...Е.А. живее во Јурумлери во сиромашно петчлено семејство во една просторија од 16 квадратни метри. Пред дворот има земја која кога ќе заврне се претвора во кал. Тат- кото и мајката се невработени. За да преживеат таткото и мајката одат по ниви и работат како аргати од рано на- утро па се до зајдисонце за дневница од 400 до 600 денари, зависно од те- жината на работата која треба да ја из- вршат. Родителите на работа заминуваат рано наутро и ги оставаат децата сами дома. Една недела малата Е. плачеше и не се појавуваше на училиште. Јас уште третиот ден ја посетив за да видам да не е болна штом не оди на училиште. Кога стигнав кај нејзе дома таа се сокри и не сакаше да се појави пред мене. Ја повикував да разговараме но, таа почна да плаче. По десетина ми- нути криење, нејзината постара сестра ја убеди да излезе и да разговара. Таа се уште плачеше и на мое прашање зошто не била на училиште, таа не од- говараше и продолжи со плачењето. Сестра и рече дека наредниот ден ќе се појави на училиште. По два дена повторно го посетив училиштето, но малата Е. ја немаше на настава. Јас по- вторно отидов кај нејзе дома, но овој пат ги сретнав и нејзините родители. Е. била на гости кај нејзина другарка. Додека ја чекав, почнав разговор со нејзините родители се со цел да от- кријам што е причината поради која Е. не се појавува на училиште. Тој ден родителите не беа на работа, но ми кажаа дека претходната недела морале да работат напорно за да може на ма- лата Е. да и купат нови патики за во училиште. Сфатив дека тоа било един- ствената причина зошто Е. не одела на настава. Таа немаше обувки и се сра- меше да оди со старите чевли кои беа скинати и калливи. Во тој момент се појави Е. насмеана. Дојде право кај мене и ме поздрави и веднаш, без да ја прашам ми кажа дека од наредниот ден ќе биде редовна ученичка. Од извештајот на Мемет Мемет, ме- дијатор на НР ПЕРИСКОП ОКТОМВРИ 2009 6
  79. Поединци од меѓународ- ната ромска унија почнаа да издаваат пасоши

    за Роми во 26 европски земји, пре- тежно во југоисточна и цент- рална Европа, пишува во српскиот весник Курир. Иако из- работени како биометриски, тоа се лажни пасоши, обични суве- нири кои нема да ги признае ниту една погранична полиција во све- тот, а нивните сопственици ќе имаат само невидени проблеми на која било граница. Зад сето тоа стои голем бизнис, бидејќи за еден пасош се плаќаат 30 евра, што на милион пасоши е 30 ми- лиони евра, тврди за весникот Бајрам Халити, генерален секре- тар на ИРУ. Тој вели дека на ниво на претсе- дателство на оваа организација минатата година во престолни- ната на Летонија, Рига донесена е одлука да се печатат ромски па- соши, но со предупредување дека тоа никогаш не го потврдил пар- ламентот на ИРУ. -Тогаш се спротивставив и реков дека ИРУ како невладина органи- зација може да издава само член- ски карти, а пасоши може да издаваат само држави. И претсе- дателот на Унијата, Ѓунлер Аб- дула од Холандија се огради од тој предлог. Сепак, претседател- ството со мнозинство гласови ја усвоило одлуката за издавање ромски пасоши и процесот на из- давање такви пасоши почна, ис- такнува Халити. -Централната база на податоци се наоѓа во Рига, а пасошите се печатат во Лондон. Тие се фанта- стично изработени, во зелена боја се, на предната страна се наоѓа тркалото, како ромски сим- бол, а на задната страна има илустрација на коњ. Пасошите се тријазични, односно тие се напи- шани на ромски, англиски и на француски јазик. Тие се како ви- стински биометриски пасоши, слични на српските. Сепак, про- блемот е што никој нема да ги признава тие исправи. Не е толку важно што пасошите чинат 30 евра, туку што нивните сопстве- ници ќе ги враќаат од граница, ќе бидат малтретирани, испрашу- вани, ќе ги сомничат..., предупре- дува Халити. Тој вели дека застапник за изда- вање пасоши во Србија е Новица Митиќ, комесар за финансии во ИРУ, кој потпишал договор со Ру- девиќ и засега се издадени 60 ромски пасоши. -Од тие 30 евра, 10 се издвојуваат за трошоци за изработка, 10 се даваат на финансиерите кои се вложиле во работата, пет евра се за луѓето што ги пополнуваат формуларите и пет евра би тре- бало да одат на сметката на ИРУ. Во Европа има 15 милиони Роми. Ако само милион од нив земат пасоши, тоа се 30 милиони евра, пресметал Халити. Тој исто така тврди дека изда- вачите на пасошите се обиделе да склучат договор и со комесарот за ромски прашања во Австра- лија и Нов Зеланд. -Што е најлошо, издавачите на ромските пасоши ги лажат луѓето дека за тој пасош важи безвизен режим за земјите од Европската Унија. Инаку, Нормунд Рудевиќ се обидел да склучи договор за работа и со Ештреф Абдурама- новски, комесар за ромски пра- шања во Австралија и Нов Зеланд. Но, Абдурамановски ми се јави и праша за што точно се работи и му објаснив дека во пра- шање е измама, изјави бајрам Ха- лити за Курир. Српскиот министер за внатрешни работи, за ова прашање, за весни- кот Курир дал само краток одго- вор: -Не, тоа не може да биде патна исправа. Застапникот за издавање на ром- ските пасоши Новица Митиќ пак, тврди дека се е регуларно. -Во Обединетите нации, Ромите имаат статус ,Б, што значи дека сме народ без држава. Затоа имаме право на сопствени па- соши и тоа е легитимацијата на ромската нација, исто како кога имате двојно државјанство. Пасо- шите се изработени по светски стандарди и со нив може да се помине граница. Веќе поделивме 100 пасоши, изјавил Митиќ. ОКТОМВРИ 2009 7 ДОБРА ИЗМАМА ИЛИ ДВОЈНА ПОЛИТИКА? Србија: Членови на меѓународна ромска унија издавале неважечки ромски пасоши Тие се фантастично израбо- тени, во зелена боја се, на пред- ната страна се наоѓа тркалото, како ромски симбол, а на зад- ната страна има илустрација на коњ. Пасошите се тријазични, односно тие се на- пишани на ромски, англиски и на француски јазик. Тие се како вистински биометриски пасоши, слични на српските. Сепак, проблемот е што никој нема да ги признава тие ис- прави. Не е толку важно што пасошите чинат 30 евра, туку што нивните сопственици ќе ги враќаат од граница, ќе бидат малтретирани, испрашу- вани, ќе ги сомничат..., пред- упредува Бајрам Халити, секретар на меѓународната ромска унија (ИРУ)
  80. Во тек е процедурата за Закон за бесплатна правна помош,

    чија цел е обезбедување еднаков пристап на граѓаните до институ- циите за запознавање, остварување и овозможу- вање ефективна правна помош согласно начелата за еднаков пристап до правдата. Од друга страна правата поврзани со социјални услуги опфаќаат и воочување на проблемот кој произлегува од со- стојба на социјален ризик, укажување на корис- никот на можните решенија, услуги и средства за негова заштита, како и мрежа на установи за да- вање на услуги преку стручна и советодавна помош. Пристапот до правдата е концепт кој вклучува правичен и морален третман на сите лица, без разлика на социјалните разлики. Тоа е обврска за сите нас, обврска и на државниот систем кон це- лото општество, кон сите заедници и кон секој поединец. Пристап до правдата и информациите треба да имаат сите лица без разлика на нивната мате- ријална состојба, тргнувајќи пред се од институ- тот “сиромашко право”, за категорија на граѓани кои не се во можност да ги платат судските тро- шоци без притоа да се доведе во прашање нив- ното нужно издржување или издржувањето на нивното семејство, на кои им се дозволува бес- платна правна помош и се ослободуваат од пла- ќање на судските трошоци, а адвокатот е должен да им даде бесплатна правна помош”. Но, факт е дека на граѓаните им треба помош за да имаат благовремен пристап до информации и институции, за да се заштитат легитимните инте- реси граѓаните треба да имаат пристап до сите механизми со кои ќе се информираат и полесно ќе имаат пристап до ефективна и квалитетна правна заштита. Но, дали нашите граѓани се доволно информи- рани и дали ги користат овие економско достапни системи на правна помош? Во Македонија при- падниците на различни етнички заедници имаат потешкотии при пристапот поради низа норма- тивни и социјални фактори кои влијаат на при- стапот до правдата и сиромашкото право, тргнувајќи од јазична бариера, нивото на образо- вание, економска неповолност со која се соочени, предрасуди и дискриминација. Од многуте достапни домашни и меѓународни истражувања, извештаи, повторно гледаме дека нашите граѓани припадниците на ромската за- едница во Република Македонија имаат отежнат пристап до институциите и до правдата затоа што постојат, а немаат идентитет, всушност тоа се наши сограѓани кои заради низа пропусти „ле- гално не постојат” во нашето општество. Некои ЗАКОН ЗА БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ Како ќе се оствари право кај најсиром Катерина Шојиќ Од многуте достапни домашни и меѓународни истражувања, извештаи, повторно гледаме дека нашите граѓани припадниците на ром- ската заедница во Република Македонија имаат отежнат пристап до институциите и до правдата затоа што постојат, а немаат иденти- тет. Всушност тоа се наши сограѓани кои за- ради низа пропусти „легално не постојат” во нашето општество. Некои од нив се родени дома, а некои во здравствени установи. Лица без граѓански статус, без лична карта, кои не- маат ниту можност да бараат или имаат многу отежнат пристап до институционална за- штита, немаат пристап до здравствени услуги и социјална заштита ОКТОМВРИ 2009
  81. од нив се родени дома, а некои во здравствени установи.

    Лица без граѓански статус, без лична карта, кои немаат ниту можност да бараат или имаат многу отежнат пристап до институцио- нална заштита, немаат пристап до здравствени услуги, социјална заштита. Пристапот до институциите е исто така отежнат за одредени групи на граѓани кои не го познаваат македонскиот јазик или имаат ограничено позна- вање, немаат информации на мајчин јазик, нема лица во институциите кои може да им го олеснат пристапот, нема доволно припадници на ром- ската заедница во институциите кои ќе работат за сите граѓани, но и ќе овозможат систем на кому- никација со граѓани кои не го познаваат македон- скиот јазик. Прашањето е како да го оствариме сиромашкото право за најсиромашните? Како тие да имаат при- стап до социјална правда, до институциите, како да добијат социјални станови, како да се стекнат со образование, како да добијат здравствена книшка, како да имаат пристап до превентивните програми на системот за јавно здравје? Сега слушнавме приказна за девојче од Маџари која со наполнети 8 години требаше да тргне на училиште, која нема извод, нема примено вак- цини, друго девојче од Јурумлери, Скопско, која редовно посетува настава, но живее со своето пе- точлено семејство во една соба од 16 м2. Секој има своја приказна, некои од тие приказни ќе останат скриени за нас, некои приказни се на- шиот живот, нашето секојдневие. Не стопи долгата транзиција. А денес притиснати од известувања за рецесија, од сиромаштија чија сенка и канџи уште не демнат, имам чувство дека се потребни големи напори за да се врати до- верба кај граѓанинот. Ни требаат уште многу на- пори и работа за да се надминат бариерите и да се подобри довербата за поголем пристап до правдата и институциите за нашите граѓани и за поголема заштита на правата на човекот и граѓа- нинот. Како ќе продолжат овие приказни? и сиромашкото машните?! 9 ОКТОМВРИ 2009
  82. 10 ОКТОМВРИ 2009 “Ромите се валкани, номади, необразовани, мрзеливи и

    најчесто не сакаат да работат. Многу често не ја зборуваат вистината, а најчесто се занимаваат со ситни кражби и нелегална трговија. Ги злоупотребуваат сопствените деца кои се приморани да питаат по улиците, но најмногу од се ја почитуваат слобо дата. Немаат сопствена рели- гија, туку ги прифаќаат верските убедувања на земјата во која моментално живеат. Нивните жени се убави, имаат природна дарба за песната, сакаат да танцуваат, но се занимаваат со гатање и други окул т - ни работи. Ромските семејства живеат во супстан - дар дни услови, или во таканаречени “картонски маа ла”, по градските периферии, без соодветно здрав ствено и пензиско осигурување”. Се разбира, ова се само купишта празни зборови и предрасуди, кои за волја на вистината очигледно ни- кому во земјава не му пречат, особено во сабота кога можат да претрчаат до пазарот во Шутка, каде нели, се е поефтино!? Лицето Е.С. од ромска националност приведен поради ситни кражби Затоа, да видиме како во пракса медиумите во Маке- донија известуваа за Ромите во изминативе неколку месеци. - “Ромите сакаат да спијат во импровизирани картон- ски живеалишта во центарот на Скопје, наместо во детското одморалиште во Љубанци” - “Обезбедувањето ги претепало Ромите што го га- селе пожарот во Тинекс кај Цветен пазар” - “Лицето Е.С. од ромска националност уапсен по- ради ситни кражби” - “Во Гостивар изгоре старицата М.А. од ромска на- ционалност” - Во струмичкото село ….. населено претежно со Роми, И.А. ја силувал снаата Р.Е” - “Исклучена е електричната енергија во ромската населба….. поради неплаќање” Ова е само дел од известувањето на националните телевизии и печатените медиуми во земјава во врска неодамнешните настани поврзани со Ромите. Инте- ресно е да се потенцира дека нема ниту еден текст кој би можел да влезе во графата за позитивно ин- формирање за Ромите, или пак во делот за неутрални осврти во кои се информира за активностите што се важни или се на некој начин поврзани со нивните ре- ални потреби и живот. Ниту еден од медиумите на пример не забележа дека во Шуто Оризари, општи- ната во која живее најголемиот дел од Ромите во Скопје, во тамошното основно училиште не баш така одамна се затворија неколку паралелки на ром- ски јазик, а за сметка на нив беа отворени нови пара- лелки на албански јазик, или дека се проширени и асфалтирани улиците или дека е уреден плоштадот во општината, или дека на главната улица е проши- рена и осовремената атмосферската канализациска мрежа!? Ниту една од горенаведените предрасуди, освен првата, не заслужува ни минимална елаборација. Тие не претставуваат информации кои би предизвикале внимание, освен стандардното згрозување од пре- плавеноста на јавните сер виси со вакви искривокол- чени пове де нија на поединци. Нејасно е само зошто мора да се потенцира дека станува збор за Роми? Дали крадењето е нивна специјалност?! Дали стари- цата Рока гори на друг начин или само Ромите све- кори ги силуваат снаите?! Сигурно дека одговорите на овие прашања се идентични и негативни, зашто доказот е веќе во след- ниот прилог на овие ме- диуми! Фактот што во земјава не постои научно социо-поли- тичко истра- жување на оваа тема со цел еднаш за секогаш да се стави крај на овие предрасуди, за еден објективен набљудувач од страна, многу по- веќе зборува за слабо- стите на оп- штеството и мнозин- ството што во него живее, от- колку што информира. Останува заклучокот дека имаме проблем со тежок стереотип што станал навика. А со навиките е исто како и со лошите парфеми. Кога ќе престанеме да ги чувствуваме тие почнуваат да им пречат на остана- тите! Прашање е колку време ќе и треба на колектив- ната свест да ја прифати реалноста?! Кому се смееме, а кого исмеваме? За волја на вистината, за дел од стереотипите не- спорно помал, директно се одговорни и поединци и групи кои и припаѓаат на ромската заедница. Тука “Извртеното” медиумско извест Дали и ова е предрасуда Стереотипите, сами по себе многу повеќе откриваат за кои им се наменети. Така на пример, во Уставот на Ма мите” усвоена е и “Стратегија за Ромите”, но верувале живеат во Македонија. За мониторинг околу сработен
  83. 11 ОКТОМВРИ 2009 секако мислам на фамозните вреќи со брашно

    по глава на еден Ром за време на избори и слично, но објективно овие теми се во доменот на политичка манипулација и тука не им е местото. Затоа ќе се осврнам на прилогот за импровизираните живеалишта од “картонските кутии” и “најлон на- селби”. Несомнено дека импровизираните живеа- лишта се последица на економската состојба. Но, за дел од луѓето тие се и само привремени засолништа што ги бараат од едноставна причина зашто се блиску до нивното работно место и затоа што не мора да плаќаат билет за автобус, кој може да ги чини и до половина од днев- ната зара- ботувачка. Во спро- тивно треба да ризикуваат обезбеду- вањето во ЈСП да ги исфрли или да ги пријави во полицијата. Се согласу- ваме дека ова баш и не е убаво чувство. Интересно е што никој од медиумите овој едноставен факт барем досега не се ни обиде да го изнесе, уште по- малку да го образложи. Понатаму, голем дел од лу- ѓето што беа сместени во детското одморалиште во скопското село Љубанци се деца или стари изнемош- тени лица, на кои им е неопходна лекарска нега, а екипите на Брза помош не се во состојба да одгово- рат ниту на повиците во градот..…. - Точно е дека имаме покрив над глава и топол оброк, но нема лекар, нема училиште, а во градот секој од нас по нешто работи. Но, автобус има на еден час а и превозот не е ефтин. Наместо да се разговара со луѓето и сериозно да се изнесат нивните проблеми зашто тие се подеднакво и наши се прават потсмешливи и навредувачки при- лози. А реалноста е трагична. Од прилогот лесно може да се заклучи дека во земјата не функциони- раат здравственото и социјалното осигурување, дека стапката на невработеност е голема, дека покриено- ста на образованието не задоволува, дека во земјата царува сивата економија, дека напорите на владите се во насока на гаснење на пожарот, а не во превен- тивата, дека…, дека ….! Според приоритетите внесени во Декадата на Ро- мите во периодот од 2005 до 2015 година треба да се направат конкретни чекори во подобрување на стату- сот на Ромите на четири полиња, домување, здрав- ство, образование и вработување. Помина речиси половина од периодот во кој институциите во земјава требаше нешто конкретно да сторат на планот за по- добрување на состојбата на Ромите!? Затоа со право се поставува прашањето кому му се смееја, а кого исмеаја авторите на овие прилози!? Роми адвокати, лекари, професори... Кога се во прашање предрасудите доволно е само да погледнеме внатре во себе и ќе најдеме разбирање за ваквите шаблони во известувањето. Впрочем луѓето што ги создаваат информациите во медиумите, како и нивните сопственици се производ на граѓаните, па и логично е да им продаваат информации кои се со- одветно обоени. Но, во Уставот на Македонија Ромите се внесени како рамноправни граѓани. Земјата е активна на по- лето на заштита на правата на Ромите и во тек е спроведување на активностите од меѓународната “Декада на Ромите”, од каде произлезе и обврската за земјава да ја донесе и Стратегијата за Ромите, што е направено уште во 2005 година. Но, каква е кори- ста од сето тоа, кога очигледно не постои монито- ринг за текот и исполнувањето на обврските што ги презеде земјата. Немарноста оди до таму што дури не постојат ни усогласени статистички податоци за бројот на Ромите што живеат во земјава. Така според Државниот завод за статистика во Македонија жи- веат околу 54.000 Роми додека според податоци на Невладините граѓански организации на Ромите во земјава нивната бројка се движи меѓу 80.000 - 135.000. Овие разлики произлегуваат пред се поради фактот што голем дел од Ромите го немаат регули- рано статусот во земјава. Сосема за крај се наметнува заклучокот дека меѓу Ромите што живеат во земјава постојат угледни инте- лектуалци, лекари, стоматолози, адвокати кои тешко се пробиваат до простор во медиумите. Но, тоа не е само проблем на медиумите во земјава. Ајнштајн пред Втората светска војна напиша дека овој свет не е опасно место за живеење, поради лошите момци, туку поради тие кои ништо не превземаат тој да се смени.Или можеби и текстот што е пред вас претста- вува уште една од многуте предрасуди? Авторот е новинар. Името и е познато на редакцијата. тување за Ромите во Македонија а тие што секојдневно ги користат, отколку за оние на акедонија, се вклучени Ромите, во тек е “Декада на Ро- е или не, сеуште нема ни точна бројка на Ромите кои ото во овие документи не може да стане ни збор
  84. СМРЗНАТ КАДАР Импресум Подготвува екипа на Национален Ромски Центар: Ашмет

    Елезовски; Славица Ќурчинска; Себихана Скендеровска; Далибор Шојиќ; Љубица Гроздановска Димишковска; Александар Димишковски; Инес Мустафовска Национален Ромски Центар (НРЦ) Издавач: Здружение на граѓани Национален Ромски Центар (НРЦ) улица “Доне Божинов” бр.11/5, 1.300 Куманово, Република Македонија www.ednomagazine.com e-mail: [email protected] [email protected] тел/фах : 031/427-558 Списанието “Едно“ е дел од проект на Националниот Ромски Центар финансиран од Ромскиот Едукативен Фонд (РЕФ) Печати: Т.Д.Генекс Кочани; Тираж: 200 примероци
  85. Од Светската Економска Криза, па се до Свинскиот грип, оваа

    година што изминува е добро искуство, мотив и ин- спирација за нови животни борби и успеси. Секоја година носи свои предизвици, кои доаѓаат и заминуваат. Она што останува се вредностите кои директно може да влијаат на квалитетот на животот, како што впрочем е образoванието. Токму затоа, квалитетно образование, достапно за сите подеднакво е една од целите кон кои сите ние треба да се насочиме во 2010 го- дина. Со желба за уште поголеми и подобри успеси во Вашата работа, со желба за поконкретно зададени цели и вредности и за уште подобри услови за нивно исполнување, со желба за добро здравје и благостојба, со желба за подобар просперитет на секое поле, како и со желба за понатамошна соработка и плодни исходи, Ви посакуваме поуспешна Нова 2010 Година. Национален Ромски Центар и ЕДНО Магазин БРОЈ 8-9 ДЕКЕМВРИ 2009
  86. За Едно, за образованието за сите Себихана Скендеровска Доколку дискриминацијата

    се дефинира како нееднаков третман на една индивидуа или група на луѓе, по ра ди различна етничка, ре- лигиозна, полова основа, доколку луѓето се делат на привилегирани и неприви ле гирани, тогаш на- вистина сме во реалност која тре ба многу да не за- грижува. Ако дикриминацијата е бла го навестување на на ци о на ли стички чувства и од - бив ност кон другите нацио налности во македон- ското мултикултурно општество, тогаш велам дека имаме ит на потреба да се препознае проблемот. Зош то го велам ова? Бидејќи се повеќе има ме ученици кои не се заинтереси- рани да научат нешто за својот соуче- ник, кои не сакаат да бидат во иста клупа ако дру гар чето е од друга нацио- налност или не но си брендирана облека, доколку нема ком пјутер и мо- билен телефон. Во обра зов ните пома- гала нема информации за исто ријата на многу националности кои жи веат на овие простори. Неинформира нос та и незнаењето владее насекаде, ус пе хот во квантитет е слаб, а квалитетот е детерминанта за која не може да збо- руваме. Стереотипите и предрасудите, а аналогно на тоа и нееднаквиот третман, по различни основи владее. Па затоа имаме училишта со чисти етнички со- став, па имаме паралелки со таков состав, па имаме над 70% невработени Роми, па имаме ге- тоизирани средини за на крај да завршиме со не- познавање на јазикот во државата во која што сме родени, живееме и опстојуваме. И некој вели дека Македонија е мултикултурна средина и дека дискриминацијата не е проблем. Сето горе наведено всушност ги анулира ваквите мислења и ги потврдува прашањата кои ме засе- гаат и мене. Официјални лица промовираат мулти- културализам кој треба да биде пример во европски рамки, а јас велам дека за мултикултура- лизмот треба да подразбира барем 80 % од севкуп- ното население да има постојана достојна плата, да ги знае и ужива своите права, да знае барем два јазика, да знае што е толеранција, да биде секогаш спремен да волонтира и да научи и да биде среќен што живее во Република Македонија. Уф, колку идеалистички звучи сето ова.... Но, без сето наведено нема да живееме во општество кое ќе има позитивни општествени и социјални вред- ности. Дискриминацијата ќе метастазира во на- ционализам и расна дискриминација, која на крај ќе доведе до конфликти. А Ромите низ историјата па се до денес, биле и останале жртви на пер- манентна дискриминација, од времето кога Мехмед од Газни ги земал како свои робови од Индија, потоа фашиз- мот на Хитлер и се уште непризнае- ниот Холокауст на Ромите, до демократска Европа во 21 век. Европа која дозволува грозоморни убиства како што е убиството на Роберт татко (24) и Роберт син (5) од Унгарија, пред нивниот дом кој бил запален со молотов коктел, или пак насилната стерилизација на жените Ромки од Сло- вачка. Значи дискриминацијата против Ромите е присутна и во земјите членки на ЕУ, каде има на- силни отселувања на Роми во Англија, во Турција, и каде животот на маргините на општеството е се- којденвие за овие луѓе. И токму за да се избегне сево ова, апелирам до сите кои ќе се најдат во текстовите од овој број да преземат мерки. Да се усвои соодветна законска регулатива за антидискриминација, да се импле- ментираат постоечките документи за подобрување на состојбата на Ромите, бидејќи тие се олицетво- рение на дис кри минација по многу основи како во Македонија, така и надвор од нејзините граници. За ЕДНО толерантно и недискримининаторско општество во Република Македонија БИЛБОРД ДЕКЕМВРИ 2009 БИЛБОРД - Стр. 2 - Уводник ДНЕВНИК - Стр. 3-4 - Извештај ПЕРИСКОП -Стр. 5-7 - Теренски извештаи Сиан Џонс - Стр. 8-9 - Во Македонија најзагрозени се правата на Ромите -ВЕСТИ - Стр. 11 СМРЗНАТ КАДАР Стр. 12 - Фото вест 2
  87. ДЕКЕМВРИ 2009 3 НЕИЗВЕСНОСТ Стипендиите доцнат, родителите во дилема дали

    да ги школуваат своите деца Инес Мустафовска Доцнат паричната помош, како и конкурсите за сти- пендии за учениците Роми што Владата ги вети како помош за оваа учебна година. Причина за тоа е се уште не- утврдениот концепт за про- ектите. Во меѓувреме, родителите и учениците се наде- ваат и предвреме пресметуваат на што побрзо да се потрошат парите од државната помош би- дејќи многу од учениците Роми се уште не може да си дозволат да си купат книги и тетратки, не може да си ги дозволат најоснов- ните средства за нормално сле- дење на наставата. А, поминаа три месеци од почетокот на но- вата учебна година. Иднината на многу деца Роми кои сакаат да го продолжат своето школување виси во воздух, бидејќи многу родители се двоумат дали да ги пратат своите деца во училиште или не зашто немаат пари, а се надевале дека со паричната помош и со стипендиите колку- толку финансиски ќе им помог- нат во школувањето на нивните деца. Ниту најавите на надлеж- ните министерства – Мини- стерството за труд и социјална политика и Министерството за образование и наука дека рабо- тите ќе се средат за кратко време, не може да ги разубедат мнозинството родители да не ја запечатуваат судбината на нив- ните деца, односно да им ја скратат можноста за образова- ние. Билент е ученик во трета година гимназија. Тој е одличен и многу ја сака историјата. Вели дека кога ќе заврши сака да студира историја. Постојано чита книги поврзани со историјата, и секо- гаш кога има пари купува книга поврзани со историјата. Но него- вата финансиска состојба не му дозволува да го прави она што го сака. „Многу пати не јадам на учи- лиште, или кога сите мои дру- гари ќе излезат негде јас не одам со нив, си ги чувам парите за да си купам книга“, изјави Билент. Неговите родители се социјален случај, имаат онолку колку да преживеат. Татко му понекогаш работи на црно за да му купи книга на Билент. „Јас го сакам моето дете и сакам да му помогнам во животот, да се избори, да учи, но немаме се- когаш пари за книги. Неговата желба за учење историја е го- лема и јас колку можам и кога можам му купувам книги, или му давам пари, но сепак ние сме пет-члено семејство, Пари не стигнуваат ниту за јадење. И јас сакам моето дете да добие се, меѓутоа тешко ни оди, не знам што ќе правиме. Прво нешто зборуваа дека ќе им даваат сти- пендии, па месечна парична помош сега нема ништо од сето тоа“, изјави Шериф, татко на Би- лент. За нив оваа година олеснување се бесплатните учебници што ги доделува Министерството за об- разование, но велат дека не се само учебниците трошок во ку- ќата, тука се тетратките, моли- вите, пенкалат, храната и облеката. „Ако не беа бесплатните учеб- ници не знам како ќе беше, ама не се само они, тука се тетратки, прибор, облека, додека е на учи- лиште треба и да јаде нешто, за се е потребно пари, а пари се по- ДНЕВНИК Билент е ученик во трета година гимназија. Тој е одличен и многу ја сака историјата. Вели дека кога ќе заврши сака да студира ис- торија. Постојано чита книги поврзани со историјата, и секогаш кога има пари купува книга поврзани со историјата. Но неговата финансиска состојба не му дозволува да го прави она што го сака
  88. малку има“, додаде Шериф. На почетокот на учебната година се

    најави парична помош за сите средношколци кои примаат со- цијална помош. Сите семејства кои се приматели на социјална помош и имаат деца во средно образование требаше ќе добијат дополнителна финансиска помош од Владата, поддржана од Светската банка, за редовно посетување на нивните деца на училиште. Оваа помош беше предвидена учениците да можат да си купат облека и храна. Првите пари требаше да ги до- бијат во декември, откако ќе се докаже дека децата редовно по- сетуваат училиште. Но од овој проект, кој требаше да помогне сиромашните се- мејства да ги праќаат децата на училиште за да завршат образо- вание, сеуште нема ништо. И по три месеци од стартот на учеб- ната година не е излезен ни кон- курсот за парична помош за децата од сиромашните се- мејства. „Критериумите за овој проект не се дефинирани целосно и целиот проект не е конкретизиран до- крај. Нема конкретен датум, но се работи на проектот и тогаш кога ќе биде се комплетирано и конкретизирано ќе го објавиме конкурсот“, изјавија од Мини- стерството за труд и социјална политика.Покрај доцнењето на дополнителната парична помош, доцнат и конкурсите за стипен- дирање на средношколци Роми. Околу 800 средношколци чекаат да биде објавен конкурсот, за да можат да конкурираат. Лути се затоа што Министерството за об- разование не ги информираат, немаат никаква информација за тоа до каде е конкурсот за сти- пендии, а учебната година веќе одамна е почната. Многумина размислуваат да го напуштат об- разованието. „Интензивно работиме на тоа конкурсите да се објават што по- брзо и се надеваме дека до сре- дината на декември веќе ќе ги имаме објавено конкурсите“, изјавија од Министерството за образование и наука. Дотогаш учениците Роми ќе треба сами да се снаоѓаат за своето школување, за купување облека, дополнителна литера- тура и храна. А тоа се маки и на родителите и на учениците. Сменетата слика за Ромите во образованието не им помогна многу за да се изборат за своите права. Она што беше нивна об- врска во изминативе години е да се покажат дека се подготвени за реформи во нивната заедница, со тоа што прво ќе се посветат на образованието, кое е клучниот момент за социјализација на ромската етничка заедница. Сли- ката последниве неколку години се смени, но привилегиите кои ги добиваат учениците од оваа етничка заедница се сеуште на незавидно ниво. Социјалната слика на Ромите се знае, сиро- маштијата сеуште владее кај нив, но државата се заложи дека ќе се погрижи за образованието, сите ученици да добијат со- одветно образование, а за тоа нормално потребни се финан- сиски средства. 4 малку има“, додаде Шериф. На почетокот на учебната година се најави парична помош за сите средношколци кои примаат со- цијална помош. Сите семејства кои се приматели на социјална помош и имаат деца во средно образование требаше ќе добијат дополнителна финансиска помош од Владата, поддржана од Светската банка, за редовно посетување на нивните деца на училиште. Оваа помош беше предвидена учениците да можат да си купат облека и храна. Првите пари требаше да ги до- бијат во декември, откако ќе се докаже дека децата редовно по- сетуваат училиште. Но од овој проект, кој требаше да помогне сиромашните се- мејства да ги праќаат децата на училиште за да завршат образо- вание, сеуште нема ништо. И по три месеци од стартот на учеб- ната година не е излезен ни кон- курсот за парична помош за децата од сиромашните се- мејства. „Критериумите за овој проект не се дефинирани целосно и целиот проект не е конкретизиран до- крај. Нема конкретен датум, но се работи на проектот и тогаш кога ќе биде се комплетирано и конкретизирано ќе го објавиме конкурсот“, изјавија од Мини- стерството за труд и социјална политика.Покрај доцнењето на дополнителната парична помош, доцнат и конкурсите за стипен- дирање на средношколци Роми. Околу 800 средношколци чекаат да биде објавен конкурсот, за да можат да конкурираат. Лути се затоа што Министерството за об- разование не ги информираат, немаат никаква информација за тоа до каде е конкурсот за сти- пендии, а учебната година веќе одамна е почната. Многумина размислуваат да го напуштат об- разованието. „Интензивно работиме на тоа конкурсите да се објават што по- брзо и се надеваме дека до сре- дината на декември веќе ќе ги имаме објавено конкурсите“, 4 ДНЕВНИК
  89. ДЕКЕМВРИ 2009 ПЕРИСКОП 5 Ученици Роми за прв пат се

    сретнаа со ‘Снежана и седумте џуџиња’ КУМАНОВО...При моја аси- сенција за време на часот во ос- новното училиште „Христијан Тодоровски - Карпош“, асисти- рав на часот по македонски јазик. Децата ја работеа прика- зната ,Снежана и седумте џу- џиња,. Учителката им ја раскажуваше приказната а де- цата внимателно ја слушаа. После неколку минути забеле- жав дека ромските деца не се вопшто внимателни, туку дека тие само ја гледаа учителката но, ништо не ја разбираа. Тогаш разбрав дека тие воопшто не сфаќаат за што се работи на часот и за што им раскажува учителката, бидејќи не го разби- раа македонскиот јазик. Кога за- врши со раскажување, учителката ги потпрашуваше де- цата за приказната. Другите првачиња знаеја за што се ра- боти, која е Снежана, како се ви- каат џуџињата, како се одвива приказната и каков крај има таа, додека ромските првачиња, ниту знаеја која е Снежана, кои се џу- џињата, ниту пак слушнале за оваа приказна. После сето оваа што го видов при мојата асистенција, си земав за обврска на терен со децата да ја работиме приказната Снежана и седумте џуџиња. Организирав две групи на деца од населбата Бараке, се со- бравме кај еден од учениците и го одржав мојот час за асисти- рање во домашни услови. Имав големи тешкотии со нив при раскажувањето и работата. Морав прво приказната да ја раскажам на ромски јазик, а потоа и на македонски. Кога по- чнав да ја раскажувам прика- зната на ромски, на децата многу им беше интересно. Прво им раскажав за лошата маќеа на Снежана, колку била лоша и колку ја мразела Снежана. Дури децата маќеата на Снежана ја поистоветуваа со некоја нивна сосетка, која секогаш им забра- нувала да играат фудбал пред нејзината порта. Девојчињата ме прашуваа најчесто за огледалото на маќеата, дали било волшебно и колку била убава Снежана, до- дека машките се интересираа за ловецот и за принцот на белиот коњ. Имаше прашања од типот зошто Снежана го изела јабол- кото, дали сите јаболка се от- ровни, и дали навистина постојат џуџиња. На сите овие прашања од децата морав вни- мателно да им одговорам, за да Девојчињата ме прашуваа најчесто за огледалото на маќеата, дали било вол- шебно и колку била убава Снежана, додека машките се интересираа за ловецот и за принцот на белиот коњ. Имаше прашања од типот зошто Снежана го изела јаболкото, дали сите јаболка се отровни, и дали нави- стина постојат џуџиња. На сите овие прашања од де- цата морав внимателно да им одговорам, за да бидат задоволни од мојот одговор и да ја сфатат приказната
  90. ПЕРИСКОП ДЕКЕМВРИ 2009 6 бидат задоволни од мојот одго- вор

    и да ја сфатат приказната. Тажниот крај од приказната ги растажи, но кога завршив со приказната сите деца беа на- смеани и задоволни, затоа што Снежана останала жива и дека ја спасил принцот на белиот коњ. Кога завршив со мојата асистен- ција и раскажување, децата на- вистина бев задоволни. Сега знаат која е Снежана, кои се се- думте џуџиња, знаат што е добро, а што зло и сега многу полесно ќе им биде на учи- лиште при обработувањето на оваа приказна. Од извештајот на Мирвет Муслиевска, медијатор на НРЦ ТЕТОВО...Населбата ,29 Ноем- ври, се наоѓа на десната страна од течението на реката Пена во т.н. ,Индустриска зона,. Во неа моментно живеат околу 300 луѓе од кои најголем број се деца на возраст од една до 20 години. Во оваа област, некаде во седумде- сеттите се населуваат дваесе- тина семејства Роми по потекло од Косово. Фокусот го ставам на семејството Красниќи кои се вдомуваат во оваа област со надеж дека ќе најдат подобро место за живот. Никој од нив- ното семејство никогаш не бил на училиште и не се занимаваат со никаков занает. Нивниот единствен извор на егзистенција отсекогаш било просењето. Со осамостојувањето и воведува- њето на демократијата во Маке- донија и новите законски прописи сите тие се соочуваат со проблемот на државјанството и остануваат без никаква доку- ментација и ги губат и оние мали бенефиции кои ги имале во поранешниот систем – со- цијална и здравствена заштита. Населбата е изградена од куќи на диво. Тие се изградени од се- каков материјал – картони , дрва, тули и слично. Во неа нема ниту електрична инстала- ција, ниту водоводна мрежа, а исто така ниту фекална канали- зација, патна инфраструктура ниту каков било белег на модер- ното време. Токму така животот како да застанал на почетокот на 20-тиот век и ништо не се про- менило во животот на луѓето во оваа населба . Во учебната 2008-2009 година, за прв пат во оваа населба се за- пишани 11 ученици Роми како првооделенци во О.У,Лирија,. Еден од нив е и А.К. кој е запи- шан заедно со своите двајца браќа С. и В. Гледајќи ја нив- ната социо-економска положба нема никаква разлика помеѓу нив и останатите запишани и незапишани деца од оваа на- селба, но, сепак судбината на тројцата браќа е малку поинаква во однос на останатите. Како мали остануваат без татко кој несреќно загинал во обид да ја поврзе струјата од дома со бан- дерата во неговата улица. За несреќата да биде поголема мајката потоа ги остава децата и тие остануваат на терет на ба- бата Мирадија која и самата бо- ледува од разни болести. На училиште А.К. е примерен, редовен, дисциплиниран и одго- ворен ученик и според зборо- вите на одделенскиот раководител Соња Михајловска е ученик за пофалба, а освен за-
  91. ДЕКЕМВРИ 2009 лагањето за постигнување на со- лиден успех, се

    залага да им по- могне и на своите браќа а и на другите ученици од малото. -Најважно е што е редовен, пе- дантен, разбирлив и ми служи и како толкувач, истакнува учи- телката Соња. - Факт е дека сите тие деца жи- веат во тешки социо-економски услови и јас за прв пат се среќа- вам со ваква категорија на уче- ници но, ме радува фактот што сите тие а и нивните родители се залагаат нивните деца да бидат редовни и да бидат пе- дантни на училиште. Во овој пе- риод е најбитна нивната адаптација и социјализација, а еве А. е на исто рамниште со другите ученици, вели Дијана Билбиловска, наставничка по англиски јазик. А. Е најголем од браќата и по- ради тоа тој вели дека има об- врска да се грижи за нив и за нивната баба, кој тој ја нарекува мајка. Кога ќе порасне, сака да биде лекар. И учителката ја истакнува теш- ката социо-економска положба во која живеат децата од оваа населба, но исто така истакнува дека е најважно што тие сега се згрижени во училиште и не се оставени на улица да просат и да бидат изложени на најра- лични опасности кои ги демнат на улицата, а за останатото ќе се погрижат хуманите луѓе кои како во случајот ги запишале и константно во текот на годината се грижат за нивниот успех и ре- довноста. Но, сепак вели дека би било убаво и малку повеќе да им се помага со облека и обувки, како и со школскиот прибор и други материјали за на училиште. Од извештајот на Хасан Идризи, медијатор на НРЦ ПРИЛЕП... Семејството Ќази- моски го посетив неколку пати. При првичната посета разгова- рав со мајката на С.Ќ. која изјави дека немала време да му извади потврда за примени вак- цини од здравствениот дом. От- како ми кажа дека С. ги има примено сите вакцини, јас се за- ложив да го посетам здравстве- ниот дом за да му извадам потврда за примени вакцини. За жал, од одделението за вакцина- ција добив информација дека С. ги нема примено сите вакцини и дека потребно да прими само една вакцина за да му се издаде потврда, а дополнително да се закажат нови термини за остана- тите вакцини. Пак отидов до Ќазимоски да им ги кажам новите информации. Разговарав со таткото на С. Но, иако му предочив дека лично се заангажирав да извадам потврда за неговиот син, тој ми рече дека ќе чекал покана од здравстве- ната институција за да го однесе синот на вакцинација. Таткото беше дециден дека оваа учебна година нема да го запише него- виот син во училиште бидејќи сметал дека е многу мал за на- става. Му предочив дека не е негова работа тој да одредува за тоа би- дејќи има стручни служби кои врз основа на интервју ќе проце- нат дали детето е подготвено за на училиште или не. Исто така му укажав дека ако не го запише детето на училиште, следуваат законски строги казни и му ветив дека ќе му помагам во со- владување на материјалот...Но, таткото на малиот С. не по- пушти и одлучи синот да не го запише во оваа учебна година. Суштината на оваа сторија е тоа дека и покрај законските регула- тиви во однос на задолжителна имунизација и задолжително ос- новно образование, мал дел од ромските родители се уште не ги земаат истите во предвид. Ромските родители сметаат дека децата треба да почнат на учи- лиште на шест годишна возраст, па и повозрасни. Во однос на имунизацијата, се уште немаат информации за временскиот пе- риод за вакцинација. Од извештајот на Денис Реџе- повски, медијатор на НРЦ
  92. Пред еден месец, Сиан Џонс како дел од екипата на

    Амнести интернешенел беше во Македо- нија и тоа токму во периодот кога повторно почнаа подготовките за предлог-проектот помеѓу пре- тставници на граѓанскиот сектор и Министерството за труд и социјална политика, ресор кој е задолжен за подготовка на закон за превенција и заштита од дис- криминација. Главната забелешка на Џонс беше тоа што во земјава се носат закони кои потоа тешко се остваруваат во пракса, како и тоа дека граѓаните не си ги познаваат своите основни човекови права. Таа, како и нејзината организација, Амнести интернешенел, во потполност се согласуваат со забелешките на Европс- ката комисија за напредок на Македонија во делот за состојбата со човековите права. Но, Џонс најавува дека по посетата на Македонија, Амнести в година постојано ќе ја мониторира ситуацијата во земјава, посебно поради фактот, како што вели таа, што со- брала многу материјали Која беше причината за Вашата посета на Македо- нија? -Во Македонија бевме најпрво за да направиме еден бек ап на извештајот што го објавивме во 2007 година во врска со владиниот неуспешен обид за гаранција на правата на ромските жени. И да дознаеме каков напре- док (ако го има) е направен од страна на Владата во остварувањето на акциониот план за статусот на ром- ските жени, посебно во рамките на имплементацијата на Декадата на Ромите. Бидејќи нашата организација се грижи и за други проблеми со човековите права во Македонија, дополнителен мотив за посетата беше исто така да направиме еден пресек на извештајот за Македонија што Амнести го има подготвено за пе- риод од јануари до јуни годинава. Генерално гледано од Ваша страна, каква е со- стојбата со човековите права во земјава? -Генерално, има голем простор за напредок во овој дел. Иако има знаци дека Македонија почна посе- риозно да ги сфаќа обврските кон заштитата на чове- ковите права. Имаме забележано некои подобрувања, на пример, во внатрешната контрола од страна на Ми- нистерството за внатрешни работи, во делот каде по- рано постоело малтретирањето во притворите од страна на полицијата. Но, од друга страна обвините- лите и судиите очигледно се уште немаат волја да иницираат обвиненија за ваквите случаи. Македонија почна и други реформи и донесе нови закони, кои се дел од напорите на земјата за влез во Европската Унија. Како и да е, ние се согласуваме со критиките на Европската комисија дека Владата има направено мал прогрес во обезбедувањето на правата на Ромите во Македонија. Постојат некои мерки кои треба да им помогнат на ромската заедница во остварувањето на нивните права, како на пример, мерки за пристап до бесплатно и задолжително образование, овозможено од страна на Министерството за образование и наука. Но, исклучително мал напредок е постигнат во им- плементацијата на националниот акционен план за Декадата на Ромите. Исто така, ние сме загрижени од недостатокот на фондови и начини на финансирање кои треба да бидат обезбедени од страна на Владата за стратегијата за статусот на ромските жени. Во 2007 година на пример, откривме дека основните услуги на Ромите им беа дадени преку ромски невладини орга- низации. Ситуацијата остана скоро иста, освен што повеќето од овие невладини организации сега се со- очуваат со финансиски кризи поради намалувањето на фондовите и поради тоа што многу од донаторите си заминуваат од регионот. Кои права се најмногу загрозени? -Ова е многу тешко прашање бидејќи тешко е да се споредуваат човековите права. Некои човекови права може бидат прекршени и може да влијаат само кај мала група на луѓе, други влијаат на поголема група на луѓе...Според Амнести, многу јасно е дека загро- зени се правата на малцинставата. Посебно правата на Ромите се едни од систематски најкршените права во Македонија. Во Македонија бевте во период кога претставни- ците на граѓанскиот сектор и на Министерството за труд и социјална политика почнаа нова рунда на подготовки за новиот закон за заштита од дис- Сиан Џонс - Амнести интернешенел Во Македонија нај правата на Тешко е да се споредуваат човековите права. Некои човекови права може бидат пре- кршени и може да влијаат само кај мала група на луѓе, други влијаат на поголема група на луѓе...Според Амнести, загрозени се правата на малцинставата, посебно правата на Ромите се едни од систематски најкрше- ните права во Македонија, вели Џонс 8 ДЕКЕМВРИ 2009
  93. криминација. Имаше неколку обиди да се донесе ваков закон, но

    некако работите се движеа и се движат многу бавно. -Законот за антидискриминација е потребен за при- стап во Европската Унија, но овој закон е поважен е од тоа. Сите меѓународни договори, како на пример, Европската конвенција за човекови права говорат дека сите права мора да бидат загарантирани без дискри- минација. Човековите права мора да важат за сите луѓе. Затоа, многу важно е овие основни принципи на недискриминација да се инкорпорираат во закон, како и тоа дека законот мора да обезбеди гаранција дека секој оној што страда од каков било вид на дискрими- нација ќе може да се обрати на судовите, или некоја друга слична институција и ќе може да бара лек за дискриминацијата од која страдал или страдала. Зако- нот исто така треба да покажува како Владата ќе ги промовира човековите права, така што секој да знае какви права има, како и да основа тело што ќе води сметка тие права да бидат заштитени и тие што ќе ги прекршат тие права, вклучувајќи ги тука и Владата и приватниот сектор, да бидат соодветно казнети. Амне- сти интернешенел смета дека сегашната предлог вер- зија на законот треба да се подобри и дека треба да има целосна и постојаната соработка, комуникација и консултација со граѓанскиот сектор, посебно со лу- ѓето кои ги претставуваат на пример, ромските пра- шања, кои секојдневно се подложни на дискриминација. Откако ваквиот закон ќе биде пре- тставен, тој ќе мора да се имплементира, а за тоа се потребни посветеност и ресурси. Како да се зголеми јавната свест за човековите права, антидискриминацијата и слично? -Законите мора да имаат јасни членови за да може лу- ѓето јасно да ги научат да ги препознаваат своите права. Не е доволно законите и нивните измени да се објават само на Интернет страници, потребни се пого- леми кампањи - на радио, на телевизија, во весници, додатоци, брошури и тоа на сите места каде што се движат луѓето и на сите јазици што се користат во земјата, со цел да се обезбеди таа сигурност дека секој човек ќе стане свесен за промените во легислативата, вклучувајќи ја тука и најавата за законот за антидис- криминација и што точно овој закон им значи на лу- ѓето. Дали Македонија има капацитет да направи нешто во однос на овие прашања за човековите права? -Не секогаш се работи за капацитет на институциите и на граѓанскиот сектор, туку повеќе се работи за поли- тичка волја. Законот за антидискриминација на при- мер, не е само работа на Министерството за труд и социјална политика. Законот за недискриминација ќе бара безрезервна поддршка од сите сектори и инсти- туции кои работат под Владата. Со цел да се оствари правото на недискриминација сите владини институ- ции ќе мора да преземат законски, административни, буџетски, правни и промотивни мерки за да ја осигу- раат целосната реализација на правото на недискри- минација. Законот за недискриминација треба да го почитува правото на недискриминација, што значи дека Македонија мора да гарантира дека нејзините за- кони се недискриминирачки и во пракса. Ќе има ли Амнести интернешенел уште активно- сти во земјава? -Од Македонија се вративме со една долга листа на активности и случаи на кои ќе работиме. Имаме на- мера постојано да ја креваме совеста на Владата и во нашите извештаи и други документи, кои исто така ќе бидат достапни и на Интернет страницата на Амнести интернешенел, како и преку кампањи кои ќе бидат по- кренувани од страна на меѓународните членки на Ам- нести Интернешенел...така што, очекуваме дека идната година ќе бидеме многу зафатени со Македо- нија. јзагрозени се Ромите 9 ДЕКЕМВРИ 2009
  94. Ромите и натаму се најдискриминирана ет- ничка група во земјава.

    Тие и натаму се со- очуваат со тешки животни услови, а продолжува тивката сегрегација и дискриминација, како во поглед на пристапот до личните доку- менти, образованието, социјалното и здравстве- ното осигурување, така и кога се во прашање вработувањето и домувањето. Воедно се забеле- жува тенденција на благо, но бавно подобрување на општата состојба, заклучија членовите на Ев- ропската комисија во извештајот за Напредокот на Македонија во процесот на интеграција во Европс- ката Унија, објавен минатиот месец. Благото подобрување на општата состојба иако тоа не е прецизно кажано члено- вите на Европската Комисија го гле- даат во фактот што не се забележани официјални пода- тоци за полициска тортура или друг вид на бруталност врз Ро- мите, како што пишува во из- вештајот во делот за недискриминација. - Невработеноста меѓу припад- ниците на оваа етничка група е највисока во земјава и изнесува 73 отсто, наспроти 30 проценти на државно ниво. Сиромаштијата е најприсутна меѓу Ромите, па така дури 63 проценти од вкупното ромско население во земјава живее под прагот на сиромаштијата, наспроти 1/3 колку што е просекот на ниво на државата. Слично е и со стапката на смртност која е највисока меѓу Ромите - пишува во извештајот, иако во него не се изнесени конкретни споредбени статистички пода- тоци. Комисијата забележува дека најголеми проблеми кога е во прашање остварувањето на правата на Ро- мите и нивната интеграција во општеството и на- таму остануваат недостатокот на пари и слабиот административен капацитет на Министерството без ресор, кое е директно задолжено за имплемен- тација на целите поставени во стратегискиот доку- мент насловен како Декада на Ромите од 2005 до 2015 година. Приоритети на Стратегијата за Ро- мите до 2015 година се олеснување на постапката и пристапот до документи за лична идентифика- ција, образованието, социјалното и здравственото осигурување, вработувањето и подобрување на условите за домување. Токму зголемувањето на буџетските средства за да се овозможи побрза интеграција на Ромите во оп- штеството и зајакнување на административниот капацитет на надлежното министерството без ресор кое е задолжено за спроведување на “Декада на Ромите” се двете основни препораки што Ев- ропската комисија ги дава до надлежните институ- ции во државата. Но, ЕК ги нотира горливите проблеми со кои се со- очуваат припадниците на Ромската заедница во земјава. Застапеноста на Ромите во јавниот живот и институциите на државата исто така е на ниско ниво и во наредниот период треба да се зголеми. Ромите и натаму се неславни рекордери по стап- ката на писменост кај децата. Иако стати- стички е подобрена бројката на деца Роми кои се запишани и го завршиле основното и средното образование и натаму е генерален заклучокот дека се уште треба да се работи на олеснување на пристапот до Основното образование. Спо- ред статистиките презентирани во Извештајот, 61 отсто од де- цата се запишуваат во Основно училиште, а само 17 проценти што завршиле основно продолжу- ваат со образованието во средно учи- лиште, што е многу пониско од општиот просек на ниво на држава. Исто така малолетничката деликвенција, меѓу Ро- мите и натаму останува жежок костен за целото општеството, а не само за Ромската заедница. По- ради тоа Европската Комисија забележува дека се зголемува и бројот на децата Роми кои се препуш- тени на улицата. Пред Европратениците е презентиран и неслав- ниот податок за судбината на Ромите - бегалци од Косово. Така, од вкупно 1.700 колку што офи- цијално беа регистрирани како хуманитарно згри- жени лица во јули 2009 година, само 25 од нив се здобиле со статус на бегалци, додека 1094 и натаму се хуманитарно згрижени. Вкупниот впечаток е дека неспорно постои реално, забележително придвижување на состојбите во земјава па во рамките на тоа и на состојбата на Ро- мите, но тоа ни одблиску не е во логичен сразмер со евидентниот пораст на објективната политичка волја на Брисел, конечно да почнат преговорите за полноправно членство на земјава во Европската унија, по цели 5 години поминати во чекалната со недефиниран статус на земја кандидат! Старите болки раскажани низ призма на розовите очила Се е исто како лани, со исклучок на прогресот во политич- ката волја на Европската комисија, Скопје по пет го- дини минати во чекалната со недефиниран кандидатски статус, конечно да ги почне преговорите со Брисел за пристап на земјава кон Европската унија ДЕКЕМВРИ 2009 10
  95. 11 Двајца македонски претстав- ници во европска ромска орга- низација

    Самка Ибраимовски и Ениса Еми- новска се новите претставници на Европскиот ромски и патувачки форум (ЕРТФ) од Македонија. Тие беа избрани на состанок на ромските невладини организации од цела Македонија на почетокот на октомври годинава, по повод формирање на чадор организација на сите ромски невладини органи- зации во земјава. На состанокот присуствуваа околу 60 претстав- ници на невладини организации, политички активисти, студенти, медиуми... Ибраимовски и Еминовска имаа најмногу гласови од страна на претставниците на ромските не- владини организации од Македо- нија. Тие треба да ги претставуваат потребите, бара- њата и сугестиите на сите ромски невладини организации пред ЕРТФ, односно треба да бидат гласот на ромските организации од Македонија. Секој од нив има и по тројца свои заменици, кои исто така беа избрани на транспарен- тен начин, пред присутните пре- тставници на ромските организации. ЕРТФ е ромска ме- ѓународна организација која е партнер со Советот на Европа, па дури има и консултативна функ- ција, односно ЕРТФ го советува Советот на Европа кога се работи за ромските прашања на ниво на европскиот континент. Македонија доби двајца претстав- ници во ЕРТФ бидејќи, како што налагаат прописите на оваа орга- низација, кандидатите се бираат согласно бројот на Роми што жи- веат во конкретната земја. На со- станокот беше спомнато дека во Македонија моментно живеат околу 500 илјади Роми. До оваа бројка, како што спомнаа пре- тставниците на ЕРТФ се дошло откако се извадил просек од офи- цијалните државни статистички податоци и статистиките со кои располагаат ромски невладини ор- ганизации . Идните наставници никогаш не слушнале за Холокаустот на Ро- мите Од каде потекнуваат Ромите, од каде доаѓа називот Ром и што тој значи, со какви неправди се со- очил овој народ, како напредувале низ вековите, каква е нивната си- туација во денешно време, со какви стереотипи и предрасуди се соочуваат, за состојбата во образо- ванието и во политиката...ова беа темите на кои Себихана Скенде- ровска, претставник на Национал- ниот ромски центар (НРЦ) од Куманово говореше во своето двочасовно предавање што кон крајот на октомври го одржа пред стотина студенти во прва година на Педагошкиот факултет во Скопје. Студентите, идни наставници во неколку наврати се изјаснија дека иако повеќето од нив се имаат сретнато со Роми, дел од нив се изјаснија дека имаат пријатели Роми, сепак, кажаа дека не знаат ништо за Ромите. Освен што се потврди стереотипот дека Ромите живеат во изолирани делови, од- носно населби во градовите, тие посочија дека никогаш не слуш- нале за традициите, историјата, јазикот, културата, маките кои ромскиот народ ги поминувал низ вековите и се уште ги поминува како во Македонија, а уште повеќе во дел од земјите-членки на Ев- ропската Унија. Тие со љубопит- ност слушаа за поновата историја на Ромите, односно за ромскиот холокауст, при тоа истакнувајќи дека никогаш не слушнале дека покрај Евреите, во Втората свет- ска војна всушност и Ромите биле жртви во логорите на смртта низ Европа. А, уште помалку пак, слушнале дека геноцидите се уште траат во некои од европ- ските земји. Најголемо изненадување во однос на предавањето изнесе деканот на Педагошкиот факултет, кој го от- стапи својот час под назив Социо- логија на образованието, во чии содржини се спомнуваат делови од историјата, културата и тради- цијата на малцинствата што жи- веат во Република Македонија, кој кажа дека таквото предавање му било од голема корист бидејќи и самиот научил работи за кои нико- гаш не ни слушнал и ниту бил свесен. Тој изрази желба такво предавање да се организира и во вториот семестар идната година, како и за понатамошна соработка со НРЦ. ВЕСТИ
  96. СМРЗНАТ КАДАР Импресум Подготвува екипа на Национален Ромски Центар: Ашмет

    Елезовски; Славица Ќурчинска; Себихана Скендеровска; Далибор Шојиќ; Љубица Гроздановска Димишковска; Александар Димишковски; Инес Мустафовска Национален Ромски Центар (НРЦ) Издавач: Здружение на граѓани Национален Ромски Центар (НРЦ) улица “Доне Божинов” бр.11/5, 1.300 Куманово, Република Македонија www.ednomagazine.com ; www.nationalromacentrum.com e-mail: [email protected] [email protected] тел/фах : 031/427-558 Списанието “Едно“ е дел од проект на Националниот Ромски Центар финансиран од Ромскиот Едукативен Фонд (РЕФ) Печати: Т.Д.Генекс Кочани; Тираж: 200 примероци
  97. ПЕРИСКОП До излез од сириомаштијата, преку упорност во образованието ОБРАЗОВАНИЕ

    Стипендии и ментори за 800 Роми средношколци ИНТЕРВЈУ -НЕЖДЕТ МУСТАФА Со завршувањето на Декадата, нема да престане да се работи на доброто на Ромите СТАВ Луѓето треба гласно да се борат за своите права ИН МЕМОРИАМ Шаип Јусуф, автор на првата граматика на Ромски јазик БРОЈ 10 ФЕВРУАРИ 2010 Илустрација Фросина Трендафиловска Недељковска
  98. За Едно, за образованието за сите Ашмет Елезовски Почитувани, Пред

    вас е новото издание на Магазинот ЕДНО за 2010 год, кое продолжува да Ве информира, прово- цира, иницира ваши сугестии, коментари за подо- брување на образованието кај Ромската заедница. Се надевам дека граѓаните на Македонија добро ги познаваат Ромите, нивната историја, култура, раз- вој, проблемите од нивниот секојдневен живот. Спомените за Ромите од минатото треба да се до- полнителна мотивирачкарачка енергија за промена на актуелната состојба на ромската зедница и сликата за Македо- нија. Дали сите знаеме дека Македонија е пионер во Европа во развојот на Ром- ското движење? Првата граматика за ромскиот јазик е иницирана токму на овие простори, во времето на поранешна Југославија од страна на Ромскиот интелектуалец Шаип Јусуф, кој неодамна почина. Ин- формирањето за Ромските прашања во медиумите е иницирано од страна на новинарот и илустраторот, Оскар Мамут, кој зад себе остави видлива трага за Ромскиот идентитет. Вистинско политичко организирање на Ромите и нивно уче- ство во власта во Македонија беше започнато од Фаик Абди, основач на првата политичка партија која ги застапуваше Ромите. Честопати кога учествувам на средби надвор од земјава, изјавувам дека Ромите се богатство на Ма- кедонија. Реалноста е видлива. Македонија има една Ромска општина за која знае целиот свет, има Ромски медиуми, Ромски интелектуалци, поли- тички претставници, развиен граѓански сектор. Но, сепак зошто Ромските населби немаат инфраструк- тура, зошто Ромите имаат најголема стапка на не- вработеност, сиромаштија, живеат во субстандардни услови, имаат најкраток животен век и се уште имаме повозрасни генерации во Ром- ската заедница кои се неписмени. Трендот на реце- сијата од една страна и екстремната сиромаштија кај ромската популација од друга страна се најголе- мите противници на напредокот. А од друга страна ние очекуваме тие да имаат чекор со времето. Тоа е апсурд! Секој од нас може да негира одреден факт или при- чина, но ако не направиме Ромите да бидат вид- ливи, не само како социјален проблем, туку како припадници на заедницата, треба да се преиспитаме колку ги позна- ваме нив и нивните проблеми. По- требно е сите декларативни изјави и програми да станат наша реалност. Бо- гатството на Македонија се мери со сите чекори што ги има направено на- пред, но треба да се согледаат сите про- пусти и празнини кои треба да се пополнат. Скриена опасност и утопија е да очекуваме интеграција на најслабата карика во општеството без дополнителна под- дршка. Без реално подобрување на состојбата на Ромите, се дава ново бреме и тежина на и онака тешка си- туација на Ромите. На сите нас ни е потребен по- долг период за да ја согледаме насоката за заеднички развој и напредок, но едно е сигурно - сите препреки се надминуваат заеднички и со ан- гажман на сите нас. Европското интегрирање, им- плементација на Националната Стратегија, Декадата на Ромите, со поддршка од меѓународната заедница нема да имаат ефекти за Ромската за- едница ако сите ние заедно не сфатиме дека нашата реалност е наша одговорност. ЕДНО Ве повикува и ги очекува вашите заложби и придонес за заедничка перспектива. БИЛБОРД ФЕВРУАРИ 2010 БИЛБОРД - Стр. 2 - Уводник ДНЕВНИК - Стр. 3-4 - Извештај ПЕРИСКОП -Стр. 5-9 - Теренски извештаи Неждет Мустафа - Стр. 10-13 - Со завршувањето на Декадата, нема да престане да се работи на доброто на Ромите КОЛУМНА - Стр. 14-15 - Само редовната вакцинација обезбедува сигурна заштита СМРЗНАТ КАДАР Стр. 24 - Фото вест 2
  99. 3 Стипендии и ментори за 800 Роми средношколци Со задоцнување

    од неколку месеци, Мини- стерството за образование и наука го обја - ви конкурсот за стипендирање на 800 средношколци Роми од прва до трета година. Проектот што требаше да почне да се реализира уште од ноември минатата година, ќе се реали- зира во соработка со Ромскиот Едукативен Фонд од Будимпешта. Предвидено е тој да се одвива во две фази. Во првата фаза на проектот е предви- дено да се обезбедат стипендии за 800 средно- школци Роми во висина од 2.200 денари, додека во втората ќе им се пружи дополнителна помош во учењето од страна на професионални ментори и тутори со цел побрзо и поефикасно да ја следат наставата. Според Министерството за образование и наука менторството ќе им помогне на ромските уче- ници да ги надминат недостатоците во текот на образованието. Тие ќе се погрижат секој ученик да добие индивидуална поддршка и ќе им пома- гаат во развојот на вештините за учење, за реша- вање на проблемите поврзани со училиштето, како и лични проблеми, а ќе се олесни и интегри- рањето на учениците во социјалниот живот на училиштето. Според Министерството, тоа ќе им овозможи на ромските ученици стипендисти по- успешно да се вклопат во главните текови на учи- лиштето. „Стипендиите ќе се доделуваат девет месеци во износ од 2200 денари месечно, а менторите ќе им помагаат на учениците во процесот на подобра социјализација и подобра интеракција. Туторска помош ќе даваат професорите по предметот мате- матика, односно тие ќе им помагаат на Ромите во совладување на проблемите во областа од мате- матиката, но туторска помош ќе биде обезбедена ОБЈАВЕН КОНКУРСОТ ЗА СТИПЕНДИРАЊЕ Не е лесно во овие сиромашни вре - ми ња да се излезе на крај со деца уче ни ци, уште повеќе ако не е само еден ученик, ако се двајца па дури и трој ца од едно семејство, велат ро- дителите ДНЕВНИК
  100. и за останатите предмети за кои што Ромите ќе имаат

    потреба од дополнителни совети и допол- нителна помош од наставниците”- изјави мини- стерот за образование и наука Никола Тодоров. За средношколецот Јасмин оваа стипендија е голем предизвик. Тој е редовен ученик и ги ис- полнува критериумите за добивање стипендија. Јасмин вели дека веќе ја доставил потребната до- кументација до Министерството. Очекува да влезе меѓу 800-те Роми средношколци што треба да добијат стипендија. „Тие 2.200 денари се малку, но многу е подобро нешто малку, отколку ништо. Моите немаат од каде да ми дадат. Татко ми работи во приватно претпријатие, а дома сме 6-члено семејство. Ако ми одобрат стипендија многу ќе ми помогне до крајот на школската година. Можеби пак, нема да можам да излегувам со другарите после часови, но ќе ми се најдат, барем да си купам патики и фармерки”, вели Јасмин. Месечната стипендија е симболична сума, велат неколку незадоволни родители на средношколци. Овие пари не се доволни ни за јадење, а уште по- малку за да се купат алишта, обувки или додатна литература што, пак, за некои ученици Роми е не- опходна за збогатување на нивното знаење. Са- каат да знаат како ја пресметале оваа сума. Според нивните пресметки овие пари се мини- мални, велат дека тие знаат колку чини еден средношколец дома, да се облече, да му се дадат пари за најмалку еден оброк и да се прати на учи- лиште - Не е лесно во овие сиромашни времиња да се излезе на крај со деца ученици, уште повеќе ако не е само еден ученик, ако се двајца па дури и тројца од едно семејство, додаваат родителите. Реџеп Али Чупи, директорот на Управата за раз- вој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, додаде дека 2.200 денари е значајна сума која може позитивно да влијае за поттикнување на учениците за пого- лем просек. Со оглед на тоа дека образованието е бесплатно, односно дека учебниците, превозот и сместувањето на средношколците надвор од своите места на живеење е обезбедено, тој смета дека овие пари се сосема доволни за еден средно- школец месечно. Според директорот на Управата за развој и уна- предување на образованието на јазиците на при- падниците на заедниците 800-те средношколци Роми на кои ќе им се одобри стипендија, истата ќе можат да ја очекуваат во март и до крајот на школската година ќе бидат исплатени сите девет рати. Овој проект на Министерството за образование и наука и Ромскиот Едукативен Фонд е сличен на проектот што во 2004 година го реализираше Фондацијата Сорос. Проектот на Сорос траеше 4 години и се смета за еден од поуспешните про- екти од образование на учениците Роми, а кој беше насочен кон обезбедување можности за уче- ниците успешно да учат, особено на преминот од едно ниво на образование во друго, каде што се највисоки шансите за децата да го прекинат ната- мошното школување. ДНЕВНИК Инес Мустафовска
  101. 5 СКОПЈЕ...Семејството Меме- дови живее во населбата Јурум- лери која

    од центарот на градот е оддалечена околу 15 кило- метри. Семејството брои седум члена - баба, дедо, таткото Енвер, мајката Кимет и три деца кои учат во основното училиште ,Петар Петровиќ – Његош,. К.М. е најстарата ќерка која е во седмо одделение, потоа братот Ќ.М. кој е во четврто одделение и на крајот Е.М. која е во трето одделение. Тие живеат во една мала куќичка, односно во една соба од 15 квадратни метри и една мала покриена соба каде ги оставаат чевлите за да им оста- нат суви кога врне дожд. Во друга уште помала соба живеат бабата и дедото. Дедото е болен од дијабетес и има големи про- блеми со нозете кои полека ги зафаќа гангрена. Се уште не- маат водовод и канализација. За водовод немаат пари, можеби во иднина, рече таткото Енвер, а канализација нема целата на- селба. Никој од семејството не работи, а не добиваат ниту социјална помош. Таткото Енвер ме по- кани да влезам внатре во нив- ниот скромен но топол дом, кога тропнав на вратата. Внатре беше чисто и многу педантно наме- стено. Топло ме пречека и мајката Кимета која се насмеа и ме праша што сакам да се на- пијам. Децата се уште на учи- лиште, па тоа ми беше прилика да поразговарам со Енвер за не- говата економска положба. Тој ми рече дека не прима ни со- цијална помош бидејќи задоц- нил да се пријави во Бирото, но дека децата се здравствено оси- гурани. Како преживува го пра- шав. Ми ја покажа старата машина за сечење дрва која стоеше во дворот. -Со таа машина сум по цел ден надвор и чекам да ме повика некој за да го заработам лебот, рече Енвер. По кратко време стигнаа децата од училиште. Тие со насмевка ме поздравија и седнаа на подот, бидејќи на единствениот кревет што го имаат, седев јас. Е.М. веднаш почна да му кажува на До излез од сиромаштијата, преку упорност во образованието Целото семејство ја поддржува Ш.С. во нејзиното школување, но велат дека сега им е малку потешко бидејќи дома чуваат болно лице и трошат поголеми средства за набавка на лекови и плаќање на болнички трошоци, а покрај тоа семејството нема ниту сопствена куќа и живеат во куќа сопственост на други за која плаќаат кирија од 2.000 денари месечно. Девојчето е заинтересирано за образование и вели дека е многу благодарна на нејзиното се- мејство што и нуди можност да посетува настава и покрај тоа што живеат во сиромашни услови. Таа вели дека аплицирала на огласот за стипендирање на деца Роми кои учат во ос- новните училишта и дека тоа и е последна шанса да се обиде некако да биде самостојна и да не зема дел од парите што се наменети за егзистенција на нејзиното семејство но, вели дека ако нема позитивен одговор од стипендијата, ќе треба самата да се откаже од настава би- дејќи смета дека е голем товар за семејството ПЕРИСКОП
  102. ФЕВРУАРИ 2010 татко си што учеле тој ден и што

    имаат за домашна работа. Најстарата ќерка исто така кажа што има за домашна задача, како и дека тој ден ќе мора по- веќе да учи. Ги прашав децата како им поминува еден училиш- тен работен ден. Ми објаснија дека стануваат во седум часот и се мијат во дворот, каде што имаат пумпа за вода, а потоа се чешлаат, се облекуваат и зами- нуваат на училиште. По враќа- њето од училиште сите седат и ги пишуваат домашните задачи, а попладне одат кај своите род- нини кои живеат во близина и имаат бебенце од една година, за да си играат со него. Пред лег- нување пак учат со помош на родителите кои многу се грижат за нив, а потоа седат пред теле- визорот и ги гледаат своите оми- лени серии. Така им поминува речиси секој ден. Пред два дена го посетив учи- лиштето и се распрашав кај пе- дагошката служба кои се најдобрите ромски ученици. Сите ми одговорија дека тоа е К.М. и нејзината сестра Е.М. од трето одделение. Ова топло семејство е многу си- ромашно, но живее во хармо- нија. Ветив дека пак ќе ги посетам за да видам како напредуваат де- цата на школо. Од извештајот на Мемет Мемет, медијатор на НРЦ ТЕТОВО...Имран Јашари- Бајрами - родена во 1983 година во Тетово. Основното образова- ние го заврши во О.У ,Гоце Дел- чев, а, средното во училиштето ,Моша Пијаде,. Високото обра- зование го продолжува во Скопје на Филилошкиот факул- тет ,Блаже Конески, насока - Македонски јазик и литература. До дипломирањето ја дели уште еден испит. Во април оваа го- дина ќе направи три години како наставничка по предметот Ром- ски јазик и култура во осмолет- ката ,Гоце Делчев, во Тетово, со дополнување на часовите во уште две тетовски училишта и тоа во О.У. ,А.С.Кикиш, и во ,Братство Миѓени,. Пред неколку месеци се омажи за Арџент Бајрами, дипломиран машински инженер од Дебар, вработен во ПП за изработка на банкарски картички. Живеат во Скопје. Сега Имран патува секој ден, но нејзиниот план е по дип- ломирањето да бара вработу- вање во Скопје и да се запише на постдипломски студии. На работа се чувствува задо- волна од однесувањето на уче- ниците - Роми , но не и од страна на вработените во основ- ното училиште ,Гоце Делчев, за разлика од вработените во дру- гите две основни училишта каде односот и кон неа и кон учени- ците Роми е на високо ниво на разбирање и соработка. -Ми претставува особено задо- волство што сум вработена во истото училиште во кое го за- вршив основното образование – поради една единствена работа –да им докажам дека и покрај дискриминацијата која владе- еше, а која најверојатно ќе биде присутна уште долго во ова учи- лиште, успеав да бидам на ед- накво рамниште со други студенти, вели Имран. -Во однос на самата настава не- достасува она што е најбитно, а тоа се учебници изработени со- гласно наставниот план и про- грама и поради тоа во соработка со други работам на подготвува- њето на учебници по предметот ,Ромски јазик и култура, од трето до шесто одделение. Малку потешко ми одат сите тие работи бидејќи сум вклучена и како ментор на децата од прво
  103. ПЕРИСКОП ФЕВРУАРУ 2010 7 до четврто одделение. Бев член на

    комисија која ја изработи на- ставната програма по предметот Ромски јазик и култура од трето до шесто одделение, патувам секој ден, учествувам на многу семинари како член на НВО ,Англунипе, тренер од областа на женски права и еднакви мож- ности за жената Ромка, семи- нари за политичка партиципација на жената Ромка итн...Сега и дополнително се грижам за сопругот, се подгот- вувам за последниот испит. Но, кога се сака, се се постигнува, истакнува Имран. Од извештајот на Хасан Идризи, медијатор на НРЦ СКОПЈЕ...Е.Ч. е ученичка во осмо одделение при О.У. ,Аврам Писевски, село Бардовци. Нејзината мајка починала пред пет години. За неа се грижат нејзините татко, дедо и баба. Е.Ч. е редовна и примерна уче- ничка. Таа е многу добро при- фатена од нејзините соученици и наставници. Сака да се дружи, да им помага на своите другар- чиња кога им е најпотребно. Таа активно учествува во училиш- ните активности. Во петто и во шесто одделение има добиено пофалници и книги за постигнат одличен успех во училиште. Од страна на општина Карпош, а по препорака на училиштето на де- војчето и беше доделена ме- сечна стипендија во износ од 2.000 денари. Таа вели дека до- делената стипендија ќе ја моти- вира уште повеќе да учи, да се докажува и да постигнува од- лични резултати во понатамош- ното образование. Нејзината желба по завршување на основното образование е да се запише во средното медицин- ско училиште Панче Караѓозов, во Скопје. Медицинското учи- лиште го избрала, бидејќи како што вели, сака да им помага на болните и на беспомошните луѓе. Од извештајот на Љатифе Шиковска, медијатор на НРЦ КУМАНОВО...А.М. има 15 го- дини и е ученичка во прва го- дина средното училиште Наце Буѓони насока машински техни- чар. Живее во населбата Бараки и потекнува од сиромашно пет- члено семејство. Нејзините ро- дители се невработени и корисници се на социјална па- рична помош. Заработуваат од аргатска работа. А.М. живее во трошна куќа, во две соби, во за- еднички двор со нејзините тројца чичковци и една тетка. Нејзините родители се непис- мени и воопшто не оделе на училиште. Таа е првиот член од последните пет генерации во нејзиното семејство кое оди во средно училиште. -Иако сме неписмени, имавме голема желба нашата ќерка да се запише во средно образование. Целото семејство се гордее со неа и се бориме да и ги обезбе- диме сите услови - книги и учи- лиштен материјал, вели мајката Надина . А.М. е редовна ученичка, ак- тивно учествува во повеќе сек- ции и редовно оди на работилници и семинари, орга- низирани од страна на нејзиното училиште и невладините орга- низации од градот. Поради теш- ката социо - економска состојба во кое се наоѓа нејзиното се- мејство, родителите се прину- дени, секоја година да одат на сезонска аргатска работа по други градови низ Македонија. Целото семејство на пролет и наесен оди на работа за да зара- боти пари за претстојната зима. -Мене не ме водат поради об- врските што ги имам кон учи- лиштето вели девојчето. Нејзините родители се свесни за значењето на образованието за нивното дете и знаат дека тоа и го отвора патот кон успешна ид- нина. -Мојата ќерка мора да заврши средно образование, ако даде Господ и висока школа, затоа што без образование, таа нема да има никаква иднина и ка- риера, вели мајката Надина . Парите што ги заработуваат не
  104. ПЕРИСКОП 8 ФЕВРУАРИ 2010 им стигаат ниту за прехрана ,

    а камоли на А.М. да и купат нова облека или обувки, а таа не е е единственото дете во се- мејството, туку има уште три на кои им е потребна облека и обувки. А.М. првото полугодие го за- врши со солиден успех, но се надева дека оценките до крајот на учебната година ќе и бидат подобри, а своето образование ќе го продолжи и понатаму. Од извештајот на Мирвет Муслиевска, медијатор на НРЦ ШТИП...Ш.С. е ученичка во прва година во средното учи- лиште Димитар Мирасчиев, Штип. Премногу го сака учи- лиштето и не сака да престане со него се додека не заврши ви- соко образование. Нејзина цел во животот е да заврши Меди- цински факултет за да може да им помага на луѓето, бидејќи гледа како се мачи нејзината мајка. Таа живее во четиричлено семејство, корисници на по- стојана парична помош поради болеста на нејзината мајка На- змие која боледува од парализа. Таткото Шерафетин заедно со неговиот постар син Орхан за време на сезонските работи, оди на работа за да може да спеча- лат некој денар за ја поминат зи- мата. Целото семејство ја поддржува Ш.С. во нејзиното школување, но велат дека сега им е малку потешко бидејќи дома чуваат болно лице и тро- шат поголеми средства за на- бавка на лекови и плаќање на болнички трошоци, а покрај тоа семејството нема ниту соп- ствена куќа и живеат во куќа сопственост на други за која плаќаат кирија од 2.000 денари месечно. Девојчето е заинтересирано за образование и вели дека е многу благодарна на нејзиното се- мејство што и нуди можност да посетува настава и покрај тоа што живеат во сиромашни услови. Таа вели дека аплици- рала на огласот за стипендирање на деца Роми кои учат во основ- ните училишта и дека тоа и е последна шанса да се обиде не- како да биде самостојна и да не зема дел од парите што се наме- нети за егзистенција на нејзи- ното семејство но, вели дека ако нема позитивен одговор од сти- пендијата, ќе треба самата да се откаже од настава бидејќи таа смета дека е голем товар за се- мејството. Од извештајот на Демирша Османов, медијатор на НРЦ СКОПЈЕ...С.Д. е редовен ученик во училиштето Кузман Шапка- рев, во населбата Драчево и сега е шесто одделение. Има од- лични постигнувања и резул- тати во училиштето, а наставничките и неговите со- ученици од македонска нацио- налност многу го почитуваат и го ценат бидејќи сите знаат дека С.Д. е одличен ученик, а и одли- чен е и во нижото музичко учи- лиште во Скопје. Сега е трета година во нижото музичко учи- лиште. Учи да свири на клари- нет и секоја година поминува со најдобри резултати, а во него- вата генерација е меѓу првите три деца кои досега имаат пока- жано најдобри успеси на на- тпреварите организирани од страна на училиштето. Оваа го- дина тој е предложен да уче- ствува на натпревар за кларинет во Србија, така што уште сега има интензивни проби. Резулта- тите што ги постигнува се и благодарение на неговите роди- тели. Татко му секојдневно ра- боти со него се со цел да по- стигне подобри резултати. Желба на С.Д. е кога ќе заврши со основното образование да продолжи во средното музичко училиште и потоа да се запише во високо образование и да стане прв кларинетист Ром во Македонската Филхармонија. Од извештајот на Сенад Мемет, медијатор на НРЦ ПРИЛЕП...Семејството на Р.М. живее во населбата Тризла 2. Ова семејство го сочинува само- храна и невработена мајка и нејзиниот син Р.М. кој годинава е матурант. Единствен приход е од социјалната помош. Роберт го заврши основното образова- ние со солиден успех. Во вто- рата половина на 2005 година се запиша во средното општинско училиште “Ристе Ристески – Ричко” во Прилеп каде учеше неколку месеци но, се почув-
  105. 9 ФЕВРУАРИ 2010 ствува дискриминиран од страна на децата и

    училишниот персонал поради што одлучи да го прекине своето образование. По пауза од една година Р.М. сфати дека образованието е многу битен фактор за неговата иднина и живот, па повторно се запиша во средното училиште “Ѓорче Петров” се со цел да стане успешен ученик. Тој про- должи да посетува редовна на- става, но неговиот татко починал во ноември 2006 го- дина, односно веднаш по запи- шувањето на детето во средно училиште. И покрај оваа се- мејна трагедија тој остана цврсто на целта да продолжи со своето образование, иако него- вата мајка инсистирала да го прекине образованието од фи- нансиски причини. По завршу- вањето на прва година Р.М. успеа да добие стипендија од Фондацијата СОРОС со што се подобри неговата материјална состојба и продолжи да учи и да поминува како одличен ученик во прва, втора и во трета година. Од извештајот на Билент Ќазимоски, медијатор на НРЦ ВИНИЦА...Успешноста на Ро- мите се заборава или не се ве- рува во неа. Најчесто убавите зборови за нив се на последен план. Но, сепак се прашуваме дали навистина постои напре- док. Реалноста понекогаш и не е толку сурова бидејќи се уште постојат примери на кои може да се потпреме и со гордост да зборуваме за нив. Еден ваков впечаток ми остави едно момче од мојот град. Неговото име е Е.С. и учи во средното општин- ско училиште “Ванчо Прке” во Виница. Моментно е во трета година во општествено –хума- нистичка насока, што кажува за неговата наклонетост кон оп- штествените науки. Како пред- мет кој му предизвикува поголеми тешкотии ја издвојува математиката, но, со поголем труд успева да ги совлада за- дачите. Со неговата голема по- светеност и амбициозност и секако вложено време и труд, тој е еден од најдобрите во него- виот клас и е единственото Ромче во тој клас, но, тоа не го издвојува од другите по успехот. По разговорот со него ни кажа дека голема поддршка има од неговите родители кои сакаат нивното дете да продолжи со образованието односно по за- вршувањето на средното образо- вание сакаат да го видат како студент на некои од факултетите во Македонија. И самиот Е.С. има желба за напредок и за знаење, а голема желба има да стане професор, односно да се запише на Педагошки факултет. А, исто толку наклонет е и кон правото и изучувањето на стран- ските јазици. Од извештајот на Елиза Осма- нова, медијатор на НРЦ ПРИЛЕП...С.Ќ. го посетив не- колку пати. При првичната по- сета разговарав со неговата мајка која рече дека немала време да му извади потврда за примени вакцини од Здравствен дом. Откако ми кажа дека С. ги има примено сите вакцини, јас се заложив да го посетам Здрав- ствениот Дом за да му извадам потврда за примени вакцини. За жал, од одделението за вакцина- ција добив информација дека С. ги нема примено сите вакцини и дека е потребно да прими само уште една вакцина за да му се издаде потврда, а дополнително да се закажат нови термини за останатите вакцини. При посета на семејството за да му ги пренесам информациите, разговарав со таткото кој што ќе чекал покана за да го однеси не- говиот син да прими вакцина. Таткото за оваа учебна година неговиот син нема да го запише бидејќи смета дека е мал. Му потенцирав дека тоа не го одре- дува тој, бидејќи има стручни служби кои врз основа на ин- тервју со детето ќе констатираат дали може да следи училишна настава или не. Правев напори за да му укажам дека тоа дете е на возраст за да се запише во училиште, а во спротив но сле- дуваат законски ригорозни мерки и дека во текот на учеб- ната година јас ќе му помагам при совладувањето на училиш- ниот материјал. Но, таткото сепак одлучи да не го запише С. оваа учебна 2009/2010 година. Од извештајот на Денис Реџеповски, медијатор на НРЦ
  106. 10 10 Кабинетот на Министерот без ресор во Вла- дата

    на Република Македонија Неждет Му- стафа поради светската економска криза за оваа година располага со речиси половина помал буџет за активности од Декадата за инклузија на Ромите, но Мустафа вели дека нема да се откаже од приоритетите зацртани за 2010, а тие се вработува- њето и домувањето, покрај образованието и здрав- ството. Вели дека од исклучително големо значење е соработката со локалните власти со цел да се обезбеди инфраструктура за ромското население во земјава, бидејќи како што вели, поголемиот дел од Ромите живеат во суб-стандардни услови. Повеќе активности и поголем акцент на процесите за подо- брување на квалитетот на живот на Ромите очекува за 2011 година, кога Македонија ќе биде претседа- вач на Декадата на Ромите и кога земјава ќе биде гостин на значајни меѓународно фактори за импле- ментација на овој документ. Мустафа вели дека со завршувањето на Декадата, нема да запрат напо- рите за подобрување на животот на Ромите, туку напротив, со Стратегијата за Ромите, активностите и процесите треба да се зајакнат ЕДНО: Колку Македонија (невладиниот сектор, обичните граѓани, локалната и централната власт) ја сфатија Декадата на Ромите и колку се слушна за тешката социо-економска ситуација во која се наоѓаат Ромите во земјава ? МУСТАФА: Тешката социо-економска состојба е стара приказна која ја живеат Ромите во Македо- нија. Ромите стануваат симбол за сиромаштија, што значи дека фактот дека Ромите се сиромашни веќе дури станува “нормален” во главите на луѓето. Така што, би рекол дека сите околу нас не само што слушнале, туку и добро знаат колку бедно и во суб- стандарни услови живеат Ромите. Јас како мини- стер се трудам да им ја доловам таа ситуација на сите фактори и колеги, како домашни така и стран- ски, дека ни е потребна помош, дека ни е потребно вклучување во системот на институциите, дека са- каме да бидеме интегрирани и рамноправни гра- ѓани на оваа земја. За мене Декадата е сериозна материја на која прифатив да работам како мини- Со завршувањето н престане да се работи ИНТЕРВЈУ: НЕЖДЕТ МУСТАФА, МИНИСТЕР БЕЗ РЕСОР Ромите стануваат симбол за сиромаштија, што значи дека фактот дека Ромите се си- ромашни веќе дури станува “нормален”, во главите на луѓето. Така што, би рекол дека сите околу нас не само што слушнале, туку и добро знаат колку бедно и во суб- стандарни услови живеат Ромите. Јас како министер се трудам да им ја доловам таа ситуација на сите фактори и колеги, како домашни така и странски, дека ни е по- требна помош, дека ни е потребно вклучу- вање во системот на институциите, дека сакаме да бидеме интегрирани и рамно- правни граѓани на оваа земја, вели мини- стерот без ресор Мустафа Разговараше, Љубица Гроздановска Димишковска
  107. 11 стер во Владата на Македонија. Се трудам колку што

    можам во истото да ги убедам и останатите. ЕДНО: Декадата почна во 2005 година , а имаме само уште пет години до нејзиното завршување . Кажете ми што досега е направено за Ромите во Македонија и што уште треба да се направи ? Во кој сегмент сме најсилни, а во кои се напра- вени најмалку промени ? МУСТАФА: Да, токму така, од Декадата останаа само уште пет години, но сметам дека погрешно е одбројувањето на годините на Декадата како рок до кој треба да се решат сите проблеми на Ромите. Проблемите на оваа заедница се комплексни и траат многу долго време, така што, со завршува- њето на Декадата сметам дека квалитетот на живо- тот на ромската заедница ќе биде подобрен во мал процент. Не треба да заборавиме на Стратегијата за Ромите во Македонија. Таа е долгорочен документ или програма усвоена од Владата, а која треба да продолжи да се имплементира. Погубно е да се раз- мислува дека со завршувањето на Декадата ќе се престане да се работи на ова поле. Напротив, речиси голем дел од Стратегијата за Ромите е не- остварена. За мене таа е многу посеопфатен доку- мент кој многу добро ги лоцира сите проблеми и полиња за работа. Таа е нереализиран документ за кој Владата на Македонија се обврзала да го импле- ментира и очекувам напорно да се продолжи да се работи во насока на нејзино доследно спроведу- вање за доброто на Ромите во Република Македо- нија. Ние ја носиме таа одговорност. ЕДНО: Вработувањето и домувањето како да не се чепнаа. Што се планира на овој план? МУСТАФА: Вработување на Ромите се реализира преку Секретаријатот за спроведување на Рамков- ниот договор, процентот на 2,6 отсто учество на ромската етничка заедница при вработувањето во државната администрација се трудиме и работиме доследно да се почитува. Речиси во сите органи каде се работи на имплементација на Декадата на Ромите во Македонија има вработено Роми и тие работат на овие процеси. Како министер успеав да го наметнам прашањето за отсуството на соодветни живеалишта и наидов на разбирање од Владата, од- носно сите нејзини членови и мои колеги. Во про- грамата за доделување на социјални станови ја земавме во предвид Декадата за вклучување на Ро- мите и во конкурсот вметнавме критериум според кој десет проценти од становите кои ќе се доделат треба да се доделат на Роми. Ова се применува. Сметам дека во сите владини програми каде што се решаваат овие проблеми го отворам прашањето за вклучување и на Ромите во тие програми затоа што и самото име на овој процес гласи Декада за вклучување на Ромите, да се вклучат Ромите во ре- шавањето на нивните проблеми и потреби во рамки и како дел на јавните политики кои ги води Маке- донија. Не можеме да ги натераме институциите посебно да ги третираат проблемите на Ромите туку како дел од нивната секојдневна работа и де- лување. Во спротивно наместо вклучување би до- биле исклучено или сегрегирано работење на оваа проблематика, што е далеку од целта на Декадата. Во меѓувреме, со локалните самоуправи разгова- рам и се трудам тие да придонесат да се изгради инфраструктура во населените места каде што жи- веат Роми, а во блиска иднина планирам и сора- ботка со ,Хабитат фор хјуманити, со цел изградба на колективни населби. ЕДНО: Во ред е вработувањето според рамков- ниот договор и вработувањето на Роми во адми- нистрацијата, но што е со обичните граѓани и нивното вработување? МУСТАФА: Се работи и на тоа. Во соработка со Министерството за труд и социјална политика, како и со Агенцијата за вработување постои програма за вработување на Ромите во фирми и претпријатија, со тоа прво се обезбедуваат тримесечни обуки, а потоа работодавачите имаат можност да ги задржат на работните места до една година. До минатата го- дина, околу 200 граѓани Роми можеа да бидат дел од оваа програма. За годинава се предвидени само 50. ЕДНО: Идната година Македонија ќе претсе- дава со Декадата на Ромите. Таа чест ја добивме а Декадата нема да на доброто на Ромите
  108. зашто едноставно нам ни дојде редот или заради заслуги во

    реализацијата на активности со- гласно Декадата ? МУСТАФА: Таа чест ја имаат сите земји во кои се имплементира Декадата на Ромите, така што би рекол во 2011 година нам ќе ни дојде редот да ја имаме честа да претседаваме со Декадата и да би- деме организатори на интернационалните соста- ноци на претставници од сите декадни земји и да дискутираме за проблемите на Ромите и од тука да испраќаме препораки до сите за подобра импле- ментација на Декадата. ЕДНО: Како координатор на Декадата на Ро- мите во земјава, се соочувате со финансиски и со институционални проблеми. Зошто е тоа така и како тоа влијае на остварувањето на активно- стите дадени во Декадата? МУСТАФА: Се разбира дека поминуваме низ теш- котии за да обезбедиме средства за имплементација на Декадата и на Стратегијата, особено во период кога поминуваме една глобална економска криза за сите категории на населението па, и вклучително и за Ромите. Можностите се едно, а желбите се со- сема нешто друго. Како министер настојувам да ги искористиме сите можности за добивање на сред- ства во име и во интерес на Декадата и нејзиното имплементирање. Се разбира кога се работи се наи- дува и на проблеми при имплементација кои најче- сто се од административно-технички карактер и кои ги надминуваме. ЕДНО: Со колкав буџет располагате за оваа 2010 година, посебно што како претседавачи треба дополнително да се зајакнат активно- стите? И кои се приоритетите за оваа година? МУСТАФА: Владата на Република Македонија, за 2010 година има издвоено вкупно 15.140.000 де- нари или 246.580 евра за имплементирање на на- ционалните акциони планови од Декадата и Стратегијата за Роми. Приоритет за 2010 година на мојот кабинет е реализацијата на меморандумот за соработка кој е потпишан со 19 општини и кој оп- фати примарно подобрување на основните инфра- структурни услови за живеење на ромската заедница, а секако приоритет преставува и реализа- цијата на проектите и во останатите клучни обла- сти на Декадата и Стратегијата а тоа е образованието, здравството и домувањето. ЕДНО: Дали ромските невладини организации може да ги кори- стат ИПА фондо- вите и како? За што може да ги искори- стат? МУСТАФА: Јас можам да Ве инфор- мирам за користе- њето на ИПА фондовите на инсти- туциите или орга- ните кои работат на прашања поврзани со Ромите и пре- тежно тоа се сред- ства кои може да се добијат и да се иско- ристат за проекти поврзани со градење на капацитетите на зајакнување на чо- вечките ресурси во истите, така што во соработка со одделе- нието за имплемен- тација на Декадата и на Стратегијата и Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, кабинетот учествува во ко- ристење на таквите средства. Секако дека има мож- ности за користење на овие фондови и од страна на граѓанскиот сектор. ЕДНО: Колку ромските невладини организации придонесуваат за остварување на активностите од Декадата и во кој столб најмногу ? МУСТАФА: Ромските информативни центри како проект на Министерството за труд и социјална по- литика се ромски невладини организации кои го помагаат процесот. Следејќи ја нивната работа и извештаи што ги добивам како работен материјал, тие пред се имаат улога да информираат, упатуваат и да бидат во контакт со ромската заедница за ра- боти поврзани со Декадата како и да алармираат до институциите кога има некој проблем или некаде е потребна помош. Така што, граѓанскиот сектор во секој случај го помага процесот и директно алар- мира за проблемите на заедницата. Некои од орга- низациите интервенираат со проекти од областа на образованието или здравството, значи генерално помагаат и работат на работи поврзани со четирите приоритетни области. 12 ФЕВРУАРИ 2010
  109. ЕДНО: Колку сте задоволни од рабо- тата на ресорните министерства

    кои Ви се партнери во остварувањето на активностите и стратегиите со- гласно Декадата ? МУСТАФА: Гене- рално сум задово- лен, иако секогаш може подобро и по- веќе. Буџетските средства со кои тие располагаат опти- мално се искористу- ваат за добра имплементација на Декадата. Мини- стерството за обра- зование доделува стипендии, мини- стерството за труд и социјална политика интервенира со про- ект во градинките, работат ромските информативни центри, се формираше Одделение за имплемента- ција на Декадата кое се грижи за меѓуресорна коор- динација помеѓу сите релевантни субјекти и оперативно го помага процесот. Се формира и На- ционалното координативно тело кое е составено од претставници од ресорни министерства и претстав- ници на граѓанскиот сектор, така што се сорабо- тува на сите нивоа. Но, повторно ќе кажам секогаш може да биде и подобро. ЕДНО: Колку учествуваат локалните власти и каква поддршка тие треба да дадат ? МУСТАФА: Со цел да се мотивираат и да се пока- нат на соработка мојот кабинет изработи Меморан- дум за соработка со општините со кој и официјално почна соработката со општините. Целта на тој до- кумент е општините да подготват локални акциони планови во согласност со целите на Декадата и да одделат одреден дел финансии од нивните годишни буџети за санација на инфраструктурни интервен- ции во првата година, а понатаму етапно, согласно потребите на ромското население кое живее во тој град, и да им помагаат. Во дел од општините веќе процесот како што беше планиран почна да се им- плементира. Во некои општини успеавме дополни- телно преку Министерството за транспорт и врски, кое во својот годишен буџет имаше одделено пет милиони денари за 2009 година да помогнеме во подобрување во инфраструктурата како на пример, во Прилеп во Штип, во Битола итн. Декадата под- разбира локално делување и интервенции но, одго- ворноста за имплементација на тие процеси мора да ја преземат институциите на системот, што значи на локално ниво, општините. Декадата е ин- ституционален процес, јас како координатор стојам на располагање да го олеснам процесот, да иници- рам соработка и имплементација но, со помош на сите вклучени елементи како дел од овој процес како што се општините, кои ги сметам за пресудни, бидејќи ги знаат реалните проблеми на Ромите во нивниот град и доколку ги стават како приоритет во нивната агенда, ако покажат волја за соработка на овој план, многу е полесно да им се помогне. ЕДНО: Што откако ќе заврши Декадата? МУСТАФА: Како што кажав и претходно очеку- вам да се продолжи да се работи интензивно на им- плементација на Стратегијата за Ромите во Република Македонија. Тоа е документ за кој се за- лага Владата на Република Македонија и зад кој со сите свои капацитети треба да застане зад него и неговото реализирање. ЕДНО: Што се случи со идејата за изградба на средно училиште во Шуто Оризари? Како и со катедрата за ромски јазик? МУСТАФА: Последните информации со кои рас- полагам добиени од Министерството за образова- ние чиј проект е изградбата на ова средно училиште е дека изградбата е стопирана поради спорноста на сопственоста на земјиштето каде треба да се изгради. Стојам на ставот дека едно такво училиште им е многу потребно на учениците Роми во Шуто Оризари па, и пошироко. И пона- таму ќе инсистирам на реализација на тој проект. Во однос на Катедрата за ромски јазик се планира и нејзино скоро отворање. Она што со сигурност можам да го кажам е дека се работи и на воведу- вање на ромскиот јазик како предмет на факулте- тите кои продуцираат наставнички кадар и се надеваме на почнување со работа од следната учебна година. Како информација поврзана со ова прашање можам да информирам дека се направи промоцијата на Граматиката на ромски јазик и Реч- никот на ромско македонски и македонско ромски јазик така што и овие дела особено ќе помогнат во работата на катедрата и предметот ромски јазик. 13 ФЕВРУАРИ 2010
  110. Вакцинацијата претставува најдобра, најцелосна и специфична мерка во спречувањето и

    сузбивањето на заразните болести. За да се постигне целта треба да се спроведува доследно, со што поцелосен опфат на лицата кои подлежат на оваа законска об- врска. Во економска смисла, со успешното вак- цинирање помали се трошоците во однос на смртноста и лекувањето на заразните болести против кои се спроведува, со што вакцинацијата го добива и својството на најевтина мерка. Оваа вакцинација за која што пишуваме е задол- жителна со закон и е бесплатна. Кога ќе добијат покана, родителите треба само децата да ги од- несат во здравствена установа со цел да ја при- мат вакцината. Во случаи, кога родителите не добиле покана, односно се породиле во домашни услови, треба и мора самите да отидат во здрав- ствена установа и да се пријават за да може да го почнат процесот на вакцинирање. Во здравстве- ните установи постојат екипи за вакцинација. Екипите ги сочинува доктор и медицинска се- стра и тие се организирани и поделени во групи за вакцинација на деца на предучилишна и на деца на училишна возраст. За успешно извршу- вање на вакцинацијата во руралните средини, медицинските екипи одат на терен, а за децата на училишна возраст, екипите одат и во самите училишта. Работат според однапред подготвени планови во кои се опфатени сите деца кои од различни причини се пропуштени во медицин- ската евиденција од претходната година. Пода- тоци за новородени деца се добиваат секојдневно од гинеколошко-акушерските одде- ленија во болниците. Заштитата започнува од првите денови по раѓа- њето, во текот на првите 24 часа од раѓањето и продолжува до 18-годишна возраст според ка- лендарот за задолжителна вакцинација во кој е назначено која вакцина, на која возраст се прима и колку пати детето треба да ја прими. Пред секое вакцинирање се врши лекарски преглед на детето за да се одреди дали постојат општи и по- себни контраиндикации, а по времетраење при- времени и трајни контраиндикации за примена на одредена вакцина. Вакцинацијата во нашата република е задолжи- телна и се спроведува на континуиран начин против следниве болести: туберкулоза, дифте- рија, тетанус, голема кашлица, детска парализа, мали сипаници, заразни заушки и рубеола (црвенка), хепатит Б и Haemophilus Influenzae. Туберкулозата е заболување предизвикано од бактерија и настанува преку контакт со забо- лено лице. Болеста најчесто ги зафаќа белите дробови но, бактеријата може да дојде и во мозо- кот, зглобовите и бубрезите. Првото заразување може да настане без појава на знаци на болест. Кога болниот почнува да кашла, да се поти ноќе, да слабее, болеста обично веќе одамна започ- нала. Најдобра заштита е бе-се-же вакцина која се дава до првата година од животот. Дифтерија е позната како лошо грло бидејќи се манифестира со знаци на воспалено грло. Се јавуваат бледосиви наслаги на грлото кои при обид да се отстранат тие крварат, а може да дове- дат и до загушување. Често се јавуваат компли- Само редовната и потполната обезбедува сигурна з Оваа вакцинација за која што пишуваме е задолжителна со закон и е бесплатна. Кога ќе добијат покана, родителите треба само децата да ги однесат во здравствена уста- нова со цел да ја примат вакцината. Во случаи, кога родителите не добиле покана, односно се породиле во домашни услови, треба и мора самите да отидат во здрав- ствена установа и да се пријават за да може да го почнат процесот на вакцини- рање. Во здравствените установи постојат екипи за вакцинација. Екипите ги сочи- нува доктор и медицинска сестра и тие се организирани и поделени во групи за вак- цинација на деца на предучилишна и на деца на училишна возраст. За успешно из- вршување на вакцинацијата во рурал- ните средини, медицинските екипи одат на терен, а за децата на училишна возраст, екипите одат и во самите училишта ВАКЦИНАЦИЈА
  111. кации на срцето и на нервниот систем. Тетанус или лош

    грч го предизвикува бактерија која живее во земјата и во изметот на луѓето и животните. Боле- ста се манифестира со кочење на мус- кулите на вратот и на вилиците. Набргу се јавуваат тешкотии при гол- тање и зборување и силни грчеви во наврати. Смртноста од ова заболување е висока. Голема кашлица или магарешка каш- лица е бактериско заболување кое се манифестира со напади на кашлица со губење на воздух и помодрување. Дифтеријата, тетанус и голема каш- лица се избегнуваат со вакцинирање со три дози на вакцина и тоа во чет- вртиот, петтиот и во шестиот месец и со ревакцинирање на возраст од 18 ме- сеци и на четири години. Детската парализа е вирусно заболу- вање кое може да се манифестира како цревна или грипозна инфекција но, и како паралитично заболување со одземеност на мускулите. Остава траен инвалидитет. Извор на зараза е болен кој ги исфрла вирусите во над- ворешната средина, главно преку из- метот. Се шири преку загадена вода и храна - немиено овошје, зеленчук, млеко и слично. Оваа вакцина се дава со лажиче на возраст од четири ме- сеци, од пет месеци до пола година, како и во седмиот месец, со повторна вакцинација на возраст од 20 месеци. Вакцинацината за заштита од за- ушките, малите сипаници и црвенката се даваат заедно, на возраст од 13 ме- сеци. Со повторна ревакцинација за заштита од сите горенаведени заболу- вања се продолжува во училишната возраст. (Пишува доктор Мимоза Поповска) вакцинација заштита
  112. Првата граматика на ромскиот јазик, чи- танка и буквар се

    дело на професорот Шаип Јусуф. Тој со академикот Блаже Ко- нески во 1978 година работел за во 1980 година да ја издаде првата граматика на ромски јазик, како во Македонија, така и во светот. Таа има 350 стра- ници и се употребува во наставата секаде каде што во светот има училишта на ромски јазик. Шаип Јусуф цел живот го посветил на изучување и на стандардизација на ромскиот јазик. Грамати- ката, читанката и букварот се првите и единстве- ните изданија во Македонија, кои во изминатите десетина години не може да се најдат во про- дажба. Тој пред да ја издаде граматиката, 12 години шетал и истражувал низ светот. Во една прилика вели дека повод за истражување на својот јазик било депортирањето на неговиот чичко Демир во Индија, уште за време на Првата светска војна. Него го заробиле француски војници и го испратиле во Бомбај. Повремено го пуштале од затворот, и во околината слушал збо- рови кои му се чинеле како ромски. Чичко му на- вистина го слушал својот јазик. Поттикнат од таа вистинска животна приказна, Шаип Јусуф уште во 1948 година почнал да се распрашува за ромскиот народ во ромските маала низ Македонија и почнал да бара стари ромски зборови. Откако успеал да собере се што може, потрагата по јазикот ја про- должил низ Европа, а потоа и низ светот. Во неколку наврати Шаип Јусуф истакнува дека кога се појавила граматиката на ромски јазик, како и читанката и букварот како пионерски чекори во областа на ромскиот јазик, предизвикало вистин- ски бум, не само во Македонија, туку и во светски рамки. Но, се останало само на тоа. Експерти дури и тврдат дека ако не се преземе нешто во зачувува- њето, стандардизацијата и изучувањето на ром- скиот јазик, како во формалното, така и во неформалното образование, дека овој јазик за триесетина години може да изумре. Во 2006 година, по повод 8 април, светскиот ден на Ромите, Шаип Јусуф добива награда за животно дело токму поради неговите заложби околу грама- тиката на ромскиот јазик. Лингвистот Ибрахим Османи, за интервју за мага- зинот ,Едно, вели: -Ако живее ромскиот јазик, ќе живеат и Ромите. Јазикот е прва и најважна карактеристика на еден ИН МЕМОРИАМ Шаип Јусуф, автор на п Ромски јазик во Мак ,Ако живее ромскиот јазик, ќе живеат и Ромите. Јазикот е прва и најважна карак- теристика на еден народ. Секој народ го добил своето име по јазикот што го говори. Сите народи го чуваат, развиваат својот јазик како суштинска материја. Меѓутоа, кај Ромите не е така. Тие со години бегаат од него, се срамат и не ги учат своите деца на мајчиниот јазик, но и покрај тоа тој сепак до денешен ден се задржал во усна форма, делумно во писмена, вели лингви- стот Ибрахим Османи
  113. народ. Секој народ го добил своето име по јазикот што

    го говори. Сите народи го чуваат, развиваат својот јазик како суштинска материја. Меѓутоа, кај Ромите не е така. Тие со години бегаат од него, се срамат и не ги учат своите деца на мајчиниот јазик, но и покрај тоа тој сепак до денешен ден се задржал во усна форма, делумно во писмена. За жал, констатацијата на Османи е точна, бидејќи во некои делови од земјава, каде што живее насе- ление од ромска националност навистина не го по- знаваат ромскиот јазик. Берово е типичен пример за тоа. Ромскиот јазик спаѓа во групата на индоевроп- ските јазици. Води потекло од индискиот сан- скрит. Откритието за сличноста на ромскиот јазик со санскритот му се припишува на Јакоб Карл Христоф Ридигер, а некои аналитичари тоа му го препишуваат на Стефан Вали, унгарски свеште- ник. Долго време ромскиот јазик се пренесувал само усмено. Многу Роми го заборавиле својот мајчин јазик и во секојдневна комуникација го ко- ристат јазикот во средината во која се наоѓаат или прифатиле зборови од средините каде што пре- стојувале. Но, многу Роми интелектуалци и акти- висти велат дека на меѓународни конференции и средби на кои присуствуваат Роми од цел свет, тие може да се разберат, односно Ромите од Европа, САД, Азија, може многу лесно да се разберат збо- рувајќи на ромски јазик. Во Македонија, Србија, Албанија и во Бугарија се говори со арилскиот (ерилскиот) дијалект кој е дел од јужната група на дијалекти на ромскиот јазик. Според истражувањата на некои организации во земјава, 90 отсто од Ромите зборуваат на арилски дијалект, а 10 отсто го говорат џамбаскиот и бу- гурџискиот дијалект. Во земјава, на Филолошките и на Педагошките факултети нема катедра за ромски јазик, но од ка- бинетот на министерот без ресор, Неждет Му- стафа веќе подолго време ја промовираат идејата за основање на таква катедра, најверојатно на Фи- лолошкиот факултет ,Блаже Конески, во Скопје. Во основното образование, ромскиот јазик е избо- рен, со предмет за изучување на Ромската култура и јазик. Првиот автор на граматиката на ромски јазик Шаип Јусуф бил роден во Скопје во 1932 година. Почина во Скопје на почетокот на февруари годи- нава. Студирал во Словенија, а дипломирал во Белград. Пред смртта подготвувал речник на маке- донски, ромски и на англиски јазик, како и чи- танка за четврто одделение. рвата граматика на кедонија и во светот
  114. Аргументот за антидискриминаторската ре- торика е комплексен во смисла дека

    раз- лични области се вклучени, како јазик, образование, политичка посветеност (или недо- стиг од тоа), законска рамка, и најважно, отсуство на ефективни кохезивни социо-културни инте- ракции. Еден од фундаменталните основи на едно демо- кратско општество е да се има простор за закон- ска рамка за заштита од дискриминација од секаков вид, по етничка или религиозна основа. Во случајот со Македонија, комбинацијата со Уставот, Охридскиот рамковен договор, Народ- ниот правобранител и наскоро легислативата за антидискриминација треба да бидат сигурност дека кој било вид на политичко-законска ,дупка, ќе бид пополнета. Новата легислатива мора да го прифати acquis communitaries од Европската Унија – едно од многуте услови за една земја, кандидат за членство во ЕУ. Многу институции поминуваат низ процес на ре- форми, со цел да бидат на иста линија на бара- њата диктирани од Брисел. Иако е многу важно да постои политичка посветеност и законска рамка кои ќе бидат заедно рака под рака со цел промоција и заштита на правата на сите и на раз- личните етнички заедници во секое општество, фер е да се расправа за тоа дека институциите сами по себе не може да се обвинат или целосно да преземат обврска и одговорност за дискрими- нацијата која што зема место во секојдневните социјални интеракции и на многу нивоа во маке- донското општество. Зошто? Во генерална смисла, институциите и политич- ката агенда на владејачката партија/партии на- стојуваат да одговорат на барањата и потребите на луѓето, така што, останува на луѓето да ги из- Луѓето треба гла за своите АНТИДИСКРИМИНАЦИЈА На повеќе нивоа во земјата е разговарано и дискутирано дека јазикот оста- нува бариера, во смисла дека создава поделба во етнички мешаните за- едници, со што тие остануваат поделени едни од други (покрај физичката блискост/соседство) Др.Вафа Ахмади 18
  115. разуваат своите потреби на кое било ниво. Со ова, сакам

    да потенцирам дека луѓето – или по- прецизно советниците избрани на локално ниво кои поконкретно ги претставуваат и ги истакну- ваат проблемите од дискриминаторска природа поврзани на пример, со ромската заедница. На крајот на краиштата, на ова ниво, социјалната интеракција треба да биде промовирана во една кохезивна мода за елими- нирање на моделите на дискри- минација против ромската заедница преку мрежа на совет- ници (слично на пајаковата мрежа) низ целата земја. Само на овој начин може да се скрши постоечката култура која создава поделеност во етнички меша- ните заедници. Во насока на новата легислатива за анти-дискриминација, за таа да има тежина во однос на ром- ската заедница на подолг рок, од посебно значење е советниците работат во соработка со ром- ските невладини организации. Нивното партнерство може да создаде кохезивна агенда/рето- рика и да постави барања за слични промени кои постојано се повторуваат во однос на дискрими- нацијата кон Ромите генерално, додека треба да се има на ум дека практицирањето на антидис- криминацијата треба да се развива и се соедини во социо-културните дијалози и секојдневната интерактивна размена. На повеќе нивоа во земјата е разговарано и дис- кутирано дека јазикот останува бариера, во смисла дека создава поделба во етнички меша- ните заедници, со што тие остануваат поделени едни од други (покрај физичката блискост/сосед- ство). Ова е дискутабилно бидејќи недостигот на комуникација преку заеднички јазик поттикнува дискриминација помеѓу нив и во образованиот систем. Пречките што јазичните бариери ги соз- даваат треба да бидат адресирани до локалните културни и образовни нивоа. Во националното истражување спроведено од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, насло- вено како ,Возраст – Контакт – Перцепција: Како училиштата ги креираат односите помеѓу заедни- ците, објавено во Јануари 2010 година, подато- ците навистина откриваат многу работи. Тие укажуваат на фактот дека 70 отсто од средно- школците се среќни да бидат вклучени во актив- ности заедно со ученици од други етнички заедници. Овој податок, сам по себе иницира асно да се борат е права 19
  116. дека јазикот не е главната пречка во поделбата и во

    дискриминацијата што постои во општеството и во образовниот систем. Проблемот за подел- бата, сегрегацијата, стигматизацијата и дискри- минацијата на етничките групи се чини дека се вкоренети во многу подлабоки нивоа отколку во образовниот систем. Податоците од погоре спомнатото истражување укажуваат на тоа дека меѓуетничките односи по- меѓу учениците во средното образование се поде- лени во четири сег- менти, вари- рајќи го рангирањето на влијание: (1) родите- лите се првите кои што ја моде- лираат пер- цепцијата на учениците во однос на ре- лациите со другите ет- нички групи (41.5 отсто од децата на возраст од шест до девет години се свесни за нивната етничка припадност) (2) ме- диумите, (3) пријателите, (4) училиштата (тука се вклучени наставниците, учебниците и соучени- ците). Ова е индикативот за реалноста дека пер- цепцијата и совеста за етничката различност е всадена во умовите на децата уште на многу рана возраст, внатре, во нивните семејства. Оттука, токму семејството треба да биде таргетирано од страна на лобистите за антидискриминација, со цел да развијат десегрегација и антидискримина- ција на еден прогресивен начин. На Интернет страницата на СОРОС Фондацијата се вели дека ,проценето е дека 10 милиони Роми низ Европа го сочинуваат најголемото малцин- ство на континентот и е едно од најранливите групи. Ромите прават една голема пропорција на деца на училишна возраст во Европа и образова- нието е клучот за обезбедување на нивната со- цијална вклученост,. Според истражување на СОРОС Фондацијата од Февруари 2009 година, пристапот на ромските деца во предучилишните установи мора да се зајакне, заедно со обуки за наставниците на тема различност, со цел да се зголеми свеста меѓу наставниците за да се развие десегрегацијата и антидискриминацијата во пракса, со вклучување на ромските родители во образовниот процес на нивните деца и со инкор- порирање на ромската култура во наставата за сите деца. Така, врз основа на податоците на ОБСЕ, како и на СОРОС Фонда- цијата, ром- ските лобисти за антидис- кримина- ција треба да се фоку- сираат на создавање однесувања што се по- горе по- сочени, со цел законот за антидис- кримина- ција да има ефект во се- којдневниот живот на Ромите во нивните заедници. На четврти фе- вруари, на презентацијата на истражувањето на ОБСЕ, висок владин претставник во неговиот говор повика на мултикутурниот карактер на ма- кедонското општество со цел да се промовира ,ненасилна комуникација,. Неговиот заинтриги- рачки избор на зборови може позитивно да се ин- терпретира со значење дека граѓаните мора да работат на олеснување на меѓуетничката тензија која што постои уште од минатото и да промо- вира различност во меѓуетничките односи кои може да ја охрабрат културата на не-дискримина- ција на етничка основа и да ги подобрат полити- ките на десегрегација. Во денешната глобална размена на различни ме- ѓуетнички култури, содржани од други етнички заедници треба да се гледаат само како богатство и различност како повисока цел кон поголема то- леранција и заедничко живеење, ослободено од предрасуди и дискриминација. 20
  117. Дали родителите Роми сфаќаат дека образо- ванието може да им

    помогне на нивните деца и да им го подобри животот? Зошто повеќето родители Роми се незаинтересирани за тоа дали треба децата да ги запишат во учи- лиште, дали нивните деца се редовни на часови, каква е наставата, како поминуваат еден училиш- тен ден? Кој треба да води поголема сметка за об- разованието на учениците Роми – родителите или наставниците или горе-долу и двете институции кои се важни за развојот на децата? Како да се зголеми свеста кај родителите Роми дека во обра- зованието на нивните деца е клучот за подобар живот, успех и среќа? Ова беа главно поставува- ните прашања на група совесни родители од скопската населба Злокуќани кои сакаат да ја зго- лемат свеста на своите соседи и сограѓани во на- селбата за важноста на образованието на нивните Група родители во поход да ја зголемат свеста за важноста на образованието Нивото на знаење кај најголемиот број деца Роми е на незначително ниво, односно многу од нив не ја знаат азбуката, ниту таблицата за множење, а стигнале до четврто одделение. Се поставува прашањето кај кого е вината за тоа? И пак се враќаме кај родителите кои не по- кажуваат заинтересираност да им помогнат на своите деца, а има и такви кои не знаат. Тогаш дали проблемот е во наставата? Со оглед на законската можност за дополнителна на- става, сметаме дека наставниците треба да бидат поангажрани и да им помагаат околу до- машните задачи и да го подигнат нивото на знаење, сметаат родителите од Злокуќани ДОН-КИХОТОВСКА БОРБА ВО ЗЛОКУЌАНИ Љубица Гроздановска Димишковска 21
  118. деца. Се работи за група на родители кои дури се

    и членови на родителскиот одбор во основното училиште ,Аврам Писевски, кое се наоѓа на три километри од ромската заедница во скопската на- селба во Злокуќани. Ромската заедница или попозната како ромска на- селба во Злокуќани се наоѓа на три до пет кило- метри од центарот на Скопје, и кога се оди кон населбата Ѓорче Петров по главната улица, вед- наш може да се препознае по трошните куќички од десната страна на главната улица. Но, многу- мина не ни знаат дека во тој условно кажано, по- богат кварт на градот, се наоѓа ромска заедница. До маалската продавничка во која редовно се со- бира оваа група на совесни родители се стигнува низ тесни сокачиња, испреплетени како лави- ринти. Нема улично осветлување, но мештаните живеат во надеж дека ќе го добијат бидејќи од пред извесно време општината Карпош (во чија територија влегува и оваа населба) конечно ус- пеала да ги поплочи улиците во населбата. До пред извесно време, жителите газеле во кал до рамења. Срдечен пречек од неколкучлениот родителски одбор на ромската населба беше првиот впечаток по влезот во продавничката – нивно собира- лиште, место на анализа на проблемите и генери- рање решенија. -Иако има напредок во нашата комуникација со училиштето ,Аврам Писевски, со директорот, како и со наставниците, кои дури и самите доаѓаа во населбава и ги посетуваат своите ученици, сепак, голем проблем е незаинтересираноста на самите родители. Тоа можеби е сфатливо, би- дејќи повеќето живеат на работ на егзистенција и постојано размислуваат како да го прехранат се- мејството, а не каква домашна задача имаат нив- ните деца. Но, сепак, свеста кај родителите за фактот дека образованието е многу важно е на исклучително ниско ниво. Не одат на родителски средби. На неколку пати се обидовме родителски средби да организираме и во населбава. Но, залу- ден беше и тој обид, коментираат родителите. Велат дека со новиот директор на училиштето имаат одлична соработка и дека заедно со него бараат начини како да се подобри редовноста на учениците Роми, како да се подобри нивниот ква- литет на знаење и како да се искористат закон- ските можности во корист на децата Роми. Освен редовноста, нивото на знаење кај децата Роми исто така е една од поглавните грижи за оваа група загрижени родители. -Нивото на знаење кај најголемиот број деца
  119. Роми е на незначително ниво, односно многу од нив не

    ја знаат азбуката, ниту таблицата за мно- жење, а стигнале до четврто одделение. Се поста- вува прашањето кај кого е вината за тоа? И пак се враќаме кај родителите кои не покажуваат за- интересираност да им помогнат на своите деца, а има и такви кои не знаат. Тогаш дали проблемот е во наставата? Со оглед на законската можност за дополнителна настава, сметаме дека наставни- ците треба да бидат поангажирани и да им пома- гаат околу домашните задачи и да го подигнат нивото на знаење, сметаат родителите од Злоку- ќани. Тие посочуваат и на уште еден суштински про- блем. Се работи за родители од населбата кои са- каат да ги пратат децата во училиште, но немаат пари за целодневниот престој, односно за настав- ниот кадар кој со децата работи во попладнев- ните часови. -Добро би било да побараме помош од институ- циите, доколку е можно да обезбедат финансии за децата Роми што посетуваат целодневна на- става. Родителите навистина немаат да одвојат 2.000 денари месечно иако сакаат да ги праќаат децата на настава, посочува групата родители. По конструктивната дебата на која на маса се по- ставија неколку проблеми и конкретни решенија, сите се сложија дека ќе се обидат да побараат помош од институциите, со надеж дека ќе успеат во целта што повеќе деца од нивната населба да одат, да останат на училиште, но и да го продол- жат своето образование. -Треба да се слушнат реалните проблеми на ром- ското население. Добро би било да има едука- тивни емисии како за родителите, така и за децата за тоа колку е важно образованието, а не да се известува само за сиромаштијата во која живеат Ромите. Факт е дека немаштијата е глав- ниот проблем, но треба да се покажат и пози- тивни примери и напори кои оваа заедница ги прави. Зашто има деца кои иако немаат што да јадат и што да облечат, сепак се едни од најредов- ните ученици, а се трудат и да покажат добри ре- зултати, заклучија родителите. 23
  120. СМРЗНАТ КАДАР Импресум Подготвува екипа на Национален Ромски Центар: Ашмет

    Елезовски; Славица Ќурчинска; Себихана Скендеровска; Далибор Шојиќ; Љубица Гроздановска Димишковска; Александар Димишковски; Инес Мустафовска Национален Ромски Центар (НРЦ) Издавач: Здружение на граѓани Национален Ромски Центар (НРЦ) улица “Доне Божинов” бр.11/5, 1.300 Куманово, Република Македонија www.ednomagazine.com ; www.nationalromacentrum.com e-mail: [email protected] [email protected] тел/фах : 031/427-558 Списанието “Едно“ е дел од проект на Националниот Ромски Центар финансиран од Ромскиот Едукативен Фонд (РЕФ) Печати: Т.Д.Генекс Кочани; Тираж: 200 примероци
  121. ПЕРИСКОП Недостига постојано вработување за да има образование и домување

    ИНТЕРВЈУ - КЕВСЕРА МЕМЕДОВА Жените и девојки Ромки се уште се за- висни од своите родители и сопрузи ЕВРОПСКИ САМИТ ЗА РОМСКА ВКЛУЧЕНОСТ ПО ПОВОД 8 АПРИЛ, МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА РОМИТЕ БРОЈ 11 АПРИЛ 2010 И Ромите се дел од Европа?!
  122. За Едно, за образованието за сите Славица Ќурчинска Почитувани, Уште

    еден 8-ми април измина... по многу, многу работи сличен како претходните десетина нана- зад. Се организираа разно-разни манифестации, се играше, се пееше... Секоја организација, здру- жение или културна асоцијација се потруди да се покаже и докаже со тоа што ќе организира нешто, па макар тоа да им било единствена ак- тивност во текот на целата година. Обичните гра- ѓани Роми се чувствуваа можеби малку попријатно од другите денови, но на најголемиот дел од нив немаштијата не им дозволува да ги олабават умовите и да размислуваат за сопствената историја, вредностите и значењата... Обичните граѓани не-Роми наслушну- ваат нешто преку медиумите, се случува нешто, Ромите нешто просла- вуваат, но пак како да не е доволно по- знато дека Ромите имаат свој јазик, свое знаме и култура како и останатите мнозински заедници, но немаат своја матична држава. Уште помалку е по- знато дека на 8 Април 1971 година во Лондон беше оддржан Првиот Светски Ромски Конгрес на кој се утврди ромското знаме, ром- ската химна и ромското гесло како препознатливи симболи на Ромите. Воопшто не е доволно само 8-ми април во годи- ната за да се дојде до некои заеднички цели и вредности кои се движат во насоката на „рамно- правни граѓани“, „еднакви вредности“, „квали- тетно образование или култура или здравство или „вработување за сите“. Потребни се многу, многу повеќе активности и многу, многу повеќе интерес и волја од сите за надминување на бариерите што во никој случај не се отстрануваат за само еден ден. Можеби би било подобро кога организа- циите или културните здруженија би ги распоре- диле сите нивни активности и би организирале нешто и за 8-ми ноември, на пример, па потоа по- вторно на 8-ми февруари... итн. На тој начин многу повеќе ќе придонесат и за својата за- едница, за својата култура и ќе го прошират патот пред себе. Можеби тогаш на другите ќе им стане појасно дека зборот Ром е утврден како термин на имену- вање, збор од Ромскиот јазик кој значи Човек. И дека својствено на секоја етничка заедница е да се именува според името на матичната држава, но со оглед на фактот дека Ромите немаат своја држава своето именување го идентификуваат според зборот Ром. Сите останати термини кои се употребуваат за именување на Ромската заеднина не се прифатени од страна на Ромите. Осми април е имиџ за светот, само знак дека е време за структурни промени. Историјата е моќ, таа треба да ги спои интересите на различни нации, да овоз- можи тие да се почитуваат и надогра- дуваат.Изминува половина период од иницираната инклузија на Ромите во општестевните процеси во земјите од Југоисточна Европа. Дали Декадата на Ромите 2005-2015 ќе успее да ги подо- бри животните стандарди на се посиро- машните и дискриминирани Роми? Осми април не треба само да се прославува, туку на овој ден треба да се сумираат успесите на Ро- мите, да се иницираат значајни политички про- цеси, да се поттике поддршката на сите граѓани на Светот... 8-ми април во суштина треба да биде многу повеќе од тоа што е... музичка и културна манифестација. Во Кордоба – Шпанија се одржа вториот Самит за Ромите под рака на Европската Комисија, првиот во Брисел не промени ништо, дали и овој пат ќе останат само празни нашминкани вету- вања? Нека 8 Април биде забележан во Вашиот кален- дар како Светски ден на Ромите и нека иницира кај вас визија за вашите идни цели и оствару- вања. Честит 8-ми Април! БИЛБОРД АПРИЛ 2010 БИЛБОРД - Стр. 2 - Уводник ДНЕВНИК - Стр. 3 - Извештај ПЕРИСКОП -Стр. 5-7 - Теренски извештаи Кевсера Мемедова - Стр. 8-9 - Жените и девојки Ромки се уште се зависни од своите родители и сопрузи ОСВРТ - Стр. 10-11 - Европски самит за ромска вклуче- ност во Кордоба, Шпанија, по повод 8 април СМРЗНАТ КАДАР Стр. 12 - Фото вест 2
  123. 3 Самка Ибраимоски и Ениса Еминовска во европска борба за

    подобар живот и еднаква застапеност на Ромите Обединетиот глас на Ромите во Македонија конечно може да се слушне и во Европа. За да се претстават потребите, барањата и сугестиите на сите ромски невладини организа- ции пред Европскиот Ромски и Патувачки Форум (ЕРТФ), во нашата држава неодамна се форми- раше чадор организација. Оваа организација е за- едничка за сите ромски невладини организации, сите политички партии и припадници на ром- ската заедница, а нејзиното функционирање треба да им помогне на сите Роми во државава, како да ги изразат своите грижи и проблеми на Европско ниво. Ромите од Македонија од нео- дамна добија нови делегати во Европскиот Ром- ски и Патувачки Форум. Според Самка Ибраимоски, претставник во ЕРТФ, постоењето на ваква структура всушност го олеснува дијало- гот и соработката со владините структури и се стреми кон тоа организацијата да биде прифатена како партнер при решавање на проблемите на ромската популација. „Јас и мојата колешка Ениса сме претставници на Ромската заедница од Македонија во ромскиот форум. На конститутивната седница на Форумот што се одржа во Стразбур од 24 до 27 февруари беа избрани нови управувачки тела, односно пре- тседател на форумот, претседател на собрание, секретар, извршен комитет. Нашата делегација од Македонија доби огромна поддршка од 58-те де- легати и јас сум избран за советник на претседа- телот за политички прашања на Европско ниво и еден од двајцата членови за ревизија односно фи- нансиското работење на форумот во наредните четири години, а госпоѓицата Ениса Еминова е избрана во извршниот комитет од десет члена. За генерален секретар на Форумот е избран Ашмет Елезовски од Куманово, а потпретседателското место го доби нашата делегација односно госпо- ѓицата Себихана Скендеровска од Куманово“, изјави Самка Ибраимовски. Ибраимовски додава дека целите на оваа органи- зација се пред се, демократската застапеност на Ромите во Европа, еднаква партиципација во сите нивоа на креирање на политика на национално и меѓународно ниво, подобрување на квалитетот на живот на Ромите, борбата против антициганиз- мот во сите форми. Како и да се потсети Владата на обврските кон Ромите, како нивни граѓани, но и да ги натера да бидат поодговорни кон нивните потреби. Во Европа живеат од 10 до 12 милиони Роми и тие се сметаат за најсиромашното и најдискрими- нирано малцинство. Според официјалниот сајт на Советот на Европа, оттука потекнало и размислу- вањето, да се формира ромско тело кое ќе му по- могне на оваа малцинство да се заштити и да се избори против нетолеранцијата кон нив и да ја спречат социјалната исклученост на Ромите. Европскиот Ромски и Патувачки Форум е ромска меѓународна организација и е партнер со Советот на Европа. Таа го советува Советот на Европа кога се работи за ромските прашања на ниво на Европа. Главната цел на Советот на Европа, пак, е да ги охрабри своите земји членки да имаат сеопфатен пристап кога е во прашање Ромското малцинство, вклучувајќи ја борбата против расизмот, антици- ганизмот, нетолеранцијата и заштитата на ова малцинство. И РОМИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА ПОД ,ЧАДОРОТ, НА ЕРТФ ДНЕВНИК Инес Мустафовска
  124. 4 4 Кои се и што точно работат, колку се

    заста- пени пред се во Македонија и зошто се главните финансиери на проектите што се наменети за Ромите во земјата беа главните точки при претставување на првиот отворен ден што Ромскиот образовен фонд (РЕФ) од Будимпешта за прв пат го организираше во Скопје, на 17 март годинава. РЕФ се одлучи да се претстави на овој начин и да се доближи, како до националните ин- ституции, така и до граѓанскиот сектор по повод - пет години постоење од оваа организација. Од РЕФ најавија дека ова е само почеток на нивното претставување, односно дека отворениот ден во Скопје е прв отворен ден од низата кои организа- цијата планира да ги одржи до крајот на годината во земјите во кои РЕФ е финансиер на проекти наменети за подобрување на статусот и животот на ромската популација. На отворениот ден на РЕФ во Скопје присуству- ваа околу 70 претставници на државни институ- ции и од редовите на граѓанскиот сектор. На претставувањето на РЕФ, заменик-министерот за правда Ибрахим Ибрахими, како и директорот на Дирекцијата за промоција на јазиците во образо- ванието на заедниците во Македонија Реџеп Али Чупи. Покрај податоците, бројките, финансиите и најуспешните проекти финансирани од РЕФ, пре- тставници на Ромскиот образовен фонд посочија дека доаѓа време кога парите за проекти од нив полека ќе се намалуваат. -Македонија со тек на време ќе треба и ќе мора да ги презема проектите наменети за Ромите во земјата, односно колку што ќе се намалува фи- нансиската помош од страна на РЕФ, така држа- вата ќе мора да компензира. Тоа е многу важно, државата ќе мора да сфати дека во скора иднина ќе мора да ги преземе обврските околу подобру- вањето на квалитетот на образованието на Ро- мите, посочија од РЕФ на отворениот ден во Скопје. Ромскиот образовен форум е меѓу најголемите финансиери на проектите за образование на Ро- мите во Македонија. РЕФ е формиран во рамките на Декадата на Ромите во 2005 година. Главната цел на и мисија на РЕФ е да ги премости разли- ките во образованието на Ромите и на не-Ромите. За да ја постигне оваа цел, организацијата под- држува политики и програми кои може да осигу- раат квалитетно образование за Ромите, вклучувајќи ја и десегрегацијата во образовните системи. Парите од странските организации ќе секнуваат, државата ќе треба да компензира РЕФ ОТВОРЕН ДЕН ВО СКОПЈЕ 4
  125. 5 Меѓународниот ден на Ромите, 8 април не може подобро

    да се од- бележи ако не се слушне гласот на ромската заедница ширум Македонија. Државните инсти- туции и граѓанскиот сектор се- како дека на пригоден начин ќе го одбележат овој ден, но ни- како не смеат да заборават дека за подобрување на животот на Ромите треба да се работи секој ден, а не само на еден ден да се потсетиме и да ги посочиме проблемите со кои се соочуваат овие луѓе. Така, наместо да ги прашаме институциите што прават за да ја подобрат ситуа- цијата на Ромите (не дека до- сега не биле прашани и не дека досега не се дале ветувања, стратегии, документи кои до- прва ќе треба да се имплемен- тираат), решивме да ги прашаме Ромите, граѓаните на Македо- нија, жителите на повеќе од десет града во земјава. Решивме да ги прашаме дали чувствуваат подобрување на квалитетот на нивниот живот во последните години? И што им треба за да живеат подобро? Дали тоа е вработување, домување или об- разование? Така, граѓаните си го кажаа своето. Редно е инсти- туциите конечно да ги слушнат нивните маки и конечно да по- чнат да размислуваат и носат конкретни решенија со кои на- вистина на овие луѓе би им се подобрил животот. За среќа не е потребно многу. За почеток, и малку внимание ќе заврши ра- бота! Азира Јашароска, Прилеп -Нема никаква промена во на- селбите во кои живееме, усло- вите воопшто не се подобри, условите се ужасни, инфра- структурата не е средена. Един- ствена промена има во делот на образованието, бидејќи невла- дините организации се грижат за образованието на нашите деца, помагаат во стипендира- њето и во решавањето на про- блемите во училиштата и во институциите. За да се подобри состојбата и да живееме поква- литетен живот, на идните гене- рации потребно им е вработу- вање. Ако родителите се вработени, ќе имаме и поквали- тетно образование. Алајдин Узироски, Прилеп -Во последните пет години, во некои делови од градот се подо- бри условите бидејќи населбите се урбанизираа. Во делот на об- разованието состојбата се подо- бри зашто децата се опфатени во основните и во средните учи- лишта, но може и подобро до- колку се намали бројот на социјалните случаи и доколку има повеќе вработувања за Ро- мите. За да се живее подобро, потребни се вработувања, да се преземат поголеми мерки во делот на домувањето. Доколку се решат овие проблеми, ќе се намали осипувањето и нередов- носта на учениците. Зејнепа Џемаили, скопска на- селба Лисиче -Јас не знам што значи квали- тетно живеење. Ние сме осум- Недостига постојано вработување за да има образование и домување ПЕРИСКОП ШТО ИМ ТРЕБА НА РОМИТЕ ЗА ПОДОБАР ЖИВОТ?
  126. АПРИЛ 2010 6 члено семејство, во училиште ми одат четири

    деца. Не сум ко- рисник на социјална помош. Пред еден месец поднесов доку- менти до Центарот за социјална работа. Мојот сопруг работи што ќе стигне, копа канали, мо- лерисува...Работи цел ден за дневница од 500-600 денари. Не секогаш има работа. Тешко е, но ете крпиме од ден за ден. Она што мене ми е важно е мојот со- пруг да има постојана работа. Тогаш за децата и за мене ќе биде полесно, нема да мислам дали денеска ќе имаме парче леб или моите деца ќе мора да си легнат гладни. Колку и да е тешко, сепак се обидувам на де- цата да им обезбедам мини- мални услови за да може редовно да одат на училиште. Арифе Рустеми, скопска на- селба Драчево -Не чувствувам никакво подо- брување. Самохрана мајка сум, живеам под кирија со мојата ќерка, која е во второ одделе- ние, како и со моите родители. Примам социјална помош во висина од 2.500 денари, а пла- ќам станарина од 1.500 денари. Ми остануваат само 1.000 де- нари за храна и за други по- треби. Понекогаш чистам по куќи за да можам да заработам некој денар повеќе, за да го пре- живееме месецот. Моите роди- тели се луѓе во години, често се болни, а јас не можам да им купам лекови. Би сакала да имам свој дом. Немам завршено образование и тешко ми е да најдам постојана работа, а би сакала да се вработам макар и како чистачка. Сакам мојата ќерка да учи и да напредува. Се трудам да и обезбедам се што и треба, само да биде редовна на настава. Сељадин Незировски, Крива Паланка -За овие пет години државата нема ништо преземено да го по- добри живеењето на Ромите. Ништо не е направено и во делот на вработувањето. Има подобрување во образованието но, тоа не е доволно бидејќи по- веќето семејства во Крива Па- ланка живеат од социјална помош. Едно ромско семејство живее со 1.750 денари со- цијална помош кои средства не го покриваат месечниот износ за исхрана а камоли да им се обезбеди облека и храна на де- цата кои одат на училиште. Но, за поздравување е иницијати- вата на државата за бесплатните учебници, нашите деца не одат без учебници на училиште и без ученички прибор. Вака поголем е интересот децата редовно да посетуваат настава. Во делот на домувањето имаше некоја ини- цијатива од страна на локалната самоуправа, им беа пуштени некои минимални парични средства на неколку семејства кои беа опожарени и урнати од свлечиштето но, тие средства не се доволни да се реши пробле- мот на едно семејство кое бук- вално е на улица. Во делот на вработувањето Ро- мите се дискриминирани и кон- курсите поминуваат без да се забележат. И најголема пречка е несоодветната квалификација или немање на никаква квали- фикација на Ромите, за што мора државата нешто да пре- земе за преквалификација на Ромите. Амза Демировски, Крива Па- ланка - Нема некој напредок во ром- ската заедница во Крива Па- ланка. Се чувствува позитивна клима во однос на образование по проектот за бесплатни учеб- ници, но проблемите на ром- ските семејства не остануваат само тука, туку тие се соочуваат со низа проблеми како недостиг на соодветна облека, немање пари за ужини за децата, дис- криминација од страна на на- ставниците и соучениците. Во делот на домувањето и вработу- вањето нема никакви промени. Вработувањето во Крива Па- ланка се базира на партиска ос- нова и Ромите не се во состојба да се вработат бидејќи не се ди- ректно вклучени во членството на македонските политички партии. И ситуацијата со дому- вањето не е сјајна. Има се- мејства што бројат и по 10 члена, а живеат во една соба, која има влага, нема никаква хи- гиена и слично. Ридван Мустафов, Штип -Во последните пет години во нашето семејство има подобру- вање. Мојата сопруга се вра- боти пред три години , а јас сум вработен веќе година и пол. И моите две деца се редовни во училиште. Сметам дека во- општо образованието на Ромите е подобрено бидејќи сега многу голем дел од ромските се- мејства имаат деца во средните училишта и дел од нив добиваат стипендии кои што им помагаат многу на ромските семејства за квалитетно образование на нив- ните деца, а покрај тоа во по- следните неколку години ромските семејства редовно ги вклучуваат нивните деца во ос- новното образование. Мислам дека за нашето семејство да има подобра иднина потребно е по- Наместо да ги прашаме институциите туацијата на Ромите (не дека досега не не се дале ветувања, стратегии, докум имплементираат), решивме да ги праш донија, жителите на повеќе од десет гр прашаме дали чувствуваат подобрува живот во последните години? И што и Дали тоа е вработување, домување ил
  127. ПЕРИСКОП АПРИЛ 2010 7 веќе да вложуваме во образова- нието,

    бидејќи само така моите деца ќе имаат добра иднина. Туркан Омерова, Штип -Во нашето семејство нема по- добрување повеќе од 10 години бидејќи сме корисници на со- цијална помош повеќе од 10 го- дини, имаме еден ученик во прво одделение на кој му овоз- можуваме се само да има колку што може подобро образование. Тој од својата трета година оди во градинка, каде што научи да зборува македонски јазик, да пишува букви и бројки...Според мене најдобро за ромската по- пулацијата за да се подобри нивниот статус е тоа да се вложи повеќе труд во образова- нието на нивните деца бидејќи со тоа може да се надминат сите проблеми како што се вработу- вање, домување и слично. Спо- ред мене, за да се подобри нешто во нашето семејство, најпрво е потребно вработување на дел од членовите на се- мејството. Имам два сина, еден на 18 и еден на 25 години. Ниту еден од нив не е вработен, но покрај тоа исто така сметам дека не треба да го запоставиме и образованието на нашиот најмал син. Нафија и Дејан Салијевиќ, Скопје -Исто е како и порано. Нема ни- какви промени. Никогаш не сме биле вработени, па и сега не работиме и се е исто како што беше. Собираме пластични ши- шиња за да се прехраниме. За да живееме подобро, потребно ни е барем вработување. Живееме во една соба. Ако има работа се ќе има. Ни треба помош и за куќа, требаат многу пари за да се изгради, а ние од кај да зе- меме? А за образование, кога децата би имале услови, подо- бро и ќе учат. Бејадин Арифи, Скопје -Немам работа и се снаоѓам сам за да обезбедам храна за моите деца. Така е откако се оженив и се уште е така. Со соседот одам да сечеме дрва или одам да ра- ботам на нива ако ме повика некој газда. И какви промени има? Социјалната помош по- рано ми беше од помош, сега земам помалку. И тоа ли е подо- бро? За да живеам подобро по- требна ми е работа и тоа постојана. Секој ден да одам на работа и да бидам домаќин како сите други што работат по фирми. А не да излезам пред маало и да чекам дали некој газда што има ниви да ме земе да му работам. Ако не ме викне некој тој ден ќе немам со што да ги нахранам моите деца. Моите деца ќе одат во училиште. Еве ќерка ми е одлична ученичка, ги знае сите букви и добро чита. Ама немам пари да и платам храна и да и купам убави алишта. А види ми ја куќата? Живеам во една соба и немам ни бања. Таркан Куртишов, Кочани -Јас не чувствувам подобрување во квалитетот на нашиот живот затоа што се случува моите деца понекогаш да не одат на учи- лиште затоа што немам да им дадам пари да си купат храна, а свесен сум дека образованието е нивната иднина. Вработувањето е на прво место но, со решение, не привремено, па потоа следу- ваат образованието и домува- њето. Лебер Мемедова, Кочани -Јас чувствувам подобрување во поглед на образованието и здравството во последните пет години но, сепак од друга страна, ние не можеме со со- цијална парична помош да пла- ќаме вода и струја и да плаќам за храна на моите деца во учи- лиште. Мене и на мојот сопруг ни треба вработување за на на- шите пет деца да им овозмо- жиме солидно образование, а потоа и со домување. Ариф Демиров, Виница -Во овие пет години не чувству- вам толку големо подобрување на животот. Сметам дека тоа се должи на тоа што многу тешко се наоѓа вработување што пре- ставува и најголемата причина за квалитетот на сите Роми. Па сметам дека е вработувањето е тоа што е клучно за подобру- вање на нашиот живот бидејќи тоа ќе овозможи голема финан- сиска помош за школување на моите деца како и за подобро живеење во поглед на домува- њето. Фатиме Рашидов, Виница -Причината зошто нема голем напредок е невработеноста. Многу пати сум барала вработу- вање, но секогаш сум била од- бивана, ми бараа или диплома за одредено завршено образова- ние или пак, искуство. Тој ква- литет се влошува од година на година а подобрување нема. Сметам дека најмногу ми треба вработување за да можам на моите деца да им овозможам подобро образование, редовна исхрана на училиште и дома би- дејќи социјалната помош не е доволна само за плаќање на те- ковните трошоци. е што прават за да ја подобрат си- е биле прашани и не дека досега менти кои допрва ќе треба да се шаме Ромите, граѓаните на Маке- рада во земјава. Решивме да ги ање на квалитетот на нивниот им треба за да живеат подобро? и образование?
  128. КЕВСЕРА МЕМЕДОВА, АКТИВИСТКА ЗА ПРАВАТА НА ЖЕНИТЕ РОМКИ ВО МАКЕДОНИЈА

    8 Ромките во Македонија се уште зависат до своите се- мејства, родители и со- прузи бидејќи се уште не е развиена свеста за значењето за нивното образование, вработу- вање, осамостојување, вели Ке- всера Мемедова, активистка за женски права и за правата на же- ните и девојки Ромки во земјава. Иако свеста за местото и ситуа- цијата на Ромките во Македонија е променето во последните 10 го- дини, Мемедова вели дека има уште многу да се работи, по- себно со државните институции кои во последните години не по- кажуваат никаков интерес за уна- предување на општествената положба на Ромките во Македо- нија, иако постои Национален Акционен План за тоа. Кевсера Мемедова има долгогодишно ис- куство во оваа област. Работела како координатор на различни проекти за социо-економско по- добрување на ромските жени во Македонија, на проект за родова перспектива на девојките и жени Ромки во политиката, како и на форуми за жени во политичките партии, била модератор за мулти- етнички прашања, работела како тренер. Член е на Лигата на жен- ски невладини организации во Македонија, волонтер на СОС линијата за жени и деца, жртви на насилство, основач, волонтер, активен член и поранешен пре- тседател на Асоцијацијата на жени Ромки ,ЕСМА, во Скопје, како и на Женската граѓанска иницијатива ,АНТИКО, исто така од Скопје, а координатор е на многу проекти. Моментно работи на проект за социјализација на Роми во поодмината возраст, како и на социјализација и дружење на нивните правнуци и внуци во скопската општина Шуто Ори- зари. ЕДНО: Колку Ромките се неза- висни? И ако не се, што според Вас е причината за тоа? Мемедова: Одговорот на ова пра- шање зависи од тоа за кого гово- риме. Ако говориме за жени кои потекнуваат од патријархални, исклучени, неписмени и целосно маргинализирани семејства, се- како дека, за жал, тие се зависни од своите родители, браќа, со- прузи, деца. За жал, бројките се уште говорат дека поголемиот дел од Ромките во Македонија се полуписмени или целосно непис- мени, невработени, со никакви или со многу мали шанси за вклучување во општеството. И со овој факт, јасен е одговорот на вашето прашање. Иако многу- мина во оваа држава причините ги бараат во традицијата и култу- рата на Ромите, корените на сите состојби се многу подлабоки и се наоѓаат во децениското исклучу- вање на ромската популација, по- себно на жените и на девојките. Игноранцијата на државните ин- ституции која долго се правдаше и се уште некаде има обиди да се оправда со културата на Ромите, за жал, доведе до алармантни бројки во поглед на образова- нието и на вработувањето на Ромките, здравствените про- блеми со кои се соочуваат, нив- ното речиси незабележително учество во јавниот и во политич- киот живот итн. Во последните 15 години, како резултат на ан- гажманот на женските невладини ромски организации, може да ка- жеме дека само со вложување во можностите за жените, може да се постигнат видливи резултати. ЕДНО: Колку Ромките се ак- тивни во Македонија и за што најмногу се борат? Мемедова: Значителен е бројот на активни Ромки во невлади- ниот сектор и тоа од самите поче- тоци на невладиното организирање во Македонија. Дел од нив имаат постигнато значително влијание врз битни меѓународни политики за Ромите и Ромките воопшто. Нивните за- ложби се насочени кон оствару- вање на правата на жените, препознавање на потребите за дополнителни, афирмативни мерки за девојките и жените и со самото тоа, поставени се јасни барања до владините институции и донесувачите на одлуки за можностите на Ромките. Во рам- ките на заедницата, активните Ромки работат на сосема кон- Жените и девојки Ромки се уште се зависн Разговараше, Љубица Гроздановска Димишковска
  129. 9 АПРИЛ 2010 кретни активности врзани со об- разование на

    децата и на возрас- ните, искоренување на насилството, здравствените пра- шања итн. ЕДНО: Кој е најголемиот про- блем или проблеми со кои се соочуваат Ромките во Македо- нија? Мемедова: Недостигот на образо- вание повлекува невработеност, зависност, здравствени про- блеми, насилство во се- мејството...Тоа е магичниот круг од кој тешко се излегува. Значи, проблемите се бројни и тешко да се надминат без волја и подготве- ност од државата да се преземат конкретни акции за подобрување на состојбите. ЕДНО: Каква е ситуацијата на жената Ромка во рамките на ромското семејство и за- едница? Мемедова: Веќе спомнав дека со- стојбите на една жена во се- мејството, заедницата и во општеството воопшто, се одре- дува од нивото на можности кои и се даваат на девојката или же- ната Ромка уште од најмала воз- раст. Податоците со кои располагаме укажуваат на висо- кото ниво на зависност и непер- спективност на голем број Ромки во Македонија. ЕДНО: Колку се променети ромските традиционални практики кон ромските де- војки и жени во однос на нив- ното образование, вработување, брачен статус...? Мемедова: Свеста во ромската заедница во однос на позицијата на девојките и на жените е про- мената во последните 10 години. Промената е резултат на напо- рите и активностите на женските ромски невладини организации. Но, оваа промена е само капка во морето. Има уште многу да се ра- боти и да се сменат некои нега- тивни практики врзани со неписменоста, потчинетоста на жената во маргинализираните се- мејства. Се уште има потреба од едукација за правата на жените, како меѓу нив, така и меѓу ма- жите. ЕДНО: Колку државата е за- интересирана за подобрување на состојбата на ромската жена? Мемедова: Во 2008 година, Вла- дата усвои тригодишен Национа- лен Акционен План за унапредување на состојбата на Ромките во земјава. Оттогаш до- сега, ништо не е спроведено. Ова само го потврдува нивото на за- интересираност и подготвеност на државата да ги подобри со- стојбите на Ромките, кои се по- веќе се алармантни. ЕДНО: Пред три-четири го- дини усвоена е платформа за заедничка акција за унапреду- вање на општествената по- ложба на Ромките во Република Македонија. Кол- каво унапредување има всуш- ност? Мемедова: Платформата е доку- мент кој го изработија женските ромски невладини организации и нема обврзувачки карактер за државата за разлика од Нацио- налниот Акционен План на при- мер. Платформата беше обид да се координираат напорите на женските невладини организации и да се изгради база на заедничко делување. Ромките-активистки во минатата година до Владата на Република Македонија упатија отворено барање за итна реализа- ција на Националниот Акционен План. Од министерот без ресор добивме одговор, кој не упати до Министерството за труд и со- цијална политика. Ова само го потврдува недостигот на интерес на државните институции за про- блемите и статусот на Ромките во Македонија, како и за тоа колку ромската заедница нема приори- тет во владините заложби. ЕДНО: Колку жени Ромки се на видни позиции во полити- ката, образованието, култу- рата, економијата...? Мемедова: Видни позиции би подразбирало и можност за доне- сување важни одлуки. Такви по- зиции се уште не се заземени од страна на Ромките. ни од своите родители и сопрузи
  130. 10 10 Во очи светскиот ден на Ромите, 8 април,

    во Кордоба, Шпанија како претседавач на ЕУ, ќе биде организиран дводневен Ев- ропски самит за ромска вклученост. Самитот ќе трае заклучно со 9 април. Овој самит е замислен да помине во знакот на дебати, размена на иску- ства и како продолжение на барањето решенија на проблеми на Ромите во Европа од минатого- дишниот прв од ваков вид самит, кој се одржа во Брисел. На Самитот треба да учествуваат пре- тставници на европските институции, учесници од земјите - членки, меѓународни организации, како и претставници на ромското граѓанско оп- штество. Многу претставници од ромското граѓанско оп- штество, како од Македонија, така и од европ- ските земји стравуваат дека ќе се повтори сликата од 2008 година, односно дека од деба- тите и размената на мислења, идеи и проблеми, нема да произлезе ништо конкретно. Нема да произлезат конкретни решенија за проблемите со кои се соочува ромската популација на европ- скиот континент. Така, првиот, ЕУ Ромски Самит, во Брисел од пред две години падна во сенка по- ради случувањата со Ромите во Италија, кога тие беа апсени, а нивните населби беа под постојани напади. Така, меѓународните организации за за- штита на човековите права тогаш остро реагираа на несериозното однесување на италијанската влада, која на ваквите случувања, одговарала дека ситуацијата е добра. Во дел од извештаите од првиот самит од ваков калибар се вели: ,Групата за човекови права ја повика Европската комисија да се оттргне од проповедање празни зборови и да истапи со конкретни стратегии за решавање на проблемите со кои се соочуваат Ро- мите,. Годинешниот самит има работен наслов ,Промо- вирање политики на ромската популација,. По- крај поздравните говори, секако, тркалезни маси се планирани да го одбележат овој дводневен собир на највисоко европско ниво. ,Развој и пре- дизвици во европските и националните политики со Ромите, ,Задачи на политиките: развој и ограничувања, ,Остварување на принципите на европската платформа за ромска инклузија, сег- регација наспроти интеграција, специфични про- екти со Роми наспроти генерални проекти, ,Свест за родовата димензија, ,Како ЕУ инструментите може да бидат поефективни на локално ниво,....се само дел од темите на кои е предви- И Ромите се де ЕВРОПСКИ САМИТ ЗА РОМСКА ВКЛУЧЕНОСТ ПО ПОВОД 8 АПРИЛ Многу претставници од ромското граѓан- ско општество, како од Македонија, така и од европските земји стравуваат дека ќе се повтори сликата од 2008 година, односно дека од дебатите и размената на мислења, идеи и проблеми, нема да произлезе ништо конкретно, односно нема да произлезат конкретни решенија за проблемите со кои се соочува ромската популација на европ- скиот континент Љубица Гроздановска Димишковска
  131. 11 дено да се разговара, според, програмата на Са- митот.

    Завршницата на првиот работен ден од Самитот ќе ја одбележи свеченост по повод Ме- ѓународниот ден на Ромите. На вакви теми и Македонија можеше да биде до- маќин на ваков Самит, бидејќи освен декларатив- ното поставување на темите и проблемите на маса, кое е само претурање од ,шупливо во празно, бидејќи овие прашања и теми со години наназад се отвораат и во земјава, само никој или ретко кој досега направил прашањата да генери- раат одговори, во случајов – решенија. Европската коалиција за креирање ромски поли- тики е загрижена дека самитот може да донесе само неуспех и со тоа да покаже колку малку всушност Европа прави и е заинтересирана за ромската вклученост во сите сегменти на опште- ството. Тие сметаат дека Самитот може да придо- несе само делигитимизација на напорите на ЕУ за инклузија на Ромите. Така, Европската коали- ција за креирање ромски политики во Деклара- цијата за очекувањата од исходот на вториот ЕУ ромски самит посочува: ,Коалицијата жали што целите на Самитот не се доволно јасни и потребно е да се препорача, Са- митот да го избегне декларативниот карактер и тој мора да се фокусира на конкретни обврски и одговорности. Коалицијата верува дека е крајно неопходно и од клучно значење на Самитот да учествуваат клучни ромски креатори на поли- тики, официјални лица и претставници на меѓу- народни ромски организации, за да помогнат во остварувањето на конкретни чекори и решенија. Жалиме што претседателот на Шпанија, Хозе Луис Родригез Запатеро, како и шефот на Ев- ропската комисија Хозе Мануел Баросо нема да учествуваат на Самитот, со што праќаат лош сиг- нал за тоа колку Европската комисија е посветена на ромските прашања. Бараме вториот Самит да се сфати како можност за конкретни и развојни предлози за ромската инклузија,. Според податоци на Советот на Европа, на ста- риот континент живеат повеќе од осум милиони Роми. Тие постојано се жртва на стереотипи, сег- регација и живот на маргините. Не залудни се напорите на ромските активисти конечно да се постават решенијата и начините за подобрување на нивниот живот во секој аспект, здравство, образование вработување, дому- вање...Прашање е колку креаторите на полити- ките ја сфаќаат поентата дадена на ромската коалиција и колку и овој, втор по ред самит ќе биде продуктивен за доброто на Ромите. Впро- чем, највпечатлив пример за тоа е и самата Де- када за ромска инклузија 2005-2015 година. Дополнителен проблем е и тоа што странските донации наменети за подобрување на животот на Ромите полека, но сигурно се повлекуваат или во најмала рака се намалуваат, со цел националните Влади да ја преземат одговорноста и обврската да ги продолжат досегашните проекти. Свеста и слухот очигледно се најголемиот проблем. Зашто ако се сака, се се може. ел од Европа?!
  132. СМРЗНАТ КАДАР Импресум Подготвува екипа на Национален Ромски Центар: Ашмет

    Елезовски; Славица Ќурчинска; Себихана Скендеровска; Далибор Шојиќ; Љубица Гроздановска Димишковска; Александар Димишковски; Инес Мустафовска Национален Ромски Центар (НРЦ) Издавач: Здружение на граѓани Национален Ромски Центар (НРЦ) улица “Доне Божинов” бр.11/5, 1.300 Куманово, Република Македонија www.ednomagazine.com ; www.nationalromacentrum.com e-mail: [email protected] [email protected] тел/фах : 031/427-558 Списанието “Едно“ е дел од проект на Националниот Ромски Центар финансиран од Ромскиот Едукативен Фонд (РЕФ) Печати: Т.Д.Генекс Кочани; Тираж: 200 примероци
  133. РАСТЕ БРОЈОТ НА ПРЕКРШОЧНИ ПРИЈАВИ ЗА РОДИТЕЛИТЕ ШТО НЕ ГИ

    ЗАПИШУВААТ ДЕЦАТА НА УЧИЛИШТЕ ОРАЛНАТА ХИГИЕНА Е ВАЖНА ЗА ЦЕЛОКУПНОТО ЗДРАВЈЕ НА ЧОВЕКОТ 2 АВГУСТ - МЕЃУНАРОДЕН ДЕН ВО СПОМЕН НА РОМСКИТЕ ЖРТВИ НА ХОЛОКАУСТОТ БРОЈ 12-13 ЈУНИ 2010
  134. За Едно, за образованието за сите Себихана Скендеровска Почитувани, Последното

    издание на магазинот Едно во учебната 2009-2010 година, сакам да го посветам на јавните политики во областа на образованието. Секако, со акцент на ромската националност. Колкав е опфатот на ромските првачиња при упис и каде се запишу- ватт тие. Од она што НРЦ преку кампањата ,Клу- чот е во наши раце, има информации како секое училиште одделно да си води своја уписна политика, која не секогаш е еднаква за сите - од училишта кои ди- ректно излегуваат на терен и ги ба- раат децата, до училишта кои си одредиле дека наредната година ќе примат само 10 првачиња Роми во прво одделение, за да не се создадат сегрегирани училишта. Колку се при- менуваат и законските обврски дека секое дете треба да биде запишано во најблиското училиште? Факт е дека се афирмира десегрега- цијата. И да прифатиме дека тоа е поради креи- рање на поздраво мултикултурно општество. Па, ромските деца не мора да бидат запишани во најблиското училиште, туку онаму каде што ќе имаат можност за поквалитетно образова- ние. Е, тука се поставува едно друго пра- шање, прашањето на економската можност на ромските родители, кои треба да им обезбедат услови на своите деца, како облека, храна па, дури и превоз до училиште. Со оглед на реал- носта дека скоро 90 отсто од ромската попула- ција е невработена и живее на работ на сиромаштија, тогаш како да им овозможат на децата основни средства за посета на редовна настава? Зошто ромските родители се неврабо- тени, што преземаат институциите по ова пра- шање и зошто во последно време кога Македонија се стреми кон ЕУ, Ромите се уште не можат да најдат вработување? Безброј прашања на кои никој не се оби- дува да одговори. И магичниот круг продол- жува. Слично како во митот за Сизиф, кој е осуден од боговите да турка камен кон висо- киот Олимп како казна за својата непослуш- ност, а каменот при секое искачување се враќа пак до првобитната точка. Се враќаме пак во сегашноста. Ре- алност во која сите се согласуваме дека 99 отсто од невладините органи- зации се поддржани од странски до- нации и се обидуваат да решат дел од проблемите. Велам дел, бидејќи про- блемите се многу големи и натало- жени со децении наназад. Бидејќи и странските донатори секнуваат и велат дека во едно демократско и европско на- строено општество, како што се промовира на- шето, државата треба да се организира и да преземе одговорност. Така, под итно треба да се почне со темелно ре- шавање на проблемите од страна на институ- циите, со цел проблемите да се решаваат системски. Велам темелно бидејќи парцијални решенија не водат кон успех. Тоа е како дел да се познаваш себе си и својот идентитет, а друг дел да ти е непознат. Токму поради вклученост, еднаквост, учество и мирен соживот се потребни акции кои ќе про- дуцираат здраво мултикултурно општество, во кое ќе се учи и за ромската историја, јазик и традиција без стереотипи и предрасуди. БИЛБОРД ЈУНИ 2010 БИЛБОРД - Стр. 2 - Уводник ДНЕВНИК - Стр. 3, 4 и 5 - Извештај Отчет од терен - Стр. 6, 7, 8 и 9 - Медијаторите се нужност за зголе- мување на свеста за образование кај Ромите ПЕРИСКОП -Стр. 10-11 - Теренски извештаи ОСВРТ - Стр. 19-20 - Студенти од Филолошкиот факултет ќе може да го изучуваат и ромскиот јазик СМРЗНАТ КАДАР Стр. 24 - Фото вест 2
  135. 3 Од Судот за пре- кршоци во Скопје велат дека

    бројот на пријави е зголемен и загрижувачки. Мина- тата година имало околу 15 прекршочни пријави, годинава овој број достигнал до 120 пријави. Роди- тели велат дека по- ради сиромаштијата, не може децата да ги праќаат во учи- лиште, а уште по- малку да плаќаат големи казни. Социо- лози велат дека сиро- маштијата е само изговор и дека роди- телите ако сакаат, може да најдат на- чини како да ги шко- луваат нивните деца Расте бројот на прекршочни пријави за родителите што не ги запишуваат децата во училиште Иако задолжително средно образование значи задолжително следење на настав- ната програма, законски пропишано од Министерството за образование и наука, послед- ните истражувања го покажуваат токму спротив- ното на она што е пропишано со закон. Државниот просветен инспекторат при Мини- стерството за образование и наука поднел без малку 800 прекршочни пријави или толку роди- тели не го почитувале законот за задолжително образование и треба да застанат пред вратите на судот за прекршоци, поради тоа што не го запи- шале своето дете на училиште. Од Судот за прекршоци во Скопје велат дека бројот на пријави е зголемен и загрижувачки. Ми- натата година имало околу 15 прекршочни пријави, годинава овој број достигнал до 120 пријави. Оттаму велат дека повеќето од овие слу- чаи се без разрешница или родителите се ослобо- дени од казните поради нивната социјална положба. Училиштето е првиот контакт со родителите и де- Инес Мустафовска
  136. 4 цата и таму треба да се бараат повеќето одговори

    за тоа зошто децата не се запишуваат на учи- лиште и зошто оваа одговорност им се остава само на родителите. Но, она што обично го кажу- ваат во повеќето основни и средни училишта е дека не може да стапат во контакт со родителите и дека после тоа тие немаат никаква надлежност. Според директорот на основното училиште „26 јули“ децата не го продолжуваат своето образова- ние поради оддалеченоста до училиштата, а и затоа што им се потребни на родителите за ра- бота. -Тие преку зима живеат на планина, а преку лето немаат адреси, бидејќи работат сезонски работи. Тешко се достапни овие луѓе, па поради тоа не може да разговараме со нив. После тоа праќаме пријава до Државниот просветен инспекторат и тие ја продолжуваат постапката, изјави Халид Сејдиу, директор на осмолетката 26 јули од Скопје. Но, на само неколку метри од училиштето Џавит и неговиот татко собираат железо и го препрода- ваат. Џавит има само 10 години и не оди на учи- лиште. Вели дека не гледа иднина ако оди на училиште, за него дневните заработки по улиците и препродавањето старо железо се животот кој мора да го живее. Неговиот татко знае за казните и вели дека нема да се појави пред судот за прекршоци во случај да му стигне казна. -Никој не ме прашува како заработувам за да пре- живеам, низ што се морам да поминам за да го прехранам семејството во кое најмладиот член има само четири месеци, и нема да се појавам на суд, па нека дојдат и со лисици нека ме изнесат од дома, ама ако нешто му се случи на моето се- мејство ќе ги тужам сите, изјави Муарем, татко му на Џавит. -Нека дојдат еден ден со мене да видат како се за- работува за да им се обезбеди леб на моите девет деца. Ако сум сам нема да можам да заработам многу, но Џавит мора да доаѓа со мене за да ми
  137. 5 помага, да им однесеме леб дома, но и да

    научи како да заработи, изјави Муарем. И Џавит не сака да оди на училиште. -Никој во моето семејство не учи, секој ден одам со татко ми и собираме же- лезо, мене не ми е тешко да учам, вели тој. Муарем вели дека тој за Џавит и неговите деца го сака најдоброто. Тој знае дека образованието е по- требно и корисно за него- вите деца. -Сакам Џавит да биде учен, но јас не можам да му по- могнам да се запише во училиште, јас немам доку- менти. Минатата година бевме во училиштето, ни кажаа дека ќе направат се за моето дете, но ние мо- равме да одиме во Стру- мица по железо и таму седевме неколку месеци, затоа Џавит не го запи- шавме на училиште. И фала му на Господ досега не ми стигнала никаква казна, вели Муарем. Такви примери по улиците на ромската населба Шуто Оризари во Скопје може да се видат многу. Родителите се свесни за парич- ните казни кои следуваат доколку не ги запишат децата во образование, но сепак не ги пуштаат де- цата на училиште. -Јас ако сум сиромав не значи дека не слушам и не разбирам, слушам вести и знам што велат тие во фотељите, ама нив им е лесно да ги покачуваат казните, но не знаат колку се 1.000 евра за нас. Од каде ќе најдеме толку пари, јас не сум ни сонувал за толку пари. Нам децата ни требаат за да ни по- магаат, да научат како да заработат во оваа држава, оти за нас Ромите никогаш нема нор- мална работа, велат родители. Родителите како најчеста причина за тоа што не ги праќаат децата во училиште ја посочуваат си- ромаштијата и економската криза, но, сепак, со- циолозите сметаат дека тоа им е само изговор. Тие објаснуваат дека бројката на незапишани уче- ници е загрижувачка, а проблемот треба да се бара кај родителите. Според социолозите проблемот не е во финансис- ката моќ на родителите бидејќи сега учениците добиваат бесплатни учебници и превоз, туку во нивната свест. -Најверојатно овие родители немаат завршено средно образование, па затоа тоа право не му го овозможуваат ниту на своето дете. Веројатно, не размислуваат колкава штета му нанесуваат на своето дете, изјавуваат социолози. И педагози објаснуваат дека овие деца најчесто не се запишуваат во средно поради патријархалниот дух во кој се воспитувани, кој е цврсто поврзан со традицијата и со религијата. Затоа место во учи- лишните клупи женските деца најчесто се мажат, а машките почнуваат да работат. Од Министерството за образование и наука поба- равме да ни кажат колку Ромчиња досега не се за- пишале во училиште. Но, оттаму ни соопштија дека не прават статистика по етничка припадност, туку по име и презиме на детето и неговите роди- тели. -Училиштата ги праќаат извештаите до Држав- ниот просветен инспекторат со име и презиме, а не по етничка припадност. Засега немаме таква можност за селекција на учениците, ни објаснија од МОН. Пред неколку месеци министерот за образование најави засилени контроли и казни за родителите кои нема да ги запишат децата во процесот на образование. Но сепак, бројките се алармантни и треба да се укаже на поголема анагажираност и координираност на сите институции инволвирани во овој проблем. Законот за задолжително средно образование се спроведува од минатата година. Според него образованието е задолжително и бесплатно во јавните училишта. Процесот на поднесување на прекршочните пријави до родителите не е многу долг. При незапишување на детето или непосетување на наставата, училиштето прави обиди да стапи во контакт со родителите, за да им укаже дека детето мора редовно да го следи образовниот процес. Доколку родителот продолжи да не го праќа детето во училиште, или ако училиштето не може да стапи во контакт со родителот, директорот на училиштето поднесува пријава до Државниот просветен инспекторат при Министерството за образование и наука. Просветните инспектори повторно се обидуваат да разговараат со родителите за законските одредби, велат од Министерството за образование, и ако детето повторно не се запише на училиште се поднесува кривична пријава до судот за прекршоци. Таму се води постапка против росителите кои не го почитувале законот за задолжително образование. Преживувањето над образованието
  138. Медијаторите се нуж на свеста за образов БИЛЕНТ ЌАЗИМОСКИ, МЕДИЈАТОР

    ОД ПРИЛЕП...Анкетирање на ромската заедница, конкретно населени во населбата Тризла 2, со цел креирање на дата база за образовниот статус на ромските семејства и нивните потреби за подобрување на условите за школување. Дополнително дата базата беше користена при детектирање на потецијални првачиња и нивно мотивирање за упис во основно училиште. Остварена директна соработка и консултација со О.У. Добре Јованоски, О.У. Кире Гаврилоски и О.У. Климент Охридски за превземање заеднички иницијативи со цел навремено запишување на ромските деца во прво одделение, следење и намалување на бројот на осипани ромски уленици и подобрување на комуникацијата на наставниците и родителите, како и зголемување на бројот на присутни ромски родители на состаноците на Родителскиот совет. Со тоа дојдев до заклучок дека во основните училишта има потреба од медијатор. Советникот за образование Маријан Матракоски од Локална Самуправа Прилеп како и просветниот испектор Антонела Стојаноска ги под држуваа активностите и дополнително ја следеја ситуацијата и ја даваа потребната подршка при уписот на ромските деца. Изводи од матична книга на родените беа вадени со цел да се исполнат неопходните услови за запишување на ромските деца во основно училиште. Активноста беше насочена кон семејствата во ризик односно семејствата кои немаат приходи и немаат финанскиски средства да извадат самостојно потребна документација. Школскиот материјал беше доставен до целната група евидентирана во листа на деца запишани во прво одделение во основните училишта. Домашните посети на семејствата беа составени од помагање на децата од целната група при пишување на домашни задачи и стекнување на нови познавања, преку нашите домашни асистеции се зголеме бројот на редовност на учениците од 1 до 4 одделеније. доаѓам до заклучок дека медијатород е потребен во ромската населба поради поголем дел на родителите се неписмени да им помагаат за нивните деца. Директната соработка со наставниците и педагошката служба овозможи посета и присуство за време на часовите одржувани во прво одделение и асистенција на наставникот во комуникација со ромските ученици, како и помагање на ромските ученици во разбирање на наствниот материјал. Секојдневната работа со ромските семејства овозможи лесна препознатливост на мојата улога во заедницата. На почетокот беше неопходно да се претставува проектот и целта на активностите како и позитивните страни на проектот за самите семејства. Но по извесен период сите семејства ја ОТЧЕТ ОД ТЕРЕН
  139. жност за зголемување ванието на Ромите увидоа позитивната пракса од

    соработката со медијаторот и соработката се подобри со тоа што сите активности беа реализирани без препреки. ФЕБИЈАН МАКСУТИ, МЕДИЈАТОР ОД СКОПЈЕ....Во изминатиот период од скоро две години на работењето на овој проект како медијатор стекнав огромно искуство. Стекнав работна навика, остварував контакти со други луѓе, научив што е одговорност, точност, навременост. Бидејќи овој проект ми беше прво работно искуство можев да проценам дали можам да остварам одредени обврски или не. При остварувањето на моите секојдневни активности поврзани со проектот контактирав со наставници, педагози, психолози, директори на основни училишта, просветни инспектори... Моја оценка е дека на мојот терен имав одлична соработка со сите споменати субјекти во образовните институции. На ромската заедница и помогнав во одредени сегменти. Можеби не и помогнав во однос на нивните егзистенционални проблеми но и проектот не се однесуваше на тој сегмент. Сепак помогнав до некој степен во стекнување на најмоќното оружје за борбата за егзистенција,а тоа е ОБРАЗОВАНИЕТО. Помогнав и во остварување комуникација на релација родител- дете-училиште, на некој начин создадовме навика кај родителите да се интересираат за образованието на нивните деца или барем да прашаат што учеле на училиште, но и да одат на родителски средби. Сметам дека ромската заедница има потреба од нас медијаторите, но и институциите имаат потреба од нас. Во училиштата сум препознатлив и имам одлична соработка со наставниците, педагозите, директорите. Секогаш кога ќе имаше потреба или некој проблем, училиштето ќе ме контактираше за да најдеме заедничко решение. ЈАШАР САЛИМОВ, МЕДИЈАТОР ОД КРИВА ПАЛАНКА.... Во изминатиот период од три години јас работев како локален медијатор во три ромски заедници-Крива Паланка,Кратово и Ранковце и соработував со повеќе основни училишта - Јоаким Крчовски од Крива Паланка,- Илинден од Крива Паланка,-Кочо Рацин од Кратово и Х.Т.Карпош од Ранковце. Остварив добра комуникација и соработка со Државнот Испекторат како и со Советнокот за Образование при Општина Крива Паланка како и други иституции како на државно така и на локално ниво благодарение на иструкциите од тимот на НРЦ. На почетокот на мојата теренска работа, моите асистенции не беа многу прифатени од страна на ромските семејства бидејќи беа разочарани од
  140. 8 некои невладини организации кои претходно работеле во тие средини,

    така што отпрвин морав да работам на враќање на довербата на ромската заедница. Се разви одлична комуникација и соработка со основните училишта, посебно до основното училиште ,Илинден, од Крива Паланка, каде најголемиот број на ромските деца потекнуваат од социјално загрозени семејства и ова училиште имаше сериозен проблем со нередовноста на учениците, лоша дисциплина и големо осипување, кое сега е нешто намалено. Имам одлична соработка и со државните институции и локалните власти. ЉАТИФЕ ШИКОВСКА, МЕДИЈАТОР ОД СКОПЈЕ...Во изминатата 2009 година како медијатор вклучена во Кампања за образование на Ромиите , придонесов да им помогнам на родителите и децата масовно да се запишат во основните училишта. Преку директни посети на семејствата, родителите ги информирав за измените во образовниот процес пред и се за задолжителна деветолетка, документацијата потребна при упис, како и запазување на рокот за навремено запишување на децата во училиште. Родителите беа информирани дека учебниците и превозот до училиште се безплатни, преку средби и работилници внатре во заедницата се обидов да ја подигнеме свеста кај родителите за важноста и придобивките од образованието на нивните деца. Посредував за вадење лична документација, а како дополнителна мотивација за родителите, делевме училишен прибор. Реализирав редовни средби и разговори со наставниците, стручните служби и директорите на училиштата. Разговаравме за редовноста и успехот на учениците, комуникацијата со родителите. Се залагав наставниците да им посветуваат повеќе внимание на учениците – Роми, да не ги оставаат да седат во последна клупа, да седат во мешана клупа со деца не-роми, доколку е можно да работат дополнително со нив. Проектот, за мене преставуваше голем предизвик. Ми се укажа можност да придонесам и да им помогнам на родителите и децата успешно да се интегрираат во процесот на образование, преку редовно следење на наставата во училиштето и , редовни средби со наставниците. Како Ромка-интелектуалка, одговорност и должност ми е да им помогнам на заедницата, кон трнливиот пат на целосна интеграција во општестото, посебно во делот на образованието. Заедницата во овој период на транзиција и реформи и тоа како има потреба од нас како медијатори. Свесни се за придобивките кои ние преку нашите активности ги реализираме внатре во училиштата и дома при посета на нивните деца. Но, во исто време бараме поголема одговорност од страна на родителите, прво и основно да им се предочи дека првичната поддршка во однос на образованието треба да произлезе од нив како родители, да се одвикнат од навиката дека другите треба за нив да ја завршат работата во однос на навремено запишување, за редовно следење на наставата во училиште од страна на нивните деца, редовно одење на родителски средби. РАМАН ДЕМИРОВ, МЕДИЈАТОР ОД ШТИП...Со мојата досегашна работа како медијатор во ромската заедница, со организирање на родителски средби, посета на ромските ученици и како набљудувач на процесот на образовниот систем во кој се приклучени ромските деца од прво одделение мислам дека делумно успевам во некои области да им помогнам и да ги набљудувам во унапредувањето, редовноста и наставата во образованието. При посетите на ромските семејства и во комуникацијата на ромските деца се чувствував многу мотивиран и исполнет, затоа што ги слушам нивните жалби и инереси кон образованието. Од посетите и комуникацијата со семејствата доаѓам до заклучок дека сепак им е потребен ромски медијатор затоа што некои од родителите се неписмени и на нивните деца им треба помош околу домашните задачи и околу изучувањето на материјалот кои што го учат, а некои од родителите не обрнуваат внимание на Заедницата во овој период на транзиција и реформи и тоа како има потреба од нас како медијатори. Свесни се за придобивките кои ние преку нашите активности ги реализираме внатре во училиштата и дома при посета на нивните деца. Но, во исто време бараме поголема одговорност од страна на родителите, прво и основно да им се предочи дека првичната поддршка во однос на образованието треба да произлезе од нив како родители, да се одвикнат од навиката дека другите треба за нив да ја завршат работата во однос на навремено запишување, за редовно следење на наставата во училиште од страна на нивните деца, редовно одење на родителски средби, вели Љатифе Шиковска, медијатор на НРЦ од Скопје
  141. нивните деца околу редовноста и наставата. Со посетите кои што

    ги организирав во училиштата и со самите разговори што ги вршев со педагозите и директорите кој истите покажаа интерес и потреба за комуницирање со некој на кога што можат да ги кажат нивните проблеми и проблемите со кои што се соочуваат ромските деца,и наставниците. Со тоа дојдов до заклучок дека на училиштата им е потребен медијатор. МЕМЕТ МЕМЕТ, МЕДИЈАТОР ОД СКОПЈЕ...Поголемиот дел од родителите се неписмени или со пониско образование. Тоа претставува проблем бидејќи не се во можност да им помагаат на децата околу нивните домашни задачи. Исто така на ниско ниво е и мислењето за важноста на образованието. Имам чувство дека само декларативно се изјаснуваат дека треба да се учи но скоро и ништо да не преземаат за нивните деца да бидат редовни и добри ученици. Дел од родителите се уште зборуваат пред децата дека не е важно да се учи или дека е залудно да заврши училиште кога нема работа. Дел од родителите не ни знаат како се вика или пак која е наставничката на детето. Тоа се должи токму на незаинтересираноста и не контактирањето со наставничкот на ученикот. Ромските ученици во прво но, и во погорните одделенија не го разбираат добро македонскиот јазик. Не може да формираат опширна реченица и да го кажат убаво и тоа што го знаат. Многу често ученикот се среќава со македонскиот јазик токму на училиште. Во просек имаат поголем број на изостаноци. Имам чувство и дека наставниците помалку им обраќаат внимание на ромските ученици поготово на оние кои се послаби ученици. Дел од ромските ученици се многу сиромашни и немаат облека па, често поради тоа се срамат да одат на училиште. Дел од ромските ученици малку учат бидејки немаат некоја контрола од дома. Родителите не ги мотивираат доволно. Неопходна е наша поддршка и помош. Децата со кои работиме се посигурни и позаинтересирани. Мислам дека е потребна помош и на второодделенците кои токму во второ одделение учат да пишуваат и да читаат. СЕНАД МЕМЕТ, МЕДИЈАТОР ОД СКОПЈЕ...Поголем дел од ромската заедница во Македонија живее на маргините на сиромаштијата, што значи дека било каква помош за оваа група на луѓе од секаква корист. Како медијатор за образование придонесувам на повеќе начини. Од аспект на запишување на децата во основно образование од општината Чаир, каде што има повеќе ромски населби. Во овие маала традиционално децата не одеа во училиште, а родителите не ги запишуваа децата во училиште. Откако почна проектот со образовните медијатори од страна на НРЦ, може слободно да се каже дека од година во година почна да расте бројот на запишани деца кои традиционално не одеа во училиште. Се постигна поголема ангажираност на родителите за успехот на нивните деца, односо родителите да бидат почесто пристутни во училиштата, и исто така успеав во училиштните одбори да има родители-Роми. Се работеше на рушење на стереотипите кон ромските деца преку позитивни примери. Ромите се неписмени семејно и за да го искорениме тоа треба да успеме децата во континуитет да ги запишеме секоја година.
  142. Иако без образование со љубопитност следат како нивниот син ја

    пишува домашната задача СКОПЈЕ...Мелиса е ученичка во четврто одделе- ние при основното училиште ,Петар Петровиќ Његош, кое е се наоѓа во населбата Колонија од- далечена од Скопје на околу 15 км. Таа живее во куќа со таткото Елвис, мајката Сибела, братот Ра- мадан кој е ученик во второ одделение во истото училиште, како и со нејзините баба и дедо. Сите во семејството ја сакаат и ја фалат. Но, оправдано ја фалат бидејќи таа е одлична ученичка, која е многу одговорна во однос на своите одговорно- сти кон училиштето. Таа е педантна и внимава многу на својата хигиена. Секое утро внимателно се спрема за на училиште. Речиси никогаш не доцни и ретко изостанува од настава. Таа секо- гаш внимателно го следи часот и ја слуша наста- вата. Сака да е активна на час и да разменува мислења за материјалот кој го учи. Откако ќе се врати од настава прво ги завршува своите об- врски околу домашните задачи, а по ручекот ги учи лекциите од тој ден. Потоа малку ќе се дружи со своите другарки од маало, а навечер ги гледа омилените серии на телевизија. Ја прашав дали секогаш учи сама и дали има некогаш тешкотии околу некој предмет. -Да, најчесто сама си ги пишувам задачите и сама учам, но понекогаш некои задачи по математика не ми се јасни и барам помош од сосетката, која е лекар по професија и која сака да ми помага. Ме охрабрува дека еден ден и јас ќе завршам факул- тет и ќе бидам личност која ќе ја познаваат и по- читуваат, вели Мелиса. Многу често им помага на своите соученички кои живеат во нејзината близина. Тие доаѓаат кај нејзе дома и заедно ги учат лекциите. Сака да чита книги и омилена книга и е „Пипи долгиот Мајката на Тафиљ го зема од учи- лишта. И тоа го прават секој ден, редовно и без никаков превоз. Кога се враќа Тафиљ од училиште прво си ги мие рацете со што покажа дека стекнал хигиенска навика. От- како ќе го направи тоа, седнува да руча со неговите родители, па си игра со малото братче и потоа си ја пишува домашната работа ПЕРИСКОП
  143. чорап’, а понекогаш и самата пишува по некоја песничка. Кога

    ќе порасне сака да стане лекар за да им помага на луѓето. Беше многу радосна што ќе се пишува за нејзе во ЕДНО. Од извештајот на Мемет Мемет, медијатор на НРЦ СКОПЈЕ...Тафиљ е ученик во второ одделение во основното училиште ,Кирил и Медотиј, и живее во ромското маало Маџури. Школото од неговиот дом е оддалечено околку три километри. Живее со неговите родители, со неговиот помал брат, како и со баба му и дедо му. Неговиот татко Ѓул- шен го издржува семејството, но нема постојана работа. Освен мајката на Тафиљ, која има за- вршено осмо одделение, другите членови на се- мејството се без образование. Таткото на Тафиљ секогаш се труди навреме да ги обезбеди сите по- требни материјали за него, како и се што е по- врзано со училиштето. Секој ден се труди да најде некоја работа и секој ден го носи редовно на училиште. Мајката на Тафиљ го зема од училишта. И тоа го прават секој ден, редовно и без никаков превоз. Кога се враќа Тафиљ од училиште прво си ги мие рацете со што покажа дека стекнал хигиенска навика. Откако ќе го направи тоа, седнува да руча со неговите роди- тели, па си игра со малото братче и потоа си ја пишува домашната работа. Неговите родители секој ден се интересираат како поминал на учи- лиште и што научил. Иако не се писмени секогаш седат со него и внимаваат додека тој ја својата до- машна задача. Тафиљ има другарчиња од Ром- ското маало со кои се дружи кога има има слободно време за играње, иако со нив комуни- цира на ромски јазик, Тафиљ одлично го говори македонскиот јазик и одлично и го разбира. Тоа се должи на мојата работа со него уште кога беше прваче во истото училиште но, исто така имаат и голем удел во тоа и неговите родители кои со него дома тој период зборуваа на македонски јазик се со цел Тафињ добро да го совлада македонскиот јазик. Тафил е секој ден редовен на училиште покажува одлични резултати често пати е пофален од на- ставничката за неговиот напредок и исто така често пати неговите родители се пофалени би- дејќи Тафиљ секогаш е редовен и уредно доаѓа на училиште. Kонтинуирано прашуваат за неговиот напредок, а редовни се на сите родителски средби. Од извештајот на Сенад Мемет, медијатор на НРЦ
  144. Ми ѕвони телефонот! – ова е неодложен разговор. Ми пуштија

    маил! – мора да одговорам. Утре треба да станам во шест часот наутро, мора да брзам. Легнувам. Кој сега ќе станува? Утре ќе ги измијам забите. Забите се комплекс од неколку ткива. Имаат видлив дел - коронка и невидлив дел - корен. Површинскот е емајл или глеѓ, чија тврдина е најголема меѓу ткивата во човековиот организам и е нешто помеѓу кварц и апатит. Но, сепак не е создадена за тестирање - колку би можел да издржи со слоеви на храна, пијалоци, плунка, бактерии. Туку за сечење и дробење на храната. Храната е извор на енергија за мислење, работа, бакнување, спортување. Храна која е пријател на забите е овошјето, зеленчукот, млекото и него- вите производи, како и рибата, месото, житар- ките. Храна непријател на забите е шеќерот, пицата, храната во целофан, лепливата и брзата храна како кремчиња, пудинзи, торти. Под емајлот е помекиот слој - дентин кој ја дава бојата на забите. Пулпата е срцевина на забот и го храни. Тој ,сендвич, од напластена разновидна храна и бактерии - кој се нарекува плак со минералите од водата и плунката образува уште еден ама лош слој на цврсто ткиво- забен камен. Додека се случи ова на друг заб киселините веќе почнале да формираат пребојување, а подоцна и забен кариес. И така ние со забен камен и забен кариес сигурно стигнуваме на состанок со девојката, момчето, партнерот, шефот. Две минути пред тоа ставаме најинтезивна гума за џвакање што здивот го прави ладен. Додека се смееме во друштво, пушиме, пиеме, потпорниот апарат на забите - пародонциум веќе ни е разнишан. Почнуваат отечувања на гингивата, црвенила, воспаленија, болки, лош здив, расклатување и на крај испаѓање на забот. Веќе не е табу. Пародонтоптијата повеќе не е нерешлив проблем. Воспаление на непцата – гингивата е најголема причина за губење на забите кај нас. Секогаш го забораваме дружењето со забарот освен, кога не боли. Тогаш ниту го слушаме , ниту не интересира за тоа како сето тоа се случило. Болката е остранета. Ние пак во гужви, брзање. Возраста не нè ослободува од обврска. „Мало е детето – не може да ги мие забите. Млечните заби не се лекуваат! А зошто да ги мие кога ќе ги менува?” – изјавува не само бабата туку најчесто и неговите родители. Кога потпораснав- „зошто да ги четкам кога тие ќе ми кажат, си знам јас”. Кога станав возрасен – „незнам каде ми е главата, куп обврски, јас ќе четкам?!”. Секогаш го кажувам овој трик: купете си ја четката со најомилената боја, со меки влакна, со мала глава- ќе четкаме заби. Не чевли. Кога ќе имате време без никој да ви кажува, но секогаш пред спиење и никогаш со притисок, ефективно Оралната хигиена е важна за целокупното здравје на човекот Само здравата насмевка е убава насмевка Да не се доведеме во ситуација да раз- говараме за белење на забите, а имаме пештера од кариеси, да имаме најнова фризура и средени нокти, а ниту морков може да грицнеме, да го имаме најскапиот автомобил, а да ни е срам да се насмевнеме. Здраво се смееме единствено кога знаеме дека нашата орална (не)грижа не влијае на кардиоваскуларниот систем, уро- гениталниот тракт, остеопорозата, според најновите истражувања и на нервниот систем и други системни болести Пишува Горан Бурназовски, доктор по стоматологија
  145. четкајте ги забите најмалку 3 минути, секоја површина, од гингивата

    кон коронката. Кажете им на вашите другари и пријатели за новата флуоридна паста за заби чиј вкус ви се допаѓа. Не го заборавајте конецот или интерденталната четка со која се четкаат местата каде највеќе се депонира храната и бактериите без ние тоа да го забележиме. Жабуркајќи само со антиплак раствори не го острануваме плакот, само здивот краткотрајно се подобрува и освежува. Постојат над 200 техники за четкање на забите. Да знаеме барем една. Да не се доведеме во ситуација да разговараме за белење на забите, а имаме пештера од кариеси, да имаме најнова фризура и средени нокти, а ниту морков може да грицнеме, да го имаме најскапиот автомобил, а да ни е срам да се насмевнеме. Здраво се смееме единствено кога знаеме дека нашата орална (не)грижа не влијае на кардиоваскуларниот систем, урогениталниот тракт, остеопорозата, според најновите истражувања и на нервниот систем и други системни болести. Само здравата насмевка е убава насмевка.
  146. Прирачник за заштита и спречување дискрими- нација во воспитно-образовниот систем

    во Ма- кедонија беше промовиран на шести мај годинава во Министерството за образование и наука. Прирачникот е подготвен од страна на На- ционалниот Ромски Центар од Куманово со пари од Ромскиот образовен фонд од Будимпешта. Прирачникот ќе им користи на сите учесници во наставниот процес во елиминација на стереоти- пите и предрасудите кои предизвикуваат нерам- ноправен третман на учениците со различна етничка, верска или социјална припадност. Тој пред се е фокусиран на ромските деца, зашто тие се најранлива категорија и најчесто маргина- лизирани поради нивниот социјален статус. Прирачникот наскоро ќе биде публикуван и про- мовиран, а за неговата примена во образова- нието ќе биде обучен наставниот кадар. Прирачникот е корисна алатка и придонес за правилно планирање, реализација и контрола на воспитно-образовниот процес за да се спречат појавите на сегрегација и дискриминација и да се промовира антидискриминаторската поли- тика. На промоцијата на прирачникот, освен министе- рот за образование и наука Никола Тодоров, при- суствуваа и министерот без ресор Неждет Мустафа и директорот на Управата за унапреду- вање на образованието на јазиците на заедни- ците Реџеп Али Чупи. Вкупно 30 студенти Роми на медицинските фа- култети, високи школи, средни училишта, какои и лекари Роми на постдипломски студии ќе бидат поддржани во првата година од имплемен- тацијата на програмата за медицински стипен- дии за Роми преку добивање стипендии. Програмата аза медицински стипендии за Роми, обезбедена од Ромскиот Едукативен Форум (РЕФ) и Програмата за ромско здравје на Инсти- тутот отворено општество од Будимпешта, овоз- можува поддршка во професионалниот развој и достапност до медицинско образование за мла- дите Роми со што ќе се зголеми и достапноста до здравствените услуги за Ромите. Можност да конкурираат имаат сите Роми, државјани на Македонија кои се редовни сту- денти или ученици на акредитираните меди- циски факултети или средни училишта или пак се на додипломски, магистерски или доксторски студии. Стипендии за 30 Роми студенти на медицинските факултети ВЕСТИ Прирачник за заштита од дискриминација во училиштата
  147. Документарниот филм на НРЦ ,Испеан живот, ја доби Гран при

    наградата на седмиот ромски фе- стивал ,Златно тркало,. Доделувањето на награ- дите се одржа на почетокот на април годинава во Скопје, во организација на телевизијата БТР. Ромскиот филмски фестивал ,Златно тркало, беше официјално отворен со премиерно прика- жување на документарниот филм за познатиот македонски боксер Вели Мумин ,Атомската Мравка, копродукциски проект на ТВ БТР и ТВ Алсат М. Вториот дел започна со доделување на награди со кратки исечоци од самите наградени филмови во кој и Националниот Ромски Центар доби Гранд При за документарниот филм ,Испеан Живот, од страна на Фестивалското жири во со- став Данчо Чевревски, професор на Факултетот за драмски уметности и претседател на жирито, Атанас Георгие-режисер, Сашо Ордановски, ди- ректор на ТВ АЛСАТ М, Самир Љума Координа- тор на Медиенхилфе за Македонија, Василка Галевска координатор на фестивалот ,Златно Тркало, Зоран Димов Директор на ТВ БТР На- ционал. Награда за најдобар документарен филм доби филмот “Ромки„ од Шпанија, најдобра режија - ,Ромале, од Израел, најдобра фотографија - ,Го- лемиот ден, од Унгарија, награда за придонес кон ромската декада ,Млади Дами, од Словенија. ,Испеан живот, на НРЦ доби Гран при за документарен филм
  148. Повиците за финансирање проекти, онаму каде што Македонија ги исполнува

    усло- вите за тоа, претежно се однесуваат на зајакнување капацитети, создавање мрежи за ре- гионална соработка, но и за заштита на човеко- вите права, проекти за малцинства, со посебен акцент на Ромите. Некои донатори дури и во последен момент ги сменија приоритетите за фи- нансирање, односно во последен момент им дадоа предност на проекти кои се однесуваат на ромската популација. За волја на вистината, бројот на адреси на дона- тори се намалија во споредба со претходни го- дини, а да не зборуваме за златното време пред десет години, кога буквално ,врнеа, странски пари за зајакнување на капацитетите на Македо- нија, односно на нејзините институции. Што под- разбира тоа? Тоа подразбира одржливост на проектите, односно дали, кога и како државата, со својот мамутски голем апарат би можела да ги преземе обврските, финансиски и институцио- нално, односно проектите кои даваат видливи ре- зултати и кои навистина придонесуваат за подобрување на ситуацијата во одредени сег- менти на македонското општество. Пред два месеци, претставници на Ромскиот еду- кативен форум од Будимпешта, кој е најголем до- натор за проекти од областа на образованието на Ромите укажаа на една клучна забелешка – дека странските донации полека ќе се намалуваат, а за сметка на тоа, државата ќе треба да компензира. -Македонија со тек на време ќе треба и ќе мора да ги презема проектите наменети за Ромите во земјата, односно колку што ќе се намалува фи- нансиската помош од страна на РЕФ, така држа- вата ќе мора да компензира. Тоа е многу важно, државата ќе мора да сфати дека во скора иднина ќе мора да ги преземе обврските околу подобру- вањето на квалитетот на образованието на Ро- мите, посочија од РЕФ на отворениот ден што се одржа во април во Скопје. Ромскиот образовен форум е меѓу најголемите финансиери на проектите за образование на Ро- мите во Македонија. РЕФ е формиран во рамките на Декадата на Ромите во 2005 година. Главната цел на и мисија на РЕФ е да ги премости разли- ките во образованието на Ромите и на не-Ромите. За да ја постигне оваа цел, организацијата под- држува политики и програми кои може да осигу- раат квалитетно образование за Ромите, вклучувајќи ја и десегрегацијата во образовните системи. Оттука, се поставува прашањето зошто стран- ските донатори се повлекуваат од Македонија? Кои се опциите за странско финансирање маке- донски проекти? Кои се приоритетите и дали државава има капацитети да ги компензира, како што велат од РЕФ, парите ,повлечени, од стран- ските донатори? Постојат неколку причини зошто странските до- натори се повлекуваат и по се изгледа ќе продол- жат да се повлекуваат од земјава. Странски ескперти, претставници на странски организации кои што давале пари за проекти во земјава, стручњаци од Македонија што работат на подготовка за апликации за проекти од ЕУ Македонија веројатно ќе нема капацитет да надомести СЕ ПОВЛЕКУВААТ СТРАНСКИТЕ ДОНАТОРИ Многу од фондовите да речеме даваат 60 отсто од парите, а остатокот треба самите да го најдеме. Не им е важно како и дали државата ќе учествува, или ќе се најдат пари од трет дона- тор. Но, касата на земјава нема и ќе нема пари, а тешко ќе биде кога за проекти за идната година ќе нема до- волно пари, коментира познавач на процедурите на странските фондови и обучувач за аплицирање во стран- ски фондови.
  149. фоднови и кои знаат каде и како да се аплицира,

    посочуваат четири главни причини. Повлекувањето на странските донации значи дека земјата се стабилизирала и дека понатаму може да чекори сама. Тоа е логиката за цел Бал- кан, не сме само ние исклучок, но очигледно сме правило дека кај нас полека се придвижуваат ра- ботите напред. Така, Балканот повеќе не е инте- ресен. Странските пари сега одат во Авганистан, Ирак, Иран и во земјите од Африка. Ова е првата причина. Рецесијата делумно влијае на трендот странците да објават повлекување. Тоа значи дека ќе се фи- нансираат само приоритетните области кои оста- наа за унапредување. Тука се надоврзува и причината за ненаменско, нетранспарентно тро- шење на парите за проекти кои никогаш не се оствариле во пракса. Таквите искуства, ги дове- дуваат странците да ги запрат пералниците на пари и тие да ги одредат приоритетите (бидејќи тие ги даваат парите!) или барем да се обидат да ги насочат невладините организации кои области се најинтересни за нив за сезоната есен/зима 2009-2010 година. Ова е втората причина. Македонските невладини организации не може да користат повеќе фондови од ист донатор, така странските организации и фондации ги замену- ваат старите со нови фондови. Отсега за да се до- бијат пари, невладините организации мора да се помачат за да земат пари за проект чија финан- сиска контрукција мора да се оправда до денар. Ова е третата причина. ИПА фодновите чукаат на врата, а тоа како чет- врта причина, која ја заокружува целината е всушност новата фаза на тоа како нашите ло- кални и централни институции во соработка со НВО секторот треба да влечат пари од европ- ските фондови. ИПА фондовите подразбираат и посовесно менаџирање на проектот/парите, по- стојана контрола од страна на странските дона- тори, редовни извештаи за остварувањето на проектите, како и финансиските извештаи и одржливоста на проектот. За жал, ИПА фондо- вите ретко кој да ги чепка кај нас.
  150. Портпаролот на Владата на Република Македо- нија Мартин Мартиноски ги

    потврдува заклучо- ците за главните причини поради кои странските донации се ситнат. За тоа дали Македонија има капацитет да финансира проекти кои досега биле финансирани со странски пари, тој вели: -Без разлика на странските донации, министерст- вата имаат одредени буџети за проекти и тоа по- себно за проекти за Ромите. Така на пример, Министерството за култура имаше буџет за про- екти за ромски невладини организации, но никој не се јави да ги искористи тие пари и парите беа вратени во буџетот. Можеби се работи за недово- лен проток на информации, но Ромите имаат пре- тставник во Владата, тоа е министерот без ресор, кој воедно е и координатор на Декадата на Ро- мите, вели Мартиноски. Тој вели дека невладините организации ќе мора да се навикнат да бараат пари од повеќе извори, а не како досега да се чека само на парите од еден донатор, кои не биле проблем. Одржливоста на проектите под- разбира невладините организа- ции да користат неколку фонда за еден ист проект и притоа така да ги менаџираат парите и да надо- местат за недостатокот на парите што се потребни за целосна реа- лизација на проектот. Зашто по- рано еден донатор целосно финансираше еден проект. Сега не е така. А, и државата сигурно нема да покрива еден проект 100 отсто, бидејќи нема толкави пари, а знаеме за колку големи буџети станува збор, вели Мартиноски. За повлекувањето на странските донации од Македонија, повеќето невладини организации велат дека тоа е позитивно созревање на нивниот сектор бидејќи кој ќе се прилагоди на новите правила на игра, тој ќе успее и со тоа ќе се исфилтрираат добрите невла- дини организации. Но, во исто време се плашат дека многу про- екти ќе пропаднат бидејќи држа- вата нема ни механизми, ни капацитети нив да ги спроведе. -Ова е еден вакуум, еден преоден момент, кој треба во иднина да донесе нови странски пари, пред се европски, но според многу построги крите- риуми за добивање на парите. Тоа е добро. Про- мената тука е што невладините или државните институции мора многу добро да знаат како да пополнат апликација и каде за што да аплици- раат. Умре времето кога странски донатори сами бараа невладини организации за да им дадат пари. Сега организациите треба да трчаат по пари и напорно да работат за нив. Многу од фондовите да речеме даваат 60 отсто од парите, а остатокот треба самите да го најдеме. Не им е важно како и дали државата ќе учествува, или ќе се најдат пари од трет донатор. Но, касата на земјава нема и ќе нема пари, а тешко ќе биде кога за проекти за идната година ќе нема доволно пари, коментира познавач на процедурите на странските фондови и обучувач за аплицирање во странски фондови.
  151. По повод воспоставувањето студиска про- грама на ромски јазик, на

    Филолошкиот факултет во Скопје, на 25 мај годинава се одржа дебата со работен наслов ,Како до ромски кадар. Дебата беше организирана од страна на Националниот Ромски Центар (НРЦ) од Кума- ново. На дебатата присуствуваа претставници на тимот на НРЦ, медијатори, студенти Роми, Славица Ве- лева, продекан за настава на Филолошки факул- тет, Реџеп Али Чупи, директор на Управата за развој и унапредување на јазиците на припадни- ците на заедниците и Љатиф Демир, докторант на Универзитетот во Загреб. Ромскиот јазик од идната академска година ќе биде воведен како изборен предмет за сите за- интересирани студенти што ќе сакаат да го из- учуваат под Ц. Тоа значи дека студентите што ќе сакаат да го изучуваат овој јазик, ќе имаат мож- ност да ја изучуваат основата, со цел разговорно да го говорат ромскиот јазик. Тој ќе се изучува четири семестри или две академски години. Од факултетот велат дека таквиот потег е вистин- ски пат за институционално решавање на праша- њето за настава на мајчин, ромски јазик. Според продеканот Велева, за да биде жив еден јазик по- требно е да има речник, граматика и говорители. Ваквиот начин да се воведе ромскиот јазик преку институционални форми е процес кој ќе се раз- вива на тој начин што преку воведување на ром- ски јазик под Ц ќе придонесе да се дојде до след- ната фаза за изучување на ромскиот јазик и под Б и потоа формирање на група за ромски јазик под А. Воведување на сите нови јазици на факултетот поминал низ овој процес и на овој начин. Според Реџеп Али Чупи со Охридскиот рамковен договор од 2001 година посебно се промовираат културните и јазичните права на малцинските за- едници. Со усвојување на Националната страте- гија и акционите планови од Декадата за инклузија на Ромите во 2005 година, во сите офи- цијални документи е адресирано и прашањето за ЧЕКОР НАПРЕД Студенти од Филолошкиот факултет ќе може да го изучуваат и ромскиот јазик Ромскиот јазик од идната академска година ќе биде воведен како изборен предмет за сите заинтересирани студенти што ќе сакаат да го изучуваат под Ц. Тоа значи дека студентите што ќе сакаат да го изучуваат овој јазик, ќе имаат можност да ја изучуваат основата, со цел разговорно да го говорат ромскиот јазик. Тој ќе се из- учува четири семестри или две академски години. Во план е да се контактира и со деканот на Педагошкиот факултет во Скопје со цел воведување на ромскиот јазик и на та високообразовна институција, а со ваквата стратегија ќе биде можно за пет години да се формира и катедра по ромологија. Катедрата ќе подраз- бира изучување на ромски јазик, книжевност, култура, историја...
  152. употреба на ромскиот јазик. Во акциониот план од Националната стратегија

    е предвидено и отворање на катедра за ромолошки студии. Али Чупи се осврна и на недостатоците во однос на остварување на правото за одржување квали- тетна настава по ромски јазик., односно - наста- вен кадар, учебници и усвоена програма од Министерството за образование и наука. Тој ис- такна дека во однос на изборниот ромски јазик кој се воведе во основните училишта искуствата покажале дека многу мал број на ученици го из- бираат овој предмет. Од вкупно 10.591 ученик во основното образование само 1.700 ученици во ова година го избрале ромскиот изборен јазик. Професор на студиската програма по ромски јазик ќе биде Љатиф М. Демир. Тој рече дека никаде во светот нема катедра по ромски јазик. Во Париз има катедра за ориен- тални јазици во чии рамки влегува и ромскиот јазик и наведе и други примери на земји во кои на некој начин во универзитети е застапен ром- скиот јазик или култура. Демир исто така го објасни начинот на работа на оваа студиска про- грама, односно прецизираше дека ќе има две групи со кои тој ќе се работи - едната група сту- денти кои воопшто не го познаваат ромскиот јазик и една група кои имаат познавање. Во план е да се контактира и со деканот на Педа- гошкиот факултет во Скопје со цел воведување на ромскиот јазик и на та високообразовна инсти- туција, а со ваквата стратегија ќе биде можно за пет години да се формира и катедра по ромоло- гија. Катедрата ќе подразбира изучување на ром- ски јазик, книжевност, култура, историја...
  153. Под наслов ,Ромите во мултикултурно оп- штество, на петти мај

    годинава се одржа дебата на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Дебата беше организирана од страна на Националниот Ромски Центар (НРЦ) од Куманово. На дебата свое излагање имаше Муртезан Исмаили, проректор за истражување на Универзитетот на ЈИЕ. Тој во своето излагање ќе каже: -Да дискутираш за Ромите во мултиетничка за- едница значи да дискутираш за културните, јазичните и историските вредности на ромската заедница наспроти другите или заедно до дру- гите, внатре во една мултиетничка заедница. На студентите Роми сме им овозможиле да бидат вклучени во различни проекти, кои ќе им помог- нат во нивната перспектива. Универзитетот ќе продолжи да ги поттикне младите Роми да про- должат со високото образование преку финан- сиска помош, со цел полесно да се справат со трошоците на универзитетот, истакна Исмаили во својот говор на дебата. На Универзитетот на ЈУЕ досега се регистри- рани 48 студенти Роми, од кои 20 имаат за- вршено додипломски студии, четири од нив имаат продолжено на магистерски студии, како во Македонија, така и надвор од неа. Моментно на Штуловиот универзитет има 28 студенти Роми. Четворица се апсолвенти. Една студентка од ромска националност е вработена на универ- зитетот како асистент на Факултетот за бизнис и администрација, каде што и магистрирала. Вкупно 15 студенти Роми се корисници на сти- пендии од Универзитетот на ЈИЕ, како и од раз- лични фондови, а четворица се ангажирани во програмата ,Работа и студирање,. Во своите белешки од дебата Веби Беџети, декан на Факултетот за јазици, култура и комуникации при Штуловиот универзитет, ќе напише: -Ромите не треба да се срамат дека се Роми и треба да си ги бараат своите права како такви. Во Тетово Ромите како мајчин јазик го зборуваат ма- кедонскиот, албанскиот и турскиот. Ќе се тру- диме да запишеме што повеќе студенти Роми на нашиот факултет, ќе забележи Беџети. На Универзитетот на ЈИЕ во Тетово студираат 48 студенти Роми РОМИТЕ ВО МУЛТИКУЛТУРНО ОПШТЕСТВО Моментно на Штуловиот универзи- тет има 28 студенти Роми. Четво- рица се апсолвенти. Една студентка од ромска националност е врабо- тена на универзитетот како аси- стент на Факултетот за бизнис и администрација, каде што и маги- стрирала, вели Муртезан Исмаили, проректор за истражување на ЈИЕ
  154. Пред неколку месеци тим на Националниот Ром- ски Центар од

    Куманово имаше презентација пред студенти на Педагошкиот факултет во Скопје. Помеѓу презентацијата на информации за културата, јазикот, состојбата на Ромите во Маке- донија, начините за рушење на стереотипите, беше спомната и една вредна информација за која ниеден од присутните студенти не слушнал, а тоа е дека за време на Втората Светска Војна, во ло- горите на смртта низ Европа не биле убивани само Евреи, туку и Роми. Кренати рамена, зачуде- ност и чудна тишина беше немиот одговор на прашањето ,Дали знаевте дека и Роми биле жртви на Холокаустот?, За жал, многумина од студен- тите не ни знаеја да го дадат синонимот за ,логор на смртта,. Не се знае точната бројка на убиени Роми во овие логори, но историчарите укажале дека 25 отсто од ромската популација што живеела во Европа пред војната била убиена. Односно, ако во Ев- ропа во тоа време живееле околу еден милион Роми, тогаш во логорите биле убиени повеќе од 220.000 Роми. Се работи за период помеѓу 1939 и 1945 година. Сите експерименти што биле крво- лочно изведувани во злогласните логори на смртта биле изведувани врз Ромите, поточно врз ромските жени. Стерилизацијата на жените Ромки, експериментите со бебињата близнаци, промената на бојата на очите со вбризгување разни течности се вршени врз затвореници-Роми. После војната, дискриминацијата кон Ромите продолжила низ Централна и Источна Европа. Федералната Република Германија укажала дека мерките преземени против Ромите пред 1943 го- дина биле легитимни официјални мерки спрове- дени против луѓе кои имале извршено криминал, а не како расистички мерки. Со ваквата дефини- раност, им била затворена вратата на неколку илјади преживеани Роми врз кои биле вршени разни злосторства. Поствоената баварска поли- ција сепак ги отворила и ги истражила досиејата на нацистичкиот режим вклучително и регисте- рот на Роми-жртви на големиот германски Рајх. Во логорите на смртта умр за разлика од Еврејската заедница, која несомнено претрпе далеку поголеми жртви од Втората Светска Војна, за жртвите на Холокаустот од Ромската за- едница, многу малку се говори, многу малку се споменува, па излегува дека и во овој случај, Ромите се маргинализи- рани. Затоа, не изненадува што воопшто не се знае точната бројка на убиени Роми во логорите на смртта, но сепак, историчарите укажале дека 25 отсто од ромската популација што пред војната живеела во Европа била убиена во пе- риод помеѓу 1939 и 1945 година. 2 август – меѓународен ден во спомен на ромските жртви на Холокаустот
  155. Дури кон крајот на 1979 година Западниот Гер- мански Федерален

    Парламент ја идентификувал нацистичката злоупотреба врз Ромите како раси- стички мотивиран чин, создавајќи услови, многу- мина од Ромите да бараат отштета за нивните страдања. (извор: Меморијален музеј на Холокау- стот на Соединетите Држави). Поради фактот што во Втората Светска Војна из- вршен е егзодус врз ромска популација, втори ав- густ е прогласен за меѓународен ден во спомен на ромските жртви на Холокаустот. Секој втори ав- густ точно на пладне, овој меѓународен ден се од- бележува со петминутно молчење и оддавање почит кон жртвите на Холокаустот. Овој меѓуна- роден ден е поддржан од Европскиот ромски па- тувачки форум (ЕРТФ) од Стразбур, Франција, кој е советодавен партнер на Советот на Европа по однос на ромските прашања. За жал, егзодуси, стерилизација, дискриминација, антициганизам, дискриминација по различни ос- нови кон Ромите се присутни и денес, во 21 век, во модерна Европа. Таквите случувања не се во далечната историја, вакви жални инциденти на протерувања на Роми, на нивна гетоизација, креирање стереотипи и што уште пред година- две присутни беа во Италија, Унгарија, Слове- нија... Фактот што студенти, идни наставници и профе- сори не знаеја дека жртви на Холокаустот биле и Роми, а веројатно и многумина во Македонија не знаат дека тоа се случило е жалосна потврда дека за историјата се учат само големите настани и факти, но и знак дека Ромите не само во Македо- нија, туку и во Европа треба да го истакнат овој мрачен историски факт, со цел да дадат поента дека тие само сакаат успешно да се интегрираат во општествата и да бидат лојални граѓани, какви што впрочем се. Генерализации не се потребни бидејќи тие и ги поттикнуваат стереотипите и предрасудите. По- веќе информации за потребите, можностите, условите и желбите на Ромите, секако мора да се истакнат за креаторите на политиките да знаат што треба да преземат за да се подобри со- стојбата на оваа популација. еле повеќе од 220.000 Роми
  156. СМРЗНАТ КАДАР Импресум Подготвува екипа на Национален Ромски Центар: Ашмет

    Елезовски; Славица Ќурчинска; Себихана Скендеровска; Далибор Шојиќ; Љубица Гроздановска Димишковска; Александар Димишковски; Инес Мустафовска Национален Ромски Центар (НРЦ) Издавач: Здружение на граѓани Национален Ромски Центар (НРЦ) улица “Доне Божинов” бр.11/5, 1.300 Куманово, Република Македонија www.ednomagazine.com ; www.nationalromacentrum.com e-mail: [email protected] [email protected] тел/фах : 031/427-558 Списанието “Едно“ е дел од проект на Националниот Ромски Центар финансиран од Ромскиот Едукативен Фонд (РЕФ) Печати: Т.Д.Генекс Кочани; Тираж: 200 примероци
  157. Македонија не посветува доволно внимание на политиките за Ромите Потребни

    се буџети за Ромите и поли- тичка волја за решавање на нивните проблеми Јужноафриканците имаат високо ниво на општествена одговорност БРОЈ 14 ДЕКЕМВРИ 2010
  158. За Едно, за образованието за сите Почитувани, Велат тоа што

    нема да не убие, ќе не направи по- силни. Е, па ако е така, тогаш изминатиов период со глобалната светска криза и со предизвиците кои се исправија пред државава во Евро - Атлантските ин- теграциски процеси, треба сите во државава да ги на- прави посилни. Тоа особено важи за припадниците на Ромската заедница. Имено, факт е дека тоа што со години се градеше во поглед на почитување на елементарните права, како и во насока на целосна интеграција на Ромите во Ма- кедонското општество, доживеа застој, а за жал дури и регресија во одредени сегменти од општествениот живот. Едноставно, се чини дека Ромите како за- едница која активно работи на свое вклучување во општествените текови паднаа на првиот посериозен испит. Единствена утеха е тоа што оваа појава не е карактеристична само за Македонија. Со случува- њата во Франција особено, се докажа и дека Европа не е целосно подготвена за прифаќање на Ромите. Се докажа дека многу декларативни заложби се токму тоа, само декларативни. Во пракса, многу малку или поточно, премногу бавно работите се менуваат за Ро- мите тоа да го почувствуваат. Не може а да не се сфати како недостаток на систе- мот на Европската Унија и тоа што во речиси ниту еден сегмент не предвидува директна реална помош за побрза интеграција на сите малцинства, вклучи- телно и Ромите. Отсуството на доволно цврста под- дршка, пак, веројатно со случувањата во Франција, како и претходно во Италија, станаа евидентни, кога многумина останаа неми. Конечно, проблемот со големиот број на Роми што од Македонија заминаа во земјите од Европската Унија со нечие ветување дека ќе добијат азил и по- добри услови за живот е најилустративниот, во однос на регресот во состојбата во која Ромите живеат во државава. Од една страна, несанкционирани остану- ваат сите тие кои да им го земат последниот денар на Ромите кои не успеале да обезбедат соодветна егзи- стенција во државава, преку ветувања свет од бајките, што ги чека од другата страна на границата. А, несанкционирани останаа и институциите над- лежни за обезбедување на минимални услови за живот, како социјалните центри, кои својата работа ја сфаќаат единствено како механизам за распределба на смешно ниската социјална помош. Што се случува со работата на терен?! Колку социјални ра- ботници ги посетуваат социјално загрозените Ромски семејства?! Колку реално се анализира нивната со- стојба и како ним навистина им се помага?! Од друга страна, веројатно неизбежен факт е дека ниту Ромите не направија доволно за себе за да се справат посоодветно и со пропустите на државните институции. Тоа секако е најголем удар за сите фон- дации, организации, владини или невладини, кои не успеаја до сега да ја подигнат свеста кај Ромите за потребата повеќе да вложуваат во себе и во своето знаење за да можат погласно да се борат за своите права! Работите нема да се сменат се додека едуцираните Роми не преземат поголема одговорност за заедни- цата. Само тие можат да помогнат Ромската заедница да го добие местото кое го заслужува во Македонија и воопшто во светот, како директно така и инди- ректно, преку примерот што го даваат на помладите. Колку повеќе успешни Роми има, толку заедницата треба да стане посилна. Кај нас, тоа во моментов не е случај. Колку некои Роми стануваат поуспешни, по- богати, толку повеќе забораваат на заедницата од која произлегуваат! Затоа, нивниот ангажман, каков и да е, потребно е да се канализира. За подобри успеси, потребно е обеди- нување на сите организации, невладини, политички, културни, спортски и какви и да е. Кога тие органи- зирано ќе настапуваат, тогаш и полесно ќе ги иско- ристат државните органи за помасовно влијание. Тоа пред се се однесува на зголемување на свеста за об- разованието, формалното и неформалното, како прв чекор во градењето на една кохерентна, цврста и етаблирана заедница! За подобар и подостоинствен живот на сите – Едно! БИЛБОРД ДЕКЕМВРИ 2010 БИЛБОРД - Стр. 2 - Уводник ДНЕВНИК - Стр. 3, 4 и 5 - Вести Репортажа НРЦ - Стр. 6, 7 и 8 Јужноафриканците имаат високо ниво на општествена одговорност Интервју Ашмет Елезовски - Стр. 9, 10 и 11 - Потребни се буџети за Ромите и политичка волја за решавање на нив- ните проблеми СМРЗНАТ КАДАР Стр. 12 - Фото вест 2
  159. 3 Сиромаштија, немање стратегија како таа да се на- мали

    меѓу ромската популација, неинформираност, невклученост, се уште постоечка дискриминација и стереотипи...ова е скенот што го покажа Декадната стража на половина од патот од Деката за вклучу- вање на Ромите 2005-2015 година. Република Маке- донија во 2011 година ќе биде претседавач на Декадата. Дали резултатите од Декадната стража ќе ги поттикнат властите, како централни, така и ло- кални да бидат поактивни и да преземат поконкретни мерки, останува да видиме. До какви резултати дојде Декадната стража? Клучниот наод на истражувањето покажало дека Македонија не посветува доволно внимание на спроведувањето на политиките на- сочени кон Ромите, вклучително и Националната стратегија за Роми и Декадата за вклучување на Ро- мите 2005-2015 согласно утврдените национални ак- циони планови. Ромите опфатени во истражувањето укажале на пасивност кон решавањето на пробле- мите со кои тие се соочуваат и на централно и на оп- штинско ниво. Образованието е единствената област во која ромската заедница чувствува позитивни про- мени и очекува продолжување на напорите за по- стигнување на целосна еднаквост. Во областа на вработувањето, половина од испитаниците сметаат дека состојбата во последните пет години не е про- менета. Во сферата на здравството се забележува влошување на состојбите, на што укажуваат речиси половина од испитаниците, а останатите, во поголем дел, сметаат дека државата има пасивен однос. Најза- грижувачка е состојбата со домувањето, каде речиси две третини од испитаниците чувствуваат влошу- вање, а една четвртина препознаваат стагнација. Најкритична е сиромаштијата, каде околу 95 отсто од испитаниците укажуваат на влошување или на па- сивен однос од страна на државата. За жал, државата нема специфична политика за намалување на сиро- маштијата кај ромската заедница, а заложбите во рамките на општите политики за намалување оста- нуваат главно декларативни. Од останатите области, борбата против дискриминацијата и за намалување на стереотипите и предрасудите кај Ромите даваат слаби резултати, додека нешто поохрабрувачки се со- стојбите во однос на еднаквоста помеѓу мажите и же- ните. Анализата исто така покажала дека постои недоволна децентрализираност на политиките наме- нети за Ромите, со оглед на тоа што тенденциите на забележаните промени односно стагнација во со- стојбите на општинско ниво се слични со оние на централно. Важен елемент и принцип на Декадата на Ромите е и информираноста, консултациите и вклучувањето на ромската заедница во одлучува- њето. Во тој контекст, Декадната стража покажала незадоволителна информираност на Ромите за јав- ните политики насочени кон нив. Иако три четвртини Декадна стража 2010 Македонија не посветува доволно внимание на политиките за Ромите
  160. од испитаниците слушнале за Декадата на Ромите, сепак тие имаат

    главно неточна претстава што таа претставува и која е нејзината суштина. Ромите се не- доволно информирани и во однос на активностите на локално ниво, како и за Националната стратегија за Роми. Како резултат на тоа, можностите за вклучу- вање на Ромите во политиките насочени кон нив се крајно ограничени. Истражувањето за Декадната стража се правело во 17 општини во Македонија, оп- фатени биле вкупно 539 испитаници Роми, а се реа- лизирало во период од јуни до август 2010 година. Проектот е поддржан од Канцеларијата за ромски иницијативи при Институтот Отворено општество од Будимпешта, а е спроведено од страна на Ини- цијатива за социјална промена. Ова истражување претставува дел од регионална иницијатива за на- бљудување на Декадата за вклучување на Ромите 2005-2015. НРЦ во Брисел Како работи европската ,,машинерија,,? Тим на Националниот Ромски Центар (НРЦ) од Ку- маново од четврти до седми октомври 2010 година отпатува за Брисел. Поводот беше манифестацијата Отворени денови каде претставници од граѓанскиот сектор, владини, локални делегации од цела Европа можеа одблиску да се запознаат со луѓе кои се дел од бриселската административна машинерија, луѓе кои одлучуваат, слушаат, разговараат, разменуваат мис- лења. -Ова искуство беше од голема важност бидејќи имавме можност од прва рака да видиме како функ- ционираат европските институции. Учеството на ра- ботилницата ,,Отворени денови,, ми даде можност да искусам како се одвиваат европските процеси и да искусам култура сосема различна од нашата, комен- тира Кирил Петковски од НРЦ. -Ова за мене беше значајно искуство, со оглед на тоа дека имав можност за прв пат да влезам во такви ин- ституции. Остваривме контакт со први личности од Европскиот парламент и Европската комисија. Начи- нот на функционирање на такви големи настани и институции ме импресионираше, затоа што се функ- ционира беспрекорно. Сметам дека и за НРЦ ова беше од големо значење. Разменивме значајни ин- формации со претставници од Европската Унија и успеавме да го претставиме НРЦ на едно високо ниво, вели Славица Ќурчинска. -Да успее и Македонија да работи на развивање на процесите за побрзо вклучување во ЕУ. Ние како учесници би било добро и идната година да имаме ваква можност да собереме позитивни искуства од ваков карактер кои ќе може да ги примениме во Ма- кедонија, посочува Љатиф Демировски. Стипендии за средношколци Роми Ќе може да конкурираат 700 ученици Вкупно 700 средношколци Роми, од прва до четврта година со постигнат успех најмалку тројка во пре- тходната година ќе може да конкурираат за стипен- дија до крајот на декември. Ќе има две категории на стипендии-првата се однесува на 200 средношколци со постигнат успех од три и пол до пет и тие ќе до- биваат месечна стипендија од 2.200 денари. Втората категорија важи за 500 средношколци, кои ќе имаат успех од три и пол до 3.49 и за нив се предвидени ме- сечни надоместоци во висина од 1.500 денари. Но, сепак тоа не се единствените услови. Од Мини- стерството за образование и наука велат дека сред- ношколците ќе имаат право на стипендија и доколку не повторувале во текот на нивното школување, да не користат стипендија од други институции или фирми, да се припадници на ромската заедница. Во минатата година, беa доделени 444 стипендии. Од нив, 437 ја завршиле учебната година, а 349 ученици го подобриле успехот. Оваа година во средно обра- зование се запишале 1954 ученици Роми, што е за 700 ученици повеќе во споредба со 2005 година.
  161. 5 Конференција за состојбите на Ромите во Европа Шанса за

    конкретни акции – сега! Претставници од 47 земји членки на Советот на Ев- ропа, Европската комисија, ОБСЕ и Европскиот ромски и патувачки форум (ЕРТФ) на 20 октомври 2010 година во Стразбур дебатираа за посветеноста на нивните ромски граѓани. -Денеска, настрана ветувањата, посветеноста и доб- рите намери...ситуацијата не е розева, вака го почна својот говор претседателот на ЕРТФ Рудко Кавчин- ски. И продолжи со зборовите дека не може да по- верува во фактот што во некои од најбогатите региони во светот, луѓето продолжуваат да страдаат само затоа што припаѓаат на малцинска заедница. Затоа тој повика дека мора веднаш да се преземат мерки и акции за да се подобри ситуацијата со Ро- мите. Инаку, се проценува дека денес во Европа жи- веат 12 милиони Роми. На оваа конференција се донесе и т.н. Стразбуршка декларација која ги има следните главни принципи: недискриминација, жи телство, права на жени и на деца, социјална вклуче- ност, вклучително и образование, домување и здравствена заштита и зајакнување на правниот си- стем и пристап до правда. На конференцијата уче- ствуваше и министерот без ресор Неждет Мустафа кој исто така се обрати кон присутните, укажувајќи дека е потребно да се преземат конкретни активно- сти за подобрување на состојбата на Ромите и оти конференцијата има за цел да ја зајакне соработката на паневропско ниво во заштитата на правата на Ро- мите. -Со жалење може да се согласиме со мислењето на комесарот за човекови права Хамарберг дека се уште положбата на ромската популација, било да се тоа државјани на земјите-членки, мигранти, ази- ланти или раселени лица е значително полоша од која било друга загрозена група во Европа во обла- ста на пристапот и уживањето на основните демо- кратски, економски и социјални права, изјави Мустафа на конференцијата. Чекор понатаму во образованието Прирачник за спречување со дискриминацијата во училиштата На 28 септември 2010 година во Скопје беше промовиран Прирачникот за спречување и за- штита од дискриминација во воспитно-образов- ниот процес во Република Македонија. Иницијатор и изработувач на прирачниот е НРЦ, издаден е од страна на Министерството за образование и наука, а овој прирачник е дел од проектот ,,Кампања за образованието на Ро- мите, финансирана од Ромскиот образовен фонд (РЕФ) од Будимпешта. Целта на прирачникот е да обезбеди еднакви услови и можности за ква- литетно образование за сите ученици без раз- лика на верската, националната, религиозната или каква било друга основа. Тој исто така треба да ја зајакне соработката и координацијата по- меѓу сите надлежни институции и поединци во образованиот систем. Прирачникот претставува корисна алатка и придонес за правилно плани- рање, реализација и контрола на образовниот процес, како и промоција на антидидкримина- торската политика. Него може да го користат сите ученици, наставници и родители, односно сите засегнати во образовниот процес.
  162. Јужноафриканците и на општествена одго Во мистичниот континент, на југоисточниот

    дел кај што сè уште може да се види и по- чувствува природната убавина и суровата рака на човештвото се наоѓа Грахамстоун во Јуж- ноафриканската Република. Во тој мал јужноаф- рикански град, во кој расната и економската поделба е зацртана со дебела црвена линија фи- зички и психолошки, се наоѓа модерниот универ- зитет Роудс. Со богатство на профили и интересни програми, универзитетот ја поддржува и програмата на Центарот за Социјална Одговорност и мониторинг. Центарот за Социјална Одговорност (ЦСО) е не- зависен институт во рамките на Роудс Универзи- тетот, сместен во Источната провинција Кејп. Визијата на ЦСО е институционализација на пра- вото на социјална одговорност и реализација на социјалните и економските права преку ефек- тивно менаџирање на јавните ресурси. Целта на академската програма на Центарот е да го институционализира барањето за социјална одговорност помеѓу идните лидери на граѓан- ските здруженија и активисти и креаторите на по- литики на универзитетите во Јужно-африканскиот регион. ЦСО цели овој ре- зултат да го постигне преку интегрирање на мате- ријалите од курсот за социјалната одговорност во наставните програми на универзитетите во ре- гионот. Центарот ја оправдува својата работа врз основа на фактот дека секое живо битие има право да ужива во своите основни човекови права, а тоа е правото на дом, образование, правото на достоен живот. Овој систем работи во Република Јужна Африка, и случаи се добиени на суд. Случаи кои беа изведени пред суд го третираа прашањето за добивање на информации од јавен карактер. ЦСО има добиено случаи за недостапност на информации, односно увид во целосната документација за да се набљудува целокупниот процес на трошењето на парите кои потекнуваат од граѓаните. Успех имаат во областа на образованието. Направен е комплетен извештај за неправилното трошење на парите наменети за образование. Во полето на здравството е подготвен аналитички извештај за работењето на здравствените институции и начинот на трошење на пари како и квалитетот на услугите за граѓаните во полето на здравството, а како најнов случај на суд се донесени парламентарците за да внимаваат на трошење на јавните пари за патни трошоци. И Африка отишла чекор понапред од Македонија Себихана Скендеровска
  163. имаат високо ниво ворност Е па, тоа би бил предизвикот

    на овие простори да се види јавно и транспарентно каде одат парите на граѓаните. Не се доволно само заокружените цифри на буџетот и нејасното прикажување на ставките како се трошат парите на граѓаните. Предизвикот ќе биде да се направи детална анализа и да се работи на реализирање на потребите на оние на кои им ги требаат услугите. Сите овие права во многу убави документи (конвенции, декларации итн.) продуцирани и под раководство на Обединетите нации се само база врз која можеме да се повикаме за реализација на основните човекови права и слободи. Документи кои повикуваат и промовираат, дека секое живо битие има право и одговорност пред државата, но и државата има одговорност за да му овозможи достоен живот. Според конвенцијата за Човекови права сите држави кои го потпишале овој документ треба да им обезбедат услови на своите граѓани достоен живот, достоен дом, образование и можност за реализирање на основните човекови потреби, во рамки на постоечките ресурси. Затоа процесот на мониторирање на социјална одговорност опфаќа 5 фази: Прва фаза Процес на планирање и применување на средства. А, сето тоа ќе се оствари доколу државата ги идентификува ресурсите со кои располага, ги идентификува вистинските потреби преку реална стратегија која ќе ги покрие потребите на граѓа- ните. И така сервисите кои ќе треба да ги користат граѓаните ќе бидат достапни за нив и ќе одговорат на нивните реални потреби. Втора фаза Начин на трошење на парите. За сето тоа да се постигне треба надгледување на троше- њето на наменетите средства за давање сервиси на граѓаните. Набљудувањето е многу важен дел да се реализира документирано и со конкретни податоци за начинот на трошење на граѓанските пари. Секако како човеково право да се добијат услугите кои законски ни се загарантирани во процесот на социјалната одговорност се набљудува и начинот како се реализираат сервисите. Какви се надворешните влијанија, дали има доволно луѓе за да го достават сервисот, дали има добра инфраструктура итн., го покрива процесот на менаџментот на имплементирање на дадените активности - трета фаза во шемата на системот на ЦСО. Четвртата фаза во процесот ја опфаќа евалуацијата на јавниот интегритет на давачите на услугите. За добар интегритет на секоја држава се смета воспоставениот систем на известување на сите нивоа, законски процедури, управувачки документи, одредби за функционирање на сите установи како и должости на сите вработени во
  164. 8 администрацијата, владата и парламетот. Значи хиерархијата на должности да

    функционира регуларно и да одговара на потребите на граѓаните. Како последна алатка во циклусот кој постојано треба да функционира е набљудување на системот и целиот процес. Секако набљудувањето треба да биде внатрешно кое е базирано на продуктите на секој вработен на било кое ниво (различни видови на информирања и известување кои имаат материјална форма - како и надворешно кој подразбира независна ревизија на сите потрошени средства). Интересен беше фактот дека всушност свесноста за општествена одговорност кај граѓаните на оваа држава е на високо ниво. Знаат дека треба да добијат навремени и квалитетни сервиси. За социјалната одговорност зборуваат сите, отворено се именуваат тие што не ги имплементираат сервисите за граѓаните кои се задолжителни. И секако започнато е да се преземаат мерки. На тој начин се спречува неправилно трошење на пари, а се добива сервиси за граѓаните. Прекрасна алатка за која треба вистинска волја, многу искуство и зголемена свест кај сите. На медиумите јавно се зборува колку јавните сервиси во образование, здравство, пристап до информации, потребна инфраструктура се им- плементираат. Случаите се пријавуваат и јавно се зборува за недостатокот и неодговорноста на реализирање на планираните активности. За корупцијата која постои се зборува јавно. Вработен во администрацијата за време на нашиот престој таму беше осуден на 15 години затвор поради корупција. Цивилното движење работи на подигнување на свеста кај населението. Доколку процесот на давање на сервиси не функционира, тогаш треба да се праша зошто не функционира и дали се преземаат мерки да се овозможи реализација на сервисите? И како дел од цел овој процес е задачата да се оправда и да се објасни зошто секоја активност е направена така како што е какви мерки се преземени и што ќе преземат доколку сервисот не се имплементира за да биде во полза на граѓаните?! Долг процес кој на претставниците на цивилниот сектор, а секако и на НРЦ ќе биде предизвик да се испроба и во Македонија. Еден добар пример за недобивање на сервиси е здравствениот систем во Македонија се држи на кристални нозе, реформите секојдневно осцили- раат под нивото на нормалното и далеку сме под европските стандарди. Слободно можеме да се споредиме со државите во Африка каде таму се соочуваат со болести како сидата која има епидемиолошки димензии. Кај нас се појавуваат епидемии кои се појава во неразвиените земји, а имаме систем на бесплатна вакцинација. Колку се вакцинира редовно кај нас и кој е методот на следење на вакцинираните и невакцинираните деца. Имаме бесплатно здравство, а сите луѓе плаќаат партиципација за било каков специјалистички преглед на пример (лабораторија, ЕКГ, ПАП или ЕХО). А од друга страна се соочуваме со над 30% невработеност. Како луѓето кои што живеат на работ на сиромаштијата можат да си дозволат било како здравствен преглед. За жал тие се тие кои што поради социјалната положба во која се соочуваат со сериозни заболувања. Се поставува прашањето што се тоа основни здравствени услуги? Што е тоа што навистина ни е потребно и дали навистина се реализира? (Себихана Скендеровска и Катерина Шојиќ од НРЦ беа на обуката на Центарот за социјална одговорност, поддржана од универзитетот во Роудс, Република Јужна Африка)
  165. 99 Секогаш кога се тврди дека има криза, сиромаш- ните

    се први на удар, така што сигурно дека ќе се намали интензитетот и моќта на ромските невла- дини организации да помагаат. Нема да може да бидеме директни покренувачи за решавање на многу прашања, нема да може да помагаме во итни случаи, ќе може да даваме само информации што се случило, иако многу државни институции или сектори во последно време ни ја презедоа нашата работа и улога и многу повеќе се занимаваат со ПОТРЕБНИ СЕ БУЏЕТИ ЗА РОМИТЕ И ПОЛИТИЧКА ВОЛЈА ЗА РЕШАВАЊЕ НА НИВНИТЕ ПРОБЛЕМИ Ашмет Елезовски, извршен директор на Националниот Ромски Центар од Куманово
  166. проекти и кампањи отколку да си ја вршат нивната работа,

    работа која ја плаќаме сите од нашите бу- џети, вели Елезовски за 2011 година, за која се про- гнозира дека ќе биде тешка година за граѓанскиот сектор ЕДНО: Кога ќе погледнете наназад во 2010 го- дина, кои настани ви останале во сеќавање? Елезовски: Две работи. Станав секретар на Европ- скиот ромски и патувачки форум (ЕРТФ) и успе- авме да направиме Прирачник за спречување и заштита од дискриминација во воспитно образов- ниот процес во Македонија. ЕДНО: А, негативни настани? Елезовски: Од негативните настани би ги издвоил зголемената сиромаштија и повторното мигрирање на Ромите. ЕДНО: Спомнавте сиромаштија, зголемена миграција. Се има впечаток дека работите се одвиваат по принципот ,,тргни-застани,,. Што е најголемиот проблем? Каде најмногу се за- кочени работите? Елезовски: Најмногу се закочени работи заради тоа што нема политичка волја за имплементирање на сето тоа што е планирано, на сето тоа што е од- лучено. А, покрај сето тоа, многу импровизирани изјави, импровизирани акции, сето тоа придоне- сува до стагнација за решавање на ромските про- блеми. Ни требаше години наназад, а и сега да кажеме дека ни треба многу време да се подобри ситуацијата. Кога ќе помине тоа време? ЕДНО: Сега сме на половина од Декадата за вклученост на Ромите. Догодина Македонија ќе биде претседавач на Декадата. Кога Декадата го имаше својот врв? Пад? Како го оценувате пре- секот на Декадата? Елезовски: Сакајќи или не сакајќи јас сум дел од Декадата, бев и сведок и учесник на почнувањето на Декадата. Нејзиниот почеток, 2005 година го оценувам како добар, вистински почеток, со пози- тивни влијанија, ако ништо друго барем со декла- ративно изјаснување на државите кои ја потпишаа Декадата, што значи дека тоа би бил стартот и врвот. Оттогаш досега, може да кажам дека имаше еден мал пораст во процесот, а тоа е кога Србија беше претседавач на Декадата. Другите кога пре- тседаваа, Словачка, Бугарија, сега Чешка, искрен да бидам, има вистински падови, нема размена на позитивни искуства. Имаме само едни манипула- тивни копирања и промовирање на некои т.н. кул- турни настани, не може со културни настани да се решаваат проблемите на Ромите, потребни се по- литички настани, политички одлуки и пред се по- литичка примена на тие одлуки. ЕДНО: Имаме ли ние како држава капацитет да го поправиме тој тренд? Елезовски: Ние пред се имаме историска одговор- ност како држава бидејќи многу работи потекнаа од Македонија. Можеби сме првите Роми кои за- почнавме со ромскиот јазик, ромската граматика и ние сме на врвот на ромското движење надвор од Македонија, имаме министри, заменици, парла- ментарци, советници, имаме општини. За капаци- тет има, но прашањето е дали сето тоа е следено со вистински буџети. Доколку нема буџети тогаш може да се каже дека нема капацитети. ЕДНО: Каде ја гледате таа политичка волја, би- дејќи во изминативе години досега цело време се повторува за политичката волја. Каде ја ло- цирате таа политичка волја и на крајот на кра- иштата, парите? Елезовски: Јас сум државјанин на Република Ма- кедонија и политичката волја ја гледам таму каде што сум го дал мојот глас. Тоа се однесува на тие што ја водат државата, почнувајќи од локалните власти, па се до националните институции па и до претседателот на државата. Секоја порака, секое
  167. одделување на буџет, од која и да е програма, од

    кое да е министерство, всушност претставува по- литичка волја. ЕДНО: Некои тврдат дека 2011 година ќе биде критична, кризна година за граѓанскиот сек- тор. Какви се вашите прогнози? Елезовски: Прогнозите се многу алармантни. Во моментот постои еден молк, молк на некое наде- вање дека работите ќе се сменат, но тешко дека ќе се сменат. Многу меѓународни фондови кои беа присутни кои работеа во МКД, со своето финанси- рање се повлекоа од МКД и моментно имаме го- лема празнина на вистинска поддршка на граѓанскиот сектор, а од друга страна имаме кори- стење на невладините организации за цели на по- единци институции, политички партии на власт и надвор од власта. Тоа значи дека ни претстои една блокада на едно вистинско застапување на граѓан- скиот проблем, а граѓанскиот сектор малку ќе ја изгуби својата дименизја да биде аларм во држа- вата. ЕДНО: Како тоа ќе влијае врз процесоите за Ро- мите во МКД? Елезовски: Секогаш кога се тврди дека има криза, сиромашните се први на удар, така што сигурно дека ќе се намали интензитетот и моќта на ром- ските невладини организации да помагаат. Нема да може да бидеме директни покренувачи за реша- вање на многу прашања, нема да може да помагаме во итни случаи, ќе може да даваме само информа- ции што се случило, иако многу државни институ- ции или сектори во последно време ни ја презедоа нашата работа и улога и многу повеќе се занима- ваат со проекти и кампањи отколку да си ја вршат нивната работа, работа која ја плаќаме сите од на- шите буџети. ЕДНО: Имате ли помош од државата за кори- стење на ИПА фондовите? Елезовски: Вистина е дека критериумите на ев- ропските институции се толку високи и тешки, што и луѓето оттаму ако направат вистинска ева- луација сигурно ќе најдат дека пропусти. Се наде- вам дека структурите во Македонија кои ја презедоа одговорноста за имплементација и за креирање партнерство со невладиниот сектор ќе ни дадат доволни информации за тоа како да би- деме рамноправни партнери. ЕДНО: Идната година се подготвува новиот попис, ќе има ли официјални бројки колку Роми всушност има во Македонија? Сметате ли дека бројот ќе биде поголем од сегашниот? Елезовски: Мислам дека пописот ќе биде многу важен настан за Ромите бидејќи тие ќе ја имаат таа можност без притисок, уште отсега да се деклари- раат дека се Роми. Има многу повеќе Роми од се- гашната бројка. Но, нема да бидам изненаден ако останеме на оваа бројка, од причина што се уште имаме Роми кои уште не ги средиле личните доку- менти. А, има и такви кои мигрирале од Македо- нија. ЕДНО: Кои се вашите планови за идната го- дина? Елезовски: Да бидеме сериозен партнер во гра- ѓанскиот сектор во застапувањата на правата на граѓаните, да ја пренесуваме проблематиката на граѓаните навремено и да притискаме одредени за- конски регулативи, да добијат одредена промена. ЕДНО: Ќе ја продолжите работата на терен или? Елезовски: Остануваме на терен. Но, ќе се свртиме на застапувањето бидејќи доколку нема промени за одредени одлуки или ако не издејству- ваме за буџетите, тогаш нема да може да дадеме вистинска помош на терен.
  168. СМРЗНАТ КАДАР Импресум Подготвува екипа на Национален Ромски Центар: Ашмет

    Елезовски; Славица Ќурчинска; Себихана Скендеровска; Далибор Шојиќ; Љубица Гроздановска Димишковска; Александар Димишковски; Инес Мустафовска Национален Ромски Центар (НРЦ) Издавач: Здружение на граѓани Национален Ромски Центар (НРЦ) улица “Доне Божинов” бр.11/5, 1.300 Куманово, Република Македонија www.ednomagazine.com ; www.nationalromacentrum.com e-mail: [email protected] [email protected] тел/фах : 031/427-558 Печати: Т.Д.Генекс Кочани; Тираж: 200 примероци